Верувам дека повеќето постари форумџии овде знаат за што станува збор. Твин Пикс е серија добитник на 3 Златни Глобуси и уште 7 други победи и 32 номинации.
Пилот епизодата почнува така што еден дрвосечач го пронаоѓа безживотното тело на популарната тинејџерка во малото градче Твин Пикс, Лора Палмер.
На помош доаѓа специјалниот фби агент Дејл Купер, и со помош на локалниот шериф Хари Труман ќе се обидат да го откријат идентитетот на убиецот на оваа тинејџерка. Но сепак, наидуваат на откривање на многу помрачни и поголеми тајни, затоа што во Твин Пикс, секој на некој начин е поврзан меѓу себе...
Серијава си ја спуштив од нет пред пола година, ја изгледав во еден здив, и стварно ми се бендиса. Една од најдобрите серии што ги имам гледано - преплетена со мистерија, драма, трилер, хорор, романса, комедија. Сега видов дека почнаа на Сител да ја даваат и баш ме израдва, серијава е излезена 1991 година а сеуште е популарна. Креатори се
David Lynch и
Mark Frost.
Линк од имдб
овде.
Дали некој ја гледал и негово мислење, овде!