UEFA Champions League - Season 2021/22

Кој ќе биде шампион на Европа за 2021/2022?


  • Вкупно гласачи
    208
  • Гласањето е завршено на .
Z

zmej gorjanin

Гостин
Џабе тоа недефинирано радување од фановите на Реал...ова биле - она биле...кога нема убавина во нивниот фудбал...'ќелчо наш, оваков - онаков освојуваше трофеи и тоа со убав, прав, фудбал и виде дека не е се во трофеите т.е. трофеј се освојува со стил а и се презасити од титули и ЛШ и домашни првенства и купови и мупови... https://www.transfermarkt.com/pep-guardiola/erfolge/trainer/5672 ...така да он игра за публика...убав фузбал за очи...за разлика од акционерско - асоцијативното - кралско со дресови продажба фудбалско друштво - Реал.
1651771976376.png
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Да се разбира..од фудбалска машинерија што ја изгради самиот ќе бега во помал клуб во истата лига дека можеле да му понудат иста или малце поголема плата што Сити комотно можи да ја мечни во секој момент.

Кој друг помал клуб можи да си го дозволи Пеп?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Да се разбира..од фудбалска машинерија што ја изгради самиот ќе бега во помал клуб во истата лига дека можеле да му понудат иста или малце поголема плата што Сити комотно можи да ја мечни во секој момент.

Кој друг помал клуб можи да си го дозволи Пеп?
Лајпциг.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не само првата утакмица, никој не може да објасни што се случи и вчера.
До 90та минута 0 шутеви во рамки на гол, фацата на Карло изгледаше дека скроз е предаден, Менди ја вади од гол линија, Сити круза до финалето и на крај Реал поминува понатаму.
Ако имав логични објаснувања за пресвртите против ПСЖ и Челзи, за ова вчера стварно останав без зборови.

Се сложувам скроз со тебе, Пеп овој двомеч направи се како што треба.
Не експериментираше, ризикуваше кога требаше, се повлекуваше кога требаше, диктираше темпо и имаше контрола врз играта.
Двата натпревари перфектно ја имаше поставено екипата со цел да ги екслопатира дупките во играта на Реал.
Така да, без разлика што испаднаа Сити, барем за кампањата во ЛШ сезонава треба да му се даде кредит и да му се оддаде почит.

Иначе дојдов на темава да напишам еден пост за Камавинга.
19 години има, а каков играч е секоја му чест.
Сите се фаќаат за Бензема, Родриго, Модрич, што и треба, меѓутоа еден од клучните играчи за пресвртите на Реал беше токму он.
Вчера во еден момент, по излагањето на Крос, Модрич и Касемиро беше оставен буквално САМ да ја држи одбраната без никаква подршка од Асенсио и Феде и дечкото босуваше.
Директно инволвиран за сите три гола вчера во пресвртот.

сите пресврти се со него поврзани, го владее теренот ко 30 и кусур годишен ветеран
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Башка Пеп никад немал муда да се проба во послаб тим.
Добро убаво ти збори човекот, не знам како може да му ја промашуваш поентата.

Конкретно за ова. И јас бев на ова размислување доека не сфатив дека е глупо.
Па Гвардиола у својата дебитантска сезона во сениорски тим освои све што може да се освои и сеа за да им докаже на Џонтра и Кастиел требаше да рече аххх ова не е добро, морам да се докажам, еве ќе одам во Расинг Сантандер. Тоа е тоа јеби га, од сам старт има невиден успех и си се искачи на врвот.
Истото е и со Зидан, инстантен успех, прејако си-ви од старт и нема он сеа да иде у Сент Етјен да се докажува. Веќе е докажан.

И Анчелоти ако е за тоа има почнато една сезона у Серија Б, пласман у Серија А. После иде у Парма кој во тоа време не бил баш слаб клуб. После следи Јуве, Милан и останатото е историја.

Па ако цепидлачиме, Карло у 8 години како тренер на Милан има една ебена лигашка титула. Изгуби француско првенство од Монпеље.

Тоа што он имал шанса да води послаби тимови е поради тоа што немаше кај да иде после неуспешната епизода со Баерн, јес да освои титула со истите ама па тоа и не е некое мерило нели. Титула со Баерн Минхен у германско.
Го зема Наполи со кого не ни напраи исчекор а се очекуваше титула од него.
После Евертон.
Тука јавноста во голема мера беше согласна дека времето негово е поминато. Како Мурињо моментално.

И сосема случајно назад у Реал. Не им ни бил прв избор, на среќа го земаа за тренер откако Зидан неочекувано даде оставка и овој у разговор со тој директорот на Реал сам се понудил, му рекол па дај ја ќе бидам ако нема кој друг.

Вака може да цепидлачиме за сите. Плус се согласуваш со моето мислење за Анчелоти каде горе-доле истово го зборам ко членов со кого се контраш моментално.
Има респект Карло од цел свет, секако дека се наоѓа на врвот на листата на фудбалски стручњаци ама има разлика од едни до други тренери. Тоа сака да ти го каже фауст мварувари бенџама болинголи вамутомбо или како и да се вика у продужение. :D
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.781
Поени од реакции
10.088
Се поклопуе моментот. Добро тролање им удрил :ROFLMAO:
Кого бе царе па сити нема навивачи.
Само симпатизери од Барселона кои го приватиле Пеп ќељавицата као лична месаја. :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom