ТВ Нова

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Чекај тек сега почнаа уште прибираат екипа водители, презентери, новинари.. и дај не мешајте го порталот novatv.mk со телевизијава.

Сајтот на телевизијава е tvnova.mk
 
Туку и Катерина Тодевска Спасиќ се префрлила од Телма во Нова
 
не знам стварно кој падна на заебанцијата дека ќе има неутрален медиум. Сите медиуми се политички определени, а оние што викаат дека не се, се најлоши. Така што и оваа ќе биде уште една во низата на платени политички телевизии.
 
Секој би прифатил работа за повисока плата тоа не е спорно. Најдобар начин да се купи некој е пари. Колку и да си отпорен на дупла плата ќе прифатиш. И јас би кога живееме во мизерија. Али еден ден се ова ќе се распадне во државата како кула карти... Ама тогаш ќе нема ни за нас ни за другите
 
Туку и Катерина Тодевска Спасиќ се префрлила од Телма во Нова

Да, во Телма наводно била маргинализирана бидејќи била од претходната постава[DOUBLEPOST=1454688511][/DOUBLEPOST]
Секој би прифатил работа за повисока плата тоа не е спорно. Најдобар начин да се купи некој е пари. Колку и да си отпорен на дупла плата ќе прифатиш. И јас би кога живееме во мизерија. Али еден ден се ова ќе се распадне во државата како кула карти... Ама тогаш ќе нема ни за нас ни за другите

Не би се согласил дека за дупла плата треба да се согласиш на било какви услови и да работиш за било кого. Точно, мизерија кредити ова она ај да си гледам лепче, но ако е веќе само до пари излези од таа работа, од медиуми и работи си нешто каде барем нема да ја лажеш јавноста во очи и тоа свесно и за пари. Пошто ќе излезе ај да убијам човек бидејќи понудата е моја годишна плата, едноставно не се одбива?![DOUBLEPOST=1454689129][/DOUBLEPOST]
не знам стварно кој падна на заебанцијата дека ќе има неутрален медиум. Сите медиуми се политички определени, а оние што викаат дека не се, се најлоши. Така што и оваа ќе биде уште една во низата на платени политички телевизии.

Мислам дека наменски е отворена но не од медиумски тику од бизнис аспект. Затоа мислам дека медиумски е апсолутно небитно што ќе понуди бидејќи не и е тоа целта. Кој што правел годиниве за нас свесен е дека му се ближи раскусурување. Мислам дека ке исперат многу пари преку телевизијата, како Кочан така и други кои ќе ја искористат за канализирање на средствата. А голем проект како тв е одлична прилика да легализираш многу сиви пари.
 
Последно уредено:
Мислам дека наменски е отворена но не од медиумски тику од бизнис аспект. Мислам дека ке исперат многу пари преку телевизијата, како Кочан така и други кои ќе ја искористат за канализирање на средствата. А голем проект како тв е одлична прилика да легализираш многу сиви пари.

Уф, колку е точно ова.....

Инаку, еве и други што мислат-
-“ Се остварува ли планот на Мијалков од објавените телефонски разговори дека, за пет милиони евра годишно , би можеле да си направат навистина СВОЈА телевизија, па себеси да си ги бутаат по џебови, многу, многу повеќе.“

-“ А тоа важи и за рекламерите: без разлика дали се работи за парите од приватниот државен буџет на Ставрески или за буџетите на „Кока-кола“ и „Проктор и Гембел“, тие ќе мора да се смалат за Сител, бидејќи на списокот е додадена уште една гладна телевизиска уста што ќе мора да се „рани“ – ТВ Нова“
 
И сега нека каже некој дека не се меша политика на форумов? Темава е телевизијата и нивната програма. Ај да дискутираме за Телма како се основала зошто се основала и кој ја финансира? Сосема други работи се тоа.
 
Телевизијата е уште еден проект на фамилијата со цел цедење пари од буџетот
 
Телевизијата е уште еден проект на фамилијата со цел цедење пари од буџетот

3во1

Ем цедење на пари, ем уште повеќе политичка пропаганда ем ги ослабуваат критичко настроените медиуми со тоа што “купуваат“ новинари да направат трансфер кај нив.
 
Уф, колку е точно ова.....

Инаку, еве и други што мислат-
-“ Се остварува ли планот на Мијалков од објавените телефонски разговори дека, за пет милиони евра годишно , би можеле да си направат навистина СВОЈА телевизија, па себеси да си ги бутаат по џебови, многу, многу повеќе.“

-“ А тоа важи и за рекламерите: без разлика дали се работи за парите од приватниот државен буџет на Ставрески или за буџетите на „Кока-кола“ и „Проктор и Гембел“, тие ќе мора да се смалат за Сител, бидејќи на списокот е додадена уште една гладна телевизиска уста што ќе мора да се „рани“ – ТВ Нова“


Апсолутно! Зошто да ти давам дел за канализирањето на средствата кога можам да ги протнам низ свој канал и те отфрлам како посредник..ќарот триплиран..[DOUBLEPOST=1454795455][/DOUBLEPOST]
3во1

Ем цедење на пари, ем уште повеќе политичка пропаганда ем ги ослабуваат критичко настроените медиуми со тоа што “купуваат“ новинари да направат трансфер кај нив.

Не знам колку успеваш да ги следиш новинарите кои преминаа таму од други тв. Хит ми е нивниот обид дури и сега пристрасноста да ја камуфлираат во објективност! Ем се продале ем као незгодно им е...Со Ивона која ќе им се придружи во скоро време ќе бидат најобјективни![DOUBLEPOST=1454795912][/DOUBLEPOST]
И сега нека каже некој дека не се меша политика на форумов? Темава е телевизијата и нивната програма. Ај да дискутираме за Телма како се основала зошто се основала и кој ја финансира? Сосема други работи се тоа.

Брутус во овој случај двоењето на телевизија од политика е ко да го двоиме Црн Дрим од Охридското езеро. Па програмата е со прилози од 6,5 минути во суперлатив за власта? Што да се коментира за наменска тв? Слободно отвори тема и за Телма да оплетеме и таму. Не ми е една или друга страна туку дрската пропаганда во медиумите во овај случај на ТВ Нова
 
Последно уредено:
Бранко Илиевски од Телма се префрлил на Нова тв. Ајде Бранче и онака е вмровче.
Инаку ова само името ќе го носи Нова тв, а далеку по квалитет ќе биде од нивните имењаци телевизиите од Бугарија и Хрватска со истото име.
 
После неколку дена гледање телевизијава, стварно ми се допадна и визуелно и како е реализирана
Студиото им е топ скоцкано и средено.

Приметив кога почнуваат вестите пуштаат најава на прилозите во вестите со одбројување до стартот на вестите. Сето тоа изгледа доста интеесно и несекојдневно и не сум сретнал такво нешто на другиве наши телевизии.

Лентата каде што се насловите на вести, каде што се темературите, логото и се друго изгледа интересно и не е толку нападна анимацијата само ме нервира тој одсјај што го ставија да се врти, место тоа можеле некоја друга анимација да стават не толку нападна.

Приметив снимаат и со дронови, прилогот за нови електромобили им беше сниман со дрон. Исто тука ќе го спомнам метеото изгледа интересно. Друго што ми остави впечаток е што имаат повеќе вклучувања во живо и се трудат да се на различни локации да следат што се случува во државава сето тоа вклучување со Скајп.

Јас се надевам дека ќе почнат да снимаат свој емисии надвор од онаа шема во студио што им е. Ќе почнат да снимаат емисии за автомобили, емисии за музика, за филмови, за технологија... затоа што една информативна телвизија не се состои само од програмска шема со вести со политика, една забавна емисија налик Бекстејџ и Ексклузив, една дебатна политичка емисија и некое интервју. Информативна телевизија бара повеќе емисии од повеќе области.

А тоа дали се објективни или се повеќе на една политичка страна т.е партија не ми е толку мене битно само да не прават толкави прилози против некој партии и политичари како што тоа прават Сител, Канал 5 или некој портали на интернет.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom