UEFA Лига на шампиони 2013/14

Статус
Затворена за нови мислења.

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
http://forum.kajgana.com/threads/Борусија-Дортмунд-–-Баерн-Минхен-Финале-ЛШ-25-05-2013-–-20-45-ч.68300/


Погледни ја темата и погледни го воведот. Ама добро го погледни... и види го бројот на лајкови. Се ти кажува зашто беше затворена првата тема!
Џабе толкав вовед, кога пак му ја затвориле :(

:P


Челзи освојува :cool:
Овие Арена Спорт или како и да се викаа што ги има на Макс ТВ ке даваат пак како минатата година?:)
Ќе даваат
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Затворена е темата бидејќи заврши финалето...
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Затворена е темата бидејќи заврши финалето...
Јасно ми е ;)
Инаку во моментот е извлекувањето на групите за ЛЕ. Кандидат за нова тема има ?
Или да почнам уште од сега да припремам нешто...
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Ливерпул и Тотнам со години играа во Европа Лига, Челзи играше лани, Јунајтед и Сити полани (Сити и пред тоа)... Мислам оти дојде редот Арсенал да биде трет во група, за да продолжи проклетстово на англиските екипи.

Од друга страна, Сити овој пат сигурно поминува група. :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.312
(y)
Какви Барса-Ајакс, што ти е тебе, ова ќе биде одличен натпревар.

За четврто коло ќе биде тешко да се одлучи (иако јас би идел на Дортмунд-Арсенал затоа што досадни ми се веќе оние двете), 5то коло нема некој атрактивен натпревар, но фаворит е Леверкузен-Јунајтед. Иако во последните 2 кола би требало според тоа каде ќе биде најнеизвесно...

Последното коло е за Наполи-Арсенал, освен ако не е решено таму. Но мислам дека до последен момент нема да се знае во таа група.
Појма немам што ми е мене :D

Знам дека Наполи-Дортмунд > Барса-Ајакс амааа.. знам и дека Барса во МКД има повеќе навивачи од Наполи и Дортмунд кобминирано а можеби ќе се решат да го даваат Барса-Ајакс пред Наполи-Дортмунд бидејќи би сметале дека повеќе луѓе би го гледале тој пренос. А и ќе се вадат на тоа дека играат два поранешни шампиони.
И јас сакам да го гледаме Наполи-Дортмунд ама знам дека во таква ситуација ќе има фаци на форумов "Алооо што им е на овие од МТВ?!?!? Само Пандев да се давало ! "
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
Појма немам што ми е мене :D

Знам дека Наполи-Дортмунд > Барса-Ајакс амааа.. знам и дека Барса во МКД има повеќе навивачи од Наполи и Дортмунд кобминирано а можеби ќе се решат да го даваат Барса-Ајакс пред Наполи-Дортмунд бидејќи би сметале дека повеќе луѓе би го гледале тој пренос. А и ќе се вадат на тоа дека играат два поранешни шампиони.
И јас сакам да го гледаме Наполи-Дортмунд ама знам дека во таква ситуација ќе има фаци на форумов "Алооо што им е на овие од МТВ?!?!? Само Пандев да се давало ! "
А колку има навивачи на добар фудбал, наместо на one sided contest каков што најверојатно ќе биде Барса?

А и колку навивачи има Барса, верувај хејтери кои нема да сакаат да ја гледат ги има дупло повеќе :D. Не ги заборавај и навивачите на Баерн и оние на сите италјански клубови. Така да дефинитивно сум сигурен дека повеќе ќе сакаат Наполи-Дортмунд.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Наполи го даваат сигурно. Да не беше таму Пандев ќе имаше можеби дилеми, пред се поради големиот број навивачи на Барса, ама вака сигурен сум.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Група А - Манчестер и Сосиедад
Група Б - Реал и Јувентус
Група Ц - ПСЖ и Бенфика
Група Д - Баерн и Сити
Група Е - Челзи и Стеауа
Група Ф - Дортмунд и Наполи
Група Г - Атлетико и Зенит
Група Х - Барса и Милан
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom