The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.032
- Поени од реакции
- 3.608
По мала дискусија во темата Македонска фудбалска репрезентација одлучив да отворам тема за УЕФА Лига на Нациите 2018/19. Имено, се работи за ново натпреварување во рамките на УЕФА кое за цел има што поконкурентни натпревари кои ќе ја задржат фудбалската атракција и во најниските лиги.
За почеток, иако веројатно сите добро знаете, да го претставиме форматот на самото натпреваруње. Како што може да видите на самата слика, сите 55 репрезентации се поделени во 4 лиги, од најсилната А па се до најслабата Д. Во првото издание на овој турнир истите се поделени според коефициентот на репрезентациите според УЕФА.
Секоја лига е составена од 4 групи, а секоја група од 3 или 4 репрезентации. За да не се трупа текст, најдобро би било да се погледне ова видео синхронизирано на македонски јазик од ФФМ за тоа како функционира новото натпреварување.
Сигурно најмногу што не интересира на ова натпреварување е успехот на нашата репрезентација, веќе сите сте запознаени дека после 2 одиграни мечеви, Македонија победи на 2 пати со по 2-0 против Гибралтар на гости и Ерменија дома т.ш. моментално има 6 бода. Доколку успее да остане на првото место, а верувам дека така и ќе биде, Македонија заедно со останатите првопласирани од другите 3 групи ќе се промовираат во Лига Ц за следниот турнир (2020/21). Исто така најслабо рангираните во секоја група од повисоките лиги ќе бидат една лига подолу за следното натпреваруваање (со исклучок на нашата, нормално ). Шампионот на самото натпреварување ќе се добие со плеј-оф турнирот од Лига А, сите првопласирани селекции од четирите групи ќе играат F4 турнир во 2020, непосредно пред почетокот на европското првенство, додека пак завршните турнири од останатите Лиги (Б,Ц,Д) ќе се борат да обезбедат пласман на европското првенство. Најдобро е прикажано на следната слика
Од март 2019 до ноември 2020 година ќе се одржат регуларните квалификации за европското првентсво во 2020 и тоа во 10 групи, 5 групи по 6 репрезентации и 5 групи 5 репрезентации. Најдобрите 2 селекции од сите 10 групи патуваат на европско, додека пак останатите 4 места се резервирани за најдобрите од секоја лига посебно (А,Б,Ц,Д) што претставува животна шанса за Македонија.
Имаше многу забуни околу организирањето на завршните турнири, а според приложените правила на УЕФА истите ќе се одвиваат вака :
2 полуфинални натпревари и тоа секој од нив без реванш т.е. само една утакмица и финале кое исто така ќе се игра на теренот на една од селекциите кои избориле финале.
Првопласираните селекции од сите 4 групи, еве за пример ќе ја земеме нашата Лига Д, доколку завршат први Македонија, Косово, Грузија и Белорусија (според моменталната табела) тогаш истите ќе играат на завршниот турнир. Се прави нова прелиминарна табела на која ќе се рангираат сите првопласирани селекции, прво според број на бодови, а евентуално може да одлучува и гол разлика. Првиот на таа табела ќе игра против четвртиот и тоа дома, само еден меч, а истото важи и за второпласираниот кој го пречекува третопласираниот на домашен терен. Ова се утакмици кои ќе се играат во 2020 (26-28 март полуфинале и 29-21 март финале).
За финалето се шпекулираше дека можеби ќе се игра на неутрален терен, но сепак официјално УЕФА потврди дека по пат на случаен избор, во ноември 2019 кога ќе се знаат полуфиналните натпревари ќе се одлучи кој ќе биде домаќин на финалето кое воедно ќе е виза за европско првенство, ќе се одлучи кој полуфинален меч ќе е носител за финалето т.е. доколку на пример полуфиналниот меч Македонија - Белорусија ја добие паричката, тогаш победникот од овој полуфинален меч ќе биде домаќин на победникот од мечот Грузија - Косово во големото финале за пласман на европското првенство.
Горе долу мислам дека е се објаснато заедно со сликите и видеото, доколку има нешто нејасно или имате предлог да се прошири воведот со некоја важна реченица, слободно предложете, затоа ја отворам темава да не се прашуваат едни па исти прашања. Ако сум згрешил нешто, исто така може да го промениме воведниот пост за да биде прегледно за сите