UEFA Europa League

Член од
16 април 2008
Мислења
2.524
Поени од реакции
2.376
Сакав Интер да победи чисто ради онаа класично гомнена глума на мртвине играчи од Севиља ама па со онакви пропалици не се освојува титула.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.418
Поени од реакции
114.007
И јас искрено мислам ко Ио дека со Конте Интер нема теорија да освои ЛШ, едноставно човекот не може да игра на елиминациони мечеви со појаките и тоа е тоа. Пристапот е погрешен, не може да влагаш резервиран во финале, ок не викам со 11 души да напаѓаш цело време ама сепак. Измените промашени, пристапот промашен, пристапот после голот за 3-2 не го коментирам, судијата дава 6 минути продолжение, наместо Интер да стиска со сите сили тие топка не можеа да изнесат. Не може така, да игравме со Баерн или ПСЖ 30 гола ќе ни бутнеа после голот за 3-2 од што не знаевме кај тераме. И не е само сега, и против Јуве во лига истото ни се деси, и против Лацио во Рим, а тоа се работи кои влијаат и на психа и на самодоверба и на се живо.

Не би го мењал Конте моментално, сепак има голем напредок во однос на Спалети, нека достави Серија А, нека створи каков таков победнички менталитет, оти 9 години немаме ништо освоено и мењаме тренери секоја година. А и којзнае, може ќе созрее Конте и во европските такмичења. :) Реално вакви услови нигде нема да добие во Европа, одврзани раце за се, трансфери, формации, едно друго, плус ниту една ебана критика немаше сезонава од управата и покрај испаѓање у групи у ЛШ, губење на 22 бода во Серија А после водство итн.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499

Резолуцијава е како со упаљач да е снимано ама ќе ви текне на натпреварот. Да не рече некој дека хејтам (зошто приметив и од темана за ЛШ, форумов иако не знам како периодов се има наполнето со снегулки), уште тогаш пишав дека не е крив Лукаку туку е крив тој што го наместил да седи таму.

Трапав е, тромав е, крупен е, слабо респонзивен е, при прекини не смее да биде во близина на сопствениот гол. Да се разбереме, не викам дека вчера на негово место да беше и некој друг играч немаше да се случи истото но против Арсенал успеа Де Геа да регистрира одбрана и од него, овие две грешки против Сити + она вчера.
Од другата страна пак брз е и знае да повлече контра, најдобро на прекини нека седи во форот и нека си чека исфрлена топка.

За Конте се сте кажале, се работи за конфликтен лик кој ми делува непрофесионално, работите што треба да останат помеѓу тебе и управата тој си ги кажува по медиуми, ајде да беше еднаш или во еден клуб ама во секој клуб едно те исто..
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.733
Поени од реакции
52.675
За Конте се сте кажале, се работи за конфликтен лик кој ми делува непрофесионално, работите што треба да останат помеѓу тебе и управата тој си ги кажува по медиуми, ајде да беше еднаш или во еден клуб ама во секој клуб едно те исто.
Многу ме нервира со ова, поголем плачко од Мурињо е. А во првата сезона го засакав повеќе од него, за после едвај да чекам да го избркаат. Клубот е над се за мене и ако пробаш јавно да одиш против него, во истиот момент заслужуваш клоца, ич не ми е гајле што си направил претходно, па дури и да си во право. Таквите работи се решаваат приватно.

Цела сезона крајно непрофесионален му е односот спрема Интер, клуб кој му даде одврзани раце и му ги исполни сите желби. И пак секој месец наоѓа нешто за јавно да плаче и да му наштетува на клубот. Колку што знам, многу пари ќе мора да му плати Интер ако го избрка и точно знае што прави со ова. Глеј сега, ќе го седнат и ќе го остават, ќе му ветат уште повеќе работи и следна сезона и за најмалата ситница што нема да му се свиѓа ќе им плаче јавно пак, уште појако од сезонава.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Фортуна Сингелич и ќе се тепаше таму у тир општинските лиги со Џонтра и Видук хехеех.
Класичен играч за Фортуна, Беса, Бутел на Рањо и слични шиптарск0-копачки екипи.

Кај игра Видукнаторот бе? Сме се давеле може негде?
@vidooq кај играш бе?
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.721
Поени од реакции
43.769

Резолуцијава е како со упаљач да е снимано ама ќе ви текне на натпреварот. Да не рече некој дека хејтам (зошто приметив и од темана за ЛШ, форумов иако не знам како периодов се има наполнето со снегулки), уште тогаш пишав дека не е крив Лукаку туку е крив тој што го наместил да седи таму.

Трапав е, тромав е, крупен е, слабо респонзивен е, при прекини не смее да биде во близина на сопствениот гол. Да се разбереме, не викам дека вчера на негово место да беше и некој друг играч немаше да се случи истото но против Арсенал успеа Де Геа да регистрира одбрана и од него, овие две грешки против Сити + она вчера.
Од другата страна пак брз е и знае да повлече контра, најдобро на прекини нека седи во форот и нека си чека исфрлена топка.

За Конте се сте кажале, се работи за конфликтен лик кој ми делува непрофесионално, работите што треба да останат помеѓу тебе и управата тој си ги кажува по медиуми, ајде да беше еднаш или во еден клуб ама во секој клуб едно те исто..
Убаво вака што го постираше видеово, нека видат уште еднаш колку глупи голови примивме на мечов со Сити, како да не добие човек три мозочни удари после тоа. :mad::mad:
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.171
Поени од реакции
18.198
Тоа си читал нешто од Мондонико гарант...
:kafence: :kafence: :kafence:

Многу ги буните работите со новите правила, во врска со промената на казната црвен + пенал.

За подетално објаснување на правилата (со користење на релевантни извори, да не ми тресе некој дека си измислувам од мене) може со @Peja989 или некој друг модератор да отвориме тема каде што ќе бидат агрегирани најважните информации и промени за ВАР, црвени, пенали, игра со рака и слично. Немам многу време, ама ако се искоординираме може да се надминат некои дилеми кои предизвикуваат банални дискусии.

Секако, на овие како Даре со инка да им ставаш во глава, џабе е...

Со многу едноставни примери ќе се обидам да покажам каде е промената со укинувањето на казната, а каде останува истата интерпретација.

(ќе ги ставам во спојлер да не се трупат видеа)

Пеналот за Атлетико против Лајпциг од 01:47 и пеналот за Јуве против Рома од 00:32 според правилата кои важеа до 2016/2017 година беа црвен + пенал. Од тогаш натаму, се промени во жолт + пенал.

Истите прекршоци да се надвор од шеснаесетникот (а во исти контекст) ќе бидат црвен + слободен удар.

Целта на промената во правилата генерално е да се укине тројната казна:
1. Пенал
2. Црвен во тековниот меч
3. Казна за наредниот меч

За проблемот на „тројната“ казна, се зборуваше уште многу одамна, некаде од 2009 стана збор за нејзино укинување. Колина имаше интервју уште тогаш за оваа промена, која се имплементираше долги години потоа.

Е сега, за да не дојде до злоупотреба на намалената казна, се остави можност прекршоците со очигледна намера, да останат да се казнуваат со црвен картон и покрај пеналот.

Го споменавте Давид Луиз против Сити.

Еве еден од Серија А, во првото коло од примената на новото правило.

Ова се најчисти примери за разликата меѓу ненамерен старт на последен играч (случајот на Лајпциг и Рома) наспроти намерен старт, то ест влечење за дрес (случајот на Арсенал и Кротоне).

Во пракса прекршоците со раце (влечење, туркање од зад грб) и стартовите каде што е очигледно дека не може да се дојде до топката (пр. директен старт од зад грб кога напаѓачот е свртен према голот и сл.) во случај на последен играч и чиста шанса за гол, ќе продолжат да се санкционираат со црвен и пенал. Истото важи и за игра со рака која спречува гол, а дефинитивно истото важи и за опасни стартови.

Конкретно, во случајот од вчера, крајно небитно е тоа што свирнал пенал. Пеналот си е санкција која е поврзана со местото на случување на прекршокот (т.е внатре во шеснаесетникот).

Доколку судијата си оцени дека стартот по самата природа си е за црвен, нема никава пречка во правилата да го додели.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
@Mondonico од друга страна ако гледаме на нештата, според примериве што си ги дал, прво за фаулите на Лајпциг и Рома може да се окарактеризираат као инцидентни да речеме, еден контакт фаул пенал. Ја не би дал црвен тука никогаш, доволно е жут и пенал.
Ова со Кротоне Милан истотака е дискутабилно, можеби и тука е доволно само жут и пенал. Пошто е еден контакт. Е сега секогаш постои и можност и еден контакт да е бокс у тил и шут од позади ко Тоти на Балотели. Ама тоа се веќе муабети за мали деца. Се разбираме мислам.

Во случајот кај Давид Луиз и поготово вчера против Лукаку, иаме фаули коишто траат, последен играч праи фаул од позади повеќе од 10 метри, ова е директен црвен картон без никаков сомнеж. Нема потреба тука да ме боли кур дали дечкото ќе паузира следната утакмица, дали ќе биде оштетен тимот со пенал и црвен. Едноставно другарот одлучил у намерата да фаулира и тоа го праи доека не падне противникот. Намерен фаул.

Истово си го кажал.

Ме нервираат мене вакви недефинирани правила кои оставаат на лична проценка на судијата. Во конкретниов случај вчера имавме судија со мозочен удар којшто на некој начин директно кумуваше на целиот исход на мечот. Да му покажеше црвен картон на куртонот, да покажеше пенал по играта со рака .. т.е немаше да покаже пенал пошто дружето веќе ќе се тушираше по црвениот картон. Севиља ќе бесе распадната.

Џабе имаме и вар и мар, кога на крајот пак одлучува судијата, тој вчера беше убеден у самиот себе дека тоа не е пенал за играњето со рака. И што кур ако ние иаме вар, ако иаме правила кога дечкото сам одлучи дека нема услови за пенал.

Второ, сериозно треба да се размисли на воведување казни за срамни дајвања, лажење дека има контакт, глумење и слично. Комотно би враќал вар за такви ситуации, комотно би давал втор жут картон за дајв и глума. Преку курот, 10 фаули измислија вчера циганиве, па уште се фаќаат за глава и се дерат а на репетиција јасно се гледа дека нема апсолутно никаков контакт.

Црвен би му дал и на Барела за глумата што сакаше да го наседне тој копачот. Не го ни знам као се вика.

Ферги беше лек за ваквите, дајва Јанг овој на прес јавно го изруга, у соблекувална му рекол уште еднаш ако дајвнеш така има да леташ од состав. Преку курот најозбилно, се изгуби секаков драж за фудбал и контакт. Пички.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Лукаку си е играч таман за серија а. Нека дава голови на тоа ботовите од играчи што се у таа лига, кај што на тие ко него највише им лежи играта и стилот. Нема што да бара во други лиги или у европски натпреварувања. Таман си е у пензионерската лига кај што идат сите washed up фудбалери да глумат релевантни. Затвори завеса, тоа е тоа од претставата.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199

Poor man's HESKEY :coffee:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.543
Поени од реакции
18.796
Лукаку си е играч таман за серија а. Нека дава голови на тоа ботовите од играчи што се у таа лига, кај што на тие ко него највише им лежи играта и стилот. Нема што да бара во други лиги или у европски натпреварувања. Таман си е у пензионерската лига кај што идат сите washed up фудбалери да глумат релевантни. Затвори завеса, тоа е тоа од претставата.
Знајш како ќе легни во моменталниов Ливерпул ? Како салата со ракија шо викаш ти :D Најсериозно ова, 100 гола ќе дај како е во форма влезен.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Лукаку си е играч таман за серија а. Нека дава голови на тоа ботовите од играчи што се у таа лига, кај што на тие ко него највише им лежи играта и стилот. Нема што да бара во други лиги или у европски натпреварувања. Таман си е у пензионерската лига кај што идат сите washed up фудбалери да глумат релевантни. Затвори завеса, тоа е тоа од претставата.
Лукаку ровареше у дрес на Евертон у убер јаката и конкурентна лига каде играат најдобрите играчи во фудбалот. :smirce:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom