UEFA Champions League - Season 2024/25

Кој ќе освои?

  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.351
Поени од реакции
5.474
Алварез избран за најдобар играч изминатово коло, двата гола за пресврт и најверојатно пласман во топ 8 за Атлетико

Сега ваљда ти е појасно зошто се платија толку пари за него

Стварно нема кој топка да му пушти, 6 гола само во групната фаза друшкане ;)
Јас за доручек не знам што јадев она глеј што ми памти.
По женска карактеристика од ова нема, сите глупости ги памти само тоа што треба не.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.941
Поени од реакции
19.294

Ехх, тебе те запамтив оти секогаш ме цитираш за Атлетико.
Двајца бевте за Алварез уствари шо мислевте дека нема да се вклопи, другите сите беа едногласни дека е топ трансфер за Чоло
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.746
Поени од реакции
5.692
И шити и п$ж се класика пластики
Првите не беа кога знаеа каде му е местото, втор клуб од Манчестер и максимум лига европа пласман кога играа Робињо, Де Јонг, Ирска, Белами, Гивен, Адебајор, Санта Круз, Забалета, Коло Туре, Ричардс, Врајт Филипс, Лескот, Бери, на чело со Тевез. И не му беа до колена на вистинскиот Манчестер, и не се курчеа дека градот е син и нивни како сега и го имаа старото лого.

Сега се гадна дружина од арапи заслужна за уништување на фудбалот заедно со нивните близнаци од париз.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.051
Поени од реакции
2.544
Вештачки или пластични клубови според мене се клубовите како Лајпциг,основан во 2009 година без историја,а Сити и Псж се далеку од тоа.Имаат генерации на луѓе растено на стадион на овие клубови и не се криви навивачите што клубот го купиле Арапи и трошат пари како луди,секој буквално секој што пишува низ темиве за фудбал се би дал да може нивниот клуб да троши како нив и да е константно при врвот.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.896
Поени од реакции
40.744
Со пластични клубови повеќе се алудира на тоа дека успехот им е купен, наместо изграден. За фанови имаат сите, особено Англичаниве познавајќи ги какви локал патриоти се. Утре некој да го купи Фулам на пример, да фрли грдни пари да донесе играчи и да освои ПЛ во првата година, ќе речеш дека е пластичен клуб?

Пластични клубови имаме ние во државава, и во овие 30 години се појавиле и се распаднале еден куп такви. Пун курац ни е од Ренови, Воски и Трим Љумовци. Едини вештачки/пластичен клуб што опстоил е можда Силекс. Така да Ред Бул нека се огледува на Ѕинго. :icon_lol:
 
Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.993
Поени од реакции
6.877
Вештачки или пластични клубови според мене се клубовите како Лајпциг,основан во 2009 година без историја,а Сити и Псж се далеку од тоа.Имаат генерации на луѓе растено на стадион на овие клубови и не се криви навивачите што клубот го купиле Арапи и трошат пари како луди,секој буквално секој што пишува низ темиве за фудбал се би дал да може нивниот клуб да троши како нив и да е константно при врвот.
Не сум ни ја крив што арапи го купиле Псж а не мојот тим така да за мене се поголема пластика од пластиката што ја палат циганиве кај нас.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.701
Поени од реакции
22.842
Оваа тема секогаш ќе биде актуелна и секогаш ќе има про и контра аргументи.

Од една страна кај сите нас општо прифатено е да ги нарекуваме клубовите како ПСЖ, Сити до скоро, Челзи до скоро, Лајпциг, Хофенхајм... пластични. Сега гледам дури и меѓу овие "пластичните" има поделба на помалку пластични и повеќе пластични, значи си има градација колку е пластичен еден клуб.
И шити и п$ж се класика пластики
Првите не беа кога знаеа каде му е местото, втор клуб од Манчестер и максимум лига европа пласман кога играа Робињо, Де Јонг, Ирска, Белами, Гивен, Адебајор, Санта Круз, Забалета, Коло Туре, Ричардс, Врајт Филипс, Лескот, Бери, на чело со Тевез. И не му беа до колена на вистинскиот Манчестер, и не се курчеа дека градот е син и нивни како сега и го имаа старото лого.

Сега се гадна дружина од арапи заслужна за уништување на фудбалот заедно со нивните близнаци од париз.
Сите играчи шо ги наброја се купени по доаѓањето на арапите во Сити.
Вештачки или пластични клубови според мене се клубовите како Лајпциг,основан во 2009 година без историја,а Сити и Псж се далеку од тоа.Имаат генерации на луѓе растено на стадион на овие клубови и не се криви навивачите што клубот го купиле Арапи и трошат пари како луди,секој буквално секој што пишува низ темиве за фудбал се би дал да може нивниот клуб да троши како нив и да е константно при врвот.
Жити мене, како тоа годината на формирање одредува дека клубот е пластичен или не? :D
Нормално е дека клубот што е формиран пред 5 години да нема 100-годишна историја, тоа е проста математика. И ПСЖ и Сити и Лајпциг и Реал Мадрид и ЦСКА Москва и Баерн Минхен и Палмеирас и Удинезе и секој клуб во моментот на создавање нема историја, туку од тој момент почнува да ја пишува.
Или 2009та е многу "скоро" и со самото тоа што ние, овие генерации, сме просведочиле на формирањето на тој клуб, по автоматизам клубот е пластичен?
Дали тоа значи дека секој клуб кога е формиран (макар бил и пред 150 години) бил пластичен првите неколку години од формирањето?!
Со пластични клубови повеќе се алудира на тоа дека успехот им е купен, наместо изграден. За фанови имаат сите, особено Англичаниве познавајќи ги какви локал патриоти се. Утре некој да го купи Фулам на пример, да фрли грдни пари да донесе играчи и да освои ПЛ во првата година, ќе речеш дека е пластичен клуб?

Пластични клубови имаме ние во државава, и во овие 30 години се појавиле и се распаднале еден куп такви. Пун курац ни е од Ренови, Воски и Трим Љумовци. Едини вештачки/пластичен клуб што опстоил е можда Силекс. Така да Ред Бул нека се огледува на Ѕинго. :icon_lol:
Тоа купен наместо изграден на прва држи вода, ама во 21 век кога фудбалот е станат пред се бизнис, а дури после е спортска игра, џабе ти е и ако имаш изградено успех некогаш, ако немаш пари ќе бидеш надвор од играта. И Реал Овиедо бил некогаш топ клуб, ама над 20 години не биле во Ла Лига. Лидс Јунајтед исто биле екипиште пред неколку децении, ама сега се второлигаш.
Така да, ни се допаѓало или не, (а не ни се допаѓа) парите се многу битна работа за да бидеш конкурентен.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.051
Поени од реакции
2.544
Оваа тема секогаш ќе биде актуелна и секогаш ќе има про и контра аргументи.

Од една страна кај сите нас општо прифатено е да ги нарекуваме клубовите како ПСЖ, Сити до скоро, Челзи до скоро, Лајпциг, Хофенхајм... пластични. Сега гледам дури и меѓу овие "пластичните" има поделба на помалку пластични и повеќе пластични, значи си има градација колку е пластичен еден клуб.

Сите играчи шо ги наброја се купени по доаѓањето на арапите во Сити.

Жити мене, како тоа годината на формирање одредува дека клубот е пластичен или не? :D
Нормално е дека клубот што е формиран пред 5 години да нема 100-годишна историја, тоа е проста математика. И ПСЖ и Сити и Лајпциг и Реал Мадрид и ЦСКА Москва и Баерн Минхен и Палмеирас и Удинезе и секој клуб во моментот на создавање нема историја, туку од тој момент почнува да ја пишува.
Или 2009та е многу "скоро" и со самото тоа што ние, овие генерации, сме просведочиле на формирањето на тој клуб, по автоматизам клубот е пластичен?
Дали тоа значи дека секој клуб кога е формиран (макар бил и пред 150 години) бил пластичен првите неколку години од формирањето?!

Тоа купен наместо изграден на прва држи вода, ама во 21 век кога фудбалот е станат пред се бизнис, а дури после е спортска игра, џабе ти е и ако имаш изградено успех некогаш, ако немаш пари ќе бидеш надвор од играта. И Реал Овиедо бил некогаш топ клуб, ама над 20 години не биле во Ла Лига. Лидс Јунајтед исто биле екипиште пред неколку децении, ама сега се второлигаш.
Така да, ни се допаѓало или не, (а не ни се допаѓа) парите се многу битна работа за да бидеш конкурентен.
Кога се зборува вака за пластични вештачки и не знам какви никој не го спомнува Лајпциг поради тоа што немаат успех како Сити и Псж,да годината на формирање нема врска ама начинот на кој што е формиран клубот,од кого и слично е тоа го прави вештачки.Ред бул во 2009 го купуваат тогаш 5то лигашот Маркранштад му менуваат и лого и име и го изнајмуваат градскиот стадион на 10 години.Ајде сега спореди го ова со Сити и Псж.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.877
Поени од реакции
30.793
Бизнис си е бизнис, нема тука пластика
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.941
Поени од реакции
19.294

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.203
Поени од реакции
25.393
Хил Марин го споредуваш со шеиците на Сити и ПСЖ ?
Макар и овој има големи грешки кои се косат со идеологијата на клубот ама далеку од Арапите кои го окупираа фудбалот.
Ријад главен спонзор, автоматски влез на арапски пари.
Примена на грб, промена на стадион.

Не знам зашто мислиш дека Атлетико не ги влече одлуките врз база на пари, туку врз база на шмек.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.941
Поени од реакции
19.294
Ријад главен спонзор, автоматски влез на арапски пари.
Примена на грб, промена на стадион.

Не знам зашто мислиш дека Атлетико не ги влече одлуките врз база на пари, туку врз база на шмек.
Исто е спонзорство и пари инјектирани под сумливи околности?
Инаку го вратија стариот грб.
Затоа реков и Хил имаат големи пропусти ама далеку од шеиците на Сити и ПСЖ
Атлетико со самото растење на клубот и приходи од изминатите години е она што е денес, ПСЖ и Сити преку ноќ станаа гиганти, да не спомнувам и фер плејот кој секоја година го заобиколуваат и мува не ги лази.
Ние за да купиме еден играч треба да ослободиме плати, кај Сити и ПСЖ такво нешто не постои.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.203
Поени од реакции
25.393
Исто е спонзорство и пари инјектирани под сумливи околности?
Инаку го вратија стариот грб.
Затоа реков и Хил имаат големи пропусти ама далеку од шеиците на Сити и ПСЖ
Атлетико со самото растење на клубот и приходи од изминатите години е она што е денес, ПСЖ и Сити преку ноќ станаа гиганти, да не спомнувам и фер плејот кој секоја година го заобиколуваат и мува не ги лази.
Ние за да купиме еден играч треба да ослободиме плати, кај Сити и ПСЖ такво нешто не постои.
А кој го спореди Атлетико со ПСЖ и Сити, ја не видов никаде такво нешто. Не си измислувај муабет, само за да си извлечеш поента.

Муабетот почна дека фудбалот е станат бизнис и дека се се врти околу парите, на што ти врати дека се додека е бизнис ќе го нема шмекот. Во ред, меѓутоа и ја и @Riken пробуваме да ти објасниме дека и Атлетико е во тој круг на клубови што прави се помалце фудбалски одлуки, а се повеќе бизнис одлуки.

Сити, а мислам дека и ПСЖ се далеку порегулирани сега, отколку што беа пред 7-8 години. Сити искористи дупка во правилата на ПЛ и стана тоа што е, а ПСЖ си направи договор со владата на Франција и кур ги боли. Во моментов, ниту Сити, ниту ПСЖ не се најголемите трошаци на трансфер пазарот и во моментов се повеќе функционираат со самото растење на клубот и на приходите од минатите години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom