UEFA Champions League 2014-15

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои ЛШ?

  • Вкупно гласачи
    118
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Цел свет коментира и дели пофални зборови за револуцијата во Барселона и пристапот на игра. Нема некој што не се согласи дека ова е најдобриот фудбал што некој го гледал, а вие уште го спомнувате Гвардиола. Ова е нова Барселона, друга димензија и се должи на тројката напред и Енрике и стручнит штаб, не Пеп.;)

Или јас грешка се имам изразено , или ти грешка ме имаш сватено.

Енрике и играчите се дефинитивно најзаслужни за овој успех , никој не го препишува на Гвардиола. И да , оваа Барса е далеку поконкретна и поубиствена од таа на Пеп. Зборот ми беше повеќе за филозофијата на играта на посед и кратките додавања и доминацијата над противникот , одколку за тактичките стратегии што им се разликуваат и на двајцата. Затоа и реков дека Енрике го усоврши системот скоро до перфектност , нешто што кај Гвардиола беше слаба точка и дуваше промаја позади. :)

И кога ќе ја завртиш сега , ќе видиш дека јас уствари на некој начин сум го критикувал Гвардиола , а не фалел дека ова е негова заслуга. :)
 
Ама пак не се сфаќаме брат. На Гвардиола системот се состоеше од бескрајни додавања на средина и триаголници во напад/средина додека не се отвори простор и дупка во противничката одбрана за да се одигра проигрување на мал простор. Ова го нема во оваа Барселона, а бајаги имав прилика да ве пратам оваа сезона. Едноставно ова е главната разлика и одлика на системот на Гвардиола што Барселона го искорени.
Барселона пак игра со топка, ама не кружи пред гол. Туку игра фудбал и одма тежиштето на играта го пренесува на Меси или по крила. Затоа и се поконкретни и поопасни. За ова збори и самиот факт што дадоа 120+ гола и голем дел од нив се од влегување на МСН позади грб на противнички фудбалери. Значи збориме за изградени фудбалски акции.
Плус да не зборам дека Барселона игра одлична дефанзива сезонава, и тоа со Пиќе и Маскерано кои и двајцата важат за големи киксери. Ланската сезона многу дури и го бркаа Пиќе. А види ги сезонава какви се во дефанзива. Не играат со висока одбрана, играат одлично зонски и често пати имаат офсајд замки. Ова го немаше кај Барселона на Пеп.
Затоа ти викам дека има дупло повеќе разлики на системите на овие двајца тенери отколку сличности. А сличностите според кои се водиш ти се дел од фудбалската игра што скоро секој тим ги користи освен Мојс и Симеоне од Атлетико :D
 
не знам за вас, ама оваа барса ми е 100 посимпатична од онаа на Пеп и поубав фудбал играат за око и повеќе шанси создаваат, додека таа на пеп беше како волк, кружи околу дупката и завива...
 
Повторно гол на Мората, нажалост падна во сенка од победата на Барса.... Класичен Fox in the Box играч.

Благодариме Перез :pipi:
 
Повторно гол на Мората, нажалост падна во сенка од победата на Барса.... Класичен Fox in the Box играч.
Благодариме Перез :pipi:
Хесе > Мората :icon_mrgr: тоа се тие потези у животот.
 
Тие што викаат Барса на Пеп само кружела топка изгледа ја гледале само последната сезона на Пеп и таа на Тито, во првите три сезони на Пеп кога освоивме 2 Лига Шампиони, Барца кружеше топка, да ама во никој момент тоа не беше досадно како следните сезони, тоа беше уметност од фудбал, во рок од 10 секунди да правиш 13 пасови, како може 5-0 над Реал да ви изгледа досадно, или 2-6, или двете финалиња против Ман. Утд, особено втората, ако таа игра на некој му изгледа досадна слободно нека го смени омилениот спорт.
 
Абе дајте табела кои клубови се со обезбеден пласман во ЛШ, кои сеуште не се, кои кај се наоѓаат моментални и да видам моја Рома до кај е? :D

btw супер финале гледавме, Барса за нијанса подобри, но секоја чест и за Јувентус кој добро парираше а после дадениот гол и го стисна противникот на некој време во сопствениот шеснаесетник :)
 
http://en.m.wikipedia.org/wiki/2015–16_UEFA_Champions_League
 
Повторно гол на Мората, нажалост падна во сенка од победата на Барса.... Класичен Fox in the Box играч.

Благодариме Перез :pipi:
Седи мирен, голот не беше ништо посебно, ниту пак да играш на картата осет зашто топката по ниедно правило на физиката не требаше таму да оди. А шансата што ја утна кога имаше отворен шут и го промаши голот шутирајќи како петле не е за коментар...

А и гајле ви е вас јувенташите, вие секако ќе славевте титула во ЛШ, дал Барса дал Јуве... ;)
 
Барселона на Пеп играше ептем зихерашки,кукавички.Држеше посед со цел да минимизира контранапади или напади а преку поседот минимизираше шанси за загуба.Таа Барса имаше панична одбрана,многу ранлива на контри и полуконтри,ранлива на високи топки,слаб одбрамбен систем и играше на своето најсилно оружје-нападот.Имаше колективен систем и игра во нападот ама колективно дефанзивата им беше за никаде.
Затоа и маки тегнеше со дефанзивни физички надмоќни екипи како Челзи,Интер или во превод,Барса ќе доминираше,ќе кружеше као “киша око крагуевца“ и стрпливо со минимален ризик ќе чекаше мал простор да казни, а овие од прекин или контра ќе ги удавеа.
Оваа Барса ни малку не е иста со таа на Пеп.Оваа Барса знае да се брани,да нападне и да ризикува.Оваа Барса е физички и тактички светлосни години поспремна.Знае да игра на високи топки,знае да се брани,да нападне,да направи контра,да шутира од далечина,да ризикува со ризични пасови и.т.н.
Секоја чест за Пеп,со неговиот зихерашки фудбал успеа да освои што можеше да се освои ама оваа Барса на Лучо е 5 пати подобра од таа на Пеп.
Барса на Пеп кога противникот држеше топка се голот висеше во воздух,гарант фановите аритмии добиваа при секоја контра или пак слободен удар или пак грешка во пас играта во нападот.Оваа Барса си изгази се пред себе ко од шала,со стил и без некои стресови.
Да сумирам,оваа Барса ни Мурињовци ни дефанзивни тактики ништо не ја сопира ако го има својот ден.Таа Барса на Пеп ќе тегнеше невидени маки.
 
Ова барса и тоа на Пеп, имаат едно заедничко а тоа е Меси и Иниеста. Без овие двајцата сосема друго ќе беше, а богами кога ќе ги нема овие, ќе биде голем проблем.
 
Барселона на Пеп играше ептем зихерашки,кукавички.Држеше посед со цел да минимизира контранапади или напади а преку поседот минимизираше шанси за загуба.Таа Барса имаше панична одбрана,многу ранлива на контри и полуконтри,ранлива на високи топки,слаб одбрамбен систем и играше на своето најсилно оружје-нападот.Имаше колективен систем и игра во нападот ама колективно дефанзивата им беше за никаде.
Затоа и маки тегнеше со дефанзивни физички надмоќни екипи како Челзи,Интер или во превод,Барса ќе доминираше,ќе кружеше као “киша око крагуевца“ и стрпливо со минимален ризик ќе чекаше мал простор да казни, а овие од прекин или контра ќе ги удавеа.
Оваа Барса ни малку не е иста со таа на Пеп.Оваа Барса знае да се брани,да нападне и да ризикува.Оваа Барса е физички и тактички светлосни години поспремна.Знае да игра на високи топки,знае да се брани,да нападне,да направи контра,да шутира од далечина,да ризикува со ризични пасови и.т.н.
Секоја чест за Пеп,со неговиот зихерашки фудбал успеа да освои што можеше да се освои ама оваа Барса на Лучо е 5 пати подобра од таа на Пеп.
Барса на Пеп кога противникот држеше топка се голот висеше во воздух,гарант фановите аритмии добиваа при секоја контра или пак слободен удар или пак грешка во пас играта во нападот.Оваа Барса си изгази се пред себе ко од шала,со стил и без некои стресови.
Да сумирам,оваа Барса ни Мурињовци ни дефанзивни тактики ништо не ја сопира ако го има својот ден.Таа Барса на Пеп ќе тегнеше невидени маки.
Кукавички било да го правиш најтешкото во фудбалот, да не му даваш на противникот да ја чепне топката. Си играл некогаш фудбал?
 
Многу филозофирате за Барселона а одговорот е едноставен...Оваа Барселона ви изгледа надмоќна поради фактот дека се физички преспремни благодарение на Енрике..сите овие аргументи што ги спомнувате во вашите постови како сега се подиректни,играат подобра и поорганизирана одбрана,одлични контра напади со можност да ризикуваат,свесно препуштање на иницијатива се вистина но најбитно е тоа што е физички и кондиционо многу поспремни од претходните две сезони и затоа ви изгледаат толку добри...па кој ја прател Барселона ќе ја увиди разликата на Пике,Иниеста,Алвес,Меси,Бускетс,Чави,Маскерано и Алба во изминатите две сезони и оваа сезона во поглед на физичката кондиција на самите фудбалери каде оваа сезона гризеа и се бореа до максимум додека минатите сезони играа онака рутински и изгледаа како истушен балон.. и сето тоа под заслуга на Енрике...

И вчера ќе се почуствуваше таа физичка надмоќност на Барселона над Јувентус ако случајно натпреварот заминеше во продолжение,нешто слично како лани Атлетико и Реал Мадрид каде се случи бродолом на продолжение...

А Барселона на Гвардиола според мене беше подобар тим од овој...едноставно Чави,Иниеста и Бускетс беа терминатори за оваа денешната средина на Барселона и не препуштаа ниту пас на противникот каде доминираа на 99% од натпреварите....а денешната Барселона е подобра во контранападите и има подобар напад
 
Немаше шанси да се почуствува дури и на продолженија да одеа. И Јувентус е физички спремна екипа па не би рекол дека би потклекнале во било кој дел од натпреварот на физички план. Потсети се само што се деси во Мадрид. Лихштајнер, Бонучи, Видал, Маркизио,Переира, Погба како на литиумски батерии да се.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom