- Член од
- 7 декември 2019
- Мислења
- 4.705
- Поени од реакции
- 8.357
Срамота ќе беше на толку пари фрлени по Хаверц, Вернер и Зијех да не освојат![]()
![Кафе :kafence: :kafence:](/styles/default/xenforo/emot/kafe.gif)

По кој критериум ова ,,the best attacking team in England"? Мајтапот настрана, ова најозбилно прашувам. Седум екипи во ПЛ имаат повеќе голови постигнато од Челзи, сите топ 7 плус Лидс.
Не сум сигурен дали е ова кон мене упатено, ама јас бев тој што кажа дека "Сити полесно од очекуваното ќе го добие финалето" (но не и дека се поквалитетен тим во секој поглед), но чисто да кажам дека не секогаш финале е финале како што објаснуваш подоле во постот.Да прашам, дали е уште валидна констатацијата ,,Сити полесно од очекувањата ќе го добие финалето, поквалитетен тим е во секој поглед"? Дали уште е смешно опонирањето на таа елементарна глупост и дали имаше некој доблест да се извини, да не тагирам сега без потреба?
Единствено што мислев е дека ке биде многу помачно за Челси да го добијат мечов, а не дека вака Гвардиола ке им ја олесни работата.Имам некое чувство дека Челси ке изигра нерешено денес со Астон Вила, а дека ке го добијат финалето во ЛШ. Не ја гледам утакмицата патем.
Ај види пак. Изјава на Лопетеги е од 2ри декември лани. Челзи даваше по 3 гола на натпревар тој период. И нормално, ставено е заради тоа дека уште тогаш рече дека се потенцијални шампиони, а не за друготоПо кој критериум ова ,,the best attacking team in England"? Мајтапот настрана, ова најозбилно прашувам. Седум екипи во ПЛ имаат повеќе голови постигнато од Челзи, сите топ 7 плус Лидс.
Tuchel e pogolem perfekcionist ama i poitar e od Pep.
Ja prodadoa dusata na Arapite. Malce i Baern im se sponzor na rakavite. Ama ne se gleda tolku.Еве уште една графика со дресови на шампионите, овој пат за ЛШ:
Прегледај го приврзокот 296872
Интересно е што тука може да се види еволуцијата на Реал и Барса од екипи што немаат спонзори пошто тоа е ептен модерен фудбал...
Па потоа малце Барса као..еве...срамежливо...Уницеф...за добри цели ипак
до
USE CODE RAKUTEN FOR 50% OFF YOUR NEXT FLY EMIRATES FLIGHT! #Capitalism
(не ги обвинувам, само интересно ми е еволуцијава на фудбалов може да се види во дресовиве)
Nenene, pored del od clenstvoto na kajgana ne e nisto posebno i nisto ne pokazal do sega.Тухел два пати по ред со различни тимови игра финале, очигледно добро работи со сите играчи каде и да оди.
Werner ti e kako onoj na skolo vo klasot komu mu davas da prepise domasna i na polaganje kolku da pomine. Ima nadez.
У фан клуб Барселона.
Кај сте фанови на Сити, нешто тивки сте деновиве![]()
Кога веќе изненадија минатите месеци во ЛШ, не знам зошто и во финалево ве изненадија, веќе знаевте како ќе играат.Да не ја должам и тупам, заклучокот е дека Челзи не изненади скроз сите вчера, па и општо последниве неколку месеци.
Единствена шанса на Сити беше евентуална нефокусираност на некој од играчите на Челзи или тремаКога веќе изненадија минатите месеци во ЛШ, не знам зошто и во финалево ве изненадија, веќе знаевте како ќе играат.
Играта беше како против Атлетико, Порто и Реал. Мене ептен очигледно ми беше дека ќе биде финалево ептен тесен натпревар и дека еден гол ќе го одлучи, само во која мрежа. Единствена шанса за различен резултат беше доколку падне ептен ран гол. Да искористеше една шанса Вернер од тие на почетокот мислам дека Сити ептен ќе притиснеше до полувреме и најверојатно ќе дадеше гол, па може ќе завршеше 2-1 за некој, или ќе одеа до пенали. Да, Сити беа фаворити ама во најдобар случај 55-45, ништо повеќе. Мене ми е несфатливо како луѓе кои гледаат фудбал подолго време, го гледаа Челзи на пат до финалето, го гледаа два пати против Сити, мислеа дека ќе можат овие да дојдат до лесна победа, па дури и да дадат повеќе од два гола.
Мислам дека многумина не ги земаа сериозно претходните два резултати против Сити. Не играле со најсилниот тим. Е не може цело време да збориме колку квалитетен состав имаат Сити, како и замените може да играат во прв состав, и се тоа, ама доколку играат со мешан состав и изгубат, да ги правдаме дека не играле со најсилен состав. А и Челзи не играше со најсилен состав, и они правеа измени.
Исто и чест коментар кога Челзи изминативе месеци вадеше резултати против јаки тимови беше дека не им бил денот на другите, не изиграле ништо. А реалноста беше дека Челзи е толку добро огранизиран, и толку добро поставен што на ниту еден тим во Европа не му е лесно да игра против нив. На една рака се бројат чистите шанси кои дозволија да ги креира противникот. Ми текнува на натпреварот со Ливерпул, колку и да не беа во добра форма овие, имаше во второ полувреме еден момент кога на средина на терен Челзи лабаво се справуваа со пресингот на Ливерпул и си подаваа без грешка, а англискиот коментатор рече "It's getting a bit embarrassing now". И тоа се случуваше на скоро секој натпревар.
Не е се лично кон тебе упатено, општо за таквите коментари![]()
3/5, за трудот.
Треба да имаш дупка у мозок за да кажеш дека не не' очекува канцер финале, КОГА БУКВАЛНО ПРЕД 2-3 НЕДЕЛИ ИЗИГРАВТЕ 1-0 СО КРАЈНО
ДЕФАНЗИВЕН ПРИСТАП И ОЧАЈНО ДОСАДЕН ФУДБАЛ. Љапорте и Стоунс камп поставија на средина, од што бевте офанзивни
Толку срање утакмица беше тоа, што е битна ко снегот од лани.
Ќе искочи Гвардиола со препознатлив фубдал на посед, ќе рокне Тухел 5 дефанзивци + Канте + Жоргињо/Ковачич и ќе чмаат пред одбрана дур не се докопаат до топка на отприлика 15 минути и евентуално некоја контра. Топ фудбал нема што, ко да сум го гледал некаде пред 2-3 недели.
Credits where its due, играте одлична одбрана и ќе ми биде мило ако ги рашљакате реал и сити, па заслужено да речеме дека Челзи е европски шампион. Со реал изигравте исто добра и зрела утакмица.Но до тогаш, ќе се остане фактот дека имате defense-first пристап со 5 дефанзивци + Канте и просек од 1 гол по утакмица (ај сеа и децималите додај ги и докажи дека не е тој просекот).
Тотал фудбал гледавме, нема што. Можеби и Тимо Вернер дал 20 голови во меѓу време![]()
Пошто очигледно мене ми се обраќаш, да ти одговорам... Прво и основно, не гледам никаква причина да се извинувам некому зашто сум дал грешна прогноза за фудбалски меч. Не те нападнав тебе лично па да ти се извинувам...Да прашам, дали е уште валидна констатацијата ,,Сити полесно од очекувањата ќе го добие финалето, поквалитетен тим е во секој поглед"? Дали уште е смешно опонирањето на таа елементарна глупост и дали имаше некој доблест да се извини, да не тагирам сега без потреба?
Не сум во ,,come outside" фазон, особено откако ќе биде познат некој исход и пишував и вчера пред почетокот на двобојот. Дури и да освоеше Сити, немаше суштински ништо да го промени фактот дека тие не се во секој поглед подобар тим од Челзи. Сити има поквалитетен ростер, неспорно, но таа дискрепанца на квалитет и квантитет не е којзнае каква. Истиот Сити, за месец и половина загуби од Челзи, оној Челзи од кого е во секој поглед посупериорен во два наврати (па нели, уште еднаш, едноставно логиката не дозволува да потценувачки и крајно субјективен став).
Сити е, или беше подобар тим генерално сезонава од Челзи, ништо спорно. Сити е најдобриот англиски тим за 2020/21, исто така ништо спорно. Гвардиола е тренериште, ништо спорно. Затоа и не се спорни мислењата и прогнозите на луѓе кои застанаа на нивна страна во финалето, но имаа добра поткрепа и не се залетуваа со суперлативи и полу-кладилничарски тејкови предизвикани од лични фрустрации и комплекси.
Мал апдејт. Истиот Сити, загуби од петпати послабиот Челзи, противникот од кого е во секој поглед подобар, во три наврати. Во три различни натпреварувања Челзи го совлада Манчестер Сити. Во две од нив, поразот значеше и трофеј помалку. И не само што Челзи победи на тие мечеви, туку Челзи на сите средби беше подобриот тим. Челзи, послабиот, во секој поглед.
Со оглед на тоа дека заклучоци и мислења се носат во дадениот момент, она што е последно, она на кое се јава, решив да прашувам, да бидам досаден. Сакам да ми зборувате за погледи, класи, демолирања, арогантни просерувања и демек цинични обиди за дискредитација. Секако, во недостаток на...онака, сѐ.
Илјада натпревари сте изгледале, илјада финалиња и исто па исто. Во тие 90 минути се брише форма, ростер, тренери, рекорди, статистика. Ништо не постои. Постои само еден чуден натпревар кои го решаваат детали (излитено, ама прецизно точно). Финалето = маргина.
Кога сме кај него, впечатокот вака на ,,втора" е дека беше солидно дури и за неутрална публика. Не изобилуваше со многу шанси, реално, влогот е голем, но имаше интензитет и коректно темпо. Брзо топката одеше на двете страни, онака, беше достоинствено.
Најважно, двете екипи играа фер. Освен инцидентот со Де Брујн и Рудигер, останатото се одвиваше во спортски дух. Рудигер немаше намера. Мора да се наведе и дека фудбалерите на Сити, заедно со Гвардиола се однесуваа многу нормално. Пред, потоа и во текот на дуелот. Мирно го прифатија поразот, не правеа галама и притисоци претерани на Лахоз. Честитаа како што доликува. Додека сме тука, Шпанецов судеше маестрално. На крајот се расплака, веројатно ова му беше и последниот европски настап во кариерата, не знам. Арбитражата во ЛШ и арбитражата во лигиве, небо и земја.
Затоа некако верувам дека Сити пред ПСЖ ќе освои ЛШ. Постабилна структура, поубава насока имаат фатено. Меѓудругото.
Мене ме плашеше она ,,не можеш да го поразиш Гвардиола трипати последователно", арно ама - фудбал. Затоа е таков. Можеш да предвидиш апсолутно ништо.
А ќе беше и ептен ,,на тацна" веднаш Сити во дебито во финале да кренат пехар. Полека, треба да патиш прво па здравје. Непостоечки примени голови, масовни кражби и судии, испаѓања во последни секунди, лизгања на капитенот при решавачкиот пенал во финалето. Ехееее, хеее.
Во однос на тактиката на Пеп и тоа во која категорија тренери спаѓа, Пеп и пред и после финалето е врвен тренер. Колку и да не го сакам. Пеп и пред и после финалето никако немаше да е најдобар на сите времиња, подобар од Фергусон и слични будалаштини. Пеп доколку не стартуваше со Родри/Фернандињо, како што и се случи , а успееше да освои, ќе беше во очите на јавноста генијалец. Види го храбар, со седум офанзивни играчи, им ја сокри топката итн.
Сега, Пеп заебал работа и повторно непотребно експериментирал, што не би се согласил.
Неговата замисла воопшто не беше лоша. Тој знае дека Тухел исто така воспоставува доминација и преку посед, па со вишок играч во средината сакаше да ги амортизира нападите на Челзи и да ги однесе двете линии понапред со цел да ја стисне одбраната и да му оневозможи градење на игра од Менди.
Точно, со тоа се зголеми ризикот за контри и полу-контри и убеден сум дека ризикот бил пресметан, земајќи го предвид фактот дека Челзи е ужасно неефикасен. Навистина, Челзи полесно од вообичаено правеше транзиции, залудно. Три прилики пропуштени на Вернер, една на Пулишиќ, уште неколку попатни. Тоа што Челзи организирано се бранеше, а нападот на Сити закржлави и беше за нијанса побавен - јебига. Некогаш има нешто и до опонентот, сопарничкиот тренер, своите фудбалери.
Како и да е, незавидната ситуација во која се најде Челзи (поразот од Лестер во купот и Астон Вила), го сменија комплетно наративот и тука ја гледав шансата. Тука, во Тухел и одредени играчи кои синоќа ја оправдаа во целост довербата. Во глобала, сите позначајни успеси на Челзи се случиле кога овие биле потценети, заборавени, кога ја немале фаворитската улога.
Е да бе, ќе го елиминираш Арсенал во 1/4 финале во ЛШ, а сезоната ја помина без пораз во ПЛ. Е да бе, Барселона во прајмот на ,,Камп Ноу". Е да бе, Баерн ќе го победиш во Минхен на домашен терен. И така во низа.
Финалето со Јунајтед беше пата-пата, рамноправно. Финалето на ,,Алијанц Арена" помина во теренска надмоќност на Баерн и нели, ,,Челзи имаше среќа". Ова на ,,Драгао", извинете, чисто како солза во секој сегмент.
Ви благодарам на сите за честитките и се надевам дека и вие како фанови ќе се израдувате на вакви успеси.
Фудбалски клуб Челзи, владетел на Европа!
...и да не се бакнуваме.
А зашто се замараш?Мислам дека многумина не ги земаа сериозно претходните два резултати против Сити. Не играле со најсилниот тим. Е не може цело време да збориме колку квалитетен состав имаат Сити, како и замените може да играат во прв состав, и се тоа, ама доколку играат со мешан состав и изгубат, да ги правдаме дека не играле со најсилен состав. А и Челзи не играше со најсилен состав, и они правеа измени.
Исто и чест коментар кога Челзи изминативе месеци вадеше резултати против јаки тимови беше дека не им бил денот на другите, не изиграле ништо. А реалноста беше дека Челзи е толку добро огранизиран, и толку добро поставен што на ниту еден тим во Европа не му е лесно да игра против нив. На една рака се бројат чистите шанси кои дозволија да ги креира противникот. Ми текнува на натпреварот со Ливерпул, колку и да не беа во добра форма овие, имаше во второ полувреме еден момент кога на средина на терен Челзи лабаво се справуваа со пресингот на Ливерпул и си подаваа без грешка, а англискиот коментатор рече "It's getting a bit embarrassing now". И тоа се случуваше на скоро секој натпревар.
Не е се лично кон тебе упатено, општо за таквите коментари![]()
Да, ама Челзи играше со Атлетико на кој баш почна да му паѓа формата, Порто и Реал - кои имаа далеку од спектакуларни сезони. Од друга страна, Сити од Нова Година навака, освен поразот со Челзи во ФА Купот, скоро и да немаа некој поголем кикс.Кога веќе изненадија минатите месеци во ЛШ, не знам зошто и во финалево ве изненадија, веќе знаевте како ќе играат.