UEFA Europa League

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Гасперсон да не добиеше прерано отказ од Интер многу лесно ќе не поминеше преку бантерот. Еве го у Аталанта без многу трошење, со полупросечен состав веќе 7 8 години ги држи на одличен пласман низ сезоните.
Скоро секоја сезона со Аталанта почнува лошо ама после зема замав и гази низ цела сезона. У Интер после 5 кола испи отказ.
Не се слагам со тебе ама за жал не може да дознаеме што би било кога би било. Според мене арен е вака во екипа од втор ешалон, да си цепа без многу трошење и без многу притисок од управа како што имаше тогаш во Интер и како што би имал во било кој голем клуб. Тежок карактер е Гасперсон, знае да се спука со играчи, ако не се лажам со Папу Гомез ептен ја спукаа, така да топ е ова што си го тера со Аталанта. Ама муабети за тренериште и слично ќе ве молам баталете, една птица не прави пролет.
 
хахахахаахаха исссссссссссссссссссссссст :ROFLMAO:
 
Инаку постои и UEFA/CONMEBOL Club Challenge каде шампионите на вторите по ранг континентални натпреварувања играат меѓу себе:

1716454681885.png


Ова е четврти ваков натпревар по:

2015: Ривер ги победи Севиља 1-0
2016: Севиља ги победи Санта Фе 2-1
2023: Севиља ги победи Индепендиенте дел Вале после пеналите (1-1 регуларен дел)

Интересно, прв пат ваков натпревар ќе се игра без Севиља :D
 
Да, ако нокаут фаза почнува од полуфинале тогаш со истиве 11 играше Алонсо. Огромна грешка му беше што не почна со шпиц и што не беше Хофман во прв тим кој игра одлично во завршниот дел од сезоната. И да, апсолутно Грималдо е покорисен како вингбек отколку како класичен бек.
Углавном не беше чудно што играше со лажна 9ка, му успеа против спората одбрана Рома. Аталанта како да не е од Сериа А, доста модерен и брз фудбал играат.
 
Ако добро памтам, губеа 1-0 тука, пеналов беше за изедначување.
 
Она што највеќе е за почит и да речам еволуираше во настапите особено Европа е фактот што Гасперини веќе не се повлекува после 1 гол.
Нешто што често беше случај во минатото, да речеме во ЛШ во 2 наврати против Јунајтед имаа водство и се повлекуваа скроз, на крај завршија нерешено и пораз на Олд Трафорд.
Исто со Борусија Дортмунд играа мислам Европа Лига, тогаш на Мапеи стадионот, имаа водство и резултат што ги носи понатака, ама класика италијанско катенаџо после тоа и на крај чинам претрпеа пораз.
Интересно е што на стари години ги научи тие лекции, нели, must e за секој тренер константно да се подобрува и надградува без оглед на годините.
Ама она што ме импресионираше оваа кампања на Аталанта е што
а) победија ептен добри екипи не само во Ливерпул и Леверкузен, туку и Спортинг да не заборавиме. Марсеј ајде онака ама и они не се за потценување.
б) не престанаа да напаѓаат, т.е секогаш размислуваа за гол плус што е реткост и за голем респект. Особено на Енфилд и вчера, утакмици на кои можеа и до 4ти гол да дојдат.

А и секако, никогаш, ама никогаш не треба да се потценат Италијани во финале, имаше малце арогантност и летање у облаци од таборот на Леверкузен и германските медиуми во пресрет на вчерашната утакмица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom