Честитки до фановите на Реал, рутинирано во суштина. Против група индивидуалци и без тренер, лесно како песна. Иако морам да кажам дека Реал некако ми изгледаше преобично на моменти за нивни стандарди и токму затоа мислам дека оваа најверојатно е сезоната на Сити.
Милан во полуфинале, а и Интер, одлични вести за неутралци, вистинско освежување. Милан на искуство и со тренер. Со тренер (подвлечено), што знаеше и надвор од терен да го води тимот. Нешто што не знаеше да го направи Спалети, на пример. Број еден виновник за посрамотувањето на Наполи. Со изјавите и несреќните пресови, дозволи да се создаде непотребна тензија, нетипична атмосфера, а со тоа и огромен притисок врз своите играчи. Наместо да биде одмерен и да ги заштити, да го сврти некако вниманието, тој дополнително потпалуваше.
Фудбалерите на Наполи со пресечени нозе, оние на Милан со мотив плус. Едноставно не знаеше да се носи со ситуацијата. Епа ова натпреварување не простува. Победата во лига, индиректно, на Милан му донесе полуфинале во ЛШ. Им влегоа во глава тогаш, им ја разнишаа самодовербата.