Twin Peaks

  • Креатор на темата Креатор на темата Old Possum
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Ова лето на сител почнуваат неколку нови серии, меѓу кои и старата култна серија Твин Пикс, за која слушам дека била феноменална и одвај чекам да почне на 21-ви. :)

Дали некој ја има гледано и што мисли за неа?
 
Таман сега ја земав целата серија. Така да допрва ќе ја гледам.
 
Јас сум на одмор тој период па тешко дека ќе ја гледам,ама од септември ќе ја симнам па тогаш ќе коментирам
 
Ептен ми е мило дека пак ќе ја даваат на тв култната Twin Peaks...ја гледав пред 17-18 години и до ден денес ми е една од најдобрите серии шо сум ги гледал...Дејвид Линч е цар
 
Верувам дека повеќето постари форумџии овде знаат за што станува збор. Твин Пикс е серија добитник на 3 Златни Глобуси и уште 7 други победи и 32 номинации.
Пилот епизодата почнува така што еден дрвосечач го пронаоѓа безживотното тело на популарната тинејџерка во малото градче Твин Пикс, Лора Палмер.
На помош доаѓа специјалниот фби агент Дејл Купер, и со помош на локалниот шериф Хари Труман ќе се обидат да го откријат идентитетот на убиецот на оваа тинејџерка. Но сепак, наидуваат на откривање на многу помрачни и поголеми тајни, затоа што во Твин Пикс, секој на некој начин е поврзан меѓу себе...
Серијава си ја спуштив од нет пред пола година, ја изгледав во еден здив, и стварно ми се бендиса. Една од најдобрите серии што ги имам гледано - преплетена со мистерија, драма, трилер, хорор, романса, комедија. Сега видов дека почнаа на Сител да ја даваат и баш ме израдва, серијава е излезена 1991 година а сеуште е популарна. Креатори се David Lynch и Mark Frost.
Линк од имдб овде.
twin-peaks.jpg

Дали некој ја гледал и негово мислење, овде!
 
Јас не бев во Македонија кога се даваше Твин Пикс, па ја гледав во еден подолг викенд, откако се вратив. И подобро испадна така, затоа што не знам како би преживеала од епизода до епизода.
Како што рабрав, повторно ќе ја даваат на нашиве телевизии. Топло препорачувам да се гледа.
 
јас сега ја гледам на сител и многу е интересна и ставрно е добра
 
Јас не бев во Македонија кога се даваше Твин Пикс, па ја гледав во еден подолг викенд, откако се вратив. И подобро испадна така, затоа што не знам како би преживеала од епизода до епизода.
Како што рабрав, повторно ќе ја даваат на нашиве телевизии. Топло препорачувам да се гледа.
Тоа е доброто во серијава, неможеш да издржиш додека стигне нова епизода. Демн ит из гуд!
А дали си го гледала филмот што следи после серијата?
 
Mene mi stoi kako horor, pa ne znam dali da go gledam. I ako sakaat tie sto ja imaat gledano od porano ajde kazete sto ke se slucuva vo serijata. Pozdrav.
 
Па види, има некои стварно фрики сцени да те извадат од такт, ама не е некој константен хорор во серијава.
 
.....А дали си го гледала филмот што следи после серијата?

Да, ама ни под разно не смее да се гледа филмот пред да се догледа среијата. :nenene: С’еба филингот иначе.
 
Јас првпат ја гледам, феноменална е!! :tv:
 
Да, на Сител. Веќе пет епизоди се поминати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom