Оваа тема секогаш ќе биде актуелна и секогаш ќе има про и контра аргументи.
Од една страна кај сите нас општо прифатено е да ги нарекуваме клубовите како ПСЖ, Сити до скоро, Челзи до скоро, Лајпциг, Хофенхајм... пластични. Сега гледам дури и меѓу овие "пластичните" има поделба на помалку пластични и повеќе пластични, значи си има градација колку е пластичен еден клуб.
Сите играчи шо ги наброја се купени по доаѓањето на арапите во Сити.
Жити мене, како тоа годината на формирање одредува дека клубот е пластичен или не?
Нормално е дека клубот што е формиран пред 5 години да нема 100-годишна историја, тоа е проста математика. И ПСЖ и Сити и Лајпциг и Реал Мадрид и ЦСКА Москва и Баерн Минхен и Палмеирас и Удинезе и секој клуб во моментот на создавање нема историја, туку од тој момент почнува да ја пишува.
Или 2009та е многу "скоро" и со самото тоа што ние, овие генерации, сме просведочиле на формирањето на тој клуб, по автоматизам клубот е пластичен?
Дали тоа значи дека секој клуб кога е формиран (макар бил и пред 150 години) бил пластичен првите неколку години од формирањето?!
Тоа купен наместо изграден на прва држи вода, ама во 21 век кога фудбалот е станат пред се бизнис, а дури после е спортска игра, џабе ти е и ако имаш изградено успех некогаш, ако немаш пари ќе бидеш надвор од играта. И Реал Овиедо бил некогаш топ клуб, ама над 20 години не биле во Ла Лига. Лидс Јунајтед исто биле екипиште пред неколку децении, ама сега се второлигаш.
Така да, ни се допаѓало или не, (а не ни се допаѓа) парите се многу битна работа за да бидеш конкурентен.