UEFA Champions League 2018/19

Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе биде приватна лига и ќе наликува на Американските лиги НБА, НХЛ и НФЛ.
 
Kaj sto se jakite klubovi tama se i parite toa nema da im bide problem. Tuku kako ke gi definirat pravilata pomegu niv toa ke im bide potesko odkolku naoganje sponzori.
 
Ќе има појаки дуели преку цела година.

И јасно е дека парите се движечки фактор за оваа идеја.

Само не видов дали Сити и ПСЖ се меѓу тие 11 основачки клубови.

Знам дека Јуве, Баерн, Јунајтед и Реал, Барса се најголеми подржувачи на оваа лига.
 
Клоп баш демек на заебанција рече "мене ми одговара - помалце утакмици, повеќе пари", што реално е и точно. Исто така изјави дека од ФИФА и УЕФА кога им измислуваат нови натпреварувања (еве сеа сакаат Светско клубско да прават преку лето со 32 тима) никој не го есапи клубовите за мислење, им основаа и Лига на нациите, и им трупат се повеќе и повеќе утакмици, а најголемиот дел од парите го лапа ФИФА/УЕФА.


Така да имаат поента екипите, иако јас искрено сум против ваквата идеја, повеќе од 150 години фудбалска историја фрлаат во вода. :)
 
Јас сум против оваа идеја без разлика дали Интер би бил дел од таа лига или не. Ова е идеја за создавање фудбалска хегемонија која ќе го уништи фудбалот, затоа што се што ќе биде надвор од таа лига ќе биде второкласно и неинтересно за гледање. Разликата (финансиска) помеѓу клубовите во таа лига и сите останати ќе стане недостижна. Како што настрадаа сите источно европски земји од Босмановото правило така ќе настрадаат и најсилните лиги после евентуалното "отцепување" на најбогатите и најславните. Полупразни стадиони ќе зјаат насекаде.

Да не зборуваме што самите клубови би ја основале оваа лига и би имале различни добивки, што за брзо време ќе создаде јаз меѓу нив самите, создавајќи при тоа група од 3-4 клуба кои ќе се одвојат од останатите.

И ако мислите дека таа лига ќе биде нешто фантастично, ќе биде, во првите неколку години. После ќе здосади како и се друго и ќе се бара некој нов модел, ќе се претура од шупливо во празно. Затоа што проблемот на навивачите не е форматот на натпреварувањето туку фактот што има премногу фудбал и добар дел од луѓето станаа презаситени. Потребни се пократки национални првенства и поинаков формат за национални тимови за да не го нарушуваат ритамот на првенствата со непотребни натпревари.
 
Јас сум единствено за враќање на стариот формат на Куп на Шампиони во кој логично би учествувале само шампионите на државите, а не некои Тотенхеми, Роми и Севиљи.
 
Можно е, но мене ми е глупост ако не си шампион во својата држава да играш во такмичење кое го носи зборот шампиони.
Пак се сведува на молзење пари, па се вклучуваат и по четири екипи од топ лигите(читај плаќачите). А шампионите на малите земји, муда до колена треба да истегнат да дојдат до групи.
И си прават аристократска лига. Нека изволи Јуве во Скопје да го видам, после ако пројде бујрум Амстердам или Париз, а не вака они малтене во четвртфинале се вклучуваат во лигата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom