UEFA Champions League 2017/18

Статус
Затворена за нови мислења.

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.146
Поени од реакции
18.130
Одлична споредба - Канте. И он ко ќумбето е преценет играч. Не ти викам јас дека он е виновник што изгубивте вчера, туку дека е преценет играч и дека неговата работа можат да ја вршат уште многу многу други играчи. Маркизио е поуникатен и побитен играч за Јуве од него, отсуството негово повеќе се чуствува.

Не ми е само од утакмицата со Реал, туку од сите потешки на Јуве во ЛШ.

Според истиот „критериум“ ми беше мислењето и за Конте, затоа што он со Јуве во ЛШ се усеруваше со трипедва. И сеа игра слична формација и ќе видиме како ќе се покаже. Пишав во темата за ПЛ, ако со овој ростер на Челзи успее да стигне бар до 1/4 финале и да биде до крај бар конкурентен во ПЛ, треба да му се поклонат сите други тренери.
Очгледно е дека премалку утакмици имаш изгледано од работите кои ги коментираш, бидејќи ти немаат никаква логика. Јас стварно не знам за Канте како може некој да рече дека е преценет играч, жими се, кога како прво воопшто не е експониран ниту пак туркан во јавноста и медиумите, а квалитетот кој го покажува на теренот е неоспорен.

Истото важи и за Пјаниќ, каква ти е таа реченица од сите потешки утакмици на Јуве во ЛШ? Колку тешки утакмици се играат во ЛШ во текот на цела сезона, 20? Па еве јас ти ја дадов втората најтешка од лани, против Барса на Камп Ноу каде што Пјаниќ беше меѓу најдобрите на теренот, нешто што може сам да го видиш ако ја изгледаш утакмицата,може да побараш коментари од минатата тема или во нашиот фан клуб или еве може да посетиш некој меродавен сајт и да видиш рејтинзи и објаснувања.

За Конте го имаме правено муабетот, не ми се тера пак таа тема.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.377
Поени од реакции
86.709
Конте од инвалид може да направи играчиште, го бива за тие работи му ебам периката. Кој би рекол дека Алонсо и Запакоста ќе станат играчи за во големи екипи.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.140
Поени од реакции
112.831
Конте од инвалид може да направи играчиште, го бива за тие работи му ебам периката. Кој би рекол дека Алонсо и Запакоста ќе станат играчи за во големи екипи.
Челзи не е голема екипа ехехеехех
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Аууу плејстешн како го изгореле Мурињо, може и да пропушти неколку натпревари, односно да ги следи од ургентен.
После текмата вчера кажал:
„По 2-0 се се промени, престанавме да играме сериозно, престанавме да носиме важни одлуки. Се ставивме во незгодни позиции. Игравме фантази фудбал, Плејстејшн фудбал. Со финти и трикови, не ми се допаѓа тоа.“ по што добил одговор.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Бернардески игра десно, Коста може и лево и десно, дури мислам поголемиот дел од времето во Баерн лево си играше. Убаво ти пишал Марио, десеткуван беше Јуве, али не до таа мера за да се кука дека не можел да склопи прв тим Алегри. Го купуваш Бернардески за 40+ милиони, Даглас Коста го носиш и на крајот БЕНТАКУР игра прва постава....

Исто така убаво имаше пишано Клипот, Дани Алвеш и Бонучи многу ќе ве коштаат сезонава, двајца клучни играчи ви отидоа.

П.с. Асенсио официјално го допрел дното, нема да игра вечер а причината е следната: Додека се депилирал успеал да ја инфицира кожата и сега ќе мора да паузира. :pov::pov::pov::pov::pov: Сместа би го пратил на голи оток да товари камења и да го ебат педери.
Дариус Васел вака на времето се заеба, ноктот му зараснал во кожата и место да отиде на доктор за пет минути да му го средат прстот, со БОРМАШИНА фатил сам да се оперира :vozbud: не знам кој од старата ПЛ гарда збореше дека палецот на ногата на карфиол му личел после тоа :ROFLMAO:
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Заминувањето на Бонучи од Јуве е огромен удар за тимот, сакал некој да признае или не. Лично сметам дека неговото отсуство не би го пополниле ни Рамос и Хумелс да ги доведат во пакет од едноставна причина што таа тројка составена од Бонучи, Барзаљи и Киелини + Буфон беше воиграна до точка на совршенство. Можеби тројката пред Буфон поединечно е со ‘‘Ванче Шиков квалитет‘‘, но како една целина без дилема до лани ја претставуваа најдобрата одбрана во Европа. Тоа што некој се обидува да ја намали вредноста на Бонучи во случајов само заради тоа што истиот отиде во Милан е мизерно до максимум, а дека Јуве ќе го замени достојно со Ругани и Бенатија ќе го замени...исто како што Де Шиљо ќе го замени Дани Алвеш, исто како што Пјанич и Кедира ќе ги заменат Пирло, Погба и Видал итн.
Ако индивидуално тројката е "Ванче Шиков" незначи дека сега сам Бонучи е Ванче левел?

Ако не, значит не си во право, ако да значит јувенташите се во право.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Досетка која на никој никогаш му нема текнато, фрапантен хумор, веќе побарав боловање. Ќе сменам наслов на тема, да не се заебат и други.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.662
Поени од реакции
14.536
Енос ќе менувате наслови коа ќе го сркнат Петлите
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom