UEFA Евро 2016 (квалификации)

Ф

Флеш

Гостин
Во Македонија топ би било да се изградат такви терени ,таква клима има во Македонија,лете е +40,-20 на зима . Идеално решение би било. Но коа запнале природна трева,шо да им се прави ,камен у глава :ROFLMAO:
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Имам гледано по видеа , немаат ни некое висок развиен фудбал или било каква силна кокуренција во нивната лига ,се се базира само на селекции и правилна организација при развиток . Имаат затворени сали со теренчиња со вештачка трева . Да може сето тоа во Македонија да се спакува и организира,ќе бидеме за краток период онаму каде што сакаме . :)
Клубовите во лигата им се полу-професионални. Кога сме кај лигата, ептен интересно беше последното коло.
22. последно коло во лига, играат две непоразени екипи дотогаш. На гостите (Стјарнан) им треба победа за да освојат титула. Поведуваат 0:1, домаќините изедначуваат, гостите добиваат црвен картон и после даваат гол во 93 минута од пенал за титула. Црнецов што го направи пеналот:pos::pos:


Леле каков кикс на Беговиќ :facepalm::facepalm:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
абе каква инфраструктура, какви полуписмени и полупрофесионални фудбалери, свеста на народот е во прашање. Видете каква е културата во Исланд и тие таквите земји, нема неписмени луѓе како прво, не па со свест да крадат и дубари да прават.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Луѓе дали некој гледа некоја утакмица на Сопкаст?

Јас пробувам да уклучам нешто да гледам, на секој линк ми вика ''Cannot access sopcast''.

Знам дека не е за тука проблемов, али ви се јавува и на вас истото, да знам дали е до мене?
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.045
Поени од реакции
6.072
Луѓе дали некој гледа некоја утакмица на Сопкаст?

Јас пробувам да уклучам нешто да гледам, на секој линк ми вика ''Cannot access sopcast''.

Знам дека не е за тука проблемов, али ви се јавува и на вас истото, да знам дали е до мене?
Поради тоа, глеам на ова.

Бонуќи заслужен црвен, чим свирна фаул.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.989
Поени од реакции
7.133
Леле Исланд човече :cuc: гол разлика 8:0 и тоа со какви противници :eek:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Исланд, мајстори. Минатиот бараж не успеаа ама овие квалификации директ одат на Европско.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.242
Поени од реакции
8.142
Леле Исланд човече :cuc: гол разлика 8:0 и тоа со какви противници :eek:
После некој ќе ми рече ние немаме услови за фудбал и затоа сме слаби. Не бе, Исланд има услови на мразон за хокеј и со 6 месеци ден, 6 месеци ноќ. Да ти се крене коса на глава кога ќе помислиш кој се научи да игра фудбал а ние наместо да напредуваме, влезени сме во минус за овие дваесет и кусур години и успех ни е минимален пораз од една скапана Украина.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
сето тоа започна уште пред да дојдат, тренерот на Хрватите започна со навреди кон целиот тим, дојдоа Ултрасите од Сплит, од таму беа оние кои ги тепаха и им зедоа знамето предниот ден, тепаха ги од цска и гробари, на стадионот први почнаа Хрватите .такива работи кога играат тимови на различни држави не се сеќавам да се случиле пред тоа во бугарија.
никој не се прави на мажи, вистината е дека и двете екипи во моментов се катастрофа ама ние барем си го признаваме
Кој ги навреди.....зарем е навреда да се констатира дека Бугарија нема играчи во топ екипите ? Пошто сум Хрват и пратам што се збори и пишува таму,можам да ти кажам дека ниту тренерот,ниту играчите еден лош збор немаа кажано за Бугарија.
Што кажа Нико Ковач погрдно за Бугарија ? Капитенот Срна дури викаше дека и реми во Софија би бил одличен резултат,ако тоа не е максимален респект не знам тогаш што е.

Еден новинар во Јутарњи лист напишал дека вашите играчи можеби се анонимуси,но се доста незгоди и направивте национална драма од тоа. Се попаливте ко 13 годишно девојче на Џастин Бибер од тоа.
Инаку не се од Сплит,запленетото знаме е Увијек Вјерни - Франкфурт. Тоа се обични гастарбајтери што идат кога ќе земат неколку слободни денови од работа на некои утакмици на репрезентацијата.

Ќе се случуваат такви работи, дур се лижете со Србите. Испадна за Срби се степавте.....посебно тие од ЦСКА кои почнаа.Чим дошле Гробари во Софија се знае со каква намера дошле и кој имал намера да почне тепачка. И со Бугарски знамиња да дојдеа,пак ќе беа нападнати.
Да не е целосно црна сликата за Бугарите во Хрватска се погрижија тие од Левски навивачи. Ги гледав извадија знаме со U буквата и Марсеј 1934.
Навистина сум непријатно изненаден од ваквиот дочек во Софија. Знам дека има некои ривалства помеѓу некои навивачки групи од двете страни,но вакво нешто не мислев.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.989
Поени од реакции
7.133
После некој ќе ми рече ние немаме услови за фудбал и затоа сме слаби. Не бе, Исланд има услови на мразон за хокеј и со 6 месеци ден, 6 месеци ноќ. Да ти се крене коса на глава кога ќе помислиш кој се научи да игра фудбал а ние наместо да напредуваме, влезени сме во минус за овие дваесет и кусур години и успех ни е минимален пораз од една скапана Украина.
Да, ова е ултимативен пример дека само со сериозна работа се стигнува до успех. Не верувам дека ова нешто од Исланд е случајна среќа, ако не се лажам минатиот циклус играа бараж, еве ги и во овој продолжуваат со жестоко темпо. Тоа е сигурно резултат на сериозна и систематска работа, секоја чест, можеме само да учиме од нив. Имаат само 320 000 жители...пола Скопје човече :eek:...и колкав процент од нив се занимаваат со спорт? А колкав од нив па со фудбал? Колку спортски терени има на 1000 жители...а колку кај нас? :facepalm:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Да, ова е ултимативен пример дека само со сериозна работа се стигнува до успех. Не верувам дека ова нешто од Исланд е случајна среќа, ако не се лажам минатиот циклус играа бараж, еве ги и во овој продолжуваат со жестоко темпо. Тоа е сигурно резултат на сериозна и систематска работа, секоја чест, можеме само да учиме од нив. Имаат само 320 000 жители...пола Скопје човече :eek:...и колкав процент од нив се занимаваат со спорт? А колкав од нив па со фудбал? Колку спортски терени има на 1000 жители...а колку кај нас? :facepalm:
320.000 жители без никаква дијаспора вс. нашите 2 милиони + дијаспора,што Македонци, што Албанци.
Во ракомет - подобри од нас
Во фудбал - подобри....
Уште да решат баскет да играат и да ни одржат лекција и комотно можеме да се убиеме..
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.989
Поени од реакции
7.133
320.000 жители.
Во ракомет - подобри од нас
Во фудбал - подобри....
Уште да решат баскет да играат и да ни одржат лекција и комотно можеме да се убиеме..
Па и играат ;) Мислам дека скоро пред 2-3 години во еден циклус квалификации играа во група со Србија и Црна Гора. Не беа баш топовско месо како што би се очекувало.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
добро е има напредок на форумов :) досеа на сите олимпијади кога ќе освоеше медал спортист од некоја земја шо веза немала дотогаш во дотичниот спорт, се збореше како имале повеќе население и таленти вриело. Мозок фали, ние сме лаком народ, уште кога ќе се родиме мислиме како дубара некоја да направиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom