Очекував да оди Барса понатаму и навивав за нешто такво.
Емери целосно ја промаши тактиката, ПСЖ не одигра апсолутно ништо. Да излезеш така пичкарски, без никакви аспирации за напад, кога противникот ти игра практично без одбрана е во најмала рака ТРГИЧНО.
Барса не одигра нешто посебно, иако го направи најголемиот пресврт во историјата.
Апла беа истуркани од судијата и имаа премногу среќа.
Првите два гола беа чиста среќа, никаква опасност немаше за противничкиопт гол, особено за вториот погодок. Без никаква поконкретна акција, постигнаа два гола и во клучен момент добија пенал, кој можеше и да не се досуди.
Јасно беше дека Нејмар оди на пенал, намерно се удри во противникот. Верати паѓаше и немаше никаква намера да направи фаул, но контакт сепак имаше.
Одлуката би била 80-20% во корист на одлуката да не досуди пенал.
Кога Кавани погоди за 3-1, повторно очекував Барса да даде уште голови, особено што Емери немаше никаква идеја што да прави со составот. Како да чекаа да поминат 90-те минути и лагано да си ја задржат предноста од првиот дуел. Буквално влегоа без никаква тактика во овој дуел.
Нејмар постигна многу важен гол од слободен, што максимално ги мотивираше.
И тука доаѓаме до моментот кој го реши двомечот. Каков само срамен пенал досуди врз Суарез. Онаков пенал ни на Беса не би и досудиле во решавачки натпревар во Слупчане ебате.
Се утепаа од глумење. Сто пати се обидоа да одглумат пенал Суарез и Нејмар. Која е таа храброст, на веќе досуден сомнителен пенал, сто пати да паднеш во противнички шеснаесетник и да бараш пенал. Суарез не знаеше каде попрво да се фати при глумата.
По постигнувањето на голот, веќе мирисаше на 6-1. Последната акција им беше една од ретките добро одиграни

Се на се, Барса одигра добро, но ПСЖ беше толку очаен, што дури и заслужија да отпаднат. Сепак, факт е дека со реално судење, исходот немаше да биде ваков.