Сериозно, не сакам да ви се мешам во тоа колку си ги сакате Вардар и Работнички. Ама да изигрувате којзнае какви навивачи, па да глумите квази-омраза меѓу двата клуба е банално и смешно. Немало да го поддржат Работнички или Ливерпул зашто навивале за Вардар и го мразеле Работнички...живи глупости. Па луѓе ние не сме Шпанија или Англија, немаме 4 претставници во ЛШ секоја година, и немаме освоено
никаква европска титула. А Шпанија и Англија? Десетици имаат, не се на нула како нас. Нивните клубови се големи и богати, со стадиони поголеми од арена Филип II што се полни и на натпревар кога Реал игра против Рајо Ваљекано, а не како кај нас, полни се речиси до пола кога и најголемите европски екипи играат против нас, еднаш на неколку години. Сфаќам како е да сакаш клуб и да го поддржуваш, и јас ја сакам(в) Победа, ама НИКОГАШ не би бил против
македонски клуб кога игра против клуб од пичкасимајчина. Не ми е гајле дали бил Вардар, Работнички или ФК Млекар од Мало Коњари, тој е клуб што ми ја претставува државата против клуб на друга држава и треба да го поддржиме. Појдете сите Комити на стадион против Ливерпул и кога Џерард ќе даде гол сите радувајте се, а после степајте се со навивачите на Работнички. Кога ќе ве видат во Англија ќе ви завидуваат, па во ЛШ сите навивачи на Ливерпул ќе се истурат на Стемфорд Бриџ и ќе се степаат со навивачите на Челзи

Ако толку не сакате да го видите Работнички понатаму во ЛЕ, седете дома и не ни одете на стадион, барем сите што ќе бидат таму нека навиваат за Работнички а не против него. Гревота е да не го поддржете Работнички кога како-така ни ја претставува и оваа мала бедна лига со низок квалитет. И жално е да се размислува како вас, зашто и јас имам навивано против Македонија во 2003 кога Англија дојде и за малце не паднав во несвест кога ги добив картите и се радував што ќе го видам Бекам во живо. Ама тогаш имав 10 години и за среќа се сменив од тогаш. Сериозно, не тепајте се за кој клуб навивајте туку излезете сите и поддржете го Работнички, нека видат тоа Англичаните дека и кај нас има навивачи
