Укинување на офсајд правилото?

  • Креатор на темата Креатор на темата Димитар
  • Време на започнување Време на започнување
Офсајдот да се укине....па тогаш жените повеќе би гледале фудбал бидејќи офсајд правилото не ја разбираат. Шала..не се нервирајте :smir:

Не верувам дека би го укинале оваа правило.
А интересен е предлогот на Бојан :)
 
Се на Инзаги по кефот да му одат заради него се овие работи сега :pos2:
 
Ако нема Офсајд Интер ќе добие на конкуренција, а тоа е нешто што во никој случај нема да им одговара
p.s. No Hard Feelings

Нека си го остаат. Шо му фали?
 
Баш и не мора ова, али кога веќе зема искуства од хокеј, може слободно да им го примени нивното со репетиции на спорните ситуации, па носење одлука.
После може да го усвои слободно на Венгер предлогот за изведување аути со нога шо ќе донесе повеќе центар-шутеви и повеќе голови.

Пипо се пресметаните поништени голови има повеќе од Пеле и Марадоа заедно :)
 
ако укинат офсајд нека го преименуваат тој спорт, на пример федбол, како дебела топка :tv:
а фудбал па си останува фудбал, па така клубовите може да формираат и екипи за федбол :wink:
 
Чиста глупост...фудбалот ке стане смешки...по 5 гола на секоја утакмица...:tv:
 
мислам дека поарно е да се потрошат фифа или уефа и да воведат технологија него да биде исфрен офсајдот
ко малска игра ќе гледаме:toe:

‘Pippo Inzaghi was born in an offside position‘‘ - тоа го има кажано Фергусон за Инзаги.А инаку што се однесува за офсајд правилото,не смее да се чепка, фудбалот е најинтересен заради неговите прости правила,а не дали ќе се дават повеќе голови, исто така ќе треба и името да се смени да не се вика фудбал туку голбал.
ми го разубави денот:pos2:
 
Ако нема Офсајд Интер ќе добие на конкуренција, а тоа е нешто што во никој случај нема да им одговара
p.s. No Hard Feelings

Нека си го остаат. Шо му фали?

Кажи нешто паметно барем...:toe:

Чиста глупост...фудбалот ке стане смешки...по 5 гола на секоја утакмица...:tv:

:nenene::nenene::nenene::nenene:..не знам зошто така размислувате упорно сите:toe: ама јас мислам напротив помалце голови ќе има..размисли зошто:toe:
 
Не е важно дали ќе има помалку или повеќе голови, во секој случај ќе се расипит фудбалот. Офсајдот е еден од елементите кој го прави фудбалот најинтересен и нагледан спорт и така треба да остане!!!
 
Секогаш ќе има еден играч што ќе гние напред,а и секогаш ќе има дефанзивец до него.Нема веќе да се обидуваат да правам офсајд замки и секогаш ќе има ''фластер'' до шпицот.

Сепак умешност на секој напаѓач е да избегне офсајт стапица.

Со овој предлог мислат дека ќе има поинтересен фудбал,а и тоа дека се повеќе и повеќе гледачи ќе има.

Катастрофа во секој случај.

ретседателот на ФИФА, Сеп Блатер со претседателот на Интернационалната хокеарската федерација Леандро Негре ја дискутирал можноста да се укине офсајд правилото во еден фудбалски натпревар, пренесе фудбалскиот портал Гол.ком.
Правилото на офсајд во хокејот беше укинато во 1998 година, и се смета дека тој потег го направил хокејот многу позабавен спорт за публиката, а постојат шпекулации дека се планира истото да го направи и ФИФА за фудбалот.
Негре откри дека Блатер неформално разговарал со него но не било ништо решено за тоа прашање.
„Ме прашуваше повеќе прашања за укинување на офсајд правилото во хокејот и колку тоа беше успешен потег во хокејот, но тој никогаш не го кажа своето мислење па би било тешко да кажам што ќе направи Блатер за ова прашање,


Хокеј и фудбал се две скроз различни работи.Хокејот се игра на мраз,на многу помало игралиште отколку фудбалското,има матинела,нема аут и уште многу разлики.
Нема везе дека хокејот треба да се земе како пример.Него сега на олимпијадава гледав хокеј ми се чини дека имаше офсајди.
 
Кога Пипо ќе го изберат за претседател на ФИФА можда...

Не планирам да отворам прва страна за да прочитам на која будала и текнало нешто вакво (не мислам на луѓево од форумот туку на тој офицјален престатвник кој имал еден таков момент на брилијантност кој резултирал со овој предлог).
 
Кажи нешто паметно барем...:toe:



:nenene::nenene::nenene::nenene:..не знам зошто така размислувате упорно сите:toe: ама јас мислам напротив помалце голови ќе има..размисли зошто:toe:


Можно е и помалце да има,не се знае.Еден или двајца напаѓачи ќе дремат пред шеснаесетник,а со тоа и скоро цела дефанзивна линија ќе биде до нив да ги чува.

Размислете нови тактики,нова поставеност на играта,ќе треба време додека се прилагодат играчите и тоа доста време.Супер е вака како што е!
 
Нема потреба правило кое пред повеќе години се вовело во фудбалот,сега да се укинува,кога истото воопшто не влијаело за намалување на убавината на фудбалската игра.Поборниците за укинување приоѓаат кон проблематиката со две тези,оти со отстранувањето на офсајдот исто како и во хокејот ќе сме биле сведоци на повеќе постигнати голови и ќе се напуштел `бункерот` како играчка концепција на одредена екипа.Прво фудбалот не може и не треба да се поистоветува со хокејот,филозофијата на овие спортови е дијаметрално спротивна,пред се има огромна разлика во големината на игралиштето и динамичноста на играта,а и многу други нешта,како измените и сл.Така да,компарации фудбал-хокеј се доста несериозни,посебно ако доаѓаат од прв човек на организација како ФИФА.Друга работа е бројот на постигнати голови,според мене не постои ''недостаток'' на голови,ваквата забелешка е пред се поради менталниот склоп на фудбалскиот фанатик,кој секогаш сака да биде сведок на многу постигнати погодоци.И мене ми одговара тоа,ама во тој случај фудбалот не би бил ништо друго освен пенал-игра.Мене вака фудбалот ми изгледа мошне софистициран,со стапиците на дефанзивците,луцидноста на напаѓачите да се извлечат од офсајд,со спорните ситуации,па барем јас не се согласувам со евентуална промена.
Единствено што може и треба да претрпи промени,а и да се воведе е употребата на видео технологијата за разрешување на евентуалните спорни ситуации.Тоа со судиите зад гол е добро,ама ете и во натпреварот на Галатасарај во ЕЛ се покажа дека и ваквиот новитет е доста дискутабилен.
 
Ако сакате да го гледате Инзаги како кине мрежи уште 15 години тога нека се укине ова правило :vozbud: Шала на страна без офсајди фудбалот ќе биде многу глуп :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom