Ако пилотот беше просек, последнава епизода беше катастрофа.
Пожарот
„Ех, чудни се патиштата Господови, хехе. Затоа ќе ги запалам документиве, ќе ги фрлам нека горат в канта, а кантата ќе ја ритнам во завесите. На крај, кога цела куќа ќе се запали, јас ќе си седнам в ќоше и ќе чекам некој/а идиот/ка да улета во куќата за да ме спаси.“
Ако се викаш Енџи, а дечко ти Џуниор е психопат и те држи врзана во бункер, како ќе се обидеш да избегаш?
1. Ќе плачаш оти вратата е заклучена, дури дечко ти ти ги мава клучевите пред фаца.
2. Ќе го убедуваш Џуниор дека го познаваш уште од градинка и дека тој не е убиец, иако истиот тој Џуниор те обвинува дека си се дупела со непознат човек и поради тоа те држи врзана во бункер.
3. Ќе го лажеш дека Барби (имињата хаха) fucked the shit out of you.
4. Се` од горенаведеното.
Глумата, дијалозите, ликовите, камерата и музиката која ја има во секоја секунда и која за џабе се обидува да внесе тензија кога нема никаков простор за истата... се работи поради кои серијата вришти на ефтино. Ефтино, не во смисла на буџет, туку на несериозност. Да беше само оваа сезона арно, ама не планирам три, четири или повеќе сезони да чекам да дознаам што е уствари финтата со мистеријата, притоа гледајќи глупи ликови.
The Killing е совршенство во споредба со оваа работа.
Значи
џимеј од мене имаш непрепорака.
Лапидус беше ангел.