Не негирам дека ПР машинеријата си го прави своето, едноставно, мора нови Меси, Кристијано, Нејмар да има. Ама.
Прајм Кристијано Роналдо да му го дадеш на Саутгејт, овој ке го натера бек да му игра, и ке му ја нулира играта. Кој играч помниш во Англија откако овој дојде на клупа, онака да дели од сите останати? А не дека Англија има лоши играчи. Го угуши Фоден, Сака не личи на себе, на Белингам му дал слободна улога, небаре Реал Мадрид е ова со продорни крила, па да му отвараат простор или па пасер како Крос од позади. Ликов гледа првин да не прими гол, па потоа што направиме напред. Уште идеалната 11-ка не си ја знае, а тренер е на Англија 8 години. Калвин Филипс му фалел.
Се заборава една работа околу Белингам, а тоа е дека ликов има само 20 години. Игра во Реал Мадрид, освои ЛШ, Првенство, битна алка во тимот. Има најмалку 10 години кариера пред него во која може само нагоре да иде. Меси и Роналдо прв пат играа и победија во финале од ЛШ на 23 години.
Дур не им дојде саглам тренер на Англија, што прави Белингам во национален дрес, мање више небитно.