Under the Dome

  • Креатор на темата Креатор на темата Alex Baratheon
  • Време на започнување Време на започнување
Се изненадив кога заврши, не ни приметив дека летна времето.
Што по ѓаволите им беше тоа со нападите и со Pink stars are falling in lines?
 
Јас го сфатив како пророштво, сега за сега е гибериш ама сигурно е битно понатаму за разјаснување на мистеријата. :)
 
Излезе серијава? Не сум знаел. Ќе треба да се види ова.

Тие што ја прочитале книгата викаат дека книгата имала ептен лош крај (како и повеќето книги на Стивен Кинг) така да не очекувајте нешто опасен крај.
 
И шерифот од Бејтс Мотел и тука е мистериозна особа, ќе биде интересно:D
 
Ми се свиѓаше пилотов, летна занимација и онака нема што друго да се гледа деновиве.
Стандард синовите на богатите големци у градот се најголемите сероњи, а јас уште сега да си кажам дека кога ќе умре Џуниор сите кај мене на забава. Уште од првава епизода ме напна максимално, уште во првиот момент кога си играше со ножето.
 
Одличен пилот, сигурно ќе се гледа летово ако продолжи со ова темпо.
Само немој некој што ја прочитал книгата да кажува спојлери да го упропасти гледањето.
 
Ситуацијата со кравата беше „на погрешно место, во погрешно време“ :D
 
Јас си имам една тактика. Прво чекам вот, Ио соно, Псајсајд, Рокенрола, ВЛЈ, Ајсбој и сите серијалџии да ја изгледаат и после да пишат што мислат за да знам дали да трошам време или не. Е за колку серии така сум се спасил...

Фина серија е, од мене има лајк вака од пилотот. Ама мој совет, чекај нека излезе цела сезона па удри и маратон. Таков тип на серија е, поефективно е кога ја гледаш маратонски.
 
Јас си имам една тактика. Прво чекам вот, Ио соно, Псајсајд, Рокенрола, ВЛЈ, Ајсбој и сите серијалџии да ја изгледаат и после да пишат што мислат за да знам дали да трошам време или не. Е за колку серии така сум се спасил...
Wot немаше интернет, затоа касни. Како и секогаш, јас не сум до толку импресиониран од пилотот. Незнам зошто возбудување.
Остава аматерски впечаток, лоши ефекти има, кравата, авионот.. нема вложено премногу пари.
Нема акцентирано центар, сите ликови делуваат споредни а од прва никој не ми е лајкабл.
Приказната може да ја одржува во живот серијата, ама предосеќам ќе има премногу филер епизоди, како убиства и драми и засебни случаи.
Единствено ме заинтересира the pink stars are falling in line, инаку ќе чекав пообјекивни рецензии, па ќе размилев за гледање.
Вака може уште две три епизоди, да видам правецот.
Од друга страна, 2 епизоди од Килинг изгледав сабајле, атмосфера! чоече...
 
Дојди 1ви, wot се распушти со нетов :)
 
Излезе серијава? Не сум знаел. Ќе треба да се види ова.

Тие што ја прочитале книгата викаат дека книгата имала ептен лош крај (како и повеќето книги на Стивен Кинг) така да не очекувајте нешто опасен крај.

Еј да? А крајот на The Mist да не беше неопасен? :D

Нема везе, Кинг секад прави краеви кои се психички заебани.
 
Серијава нема да биде кузнае што, прво и основно нема ликови и актерска екипа за нешто посериозен потфат. Се надевам дека ќе биде солидна и со доволно добар рејтинг за да продолжи да се врти, зошто идејата како идеја не е лоша. А и не мора да гледаме само топ серии, исто ко што не мора да гледаме само филмови со 8.5+.

Нели друже wot? :coffee:
 
Eдинствено полошо во сцената и креирањето на психопатот како лик што ја затвори оваа во бункер ќе беше ако у позадина пееше Није Хтела.
 
Абе оди глеј ја The Killing не туку мудруј многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom