- Член од
- 29 јануари 2015
- Мислења
- 7.278
- Поени од реакции
- 20.260
Можеби од ова перспектива делува така, можеби ти така си размислувал во тој период...ама добро се сеќавам дека во Декември 2019 немаше такво општо мислење за тој дуел...напротив сите тогаш типуваа 50-50 и дел од фановите на Челзи(особено Донев) тука беа убедени во пласман....кога напишав дека Баерн лесно ќе се справи со Челзи најмалку тројца се потсмеваа демек глупости тресам.
Сега сериозно мислам дека Челзи има добри шанси да оди до крај бидејќи Реал и Ливерпул се ранливи,предвидливи и ништо не играат...ама којзнае шо ќе се случи за 20 дена...можи ќе се короносаат/повредат дел од играчите и одма поинаку е.
Не знам за сите и не знам со кој памет, ама сигурен сум дека фан-базата на Челзи не била никако оптимистична пред дуелот со Баерн.
За сега, прво Порто па после Реал и Ливерпул. Нималку пријатна екипа за соочување во ваков куп формат. Збиена, компактна, знае да се брани, Челзи и не е претерано ефикасен генерално, а особено против такви тимови, а на крајот од денот Порто е португалскиот шампион кој го елиминираше шампионот на Италија.
Серхио Оливеира и Тареми нема да им играат на првиот дуел, тоа е дополнителна олеснителна околност. Но да не бидеме и лажно скромни, Челзи е фаворит и прогрес во 1/2 финале е единствено прифатлив.