UEFA Champions League 2014-15

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои ЛШ?

  • Вкупно гласачи
    118
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Кизне колку е среќен @ElNinho шо годинава Шпански тим освои ЛШ.

Колку си бе цреп?
 
Одлично финале изгледавме вчера :icon_mrgr:
Барса влезе во финалето како голем фаворит и ја оправда таа улога. Нападот и средината на Барселона прават такви акции што ти е мерак да ги гледаш. Никогаш не сум криел дека ептен ми се допаѓа нивниот начин на игра и дефинитивно откако следам фудбал ми претставуваат најсилна екипа. Единственото нешто кое малце отскокнува од тимот им е одбраната, противникот ретко влегува на 30-тина метри од нивниот гол, ама кога и да се приближи одбраната како да не знае кај тера :icon_mrgr: Единствено Жорди Алба морам да го издвојам како играч кој врши голема работа, а не е толку експониран. Сепак, играта им е напаѓачки ориентирана и разбирливо е што некогаш не внимаваат толку на одбраната и оставаат доста простор за противниците. Како само ја лепат топката, какви се тие проигрувања на мал простор, без некоја поголема мака, немам зборови :D Сите се одлични техничари у пм, од никаде вадат прецизни пасови, од мртва позиција прават 100% шанса за гол. Меси и начинот на кој ја гради топката, начинот на кој ги минува противниците, начинот на кој ги издружва стартовите... :cuc: Најдобар фудбалер откако гледам фудбал, во друштво (малце пред нив додуша :D) на Зидан, К.Роналдо, Роналдо, па и Роналдињо си имаше свои моменти... :icon_mrgr:

Многу ми беше криво што Јуве остана без Киелини за финалето, затоа што со сигурност ќе донесеше поголема стабилност во одбраната. Барселона брзо го отвори резултатот, почна фуриозно, додека на Јуве им требаше доста време да се вратат во мечот. Откако Буфон маестрално одбрани еден удар на 1-0 за Барса, се виде дека полека Јуве ќе се враќа во мечот. Воспоставија стабилност на теренот, почнаа и да напаѓаат и знаев дека ќе падне одличен фудбал.
Марота на неколку пати имаше добри влезови, ама некако завршниот потег му беше лош. Три пати мина на истата финта, со лажно движење, во стилот на дриблинзите на Џордан во НБА :D
Видал е единствениот кој ме разочара. Влезе во дуелот како мува без глава, направи два непромислени старта, заработи жолт уште на почетокот и беше на работ на црвен, откако постојано влегуваше во дуели и расправии со судиите. Можеби повеќе очекував од Тевез, па верувам дека Алегри требаше порано да го уфрли Љоренте во игра, не дека овој е подобар, туку можеби требаше да пробаат игра со високи топки во последните 20-тина минути, откако Тевез беше целосно невидлив на теренот во тие моменти.
Не кријам ни дека Погба ми е еден од омилените фудбалери во моментов :icon_mrgr:
Значи ако Јуве го шитне, има да се откажам од нив одма!!! Никакви пари нема да го заменат, дечкото ќе биде еден од најодбрите фудбалери и никако не смеат да го испуштат. Каква само цврстина имаше во дуелите, како фуриозно на неколку пати им ја одземаше топката на противниците со одлично градење, има и добра прегледност на теренот, има да биде играчина од него ако не се случи нешто непредвидено. Јуве е вистинскиот тим за него, се надевам нема да се заебе да отиде во тим како факинг ПСЖ или Манчестер Сити :facepalm:
И Пирло релативно потфрли вчера, мада со неговите години не може да се очекува да им се држи на најмоќната средна линија во светот. Негова задача требаше да бидат добрите центар шутеви од слободни и корнери, нешто што вчера најчесто го немаше.
Не сфатливо беше зошто играа кратки пасови по корнерите, место да нафрлат во шеснаесетникот и да ги искористат воздушните дуели во кои Јуве дефинитивно мораше да деминира.
Пирло еднаш нафрли од корнер, тотална конфузија им се случи на Барса, Тер Штенген ја мавна топката од грбот на некој од дефанзивците и за малце ќе си го дадеа најсмешниот автогол во ЛШ :pos:

Имаше и едно нафрлање кога Погба се извиши над сите и за малце не постигна гол. Интересна беше и една ситуација во првиот дел кога Тевез при еден слободен стоеше во длабок офсајд на прва статива, Пирли одлично нафрли на втора статива, а од таму некој од играчите на Јуве (мислам Бонучи) требаше само да ја сврти до Тевез за 100% шанса, ама не успеа целосно во намерата. Маркизио беше добар, имаше два опасни удари, еднаш кога распука една одбиена топка и истата мина над пречката, а вториот пат кога Штенген со крајни напори исфрли во корнер. Петата за голот истотака беше феноменална. Општо, цела акција беше добра, приемот на Тевез, ударот, и поставеноста на Мората во тој момент.

Овде требаше да биде пресвртницата на мечот. Барса не ги искористи своите шанси во првиот дел и тука Јуве требаше да го зададе финалниот удар. И не е дека не се обидоа, напротив Јуве воопшто не се затвори, туку атакуваа на втор гол, но за жал не го постигнаа. Имаа добри шанси, особено акцијата на Тевез кога биеше прилично лошо. Се збореше доста за ситуацијата на Погба кога повеќето бараа пенал. Немаше пенал тука, Погба мајсторски се загради, а во ситуацијата влечеа и двајцата. Педерски беше што откако паднаа и двајцата, Алвес доста паметно буквално легна врз Погба за да не му даде да мрдне, бидејќи можеше да се случи Погба да ја допре топката и да ја одбие до некој кој ќе натрча на шут. Да беше вон шеснаестникот, негде на средина од теренот, судијата можеби можеше да досуди фаул, но вака не.
Слична ситуација имаше во првиот дел кога истотака Погба падна на работ од шеснаесетникот, меѓутоа и таму немаше фаул, бидејќи играчот на Барса прв стигна до топката.

Судењето беше ОДЛИЧНО. Единствена грешка беше што судијата во вториот дел не му даде жолт на Бонучи (мислам дека беше он), кога при зачетокот на една контра го откоси еден од играчите на Барса, меѓутоа акцијата продолжи да се одвива и Чакир не ја прекина пошто Барса фуриозно тргна кон голот на Јуве. Иако оправдано остави играта да продолжи, за таков старт мораше после акцијата да даде жолт картон.
Мора да го спомнам и глумењето на Бускетс при еден старт на Видал (или Погба) кога малце го закачи за копачката, овој се фрли како покосен.

Барселона можеби и свесно им отстапи малце простор на Јуве откако примија гол. Јуве се отвори и Барса скоро постојано доаѓаше во контри во кој имаа ситуација 5 на 3 во нивна корист. Каква брзина демонстрираа, невидено нешто :D Два пати заспа одбраната на Јуве за головите. Првиот пат недозволиво оставија да им влета Ракитиќ, а за вториот гол не знаеа кај да тераат, и истотака се остави огромен простор за Суарез да налета од далеку и да погоди за победа. Нема да го обвинам Евра, сепак не може самиот да покрие со неговите години :icon_mrgr: Логично е да го јадат на брзина...
Нејмар истотака прераснува во играч на кој не може да му се земе топка. Противниците досега мака мачеа со Меси, а сега кога имаш два слични играчи, ситуацијата е уште полоша за нив. Особено кога и Суарез е претежок за чување, корпулентен играч, издржлив во дуели, брз...
Фантастично трио...

Интересно ќе беше ако Суарез не налеташе на вториот гол и истиот да го дадеше Ракитиќ :D
А прилично сум сигурен дека ќе реализираше пред Евра. Два гола, МВП на финалето :D Кога ќе го придодадеме и Иниеста, нема што да се коментира за средината на Барса.

Јувентус својата шанса требаше да ја бара по страната на Алвес, ама некако ја форсираа спортивната страна. Переира очекував да придонесе нешто, но некако немаше време да се покаже. Вториот погодок на Барселона беше решавачки, ги пресече Италијанците кои се охрабрија и бркаа втор гол и толку беше.
Да се навратам и на поништениот гол Нејмар. Многу глупо од негова страна што не го призна играњето со рака. Мислам на толку очигледна игра, да идеш да си славиш гол, па после тоа да се буниш изгледа доста малоумно и остава лоша слика за тебе. Циган прав маме му ебам, па уште со тоа лентата 100% Jesus што ја носеше на крај :pos: Како налета па Алвес да се буни, ќе го изедеше судијата. Нормално тука Видал му дојде како контра тежа, да не остане покус :facepalm:
Како се дереше на крај Алвес со Рафиња кога ја славеа титулата, прав затвореник, животиња... :icon_mrgr:

Финале 10/10, повеќе не можев да очекувам. Навивав за Јуве, после Депортиво ми се омилен тим од странство, ама не се чувствувам разочаран од поразот. Со подмладувањето на тимот, очекувам тимот допрва да напредува само во случај ако не го продаде Погба.

За Барса не вреди да се коментира, а ни за споредбата на Пеп и Енрике. Енрике ја продолжи тактиката на Пеп, а очигледно и ја надогради, бидејќи неговите двајца претходници не се снајдоа целосно :icon_mrgr: Мада на овие играчи и јас да бидам тренер би освоил ЛШ :boksix:
 
Последно уредено:
Овој не игра бе, стар е за играч. Овој за заеми е задолжен. :icon_lol:
Мората бре, Мората :pos::kajgana:[DOUBLEPOST=1433682220][/DOUBLEPOST]
Брат, колку време го пишуваше постот?
Изгледа не знаеш ти што се долги постови и надминување на бројот на карактери за еден пост (а некогаш и за два поста :icon_mrgr:) :icon_lol:
 
Кој куриозитет е само што верникот Нејмар давал по 10% од платата на некоја локална црква во Бразил , а од друга страна секоја утакмица прави по 5-6 дајва и лаже дека не играл со рака при 100 камери на стадионот. Може мисли со плаќањево дека е чист :pos: Казаните ќе ги лепат во пеколот со него, само така нека продолжи!
 
Изгледа не знаеш ти што се долги постови и надминување на бројот на карактери за еден пост (а некогаш и за два поста :icon_mrgr:) :icon_lol:
Јас се си мислам дека имаш лична секретарка штом си земаш за слобода да постираш вака надолго :unsure:........ :kezec: :D
 
@Del Boy Дали си сигурен дека си фан на Барселона или Баерн/Пеп?
Те читам какви глупости трескаш и ти се чудам. Енрике го усовршил системот на Пеп? Сериозно? До кога ќе го правите Господ еден најобичен просек тренер. Ај тоа, па и оваа Барселона на Енрике во секој сегмент од игра се разликува од онаа на Пеп, пред се менталтен склоп и се општо поагресивни и едно 10х поконкретни на терен. За каков црн проект на Гвардиола зборуваш? Онаа Барселона на Пеп можеби за тебе како фан на Барселона беше добра, ама за нас другите беше мртвило и дијазепам дур гледаш фудбал. Оваа Барселона на Енрике изминативе 5 месеци е поим и дефиниција за фудбал.
 
@Del Boy Онаа Барселона на Пеп можеби за тебе како фан на Барселона беше добра, ама за нас другите беше мртвило и дијазепам дур гледаш фудбал. Оваа Барселона на Енрике изминативе 5 месеци е поим и дефиниција за фудбал.

Барселона на Пеп направи гигантски успех , и освои еден куп трофеи. Како навивач на Барса нормално дека ќе го правам Господ , незнам што не ви е јасно тука. Го донесоа без грам искуство во прволигашки фудбал , и за 4 сезони напуни цела витрина трофеи. За секој навивач на Барса е Господ , а за вас неутралните ич курац не ме боли дали бил диазепам , тромадол или пентоксифилин.

Точно дека Барса на Енрике е далеку поконретна , секој тренер си внесува свои новости и има разни методи на усовршување на играта. Али успесите што ги направи Гвардиола се сеуште далеку достижни за Енрике.
 
Колку само фалеше Келини.
Иначе и јас можам да навлегувам во детали, анализи и да ја должам на долго и широко, но нема да го направам тоа, нема потреба.
Фер е кога ќе се доживее пораз истиот да се признае, ево нека им е честито на Барса, си ја заслужија, се надевам дека довгодина пак ќе играме, па макар и во поран дел од ЛШ.
 
Барселона на Пеп направи гигантски успех , и освои еден куп трофеи. Како навивач на Барса нормално дека ќе го правам Господ , незнам што не ви е јасно тука. Го донесоа без грам искуство во прволигашки фудбал , и за 4 сезони напуни цела витрина трофеи. За секој навивач на Барса е Господ , а за вас неутралните ич курац не ме боли дали бил диазепам , тромадол или пентоксифилин.

Точно дека Барса на Енрике е далеку поконретна , секој тренер си внесува свои новости и има разни методи на усовршување на играта. Али успесите што ги направи Гвардиола се сеуште далеку достижни за Енрике.
Те прашав многу убаво, еве ќе ти болдирам пошто очигледно не го сфаќаш прашањето: Кој план на Гвардиола, Енгрике го надоградил и напреднал? И во кој сегмент од игра оваа Барселона на Енрике е слична со таа на Пеп?

Не ми давај политички одговори со што освоил Пеп затоа што тоа не беше прашање. И искрено кур ме боли што освоил Пеп, и за вашата витрина. Те прашав едноставно прашање. Преку кур ми е споредбава со Меси и КР7, Барселона на Енрике со онаа на Пеп, и то никој него прави освен вас мижавите фанови на Фарса, сами свој гроб си копате. Место да се радувате на трофеј и нова Барселона, овој дрка на некој си масонски планови на Пеп Гвардиола.
 
:pos::pos::pos::pos: Абе момак ти не си арен дефинитивно. А шо па кур те боли ние какви споредби правиме , едноставно не гледај фудбал ако несакаш да слушаш за клубовите што се моментално во врвот на Европа. Сигурно нема да трубиме за новите дресови на Челзи.

Пишав пост сношти за споредба на Пеп и Енрике во фан клуб Барса. И двете Барси се со различни пристапи на игра , али некои елементи се присутни. Куси додавања на мал простор ги имаше и кај Пеп , ги има и кај Енрике. Поседот на топката во 98 % од утакмиците е на страна на Барса , нешто што беше така и во сезоните на Пеп. Барса игра со топка , можеби не пимпла со тики-така како во времето на Пеп , али пасовите секојпат се тројно повеќе за разлика од другата екипа , како што беше и кај Пеп.
Единствена разлика која поради оваа Барса е далеку поопасна и поконкретна е бидејки играчите што беа задолжени да трупат голови во сезоните на Пеп додека не свирне судијата , сега калкулираат и се враќаат поназад свесно препуштајки му на противникот да превзема иницијатива и играат на полуконтри или контри. Овие бројки што ги гледаш на напаѓачкото трио се баш поради оваа стратегија. Во времето на Пеп непоимливо беше Барса да препушта иницијатива за да си создава простор , сега не е , и баш истиот тој Енрике беше на удар и на медиуми , и критикуван од играчите поради ова. На неколку натпревари и му се одби од глава.
Значи не ги зимај на кантар утакмиците со Елче или Гранада во Примера. Зборувам за поважните утакмици со сериозни противници. Лани немавме победа против Атлетико на 6-7 утакмици , оваа сезона го здрвивме и во лигата , и во купот.
 
Ти не напиша во ФК Барса, туку во тема за ЛШ за некојси план на Пеп и оваа Барселона, затоа и ми боде во очи, фан клубот ионака не ви го читам. Еден куп глупости напиша чисто за да се силиш да ти добие на јачина постот, јас гледам фудбал затоа што сакам фудбал, без разлика дали е Барселона, Реал Мадрид или Монако на врвот во Европа.
Тие елементи што ги збориш можеш и кај Челзи да ги најдеш, пример препуштање иницијатива на противник и чекање на контра, или проигрување на мал простор. Дали тоа значи дека е све тоа дел од масонскиот план на Гвардиола?:eek:
Посед на топка Барселона имала и пред Гвардиола, и ќе има и после Енрике, тоа воопшто не е заслуга ниту на Пеп, ниту на било кој друг тренер туку на Барселона како клуб кој уште одамна си негува таков стил на фудбал и младите играчи во школата ги учат на таква игра.
Цел свет коментира и дели пофални зборови за револуцијата во Барселона и пристапот на игра. Нема некој што не се согласи дека ова е најдобриот фудбал што некој го гледал, а вие уште го спомнувате Гвардиола. Ова е нова Барселона, друга димензија и се должи на тројката напред и Енрике и стручнит штаб, не Пеп.;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom