Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Ветар во едрата.

Искра. Чувствувам како надоаѓа. Секогаш започнува со некаква ментална гимнастика. Загревање за почеток. Мислам повторно на неа. Идеите за започнување на некое ново дело сеуште не ме напуштаат. Напротив. Сега сум помоќен од кога и да е. Го чувствувам сето она кое згасна во еден здив. Кога едрата се собраа како ролетните на заборавот.
Сега повторно пловам по мирното море. Ветерот е присутен. Но недоволно силен да ме отфрли од површината. Едрата се на половина копје. Тажно го чекаат ветерот да ги вивне кон небото. Надеж за понатаму. Надвор од секојдневната рутина. Подалеку од копното наречено осаменост. Потрага по ѕвездата водилка.
Ноќ. Студена, исткаена во очајот. И неколку светли точки. Меѓу нив и таа. Онаа која некогаш си замина, без да каже збогум. Ѕвездата водилка. Сега сеприсутна ги шепоти зборовите на некогашните изгубени сништа. Сосема доволно за да го почувдтвувам зачетокот на ветрот во моите едра.
 
He said, "Can you hear me, are you sleeping?"
She said, "Will you rape me now?"
He said, "Leave the politics to mad men"
She said, "I believe your lies"
He said, "There's a paradise beneath me"
She said, "Am I supposed to bleed?"
He said, "You better pray to Jesus"
She said, "I don't believe in god"

Мразам да чекам затворена во некој замислен вакум, простор кој што не се проширува, не се стеснува, на ниту еден начин не се менува.Јас сум таму, во сликата на Салвадор Дали, надреалистички елемент кој што никој не го приметува.Помеѓу деформирани, прекрасни часовници кои создаваат вакум, вакум.Знам дека престанав да постојам, да дишам и да чувствувам.Ги ограничив чекорите на светлечки полиња, механизирано, роботизирано делување.Наутро чај, на ручек чај, за вечера чај.Наутро ладно поздравување, на ручек махинален и банален разговор, за вечера тишина.А никој не може да знае како го љубев, зошто тоа не беше обична љубов.

Со секој дим од цигарата ги вдишував сите негови миризби, како утро и сонце, се потпирав на неговата интуиција да ги анализира сите мои погрешни одлуки.Да ме чува додека растам и се развивам, да ме уништува додека пропаѓам и заминувам од сите места за кои што ме врзуваат среќни спомени.Во убавите мигови кога бев полна со желба да биде тука, насмеан и жив, бев спремна да се жртвувам себе за да го добие она што отсекогаш го замислувал.Зошто длабоко во себе знаев дека му изгледам како една голема сложувалка која што не сака никогаш да ја сложи, јас бев тука за да може на мене да пишува, јас на него да сликам.Совршената комбинација на сетилно препуштање додека влегува во мене, забрзува или забавувa.

Лошо е за жена како мене да се сеќава на вакви мигови, но многу добро знам дека и ваква ќе му бидам убава, грда и неодоливо одвратна.
Нема повеќе ветар во едрата ... таа приказна одамна заврши.

Mary was a different girl
Had a thing for astronauts
Mary was the type of girl
She always liked to play a lot
Mary was a holy girl
Father wet her appetite
Mary was the type of girl
She always liked to fall apart
 
- Мислеше дека сонуваш?
- Не. - одлучно реков кога влегувавме во нејзиниот стан.
- Мислеше дека сонуваш, така?
- Не знам... понекогаш не сум сигурен.

Го сакав Скопје, премногу. Немав набиено комплекси на еден просечен провинцијалец, ги сакав сите можности кои ги даваше тој град, ја сакав разновидноста и обожавав кога мојот живот беше толку динамичен секогаш кога поминував одреден период таму. Бев полн со енергија, ја штедев по малку затоа што не размислував за безвредни работи, а пак трошев онолку колку што имав можност.
- Сакаш кафе, сок? - ме праша пред да влезе во кујната. Сеедно ми беше, побарав кафе, колку да се увери во претставата дека бев одлучна личност која многу не се двоуми. Двоумењето секогаш го перцепирав како знак на слабост.
Веќе ја имав проценато како личност. Како што ги проценував сите луѓе во мојот живот и однапред поставував тврдина околу мене за да не ме повредат. Се оградував најдобро што можев и сите т.н. емоции ги искажував површно, вештачки. И шепнав неколку збора за кои незнам колку им поверува, ама не ми беше баш важно. Не бевме другари, ама пак, не се однесувавме ни како познаници. Доволно говореа допирите.

За мене, во тој период многу поважни ми беа допирите од зборовите. Многу повеќе копнеев кон физички допир, макар само и прегратка, отколку зборови на кои значењето им се намалуваше на секое наредно изговарање. Зборови на кои се помалку им верував. Сигурен бев дека и таа така го сфати нашиот однос затоа што одамна и кажав дека не може да побара ништо повеќе од мене.
"Па имам јас соништа, малку се, ама кога ќе видам дека барем еден од нив се остварува, ќе нарачам уште, не е проблем ... Само не овде и сигурно не со тебе.", помислив додека ја држев за рака и се насмевнав. Повеќе принудно затоа што насмевката е најголемата лага на светот. Секогаш кога ќе се насмевнев, во мојата насмевка имаше малку љубомора, цинизам и себичност. Се надевав дека тоа е така кај сите луѓе кои ги познавав.

Во другиот момент се најдов спружен на грб на нејзиниот кревет. Скокна над мене и почна да ми ги соблекува алиштата. Никогаш не губеше време затоа што знаеше дека ретко останувам кај неа за подолго. Секогаш ме молеше да останам повеќе и понекогаш ми се лутеше затоа што не спиев барем една вечер тука, со неа. Сите си имаме свои тајни... Јас можеби нема да ја откријам мојата, ама не би дозволил таков луксуз да завршам барем една вечер во нејзината постела, да размислувам додека гледам во таванот, да ја гледам како спие и понекогаш да го тргнам кебето на моја страна за да се покријам. Понекогаш посакував баш таа да е онаа по која копнеам и на која и ги посветувам сите соништа. Ама не умеев подобро од ова, па затоа секогаш си заминував кога требаше да останам. Секогаш ја оставав, без образложување, се облекував набрзина и секогаш пред да си одам одвојував малку време да ја гледам како спие.

Ми рече дека е уморна и дека многу и се спие затоа што станала рано. Го погледнав мобилниот и покажуваше 20:30. Уште еден ден како ја напуштам без образложение. А сигурно тоа образложение кое го имав, за прв пат сериозно, тогаш ќе и изгледаше детско и ќе го сфатеше како понижување. Ја гушнав, ја покрив и излегов. Вистинските зборови се оние кои остануваат премолчени. Оние што се кријат длабоко во мене, зборови кои немам на кому да ги кажам, а и не знам колку би вределе ако ги изговорам тек... онака.

Надвор врнеше. Почнав да трчам, кафичот во кој требаше да одам беше на 200-300 метри. Немав чадор затоа што имав фобија од чадори и никогаш во мојот скромен живот не носев чадор. Тоа беше една глупава особина со која се гордеев. Епа така, поради мојата наивност јас се направив жива вода. Кога влегов внатре прво го здогледав Цврки, мојот животен спортски сопатник со кој за среќа навивавме за ист тим, затоа што тој беше малку прегласен кога зборуваше за својата единствена пасија во животот и имаше еден многу тежок темперамент, иако неговите физички предиспозиции не говореа за тоа.
- Тепаме и вечерва, само многу повредени играчи имаме, тоа е лошо.... - ме пречека и ми рече да седнам до него.
- Не верувам да е тешко, иако овие копилињава секогаш ни создавале проблеми. Ако победиме сега кај нив, уште од сега е наша титулава. Добро, и онака е наша и оваа година... - реков јас додека коментаторот на Телма, инаку тежок интераш со нетипично својство да ги фаворизира Милан и Јувентус во обид да остане објективен, ги кажуваше имињата на судиите.

Милан изгуби. Кавани постигна хет-трик. Индијанец со ретки заби ни даде голови кои не смееше да ги постигне ама... Бев некако разочаран, не знам дали поради изгубата или поради нешто сосема друго. Се поздравив со Цврки и отидов накај дома. Престана да врне. На Партизанска едвај и да врвеше некоја кола. И тогаш ми се собраа на куп сите оние работи кои бавно си се редеа во мојата збирка на грижи. Секогаш беше така. Чекав уште Милан да изгуби за да си пукнам од мака. Се беше во граници на нормалата, ама кога на сето тоа ќе ја додадев изгубата, и тоа од една грозна екипа како Наполи, тогаш не можев да се воздржам да не направам некаква глупост.

Го зедов телефонот и му се јавив на Дефанзивецот. Тој беше на 200 километри подалеку од мене, дома, го замислував како си лежи в кревет и си плаче заради изгубава. И Дефанзивецот ми беше брат по екипа, така да морав да се утешам некако со него.
Разговаравме малку за Милан, општо за животот, за обврските, па одвај чекаше да ме праша дали има нешто ново во мојата ултра досадна сага.
- Не бе, уште се вртам ваму-таму. Не сум спремен на поголем чекор. Таа е негде близу, нашла нов стан, ама не сум бил. Денес бевме заедно на предавање и толку... Ваква љубов немаш видено. Понекогаш ќе се погледнеме, ко љубовници, тајно, додека другите не не гледаат. Ме игнорира на секој можен начин и мисли дека така е поинтересно. И плус ми рече дека вечерва ќе победиме, ама еве, ништо не ми оди од рака во последно.
- Имам видено таква љубов. - рече дефанзивецот по моето рецитирање. Се закашла па продолжи - Тоа не е ништо, ти џабе се жалиш. Кога сакаш некоја, кога мислиш дека ја љубиш најсилно, а немаш имано никаков заеднички момент и ниеден спомен од неа, тогаш тоа е ништо... Нула. Не е љубов, само желба, копнеж. Сега.. знам дека желбите се најбитни во животот, ама џабе се сите желби кога човек нема спомени, кога не си го слушнал чукањето на нејзиното срце, кога не си трпел како ти кажува дека нејзиниот брат гледа добри филмови, кога не треба да ја прифатиш онаква каква што е...
- Па мора да ги прифатиш луѓето кои ги сакаш онакви какви што се... Па затоа и ќе ги сакаш- повеќе во очај изговорив.
- Не бе, не мора... Верувај дека не мора. Да мора да ја прифатиш Неа онаква каква што е, тоа значи дека ти се менуваш. Има последици. Еби ја таа љубов која вели дека треба да ја прифатиш онаква каква што е. Таман работа.
- Не знам... многу ми избега во муабетов. Блокиран ми е мозоков. - кажавме уште неколку збора па исклучив.

Се наоѓав пред мојата зграда. Почна да врне. Седев така некое време па влегов во станот. Цимерите поправаа некој рутер. Седнав во дневната и се почувствував изживеано. Иако знаев дека тоа чувство е погрешно. Се уклучив на фејсбук и ја видов онлајн. Не и пишав ништо. Само влегов кај неа на профил, ги прегледав уште еднаш сите 200 слики кои сум ги прегледал милион пати. Го знаев секој лајк и секој коментар. Затоа што не беа мои.
 
ВЕТАР ВО ЕДРАТА

Донесена е одлука. Мора да се излезе од дома, тмурниот и дождлив ноемвриски ден му одеше во прилог и цел ден остана над книга учејќи за тој проклет испит. Веќе не беше ни сигурен дека тоа е она што сака да го работи во животот, но сега веќе нема назад. Во едно беше сигурен, мора да се излезе на воздух. Но каде да оди? Сврти неколку броја, но секогаш го добиваше истиот досаден одговор- Ај на лабаво кафе. Лабаво кафе не беше тоа што му треба денес. И како и секогаш кого се наоѓаше на различна бранова должина со бандата му се јави на Јосип. Pадна договор, ќе се оди во некое рокерско местенце. Шанк, пиво и муабет а сето тоа придружено од електрична гитара и тапани и те како звучи како одлична можност за опуштање и празнење на негативната енергија.

Веќе беше на пола пат до ФРЕДИ, одеше и почна да си прави филмови во главата, тотално несвесен за околината. Почна да мисли на неа, се присети на еден момент од ланскиот одмор кога смислуваа имиња за нивните деца. Се чудеше и се прашуваше дали е тоа носталгија по неа или по среќата што ја имаше со неа. Со Лиза се гледаше скоро два месеца а сега сфаќаше дека ни малку не му помогнала да ја заборави неа. размислуваше за тоа дека таа имаше милион карактеристики кои го нервираа и кои како амбис се издигнаа меѓу него и неа, а сепак таа беше девојката која до тогаш највеќе ја сакал, вистински ја сакал. Сепак, животот продолжува или Show must go on како што би рекол Фреди.

Се стресе, не ни примети дека повторно почнало да врне, но не е битно, веќе беше блиску. Се убедуваше себеси дека сега мора да се сконцентрира на испитот и да заборави на љубовта. Убавината на животот се состои во тоа што колку и да е се срање, на крај работите секогаш излегуваат ОК. Типично за него, и во време на бура и во време на мирно море, неговиот непоправлив оптимизам му делуваше како ветар во едрата.

ФРЕДИ беше еден од постарите барови во градот и еден од ретките кадешто без оглед на се, се слушаше исклучиво рок. Целиот ентериер беше од дрво, со постери од рок бендови на ѕидовите. Солидно средено место, без многу детали но со сопствен идентитет.

Со Јосип веднаш заземаа место на шанкот и си нарачаа пиво. Во позадина одеше To much love will kill you од Queen. Неговата песна, едноставно песната е приказна за неговиот живот. И тогаш, од никаде се појави таа!!! Од сите можни денови кај најде баш денес да се појави во Фреди, речиси никогаш и да не доаѓа тука. И не само тоа, дојде со дечко фатена за рака. Таа веднаш го забележа но немаше некоја посебна реакција од нејзина страна. Секако дојде да се поздрави. истиот клише муабет што правиш, како си што има ново и се врати на својата маса, а него му трепереа рацете и не можеше да си објасни зашто. Јосип го даде најинтелегентниот коментар на вечерта:
-Ти братче само ќе скапеш во името на љубовта.

Ја гледаше немо и секој обид да го оттргне погледот беше осуден на пропаст. А таа седеше и си збореше со новиот дечко. Му се смешка на тој дебил и го гледа со истиот поглед со кој го гледаше него до пред неколку месеци, поглед кој го правеше среќен.и исполнет, поглед којшто значеше дека е негова со тело и душа. А наспроти нејзе седи тој, осамен и посветен на испитот. Колку е животот грд понекогаш, си помисли. Тоа е тоа, јебига!!! Му беше јасно дека не може да ја мрази, премногу убави моменти му подари, секогаш го почитуваше а колку и да имаше љубов нивната врска беше осудена на пропаст. Тоа беше повеќе од сигурно. Можеше само да оди наспроти своето его и во себе да и посака се најдобро во животот. До оваа вечер, потајно се надеваше дека ќе се случи нешто што повторно ќе ги спои а на врската ќе и даде логика и значење. Вечерва сфати дека е готово, нема враќање назад...тоа е тоа.

Доста беше од пиво и рок за вечерва. Најдобро е да си го фати патот накај дома и да проба да заспие. Од утре со нови сили ќе му се посвети на испитот. Релативно споро одеше, но конечно се довлечка до влезот на неговата зграда. Реши да запали уште една цигара. Седеше сам под светлината на уличната светилка, тегнејќи ја цигарата дим за дим а со погледот одлета некаде. Во реалноста го врати тупотот не нечии штикли.

Беше девојка, со црвен капут, кратко црно сукљиче и ниски чизми. Зимската облека и ја затскриваше формата на телото, но затоа го имаше најубавото лице што некогаш го беше видел. Најубавата насмевка од која просто бликаше позитивна енергија и очи коишто зрачеа живост во ова ниедно време. Беа плави очи, но не беше битна само бојата, нејзините очи имаа содржина, длабочина. Беше прекрасна.
-Извини да не имаш запалка,- рече таа
- Да да секако, дозволи ми јас да ти запалам- знаеше дека мора некако да ја задржи на муабет
-Еве и јас ќе запалам уште една, да ти правам друштво
- Ооо каков џентлемен, рече таа не тргајќи ја насмевката од лице а тој не можеше да го оттргне погледот од нејзините очи.
- Каде беше вечерва, што те задржа во вакво добро расположение доцна во ноќва, ја праша
-Ништо посебно, само средба со драги луѓе кои не сум ги видела доста долго време а ти?
- Јас...јас бев на пиво, онака колку да не се седи дома.
Муабетот течеше и стигнаа до последниот дим, знаеше дека ако не преземе нешто, можеби никогаш нема да ја види. А сигурен беше дека сака да ја види пак.
- Слушај, не ме знаеш ама си напраивме многу пријатно муабетче. Можеби ќе звучи нападно ама јас би сакал пак да те видам, дали си за некое лабаво кафе со лабав муабет викендов?
Таа се засмеа- Ммм, зошто да не, иако јас ни името не ти го знам. си направиме муабет а не се запознавме, јас сум Теа.
-Леле стварно, јас сум Филип.
-Еве ти го мојот број, побарај ме ќе се договориме.
Културно се поздравија и си посакаа добра ноќ и се разделија. Тој имаше неопислива насмевка на неговото лице. Животот понекогаш има чудни патишта, навистина чудни. Се насмеа и влезе во зградата.

А од таа средба под уличната светилка, две догорчиња на улицата останаа како неми сведоци на оваа неочекувана средба под уличната светилка.

Three most important things in life- To know how to live, how to love and how to let go...
 
Чекорејќи така, гледајќи во ситниот песок што самоуверено демне од крајчињата на бетонот одеднаш... „Се најдов на раскрсница“.
 
Колку да не пропадни темава, да скршам мраз

Се најдов на раскрсница или Необјавената историја на Питу Гули без цензура

Октомври....1879

Охохо Ванѓу убав синџир држи ракијава од Манду, не изеде жив да ебам стопанка негова.
Се паси овци во Кичевсково во Октомври, ќе не умри од студ да ебам жена шо го ожени. Пооооо студење, Крушево сега има една педа снег, ама нема овци за пасење. Што судбина беше оваа нашава, некој рента викендици за туристи, некој овде во овци пија пресноварица крадена. Ах џанам стопанка му, дали ќе ја огреј сонце некош ова Македонијава.

Што зборваш море Питу, ти со второ бугарско ќе прајш туризам. А бе седит таму кљошар еден и пијај ракија крадена од кај Мандута.
А бе туризмо во Крушево го измислија кумунистите во Македонија после втората светска војна, сега е 1879 уште малку ќе побараш клима инвертер во колибава. Море неписмен чоек, уште во германски марки зема плата, тој ќе праел туризам ебате.

Ванѓу можи сум пијан од ракијава, ама ќе ти кажам јас имам сон, а тоа е независна и рамноправна Македонија за сите.

Ај будала Влав, седи да не те слушни Султано кај шо спомнуваш Македонија и ќе ни мавни такса од 18% за да плаќаме, арно сега засега тераме со десетина.

Мај, 1885 Бугарија

Адамче јас сум Питу од Гулевци и слушнав дека барате комити.

Питу јас сум војводата Адам Калников, земај едно бројче и потпиши се тука.

Војводо јас ќе мавнам мур еден ако можи со прстето средно, оти непара сум писмен.
Питу аирлија нека е, Анѓо мори калеш донеси по една пресноварица да се напијаме со новиот комита.

Море пијаничишта треба да одите до Солун пешки, не ракија само да локате и вино да се колкате.
Ане ајде мори, ново дете е мора малку де, да се расположиме.
На срчка да ве испија, аман!!

Море војводо ова Анево не е од Стале Попов романо?
То е бе Питу, го зедовме демек арно и патриотско настроено, ама ни се еба мајката, тој Попов лажење кожа да ебам негово, и на крај ќе ти речат мудроста е во книгите. А бе ништо нема од то, џабе завршив школо уште сум во заводот за вработување пријавен.

Октомври 1885, Солун

чук чук
Обвинетиот Питу Гули нека стане!!!

Повели кадијо!

Во Мај 1885 утврдено е дека поголема група на одметници е фатена во областа Градец, при е што пронајдено пушки малихери, фишеци, ПСП, супа фини мини од подравка, паштета од МИК Св.Николе со поминат рок. Според доказите може да се утврди дека групата е со намера да го поткопа Османлиското Царство.

Дали има да кажете нешто во своја самоодбрана?

Честити кадија, јас сум сиромав човек од Крушево. Ние бевме на лов и планинаревме малку плус мислам дека нема воопшто Македонци во јавната администрација.
Дали можи да ме амнестирате, вработите и да ми дадете воена пензија.

Ај будала каурин!! Сус бре ќерата!! 10 години апсана за тебе куче во Беаз Кале, и врзете го со седум синџири за да ме пишува по книги и песни колку сум лош копуци едни.

Први Август 1903

Евгенијо мори вечерва уште еднаш, па ако се умри утре да биди за последен пат.
Не ти давам море Питу, пак како некни ќе напрајме се фиран по рогозините.
Пазам јас море Еве, ај извај ја малку само со рака да ја фатам.
Ти кажав нема, така и некни рече и напрај беља, офкаше цела вечер пред децата.
Само еднаш и толку, ако напрам беља јас ќе си чистам и ќе си средувам.
Море Питу се лепи и остава флеки секаде, ајде само едно чаше ама ако ми повраќаш како некни во рогозина ќе спијаш надвор со песот.
Охохо госпо златен здравје да ти дај за ракичето, само едно прам за кураж.

Втори Август

Војводо Питу кај да фатиме по раскрсницава нагоре.
Браќа појдете ебете му матер, ме боли главава од вчера што мислев стратегија и не можам сега да ви кажам, само напред за Македонија браќа.

12 Август

Евегенијо ајде давај по едно и да се спремиме со четава за повлекување, неброен турски аскер иди од кај Врбјани мора да се повлечиме.

Аха сега ќе ти дадам јас тебе едно копук еден, море колку пати ти кажав да ми донесиш мајстор за машината за перење, колку пати ти реков да појдиме до Охрид. Комшивкана од Наки секоја година Грција се по одмори, јас само со децата по цел ден. Нема повеќе од утре поделба на работни задачи, јас направив список ти ги преземаш двете деца, јас двете. Зборнав со Зорка од Дамета и ние ќе бидиме комитки двете и по цел ден ќе локаме ракија и акаме по планинине. А бе штипки немаш купено од лани, се сама јас. А бе не си ме ни пипнал со рака говедо едно два месеци, марш да не те гледам.

Војводо одиме да се повлечиме од кај Св Спас.
Браќа одиме да ги пречекаме Турците кај Мечкин Камен.
Војводо тоа ќе биди крај за нас.
Браќа ПОДОБРО УЖАСЕН КРАЈ, НЕГО ЛИ ОВАЈ УЖАС БЕЗ КРАЈ.
 
СЕ НАЈДОВ НА РАСКРСНИЦА

Седеше на бетонскиот ѕид и го допушуваше кој....третиот џоинт? Викаат штетна била марихуаната, уништувала необновлливи мозочни ќелии. Јебига.
На врвот на шестнаесеткатната зграда изгледаше како сонцето да е поблиску до него. Беше пеколно летно попладне, градот веќе живееше со полна пареа, коли свиреа од сите страни, се слушаа пцовки на нервозни таксисти, кочниците на градските автобуси и уште милион други звуци кои создаваа неподнослива бучава и го полудуваа. А дојде тука да си го разбистри умот. Беше ли можно воопшто да најде излез од сопствениот ментален хаос??? Како воопшто дојде до оваа точка на вриење???
Како вчера да беше кога животот му беше среден, кога беше вистински среќен, се му беше рамно, проблеми речиси и да немаше, а и тие што ги имаше беа занемарливи. Трета година исчисти во јуни, пак со просек, со Теа беа заедно веќе 4 години, таа секако имаше голем придонес што сите работи ги завршуваше со леснотија. Таа беше негова најголема поддршка, особено во оние мали моменти на криза кога престануваше да верува во себе. Имаа цел, имаа заеднички планови. А како само случајно се запознаа, не планираше да отиде на таа ноемвриска студентска забава, сепак отиде се начука и и пријде. Спомени почнаа да му навираат од тоа последно "среќно,, лето, со Теа и неговото друштво по цел ден играа покер, ризико, пиеја пиво на екс од инка, се натпреваруваа кој ќе изеде повеќе ќебапи, правеа скари, ја правеа секоја глупост што ќе им дојде на памет. it was legendary...
Сепак мирна река брег рони,
И тогаш дојде септември, Теа физички беше со него но со умот беше на некое друго место. Знаеше дека нешто не е во ред, глупак, зашто не рече ништо, само си ќутеше и се убедуваше себеси дека е моментална женска фаза. Сепак, таа не ќутеше, му призна за другиот, се виделе повеќе пати, се пољубиле, имале секс.
Нејзините пледни зборови ,,Ова е крај, жал ми е, те молам не ме барај,,. Сега после 3 изминати години, кога ќе се присети на тој момент и на тие зборови му доаѓа да поврати. Каков шок човече, како гром од ведро небо. Нешто се случи тоа лето ама што? Прашањето си го беше поставил во себе милион пати но конкретен одговор не најде, само милион потенцијални. Ништо веќе не беше исто, цела среќа испари а он остана празен...
Тогаш возот почна да ита по удолница, Факсот го батали и се затвори во свој лажен свет каде единствено битно му беше да се начука добро, да заврши со некоја ефтина курва. И секоја вечер си одеше дома со неподносливо чувство н празнина кое не му даваше да спие. Другарите почнаа да завршуваат факултет, да се вработуваат да одат напред а тој тапкаше во место и не наоѓаше сила да излезе од дупката која си ја копаше самиот.
Ненадејно чкрипење на автомобилска губа го врати во реалниот свет. Мораше да моча. Се потпре на еден ѕид, мораше да се потпре, едвај стоеше. Почувствува страшно печење, Таа курва повторно му пренела трипер. А и смрдеше неподносливо. Боже од кога се нема истуширано. Јебига, се дешава, тоа е.
Запали уште еден џоинт и пак отпатува во минатото и обидите да сфати каде згреши, каде сврти погрешно. А можеби и не беше до него, ја почувствува суровоста на животот во полна мера. Поготово, првата нова година кога беше сингл, во екот на најголемото пијанство му се јавија да му соопштат дека брат му загинал во сообраќајка. Се случи моментално трезнење и влегување во шок од кој се чини никогаш не излезе. Брат му имаше 15 години, мирно дете дури и премирно. Возачот на возраст од 16 години со три промили алкохол во крвта помина само со гребнатинки а брат му трезен умре. Не беше фер, не беше фер. Тој настан му го одзема и последниот атом сила и последното зрнце волја да продолжи понатаму. И не продолжи.
Се стресе и повторно се врати во реалноста, стана и се прошета по кровот на зградата. Нешто го стегаше позади, упс пиштол. Зашто ли го земал? А да, дојде тука со идеја да се самоубие. Погледна надоле, пред зградата мајки и баби седат на клупите пред зграда и си тепаат безвезни муабети, детски џагор од сите страни...вистинска слика на спокој и безгрижност. Што беше тоа безгрижност? Чувство кое го немал веќе доооооолго време. Колку се само среќни сите тие лица доле. А тој се наоѓа горе, сам, празен, разочаран...
Загледа еден пар, маж и жена и му текна на неговите. Да не беа тие одамна ќе си пресудеше. Немаше храброст тоа да им го направи, не по сите жртви кои ги направија за него, не по се што им се случи, смртта на брат му, стечаи, ликвидации, откази.. Иако се претвори во најголем пропалитет, мајка му вложуваше натчовечки сили да му помогне, а тој ја избегнуваше и ја понижуваше. Каква кукавица си рече во себе. немаше храброст да се соочи со проблемите а немаше ни храброст да го потегне орозот. Пи*ка невидена!!!
И понатаму љубоморно гледаше во среќната глетка пред зградата. Сакаше да биде среќен како нив...
Дали да продолжи да живее, доживеа толку многу несреќа, редно време е да се сврти на подобро. Навидум едноставно е, се што треба да направи е најпрвин да излезе низ вратата од којашто дојде и да се ослободи од пиштолот. Секако ќе престане да дува, ќе престане да излегува и да пие. Има уште една година од факултетот, ќе ја заврши, можеби ќе запознае друга девојка. Срамежлива насмевка се појави на неговото лице од помислата на него среќен. Сакаше да биде среќен, заслужува не само тој туку и заради неговите, заради другарите кои секогаш беа тука за него. а тој ги одбегнуваше зашто беа премногу досадни и идеа по кафиња и тегнеа муабети за работа и врски.
Во сето тоа црнило, успеа да извади од себе надеж и оптимизам, верба дека може да биде подобро. Сигурно нема да биде лесно ама наградата беше голема,. ја замислуваше во неговата глава и беше вредна за сиот напор што му претстои. Од сето тоа го двоеја неколку чекори до скалите кои водеа до лифтот.
Сепак, се чини траумата и блудниот живот си го направи своето. Црни мисли повторно почнаа да му доаѓаат, слики наизменично му поминуваа пред очи, Теа среќна со дечко и, мајка му како се враќа изморена од слабоплатената работа, како му упатува лажна, иснемоштена насмевка и го убедува дека ќе дојдат подобри денови, дека само треба да верува. Потоа слики од брат му, беше толку млад, цел живот го имаше пред себе а умре трагично и неправедно, слики од татко му како навечер плаче во себе, колку е само грозна сликата кога ќе видиш стар човек како плаче од мака. И на крај се виде себеси...пропаднат, со подочници, пијан, издрогиран, со погледот забеган некаде, искривен...не си се допадна во таа слика, Но тоа беше реалната слика за него, млад човек спрема кој животот бил нефер.
Се чини дека одејќи по својот животен пат наиде на раскрсница на која незнае каде да сврти. Раскрсница на која сите светла на семафорите светеа црвено. Тоа е тоа...БУУУММММ!!!
 
Таа беше сосема вообичаена, незабележлива, една од оние на кои обичниот, традиционален народ потајно и дискретно им се потсмева. Никогаш немала човек што ќе ја сфати, кој барем за миг искрено ќе поразговара со неа. И покрај нејзиниот помалку од просечен умствен капацитет, чувствата беа со истиот интензитет како и кај сите останати „нормални“ луѓе.

Нејзината единствена поткрепа и поддршка секогаш беа нејзините родители, само тие и никој друг.

Мајката, исто така нарекувана со погрдни имиња, психички нестабилна, со чести напади на хистерија го привлекуваше вниманието на целото маало. Кога ќе се испокараа меѓусебно, луѓето секогаш нејзиното име го ставаа во уста велејќи си еден на друг: - Немој да си ко НЕА; или Ист/а си ко неа. Да се биде како НЕА беше нешто најлошо што може да му се случи на човека.

Таткото, не го паметам.

Го паметам разговорот на нејзиниот брат и еден старец од нашето маало кој неколку години подоцна си го одзеде животот фрлајќи се во каналот под нејасни околности.
- Кој ден сме денес? – праша братот.
- Вторник. – одговори старецот – Вторник е, си помина и оваа недела.

Тивко во себе се насмевнав несакајќи наслушнувајќи ја оваа мисла на старецот.
Вторник е. Си помина и оваа недела.

Кога размислувам за тоа денес насетувам дека тоа беше неговата утеха – колку брзо се редат деновите, што ако е вторник кога и оваа недела ќе помине. И што ако е вторник кога иако според моите пресметки имаше уште долго до крајот на неделата, за него овој вторник е ист ко и сите други претходно, кога од овој вторник понатаму тој ништо и не очекува.
- Што дека е вторник кога јас морам да живеам? – ко да се таеше токму оваа реченица во неговите мисли, неизговорена, никогаш неодгатната.

Братот на сегашната најголема маченичка во маалото дури и не ја разбра иронијата, само кимна потврдно со главата ко да сакаше да го потврди своето присуство.

За неколку години починаа хистеричната мајка и таткото што никогаш не го запознав. Девојката веќе минувајќи ја триесетата, практично остана сама. Брат и доаѓаше дома само за јадење и спиење. Нејзе и остана идеалот за нејзините родители. Редовно на сите празници одеше на нивните гробови и достојно им оддаваше почит. Но токму на овој ден изгледа поради некаква физичка болка не можеше да го стори тоа. Наместо да замине до нивните гробови да им остави храна ко што обично бидуваше, овој пат таа одлучи да го почести цело маало со резанки од лубеница. Одеше тивко во домовите на најблиските комшии и речиси шепотеше:

- Земете, земете. Да им се најде на оној свет...

Некои од нив пред нејзе покорно го спуштаа погледот, а потоа вообичаено се потсмеваа шушкајќи наоколу за тоа колку била нечиста чинијата во која ја служела лубеницата, колку и биле валкани рацете и колку била ПРОСТА! Да, работата одеше до таму што потоа го фрлаа тоа што таа им го носеше, ко што подоцна разбрав од причина што „едноставно не можеле да го гледаат“.

Последниот дом кон кого таа се упати беше токму оној во кој живееја моите најблиски соседи.

Соседот претходната вечер неуморно правеше пресметки за трошоците околу бетонирањето на дворот. Изутрината купи цемент, песок, направи калапи, добро го измајстори сето тоа и седеше спокојно и задоволно крај куќата чекајќи тоа да се исуши па да може да и се восхитува на добро сработената бетонска површина. Токму тогаш се појави ТАА!

- Повелете комшија, земете лубеница, да им се најде... – шепотеше со истиот слаб глас како и секогаш.

Во истиот миг нејзините стапала зашлапаа по незацврстената цементирана маса. Направија „непроценлива“ штета. СТАПКИ ВРЗ НЕЗАСУШЕНИОТ БЕТОН. Дворот е уништен!

- Бегај од тука, будала некоја! – се развика соседот црвенеејќи од бес.

Јас останав да зјапам со неверување.
Се најдов на крстопат. На раскрсница меѓу гневот и наивната чистотија и чесност.
 
Се најдов на раскрсница

Вечерва сме само јас и ти и огледалото.​
Не можам да се сетам кога последен пат сум ти обрнала внимание, не да ти ја исчешлам косата или да ставам неколку слоја пудра врз лицето, туку да се загрижам за тебе и за тоа во што се претвараш.​
Контемплирам колку далеку сме стигнале, како јас сум имала многу среќа кога сум била на работ на комплетна себедеструкција, кога не сум слушала како шепотиш во моето уво: „Престани да пиеш, остави ја чашата и полека, се ќе биде во ред, сеуште имаш време!“Го замислував графикот на мојот живот денес додека гледав во плафонот, знаеш ли дека не можам да се сетам на време кога сум била вистински среќна ... или барем задоволна.Од себе.​

Погледот ми се спушта кон пепелникот, сигурно во него има над 40-тина отпушоци ... и не знам дали имам суицидална желба или сум премногу несвесна за тоа каде наскоро ќе завршам, сама, зошто понекогаш мислам дека тебе одамна те убив.​
Заглавена сум во телото и луцидноста на личност која што пред неколку години би ја презирала, егоцентрична копија на капиталистичка тенденција, некоја рандом девојка која што брани ставови во кои што не верува, површна пластична кукла која што во секој момент ќе стане булимична, бездушна, несовесна кучка која што кога ја гледам во огледало размислувам како од неа да побегнам.​

Време е да ти признаам дека ми требаш, дека повеќе не можам да живеам во твоето отуство, дека без тебе наскоро ќе умрам.Хиперболизирам по обичај, персонифицирам затоа што поинаку не знам и се е иронична метафора која што и сама не можам понекогаш да ја разберам, но само таква знам да постојам.​
Ветувам дека се ќе променам, само те молам врати ми ја девојката на која што бев горда, онаа која што веруваше во идеологија, во љубов, во нежност и добрина, онаа која што се грижеше за оние кои што ги сака, онаа која што знаеше да простува, дури и него.​

Се најдов на раскрсница вечерва ... и не се помрднувам додека сама на себе не си простам.​
 
Нова тема во форумџиски дух - „Форумџиска собиранка“.
 
-Форумџиска собиранка-

Пристигнав. Немаше месечина. Од стаклената врата на кафичот продираа светла и гласови, но само неколку метри од тука темнината имаше поставено барикада со која го запечатуваше бескрајно малечкиот сјај на мобилните од луѓето расфрлани со своите студени миризби. Ги склопив очите и влегов, музиката се истури врз мене како бура. Од сите страни почнаа погледи да ме демнат, непознати лица со иронични насмевки, се обидов да се сконцентрирам, но умот ќе ми се одлизгаше како лизгач на мраз во некој голем празен простор за таму отсутно да прави пируети. Успеав да дојдам до првото сепаре и седнав до една дама. Во кафичот беше толку темно што одвај можев да распознаам било што. Само забележав дека е дама од триесет години со плава светла коса и со белиот фустан беше толку бела што изгледаше дека е сребрена. Мора да ги рефлектираше неонките од таванот. Имав чувство дека се стопувам во сенките како негатив на некоја личност што не сум ја видел никогаш порано. За миг помислив дека ќе се спариме зашто јас бев човекот со кого она прва прозборе, но навалија околу неа како хиени напалени копиљаци и таа веќе беше замината со погледот некаде далеку од мене и долго време не ме ни погледна.
"Па што ќе се напиеме"- ме праша келнерот со голема насмевка.
"Јас ќе пијам вотка"-му реков. Човекот ме загледа повнимателно. "Со што?"
"Чиста.Секогаш пијам чиста вотка". Мислев дека може да испаднам глуп ако кажам со мраз или сок или џин. Вотката немаше никаков вкус, но се спушташе право во стомакот како некој меч на голтач на мечови и правеше да се чувствувам моќно и божествено. А хиените потпрени врз работ на сепарето продолжуваа да ја опсипуваат дамата со комплименти и знаев дека ако не сторам ништо во тие две секунди ќе зажалам што воопшто сум дошол . . .
"А да дојдете со мене на една пијачка на шанк"-истресов како од ракав и одеднаш цела толпа од форумџии занеме како штука и прснаа да се смејат. Смеата требаше да ме предупреди, беше некакво придушено смешкање во стилот "ова ни е познато", но дамата се сврте кон мене и кимна со главата.
Муабетите продолжија од типот "Каде работиш, еј па јас те знам, а од каде сте вие, што ќе пиеме, ќе бегаме ли?"
Надвор врнеше. Дамата ме фатила под рака, а јас бркнав во другиот џеб, добро е , ми останале уште двесте денари таман за такси.
"Еј!." Нашиот таксист го истегна вратот кон нас со гневно црвено лице. "Кај сте тргнале?"
Влеговме кај мене дома. Ме погледна скришно од под растурената коса и легна на грб со рацете под главата. Ја фатив цврсто за раката и ја обиколив околу нејзината тенка половина и тогаш рече: "Преправај се дека ме сакаш".
Нозете ми се лизнаа напред допирајќи ја нејзината нога и се чинеше дека е прикована за мене, рака за рака, се движам како што се движи таа, без никаква волја или знаење од моја страна и по некое време и реков: "Не се потребни двајца за ова танго, доволен е само еден". Таа ми рече дека сум женомрзец ама премногу ја спобудалувам, зашто женомрсците се како богови неранливи и преполни со моќ.
Не издржав, ја прекинав во говорот и и ја запечатив устата со бакнеж. Ги приближив забите до прерамката на нејзиното рамо и и го раскинав фустанот до половината. Го видов одблесокот на голата кожа како блед вел што разделува двајца крвнички непријатели. Дамата почна да се предава и јас имав целосен поглед на битката. Почнав силно да ја љубам и ја гризнав. Таа се сврте несмасно и ми ја зари во нога острата потпетица од штиклата. Ги стегнав забите и солзи ми потекоа од силната болка, но дамата беше совладана и легна на креветот, се намести во пасивна положба и нејзиното тело доби облик на совладана газела во битката со крволочниот лав.
Утредента се разбудив и прво што здогледав беше широката насмевка на дамата. Погледнав низ прозорецот, дождот не престануваше.
 
24

09.23 Септемврискиот ветер нежно го галеше небриченото лице на детективот Дик кој беше повикан од загрижен родител кој пријавил дека неговото дете е киднапирано.

Се обратив до МВР, но тие ми одговорија дека се доста сигурни дека ниту еден од нивните вработени не го направил делото, во моментов ќе се врши испитување на сите вработени, за подоцна да се започне истрагата. Ми одговорија дека ќе почнат со истрагата дури наредниот месец зошто во моментот голем дел од нивните вработени се под истрага, јас сум избезумена не знам што да правам!!-хистерично викаше младата мајка

Смирете се госпоѓо, ќе се обидам да го најдеме вашето дете.
Статистички е потврдено дека киднаперите се јавуваат на телефон по 24 часа од делото, но прво мораме да направиме неколку иницијални проверки.
Бидете смирени и одговорете најпрецизно што можете на следниве прашања. - одмерено одговори Дик

Кога последен пат ја видовте вашата ќерка? - праша Дик
Мислам дека тоа беше пре 12 часа.- одговори госпоѓата
Дали знаете дали вашата ќерка има дечко? - смирено праша детективот
Мислам дека во моментов нема, ние не сме толку отворени да зборуваме за тоа, таа секогаш беше интровертна и и беше непријатно да зборува за тоа.-почна да цимолка госпоѓата
Во ред е госпоѓо, за кого ќе гласате за наредните избори? - праша детективот
Ви се молам господине какво е ова прашање? - изненадено рече госпоѓата
За жал во последно време немам премногу работа како детектив, па имам неколку алтернативни извори за заработувачка како што се правење анкети, продажба на Авон козметика и колпортер на супер Бинго. Може да погледнете какви фарби имам на попуст во моментов, ќе ви ги дадам по набавна цена. - одговори детективот
Имате каталог? - праша госпоѓата
Да секако, повелете и погледнете. - сервилно одговори детективот во 10.05

...................................................................................................................................................

18.25
Значи сакате две венге двојка, црвен кармин, камен за чистење петици и ќе гласате за Обединети за Македонија? - малку уморено праша детективот
Да мислам дека тоа ќе биде. - одговори госпоѓата
Сигурни сте дека не сакате супер Бинго? - рече Дик
Не, дајте ми една грепка. - одговори госпоѓата
Дали би сакале да појдиме кај местото каде што мислите дека вашата ќерка е киднапирана? - рече детективот
Да тоа е на неполни 15 минути одовде.-рече г-ѓата
..............................................................................................................................................
(Црвената пезетка на полски плински уред иташе на местото на злосторството, паркот полека го обвиваше темнината која беше единствен сведок сега за сега на евентуалното брутално киднапирање)

19.48
Хмммм тука можам да видам дека имало некаква забава.-мудро одговори Дик чешкаќи се за брадата
Да, да изгледа роденденска еве гледам едно издишано бабуле, до него има и пакетче Тројан.-рече г-ѓата
Не фаќате ништо, тоа се докази кој се неопходни за истрагата.-рече оштро Дик
Јас ќе ги соберам доказите и ќе направам анализа после дома, мислам дека е време да одиме. - рече детективот

23.56

(Емисија Јади Бурек)
Здраво Јанко до телефон е детективот Дик, јас сакам само да направам апел ако некој видел девојка во близина на жена парк со црвена коса од 15 години која е облечена во црна блуза со натпис "Ко је јебао, јебао је, сутра се удајем" и патики адидас да се јави во вашате емисија.

Полека пријателе ова е сериозен муабет не може така, режија дај бе ваму камерата и да поченеме одново.
Не може така непрецизни податоци зошто ова се сериозни обвинувања.
Прво колку години има точно девојката, 14 и 11 месеци, 15 години и 3 месеци, полека пријателе.
Второ дали патиките адидас се правени во Малезија или во Кина?
Дали црвената коса е природна или пак е фарбана?

Благодарам г-н Јанко, навистина не знам да одговорам на овие прашања, знам мајка е ми купи две фарби од Авон. - рече Дик

Благодарам и на вашето јавување г-не Дик, сега одиме со едно клипче кое ќе ве умри од смеење. Режија пуштај! -одговори Јанко

Алооо!!

Здраво Јанко! - овде Спасе анонимен гледач од Бутел

Кажи Спаска?

Во врска со киднапираново дете да кажам дека на местото каде што е опишано имаше некаква собиранка од некој интернет форум. Беа собрани полно деца, сите беа паметни, убави, развиени, фудбалери, аикидо мајстори, филозофи женските беа со пропорции од 90-60-90, додека мажите беа со пениси од по 18 см најмалиот, затоа и претпоставувам дека беа од некој интернет форум. Мислам дека таму го видов дејчето.

Фала г-н Спасе, сега да кажам дека јас имам право да се декларирам како сакам, и дома менував дограма. Смрт за педерите и неверниците.

07.45

..................................................................................................................................

тиииииттттт тииииттттт
Молам - одговори г-ѓата
Госпоѓо од уверливи извори дознав дека вашата ќерка била на форум собиранка и се сомневам дека е киднапирана. - рече Дик
Ах да, сега ќе проверам да не е вратена дома, Дик дали имате уште од фарбите на попуст, колешката од работа ме праша.......................

09.23.

Ах детективе еве ја тука била, јас џабе се вознемирив...............и ако има некој парфем од тие што се со мирис на јасмин........
 
Се наоѓав во некој ходник, облечен како питач, а некој глас упорно ми кажуваше дека треба да го глумам Кралот во претставата.
- Ваков, облечен како питач?
- Да бе, нема врска како си облечен, битно ти ќе го глумиш Кралот вечерва. Стотици луѓе во публика... гледај да не се збуниш. Ова е важна вечер. Крал си.
И таман кога излегов на сцена, кога сите погледи се вперија во мене јас не знаев што да кажам. Ги заборавив сите реплики од претставата ама знаев дека долго време се спремлав за неа. Требаше да бидам и облечен како Кралот, а не како питач. Којзнае... и онака кога погледнав подобро, цела публика од луѓе ја снема, наместо луѓето ме гледаа мачки.
Морничав сон. Се разбудив затоа што ми ѕвонеше мобилниот. 9 часот наутро, понеделник, 7 ноември. Ме бараше Дефанзивецот. Посакав никогаш да не го познавав глупакот.
- Што сакаш?
- Брат... - зборуваше возбудено. - Побрзо слези долу, те чекам в кола. Те молам.

Ми поминаа триста мисли и идеи низ главата. Дали Дефанзивецот клецнал сношти? Ако да... тогаш нешто тргнало на лошо чим ме бара олку рано. Дали Дефанзивецот ја запалил првата цигара во животот? Онака... случајно, затоа што јас и Дефанзивецот бевме единствените две магариња кои никогаш не пробале цигара. Затоа што кога видовме кои дебили пушеа цигари, се заколнавме дека е срамота и ние да пропушиме... Можеби Дефанзивецот сака пари?
Се спремив и слегов долу најбрзо што можев. Го видов како седи во сината стоеденка, подарок од дедо му, имаше шмек на 30тите Mafia коли за собирање рекет, не можеше да се заклучи, а Богами немаше ни што да се украде од неа, немаше ни рачна, ни ретровизори и мењач со најмногу трета брзина.
- Брат ми треба да презентира нешто нашколо.
- Е добро де... и? - го гледав малку збунето.
- И го зел моето усб сабајлево.
- И добро де... и? - ништо не ми беше јасно.
- И како и? Во него беше цела порнографија на Кацуни и Пирати 2: Стагнетис ривенџ, ти ми го сними за да го гледаме вечерва ебате, понеделник ни е филмска вечер, глуп си? Ти си крив.
Мојот најдобар другар, неверојатен талент, дозволил неговиот брат да оди на училиште да презентира со цела порнографија на Кацуни во усбто. Се помолив да не е стигнат на ред со презентирање затоа што кога ќе види што всушност копирав на усб-то откако тој ја ставил презентацијата, ќе му се згади од мене и не ќе сака да ме погледне ни мене ни брат му никогаш во животот. Бевме тешки манијаци и љубители на порно филмови и често се разменувавме како сличиња од Панини, ама за дете од 15 години тоа би било несфатливо.

Дефанзивецот возеше пребрзо, не намали брзина на ниеден легнат полицаец и морам да признам дека тоа беше најнезгоднато возење во мојот живот. Стигнавме до гимназија и тој го изваде лап топот па почнавме да одиме брзо. Влеговме во гимназија, се качивме на прв спрат и видов како Дефанзивецот малку се збуна за насоката.
- Кој клас беше овај тикваров бе?
- Како бе... лебати, не знаеш брат ти кој клас е?
Едвај му ја најдовме училницата. Прашавме едно 10тина деца дали го знаат. Како вистински господин, мојот преценет другар тропна на вратата и праша дали може да излезе Михајло за да му даде клучеви....
Брат му излезе, не виде нас двајца и јас одма го фатив за џебовите да го барам усб-то. Го најдов и му го зедов без да му објаснам, немав ни време. Беше збунат. Му го дадов на Дефанзивецот, тој се оддалечи од нас, седна на една скала, го отвори лап топот и почна да ги копира работите тука.
- Море овај брат ми глуп еј. - ми рече Михајло додека чекавме Дефанзивецот да заврши работа.
- Море гомнар еден, не го вреѓај мојот најдобар другар. Главата ќе ти ја скршам.
- Дропки не се научи да собира, а не пак да се справува со нешто друго. - почна да објаснува Михајло.
- Е море... И јас ко бев колку тебе мислев дека оценките, свидителставата, дипломите... Се најбитната работа на светот. Ама погоди што? Не се. Има многу поголеми срања во животот. И брат ти добро се снаоѓал со нив. А и со моите добро се снаоѓа. Биди среќен што имаш ваков брат, мочко еден.

Вечерта отидов кај Дефанзивецот да гледаме филм. Да бидам попрецизен, најдобриот порно филм некогаш излезен. Пирати 2. Иако многу луѓе ме убедуваа дека ќецот е подобар од двојката, за мене не беше така. Стагнетис ривенџ беше најдоброто нешто кое сум го видел кога станува збор за "тој" свет. Дефанзивецот не го имаше гледано па затоа таа вечер отстапивме од неделниот Вуди Ален маратон. Сепак стануваше за љубов и во двата случаи, па не бевме далеку од Вуди. Тоа копиле секогаш индиректно го кажуваше она што премногу очигледно се воочува во Пирати.
- Знаеш, мислам дека единственото нешто што ги дели луѓето од животните е тоа што луѓето го имаат порното.
- Браво идиоту. Почна и да филозофираш. - се насмеав. Можеби на крајот на краиштата, неговиот брат сепак до негде е во право. - Да не ти го заебам филмов, ама Кацуни умира на крај. Ќе и ја исечат главата.
- Оди мафни се бе. - се изнервира. Ама сепак, многу кејф ми правеше кога некому ќе му го упропастев филмот. Бев среќен кога го правев тоа.

Ми стигна порака. Сигурно не беше One, затоа што беше касно... 15 минути после полноќ. Го зедов мобилниот, кој е пак сега?
- Стопирај бе, жити се, некој ми пратил порака. - само што му реков, видов дека праќачот е уствари една од ретките личности во мојот живот кои навистина ги сакам.
- Аман бе... и порно ќе стопираш за една порака?
- За оваа личност, брат, времево ќе го стопирам.
Ја отворив пораката, пишуваше "Najmil moj, cestit imenden, bidi dobar, mnogu te sakam.".
- Хахаха. Некоја тебе те сака море?
- Тоа што јас гледам порно со тебе овде не значи дека некоја личност, негде, во моментов не мисли на мене и не ме сака. - му одговорив сериозно и го мислев секој збор од таа реченица.
- А чекај... која е оваа? Како ја запозна? - Дефанзивецот не беше добро запознаен со сите луѓе кои вистински ги сакав, не особено со оваа личност, затоа што ја криев од другите... Се плашев и тие да не ја засакаат. Тешко беше да не ја засакаш, на каков било начин. Јас ја сакав како поголема сестра, најискрено и најчисто на цел свет.

- Ја запознав на форум бе... Пред околу три години. Често контактиравме преку форум, па еднаш договоривме кафе, па од тогаш се зближивме, ептен.
- На форум? На Кајгана? Аман бе... и од таму луѓе можат да станат најдобри пријатели? Или дечковци и девојки, или триста чуда... - се заинтересира Дефанзивецот. Доаѓаше на форум, како гостин, само за да провери фан клуб Милан, за ништо друго.
- Да бе... Ако не си се скљафтал со некоја женска на Кајгана, исто ко да не си бил на Кајгана. Тоа е некое непишано правило. Некои дури и стануваат луѓе преку Кајгана.
- Какви луѓе има таму бе? Ме потсеќаш на Том Хенкс и... Мег Рајан беше? Во "You've got mail"?
- Па да ти кажам право, ќе се изненадиш од тоа што се нема на форумот. Сум имал неколку прилики да се дружам во живо со форумџии и секогаш ме изненадувале. Можеби затоа што имам навика да ги преценувам луѓето, да мислам дека се нешто повеќе од тоа што се. Не сакам да си имам работа со обични фаци. И кога ќе ги видам, се разочарувам. Сфаќам дека повеќето од нив не се тоа што се прикажувале на форум. Форумскиот лик е нивното алтер его, додека вонфорумската проекција на истите луѓе е очаен крик за помош. Други пак, газот си го продаваат за да се во центар на внимание, трети, за чудо се неверојатни кога ќе ги запознаеш во живо, а си мислел дека се досадни затоа што и на форум се. Лажам, такви како овие немам сретнато. Ама имам слушнато дека постојат. Четврти форумџии живеат само во форумов и за форумов. Утре да не постои повеќе, тие ќе треба да одбираат нов лик на некој друг форум за евентуално да постојат повторно. Овие типови на форумџии ги има на секоја можна собиранка затоа што мора се да знаат за форумџии. Опсесија. Како некој селебрити, замисли. Оди типов по чаршија и другар му му вели - еј, оваа е онаа од форум. И тој - абе брат, жити све? Мислев дека е убава, како нејзиниот аватар. Да ги ебам аватарите, секогаш мислам дека жените што се кријат зад нив се исто толку јаки.

- И петтиот вид форумџии, драг мој, се Американците. Оние кои пишат реченици пола македонски, half English. Американци. Некои одат до тој степен и цели постови да пишат на англиски, онака.. во некоја безврска тема. Чисто им се може. Кога ќе читам таков пост го читам со гласот на Морган Фриман. Се осеќам дека некој ми објаснува нешто многу важно. Го голтам секој збор, го анализирам, ако не го знам го барам во речник. Тие луѓе се генијалци. Да мислиш дека си Американец во нашава државичка, зарем не е тоа генијално бе брат? Englishman in New York. Дебарчанец во Скопје. Американец на македонски форум.
Ама наспроти тоа, од друга страна, луѓето кои таму сум ги запознал и кои вределе, иако се малку, ми значат многу во животов. И за нив вреди. И еден добар човек да си запознал на форум вреди премногу. Па така и оваа... Ја запознав на некоја рандом тема и денес, чудно е колку само ми влијае во животов.
- Можда и јас ќе се зачленам некој ден бе. И онака на фејсбук ми се здосади. - рече Дефанзивецот после мојот, очигледно монолот и го пушти филмот од каде што застанавме.
На крајот Кацуни ја убија, онака како што му кажав него, иако тој не сакаше да верува во тоа. Мислеше дека го лажам.
 
Зар и ти сине Бруте?

Капки на прозорецот, солзи во очите. Пепелникот полн со догорчиња, хартии разлетани на сите страни. Огромни модри кругови околу очите, часовник кој одамна застанал. Сонот е далеку, нема спиење и вечерва. Само мисли кои постојано лутаат. Утрата се исти, уморни, сонливи. Велат дека најтемно е токму пред зората.
Понекогаш, навистина, се прашувам дали некој притиснал на repeat на некои делови од мојот живот, па постојано проаѓам низ истите ситуации, само лицата се различни... или сепак не? На моменти се чини дека сепак има светлина, дека сепак конечно се појавува некој кој ќе го смени тој шаблон. И навистина верував дека се појави. Некој во кој безрезервно верував, некој кој го сметав за веродостоен човек, личност со принципи и идеали. И после се, се прашувам, дали тоа можеби идеалите се од пареа, затоа што одеднаш ги снема. Затоа и како што би рекол Игор Џамбазов: Само едно прашање ја мачи оваа нација (т.е мене)... Прашањето е:
Зар и ти сине Бруте?
Зар и ти да ме оставиш сама на дождот, сама на подот да се прегрнувам сама себе, додека болката го омалува моето тело, губејќи сила и да вриснам... Зарем? Зарем ти сине Бруте не велеше дека нема да ме повредиш, дека ме почитуваш? Зарем не велеше дека ја сакаш насмевката на моето лице? Како тоа ти ја избриша таа насмевка на ова лице? Зарем толку ти се допаѓаше па мораше да ја земеш со себе? И ти си само дел од групата од другата страна. Онаа страна. Лошо е кога не знаеш на кој Брут да се обратиш, кога има толку многу клонови, сите еднакви, но различни. Премногу маски има, затоа веројатно и добро се кријат. Но, има многу Брутовци, клонови...
Велат кога ќе се случи нешто помни ги само убавите мигови. Но, што кога предизвиканата болка е толку голема, што убавите мигови изгледаат толку бледо?

Како успеаа работите да станат толку заебани?
Како, сине Бруте?

Толкава ли беше твојата алчност, твоето ниво на човечност толку ниско ли падна?

Велат многу депресивни текстови сум пишувала. Мхм. Не се грижете, досадна сум и сама на себе. Обично кога пишувам некој текст, најчесто пишувам инспирирана од конкретен концепт, човек, емоција, случка, понекогаш дури пишувам и по некој текст кој е инспириран од некое чувство, но не е врз реален настан, туку чисто онака плод на имагинација. Но, секогаш знам зошто, како и за кого пишувам. Она што е најинтересно за овој текст е што овој пат не знам кому се обраќам. Толку многу Брутовци, а толку малку време. Толку многу болка, а толку малку простор. Нема ни кај да ја собере повеќе. На шега знам да речам дека ќе бидам како оние жени кои ќе живеат со 10 мачки. Но, потоа сфаќам дека сум алергична на мачки.

А бе Брутовци, па нели ви е доста, а? Да запревте малце, да креневте рачна? Од што се накотивте толку, каша попара направивте, не можам ни еден депресивен пост да напишам на раат. Дај малце олабавете, земете онаквувајте, а не да ги онаквуете луѓето во мозок и ребра, затоа што сте толку малечки и плитки.

Е бре сине Бруте... знаеш како викаат - кој како си ја наредил во животот. Пази само ножот што го бодеш во нечиј грб, да не заврши во твојот.... задник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom