UEFA Лига на шампиони 2013/14

Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Јас искрено неможам да издвојам фаворит за оваа сезона. А и реално рано е уште, од каде да знаеме ние како ќе се покажат засилувањата, каква ќе биде играта на екипите со новите тренери (оти 90% од фаворитите се со нови менаџери), дали фудбалерите што блескаа лани ќе си ја задржат формата, итн... Нормално, на хартија секогаш фаворити се Реал, Барса, Јунајтед, Челзи и Баерн. Тука со нив во екипи кои можат до титула би ги пишал Дортмунд, Јувентус, Сити и би им оставил шанса и на Милан и Арсенал. Во главно, очекувам многу подобра сезона на англиските екипи. Сити конечно ќе ја мине групната фаза, Челзи ќе ја мине без дилеми исто така.. На Арсенал ќе им биде тешко и има шанса да извисат искрено, ама еве сега го земаа Озил па ќе видиме каква ќе им биде играта со него. Јунајтед со Мојс појма неам како ќе се покажат на стартот, ама верувам дека можат барем до 1/4 финале, а сигурно и повеќе. :)
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Dosta interesna sezona ke bide nema dilemi! :vozbud:

Favoriti ne na hartija,tuku realno,gi ima 5.Mancester povtorno ne go gledam tuka(ne se napaluvajte,cisto moe mislenje (y) ).

Let's get ready to rumbleeeeeee! :vozbud:
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.118
Поени од реакции
20.961
Онака, предвреме, мои топ5 фаворити:
1. Јувентус
2. Реал
3. Баерн
4. Дортмунд
5. Барселона

....и нормално, тука е секогаш Челзи, да триумфира баш тогаш кога сите го забораваат. :)
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Сите пишете фаворити па дај и јас да пишам. Реално, не навивачки

1.Челси - Одличен тим, најголем фаворит ми се некако, според мене ќе играат финале, за дали ќе дигнат титула тоа неможам да го кажам.
2. Манчестер Јунајтед - реално и тие имаат добар тим, сигурно ќе бидат меѓу првите 4 екипи оваа сезона, тоа е многу јасно а што ќе биде и со нив понатаму неможам да кажам.
3. Јувентус - Имаат ем добат прв тим, ем добри резерви.
4. Реал Мадрид - скап тим, али само полуфинале за нив им давам оваа сезона ништо повеќе, најголема грешка ќе им е Озил што го дадоа и го доведоа оној жабарот од Тотен.

Тоа се моите топ 4.
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Сите пишете фаворити па дај и јас да пишам. Реално, не навивачки

1.Челси - Одличен тим, најголем фаворит ми се некако, според мене ќе играат финале, за дали ќе дигнат титула тоа неможам да го кажам.
2. Манчестер Јунајтед - реално и тие имаат добар тим, сигурно ќе бидат меѓу првите 4 екипи оваа сезона, тоа е многу јасно а што ќе биде и со нив понатаму неможам да кажам.
3. Јувентус - Имаат ем добат прв тим, ем добри резерви, за шампиони неможат да бидат оваа сезона реално гледано.
4. Реал Мадрид - скап тим, али само полуфинале за нив им давам оваа сезона ништо повеќе, најголема грешка ќе им е Озил што го дадоа и го доведоа оној жабарот од Тотен.

Тоа се моите топ 4.
Фаворити ти се а не можат да бидат шампиони? :cautious:
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Јас најискрено очекувам Баерн оваа сезона да потфрли ептен. Не ми прават ќејф сега со Пеп, за разлика од лани кога играа преубав фудбал. Сепак, моментално имаат проблеми со повреди, можеби потоа ќе се средат работите. :)

Дортмунд или Јуве да освојат не би имал ништо против, ама мислам дека Јувентус нема да може со таа нивната италијанска формација со бекови кои се и крила во исто време да се спротистави на поголемите европски екипи. Средниот ред и нападот им се супер, во секој случај. Како и да е, Јувентус да е фаворит, а Јунајтед да не е не ми поминува никако. :) Дортмунд има супер тим, истиот што играше 1/2 финале и Финале лани, плус некое засилување.

Барса до сега играат малце топло ладно. Со Атлетико, на двата меча ништо посебно не покажаа, со Валенсија стартуваа одлично, после тоа примија 2 брзи гола и потоа се спасија и успејаа да си заминат со 3 бода од Местаља. Појма немам како ќе се покаже овој Тата, кој е без искуство во Европа, ама јасно е дека тука пред се зависи од Меси и колку ќе биде расположен (или добро чуван). Чави не е веќе тоа што беше, Иниеста е вон форма, ама очекувам да се врати во право светло. Голем минус им е што не земаа дефанзивец. Слаби се во одбрана, реално.

Реал веќе 12 години наназад е се главен фаворит и никако да дојде до целта. Друга работа, што очекувам Бејл малце да флопне и да им фали Озил. :)

Челзи со Мурињо секако е во фаворитите. Имаат и добар тим, исто така. Ама во никој случај не се издвојуваат пред некој друг. Истото важи и за Сити, имаат добар тим, ама некако знаат да ја посерат работата кога најмногу треба да победат. Групата обавезно ја минат, после тоа зависи од среќата.

Арсенал и Милан не ми се за прваци според ростерот на играчи. Арсенал се појача ептен со Озил, Милан го имаат Балотели, го вратија и Кака.. Ама сепак мислам дека им фали уште по еден класа играч. :) Наполи ако се протне некако исто така може да направи некое проблемче. Сепак малце немаа среќа со ждребот. Атлетико е исто зафрката екипа, која знае да направи проблем, ама Атлетитко и Наполи скоро и да немаат шанса за титула. Онака, да избацат некој фаворит можат. :)

Јунајтед, можеби ќе биде најпотценуван оваа сезона. Фактот дека нема никакво искуство Мојс во ЛШ малце ме демотивира, ама Јунајтед си има добро тимче, нападот со Перси, Руни и Кагава е страшен, средниот ред со Керик и Фелаини треба да биде цврст, одбраната игра на ниво од почетокот на 2013, Видиќ се врати во форма, Џонс и Рафаел секогаш играат пожртвувано и се борат до крај.. За крилата зависи дали ќе се вратат во форма Нани и Валенсија, ако се разиграат и тие, Јунајтед секако има шанса да направи нешто повеќе.

И така, од овие екипи не гледам ни една што се издвојува и никако неможам да издвојам фаворит за титула. Мислам оти не очекува ептен интересна и возбудлива сезона, со добар фудбал и многу неизвесност.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Со све се слагам со тебе.. ама со овие болдираниве немој не ме јеби.
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Тек после 1/8 финале ќе се види кој до каде е, сега безвезе е да се прават некои претпоставки. Секако очекувам Барселона од сенка да изненади и освои.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.312
Челзи ќе брани трофеј во Лига Европа бе...
Ла Децима! Сад или никад :D
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Фаворити ти се а не можат да бидат шампиони? :cautious:
Ако погледнеш подобро ќе забележиш дека сите му се фаворити ама во ниеден тим не е сигурен.

Челзи финале ама не се знае за трофејот,Манчестер во топ 4,Јуве не може да освои а Реал до полуфинале максимум. :cuc:

:icon_mrgr:
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Ако погледнеш подобро ќе забележиш дека сите му се фаворити ама во ниеден тим не е сигурен.

Челзи финале ама не се знае за трофејот,Манчестер во топ 4,Јуве не може да освои а Реал до полуфинале максимум. :cuc:

:icon_mrgr:
Да да приметив, ама ова за Јуве беше нај wtf заклучок. :D
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Со све се слагам со тебе.. ама со овие болдираниве немој не ме јеби.
Абе не викам дека се фаворити, така ги спомнав оти колку толку опасни екипи се и може да избацат некој од фаворитите. Еве Атлетико со Барса го изгуби Супер Купот на гол на гости. А Наполи ако мине група, автоматски избацува едно позвучно име. :)
 
MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Абе не викам дека се фаворити, така ги спомнав оти колку толку опасни екипи се и може да избацат некој од фаворитите. Еве Атлетико со Барса го изгуби Супер Купот на гол на гости. А Наполи ако мине група, автоматски избацува едно позвучно име. :)
Со каша попара одбрана тешко да ќе отпаднат некоја појака екипа.Баш напротив тие во групите можат подобро да заминат него ли во нокаут фаза.
Во нокаут фаза тешко дека ќе најдеш екипа со која ќе играш на гол повеќе.Мораа да земат подобри играчи во тој сегмент од играта.

Атлетико е сосема друг тип.Цврста игра,пожртвувано во одбрана и со јаки контри.Луд тренер а и квалитетен фонд на играчи.

Атлетико > Наполи.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Со каша попара одбрана тешко да ќе отпаднат некоја појака екипа.Баш напротив тие во групите можат подобро да заминат него ли во нокаут фаза.
Во нокаут фаза тешко дека ќе најдеш екипа со која ќе играш на гол повеќе.Мораа да земат подобри играчи во тој сегмент од играта.

Атлетико е сосема друг тип.Цврста игра,пожртвувано во одбрана и со јаки контри.Луд тренер а и квалитетен фонд на играчи.

Атлетико > Наполи.
За Наполи викам автоматски избацува позвучно име не дека очекувам да поминат сигурно во 1/4 финале, туку дека мора една од Арсенал и Дортмунд да испадне. А иначе и мене Атлетико ми се подобар тим. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom