Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Осум златни правила на пишување кратки раскази од Курт Вонегут

1. Use the time of a total stranger in such a way that he or she will not feel the time was wasted.

Губење на време беше моја главна активност во периодот Јуни-Сеп, додека останатите се спремаа за релација Ичичи,Бечичи,Грчка,Претор мене ме чекаше мајка ми на 10 Јуни пред училиште и со првиот дупли автобус популарно наречен "Армониката" ме депортираше како еврејски емигрант во едно забаталено село "богу иза леџа" за да го пречекам одењето на штрковите за Пантелемој.
Автобусот застануваше на одредена локација и потоа требаше да се пешачи уште половина час низ ливади и гори за да се дојде до селото кое беше сместено во пазувите на една планин.

2.Give the reader at least one character he or she can root for.

Кога наближав во селото се зачу лавежот на Лиско кој ме чекаше на карпата секој 10 Јун, мојот најдобар пријател и другар во тој период. Со Лиско ние имаме претрпено многу, каменување од лошите деца од горно маала, борба со овчарските кучиња од бачилата. Дедо ми кажуваше дека Лиско еднаш сам ги победил два крвожедни волци и го спасил стадото и дедо ми од пропаст. Како сувенир на таа борба левото уше на Лиско беше потсечено од волчки заб.

3.Every character should want something, even if it is only a glass of water.

Најголема желба покрај Лиско покрај сексот со локалните кучки беше да седи кај дедо ми во скут и за разлика од остнатите кучиња тој сакаше да се капи во вода. Јас уживав да читам книги од Асимов кој ги позајмував од градската библиотека и стрипови со Марти Мистерија. Дедо ми сакаше да пија ракија на сабајле и уживаше јас да му читам книги за македонските јунаци Гоце Делчев, Питу Гули и Јордан Пиперката. Најомилена книга му беше Калеш Анѓа од Стале Попов. Баба ми сакаше само пари.

4. Every sentence must do one of two things — reveal character or advance the action.
Дедо ми ја накрена ракијата едно утро и и зборна тивко на баба ми - Изгледа ништо не бидува од онај, пак по старо почна
Чути да не те слушни малиот- одговори баба ми која ги пребројуваше парите од штедните книшки

5.Start as close to the end as possible.

Сливите на гранките веќе почнаа да паѓаат, тоа беше знак дека Пантелемој се приближува и времето во оваа вукојебина за мене се привршува

6.Be a sadist. Now matter how sweet and innocent your leading characters, make awful things happen to them — in order that the reader may see what they are made of.

Едно утро се рабудив и немаше никој во куќата што за мене беше чудно, ги наврев Тигар патиките и се упатив долу во плевната. Баба ми го држеше Лиско за нозете, додека устата му беше врзана со конопче од јајца да не се брани, додека дедо ми со бричот го скопуваше и му ги вадеше мадињата во едно најлонче.
Јас кога го видов тој призор само свикав Нееееееееееееееееее!!! и истрчав надвор во ливадата. Трчав се додека срцето не почна да ми излегува од градите. Баба ми излезе надвор и ме најде до каменот и се обиде да ми објасни дека Лиско ќе биди добар, и дека тие само му помагаат да не скока по кучките. Со дедо ми не прозборив до неговата смрт.

7.Write to please just one person. If you open a window and make love to the world, so to speak, your story will get pneumonia.

Баба ми сите пари што ги броеше секој ден му ги праќаше на вујко ми кој студираше во Виена 20 години и имаше лагоден живот.

8.Give your readers as much information as possible as soon as possible. To heck with suspense. Readers should have such complete understanding of what is going on, where and why, that they could finish the story themselves, should cockroaches eat the last few pages.

И така уште едно лето се ближеше кон крајот, на 29 Август баба ми ме испрати со две канти сирење, пола јагне и едно прасе за дома во Армониката. Мојота наредна учебна година само што не почна
 
Формализмот е единствениот излез од состојбата на прекумерно чувствување, затоа што е ригиден, обвиткан со розеви ливчиња кои што изгледаат толку пристојно, толку доверливо и сигурно, затоа што е одраз на самоконтролата, исто како него.Старовековен идеал кон кој што се стреми секое суштество опседнато со совршенство.А таа траекторија по која што се движат сите оние кои што имаат доволно сила да го направат тој избор е поплочена со најдобрите намери на светот.Зошто никој не им кажува дека со тоа што не прават ништо во име на пријателството само повеќе ги повредуваат, оние на другата страна, оние како мене.

Верувам дека библиотеката е онаа нишка која што го поврзува твоето суштествување со моето, книгите, зборовите, страниците, толку чисти и совршени во твоите раце, преполни со забелешки и црвени линии во моите.Библиотеката на грандиозноста, на сите пренатрупани коментари кога не можам да глумам, на сите потиснати емоции кога ми даваш можност за да зборувам.Можеби тоа е причината што толку очајно ја сакам библиотеката, што се замислувам како пијам кафе наслонета на голема столица и го читам последното дело на Аманити, а ти си така смирен, како секогаш, седиш до мене и размислуваш за Салвадор Дали и колку е неговата екцентричност исилена.Како јас земам дим од цигарата, додека ти пиеш само чај од нане и го планираш времето како да ти е потчинето и се што постои мора да биде совршено наредено, пресметано, да се вклопува во идејата на твојата креација.Зарем не е таа слика прекрасна? Опкружена со стари наслови и мирис на нова хартија.

Но јас не сум специјалист во суштината, туку само во формата, само со неа знам да се снајдам, само со неа знам да работам.Никогаш нема ништо да кажам и никогаш нема бидам повеќе од она што твојот поглед сака да го види и го дозволува, зошто сум преслаба за да продолжам да ги губам оние кои што се блиску до мене и ми ја хранат душата.Ја имав можноста да запознаам само двајца во големата хала на библиотеката, едниот го загубив засекогаш, но да те изгубам и тебе, тоа знам дека не можам да си го дозволам, ниту да го преживеам.Јас и ... ти.

Се сеќавам чисто, на првиот пат кога те видов во библиотеката.Сите грмотевици во истиот момент престанаа, а јас стоев мирно и се смешкав затоа што сум доволно силна да бидам во твоја близина без да те повредам.Лажам кога велам дека си ми пријател секогаш кога некој од нив ќе праша, дека е фасцинација која што со текот на времето поминува.Чудно е кога внатрешната промена доаѓа од некој што скоро и да не можеш да го познаваш, зошто сте на различната страна од стаклото, на различната страна од книжевноста, во различна книга и со различна приказна.
 
Влегувам по којзнае кој пат а сепак мирисот на застарени книги и скоро гнили дрвени полици успева да ме натера да се чувствувам како да откривам еден цел нов свет одново и одново. Купишта отворени книги пред мене чекаат да започнам да им ги листам кревките и излитени страници. А јас, пенкалото во рака, листото пред мене и чекам идеја за тоа како да го извлечам само она што навистина ми треба. Додека пребарувам низ она малку кое останало во сеќавањето дека треба да го пронајдам, успеваат да се појават дури и мислите кои силно ги потиснувам сè подлабоко и подлабоко со секоја наредна помината вечер. Одеднаш тишината која ја наоѓам во античкава библиотека се претвора во бучен поток од мисли чиј извор иако знам каде е, никако не можам да го запрам.
Не е лошто што не знам како да го направам тоа, туку фактот дека можеби и не сакам. Она единствено време во текот на денот кое го имам за себе, сепак решавам да го потрошам на другите. Токму затоа можеби и потсвесно не си дозволувам да го затворам изворот иако знам дека оставајќи го да тече, потокот ќе прерасне во море од мисли, а јас беспомошно ќе се давам во него. Велат, најтешките демони кои треба да ги победиш се сопствените. Не ни сакам да замислам колку многу такви ќе пливаат околу мене во тој момент. И иако, ќе барам да најдам спас од нив и да се дофатам до копно, сепак би сакал кога би поминал некој да ми подаде рака и да ме извлече од сопствената агонија.
Слушнав не многу одамна, дека ако застанеш пред огледало, изброиш од 10 до 1 гледајќи се и притоа не се тргнеш од пред огледалото, дека можеш да очекуваш да живееш со себе. Мене ова не ми успеа неколку пати до сега... Токму затоа се надевам дека давејќи се во морето, опркужен со сите знајни и незнајни демони кои се кријат во длабочините на мислите ќе ја најдам онаа сламка за која се фаќа секој давеник и ќе успеам да стигнам до цврсто копно...
Кога ете, ѕвони мобилниот. Од толку работи на памет, забораваш дека кога одиш во билбиотека, треба да го исклучиш. Врв на сето тоа, ниту работата завршена, ниту мислите средени.
Време е да си одам. Ги затворам книгите и ги враќам на полиците преполни со прав...Ќе речат, црпиме искуства, знаења и приказни од книгите.
Колку ли само тие имаат исцрпено од нас? Знам дека не сум ниту прв ниту последен кој паднал во сенката на своите мисли седејќи над купишта разотворени книги.
По сè изгледа дека билбиотеката не го носи само знаењето напишано во книгите. Носи една целина од мисли, стравови, очекувања и планови направени над секоја отворена книга од секој човек кој единствениот физички мир може да го пронајде токму таму...
 
...i togas sudbinata, po neznam koj pat, pak me odnese tamu pred taa vrata kaj sto telovo pocnuva da mi treperi...pred vratata ...kaj sto mi lazat prijatni mornici po grbot i kolenava mi se vitkaat.Grloto mi se sushi,srcevosilno mi cuka,dlankive gi obleva ladna pot...
Vlegov.Najposle ja otvoriv taa vrata od sonishtata zad koja se shiri mirisot od pravta na starite knigi,a megu niv i nejziniot lesen i blag,miris na proletno utro,miris na dozd,miris na nevinost...
Skrishum poglednuvav od zad policite i go sledev sekoj nejzin cekor,sekoe nejzino dvizenje.Gledav kako mrda so usnite dodeka ocite i bea potonati vo nekoj drug svet,gledav kako nesvesno si ja mesti kosata dodeka patuva vo mislite,kako se zadlabocuva i zabrzano dishe...ah...gradite taka lesno i se podigaa dodeka vo nejzinata dusa bukvite pravea bran od emocii,nezno si i grizese usnite po koi kopneev otkako znam za sebe i seto toa samo go gledav,nikogas ne i prijdov.Nikogas ne i kazav zbor,taa nikogas ne dozna deka postojam,deka ima nekoj koj misli deka se bi napravil za nea ,a vsushnost e kukavica,slabak koj ne pushtil ni cekor kon nejze.
Sekoja vecer se navrakam na taa slika,na taa stara biblioteka kade sto jas i taa zaedno mectaeme za dva razlicni sveta,kade sro zaedno toneme vo sosem razlicni dlabocini,taa niz bukvite,jas niz nejzinoto telo.Sekoj den vleguvam niz taa vrata i gi galam knigitte koi taa ke gi dopre,cekoram po nejzinite stapki,po nejzinata senka kako vampir zeden za nejzinata krv nadevajki se deka eden den nejziniot pogled ke potone vo mene i deka tamu vo taa stara biblioteka ke spodelime eden ist svet.
 
Oд далеку се гледаше старата куќа на крајот на патот...како се доближував до куќата полека се наѕираше и ликот на старецот од чие лице можеше да прочиташ дека се измачил многу. Од секоја пора на неговиот образ можеше да забележиш дека кутриот старец живее сиромашно, но истовремено секоја пора раскажуваше и по некоја приказна за него. Навидум стар, но неговиот изглед во мене веднаш создаде слика дека пред гледам човек со голем дух. Сиромашен во животот, но богат во умот.

Се приближив и наеднаш се изненадив. Ме пречека со зборови и речник кои досега ги немав слушнато. Ми посака топло добредојде какво што немав слушнато ниту еднаш во животот. Лицето му беше суво, но зборовите му течее како река. По два - три збора изустени и по две - три реченици кажани сфатив дека станува збор за човек кој можеш вечно да го слушаш и вечно да уживаш. Чиниш во неговите зборови длабоко е проткеана поезијата на Ацо Шопов или Коста Рацин. Секој збор имаше тежина и звучеше посебно.

И на самиот влез колку што бев зачуден од неговата големина и неговиот дух истовремено бев зачуден од изгледот на куќата која се наоѓаше во неговиот двор. Куќата беше мала, но од надвор имав впечаток дека крие големо богатство. Ми кажа неколку убави збора, ме покани да влезам и да седнеме, речениците беа толку убаво извезени како да ги мислел со години. Не можев да не го прифатам предизвикот и да ја скротам мојата љубопитност и желба да видам кое богатство го крие малата куќичка во неа.

Влеговме, ми кажа дека има само две соби: едната за спиење и другата е библиотеката. Онаа првата беше речиси десет пати помала од билбиотеката. Влеговме десно, а таму имаше цела историја. Секој ѕид беше покриен со книги. Редови и полици. Безброј книги и зборови. Седнавме и тука почна да ми ја раскажува неговата приказна. Тој ја нарече „Приказна за библиотеката„. Ми раскажа како целиот живот му поминал вложувајќи во неа. Како страдал за леб за да купи книги. Со посебно одбрани зборови ми ја објаснуваше секоја книга поединечно. Имаше што да каже за секоја од нив. Ми раскажа како додека другите шетале и го барале својот животен сопатник, тој се дружел со книгата и токму тие му прават сега друштво во собата која што некогаш одамна била наменета за делење со брачниот другар. Шетајќи измеѓу полиците сретнувавме наслови за кои беше емотивно врзан и го потсетуваа за одреден настан или одредено време. Раскажувајќи за книгите, сфатив од каде му е тој голем дух на човекот и што е тоа што го прави овој човек посебен, од сите други. На крајот пред да излезам само кратко ми рече „Можеби во лицето мое може да се прочита старост и мака - да така е, но во мојот ум има многу мудрост, токму од овие книги, тоа никој не може да го види, но вреди многу, многу повеќе„. Длабоко во оваа библиотека лежи историја, лежи енергија и сила.

Се поздравивме и си заминав. Од човекот сфатив многу, добив едно ново школо за животот и работите во него.
 
Имаше 5 или 6 години кога за прв пат започна да ги препознава фигурите и линиите што возрасните популарно ги нарекуваа букви... Марко личеше на обично момче, како и сите други. Но тој чувствуваше, тој знаеше дека во него има нешто подлабоко, поразлично. Од ден на ден сè повеќе имаше потреба да се докажува. На почетокот тоа го правеше очигледно, привлекувајќи внимание. Секогаш кога дома ќе им дојдеше некој на гости тој почнуваше да се однесува некако чудно. Трчаше по собите, ги нишаше и ги туркаше столовите, за инает застануваше пред телевизорот кога возрасните занесено коментираа некаков филм или пак фудбалски натпревар. Тогаш редовно добиваше ќотек и долго потоа се криеше под масата разговарајќи си со своето измислено другарче. Некогаш ќе го украдеше мобилниот на татко му и бесно ги притискаше сите копчиња што ќе му дојдеа под прсти. Се јавуваше некаде и мрмореше нешто неразбирливо.

Сепак сите овие нешта и не би биле многу загрижувачки кога Марко би знаел да си ги објасни. Тој едноставно не знаеше што се случува со него. Не паметеше. Кога родителите го прашуваа што му се случува тој и не се сеќаваше на своите постапки.

- Навистина не знам да ви објаснам. Само знам дека постојано гледам некакви букви и бројки околу мене. Некако чудно се вртат.

Родителите почнаа да размислуваат што да прават со него. Тој беше толку мал, а толку чуден. Да го однесат кај психолог? Не. Тоа не би била паметна одлука. Уште е рано.

И така минуваа деновите, а Марко не го измени своето однесување. Неговата состојба дури почна да се влошува. Другарчињата во училиште го избегнуваа и се вознемируваа кога тој беше во нивна близина.

Бидувајќи неприфатен од околината почна да се навикнува на тоа. Еден ден по часовите во училиште реши да замине во најблиската библиотека. Можеби ликовите од книгите ќе можат да му помогнат, да го сфатат. Нему не му беше потребна реалноста, тој сакаше поинаков свет, не толку досаден и сив како овој.

Кога ја допре првата книга неговите очи жедно ги голтаа буквите. Буквално ги голтаа. Чувствуваше како нивните линии и облини добиваат вкусови. Ете на пример додатокот односно кругчето од буквата Њ му сметаше и му мирисаше на нешто што го потсеќаше на некоја манџа од кујната на комшиката, а пак она на буквата Љ му беше пријатно - како парфемот на најпопуларната девојка во училиштето.

Неговите посети во библиотеката се зачестија. Најчесто избираше да чита книги кои во насловот го содржеа зборот љубов или било кој друг збор во кој свое учество земаше неговата омилена Љ.
Така ги прочита „Страници за нашата љубов“ на Спаркс, „Уметноста на љубовта“ на Ерих Фром, „Љубов со мали букви“ од Франсеск Миралјес и некако стигна до „Љубов за 17 1/2 долари“ на Чарлс Буковски.

Марко се изненади од начинот на кој беше опишана љубовта. Кај сите различно, кај сите поинаку. Еден збор, а толку различни описи и доживувања.

Беше маѓепсан од љубов. Сакаше да проба... Само еднаш. Еднаш да го искуси задоволството.
И започна да пишува роман за парфемот на најпопуларната девојка во училиштето. „Парфемот на љубовта“ беше неговиот наслов. Среде тишината во библиотеката одлучи да ги подреди буквите што му се врткаа во глава и сериозно се фати за пенкалото.

Така Марко стана писател.
 
Веќе долго време ја немав посетено. Заборавив и како изгледа, ја изгубив. Мојата прва љубов сега замаглено на моменти надзираше зад сончевите зраци, а јас ладнокрвно поминав покрај неа не ни забележувајќи дека влезот е реновиран и дека се работи во нејзината внатрешност. Истото беше секој ден. Заборавив на сите наши моменти, на сите наши светови, нашите фантазии во ритамот на старите корици, извезени букви и мирис на магија, најдобрата другарка од детството. Изворот на мојата имагинација беше таму од левата страна, само дваесетина скалила ме делеа од влезот во светот на имагинативното и невозможното.
Деновите ко години минуваа, секундите ко часови, а така се враќаше и мојата желба да му се вратам на читањето, да се обединам со она што ја хранеше мојата глава со фантазија за никогаш повторно да не бидам дел од досадата.
Се случи спонтано. Ретко гледам ТВ, а овој пат како некој глас во главата да ме натера да го уклучам телевизорот. И таму беше таа, уште првиот пат кога и го чув името, знаев дека е таа. По толку време пак го имав тоа чувство дека сакам да запознаам нови светови, нови мистики, нови перипетии, хумор и сатира, тага и секојдневието на ликовите, алтер его, вистински и измислени припадници на ова или на некое друго општество.
Не ми требаше многу, па веднаш потрчав да ја побарам мојата членска картичка од градската библиотека. Беше тоа долга авантури. Огромен број на калории согорени, премногу нерви искинати и нокти изгризани, но вредеше. Ја видов како таму седи и ме чека мене. Светлина се одбиваше и се осеќав како да ми се смее. Ја подигнав и се упатив кон библиотеката. Насмевката од лицето не ми се тргаше. Конечно можев да избегам од овој свет, таму некаде каде ме чекаат сите мои бубачки од главата. Но, прво требаше да пристигнам, а ме делеа само неколку секунди од пристигнувањето. Тогаш наеднаш пред мене се појави мојот храм, моето светилиште, мојот Таџ Махал. Отвори се Сезаме ми доаѓаше да викнам. Две по две ги прескокнав скалите и веќе бев внатре. А таму веќе ништо исто, сменето се разбира на подобро. Ги читав натписите над сликите и канцелариите. Ја препознав и старата библиотекарка, која како и секогаш љубезно ме услужи. Ме запозна со сите новости, начинот на зајмување на книга и на сите правила. Побрзав на шалтерот за да ја подигнам мојата книга. Веднаш ја препознав, а во стомакот ми играа пеперутки како да сум заљубен. И бев. Се заљубив во таа установа и во целиот нејзин персонал.
По мала потрага ја пронајдов читалната и се решив мојата прва книга по долго време да ја прочитам баш таму во читалната на библиотеката. Тивко влегов и се сместив во десниот ќош и започнав со својата авантура. Толку многу навлегов што не ни забележав дека веќе три часа биле поминале од кога сум таму. Веќе бев сам во читалната. Тогаш влезе чистачката и ме замоли да ја напуштам читалната поради тоа што се спремале за затворање.
Потврдив и станав заблагодарувајќи се за известувањето. Книгата ја дочитав дома во еден здив, за следниот да ја вратам и да пронајдам нова авантура.
И ете до ден денес сеуште сум дел од тие авантури, редовно член во таа библиотека каде се наоѓа изворот на мојата фантазија и сефот на сите мои тајни..
 
Додека чекам Никола да ми донесе чај, ми го забрани кафето како јас да сум мало дете кое треба да го лажат дека ќе му порасне опашка, не можам да го помрднам погледот од шпилот тарот кој што стои расфрлан пред мене.На млади години, а и нешто подоцна, бев благо заљубена во поезијата на Силвија Плат, исто колку што ги ценев размислите на Вирџинија Вулф (запиши во имагинарниот список, пренеси и ги тие вредности на ќерка ти) така што таротот за мене имаше некоја шармантна нота на мистериозност, циганско пророштво и цела една палета на илузии кои што човек може да ги молдира како што сака за да ја добие одамна посакуваната приказна.Затоа и сега, во моментов се обидував да одгатнам што би ми кажале кога сум во ваква ситуација.Завидна или патетична, сеуште не можев да одлучам.
Без да се трудам да го спречам развојот на мислите и текот на сеќавањата, во меморијата ми се појави сликата на Никола кога за прв пат ме виде, го видов.Носеше лоша карирана кошула и избелени фармерки на кои што одамна им заврши мигот на популарност и модата, освен што изгледаше демоде и отцепен од друштвото, беше и чуден, недружељубив и мрачен.Со лоша фризура, смешни манири и брада од неколку дена.Стоеше до можеби најубавиот дечко на таа забава, висок, со светол тен и ледено сини очи, скоцкан во костум без машна и шармантен како само што да излегол од реклама за Гучи.Да, сега кога гледам на тоа вака од далеку, со објективност која што ми е непозната и присилена, не знам зошто воопшто сум го забележала Никола, кога Иван е комплетно мој тип.Млад, успешен и амбициозен, исто како мене.
Како се најдов на таа забава, не можам да се сетам, што од неколку мицибишу екстази земени таа вечер, што од делириум предизвикан од премногу коњак.Иако не се сеќавам на деталите кои што живот значат, совршено добро се сеќавам на нив двајца.Започнав разговор со Никола за по еден месец да се пресели во моето ателје.Не бевме способни за работа поинаку, јас бев инспирирана само кога бев во негова близина, тој можеше да пишува само ако јас правев бука со четката и гребев со ноктите по неговиот грб.Кога некој толку импулсивно и компулсивно влегува во врска која што е воздух за две крајно либерални личности опседнати со слободата на нивите тела и ум, јасно беше дека тоа можеше да биде само токсично и исилено.Но, не го гледав тоа така ниту тогаш, ниту го гледам така сега.
Мене ми требаше он, на секој начин возможен, сакав да биде тука и да биде грозно анкциозен затоа што не може да биде сам, го сакав мирисот на кафе кое што се истура затоа што му се тресат рацете, не е навикнат на послужавникот да има повеќе од еден филџан.Да не се лажеме, јас го знаев тоа, тој негов минорен проблем со зависноста од осаменост и некоја измислена слобода и токму затоа уживав во неговото заробување, затоа што ете, така ми беше ќеиф.А и да, затоа што го сакав, себично.
И тој човек, не се скрши.Патеше верувам во секоја секунда помината покрај мене, и додека бев среќна и додека бев депресивна и додека бев луда.Го разјадуваше тоа што на некој чуден начин си ветил себеси дека ме сака и тоа го прават заљубените парови, тука се еден за друг без разлика на тоа како другиот се однесува.Не знам од кој лош учебник ја беше пронашол таа дефиниција, зошто јас сакав да го тестирам до крајните граници на луцидната идржливост и паранојата која што толку лесно може да му се всади на писател кој што пишува за психологијата на луѓето.Морав да го повредувам за да можам да преживеам, зошто така ме болеше и мене.
Сега знам дека никогаш не зборував, не кажав што ме обликуваше и кои трауми ме направиле она што сум (трагично што без да сакам, потсвесно ќе и ги пренесам и на ќерка ми) за да се обиде да разбере.Писател е, требаше да ме опише подобро, инаку никогаш немаше да му ја запалам книгата каде ме претставуваше како прекрасна личност но само малку хаотична и ненамерно злобна.Никогаш не бев таква, ме повреди тоа што не успеал да ме прочита, да ме анализира и да ме разбере, градел илузии и само поради нив и бил со мене, зошто го пополнував калапот.
И потоа сакав да го боли, засекогаш да му оставам лузни кои што нема да се гледаат и нема да зараснат.Му се јавив на Иван.
А мислев, никогаш нема да престане да ме сака и се излажав и во тоа.
Сега истиот тој човек и вари чај на сопругата на неговиот најдобар пријател која во исто време е и неговата најголема љубов и бивша девојка.Зарем животот не е ироничен до граница на лудило?Колку е силен сарказмот кога е производ на сопствените погрешни одлуки донесени во лутина и без трошка алкохол во крвта.
-Ивана.
-Молам?
-Чајот е готов.
-Да? Благодарам.
Само кратки коментари и лоша конверзација која се базира на потреби за преживување.Ако тоа е се што заслужувам, тогаш тоа е и се што добивам.
-Никола, те молам, нема да те убие ако поразговараш со мене.
-Немам за што.
-Сигурен си во тоа?
-Комплетно.
-Штета.
-Да, штета.
Продолжува да ме избегнува, а е во истата куќа со мене.Мислам дека е тука само за да ме надгледува, како услуга за Иван секако, мислеле дека ќе ми биде удобно и дека ќе ми ласка што е тој, а и не верувам дека Иван можел да му верува на некој друг за да остане со мене.Не му се јавиле на никој, тоа можам рационално и аналогно да го заклучам.Зошто никој не ме побара да ме праша како сум, зошто, бидејќи, која е причината, има ли повод ...
Во ред, нека му биде.Сака да биде ладен и калкулативен, слободно.Може да се ограничува сам себе, може да бега од мене колку што сака, тоа задоволство би му го овозможила да бев и јас рамнодушна кон него, но не сум и затоа ќе го прогонувам додека не се скрши и не ми каже се, дури и тоа е блујаница од погрдни зборови.Добро знам јас, каков е третманот.
Мора да падне, јас никогаш не ни станав од подот на библиотеката од пред четири години, кога се реши дека мора да замине затоа што не може да биде со жена како мене.
 
Колку добро изгледа животот одозгора и колку ли безначајно изгледам јас..
Ледениот здив на рамото, ме расфрла како ѓубре на улица.Мојата блудност ме правеше човек, а можеби ако барав објаснување, би ги презирал несериозните автори , кои трајно го опија ,зажареното срце на едно младо момче.
-“Пак кафе?!“-Ива знаеше лесно да ми ги разигра моментите на интимна патетичност. Тие усни , така лесно ме добиваа.
Живеев од тие случајности.Плетевме погледи од спротивните краеви. Си размислував како некогаш животот не става во ситуации,од кои не можеме да излеземе без да ги повредиме вредностите кои од секогаш сме ги бранеле.
Кога би можел да ја имам целосно, кој би бил човекот покрај неа.?! Продавајќи дел по дел, се што сум негувал целиот мој живот, за да ја заслужам Ива, почнав да се плашам дека нема да остане повеќе ништо од човекот кој го видела прв пат.
-Да бидам досадно искрен, знам кои работи ми го прават животот интересен и знаев да уживам ако ми се пружат.- Страсни жени кои не беа повеќе од една,избраното кафе, скарата од локалниот херој и кошот -мојата неотповиклива опсесија. Ова општество ме учеше така лесно да најдам филозофија(избрусена убавина) во неговата скромна структура. Ме осудуваше ако барам повеќе, ако бидам жеден за нешто над, тоа неизбежното.
Ива живееше со идеали на еднa универзално”cool” личност. Ладно ги прескокнуваше сите мои напори, да и го претставам за мене достижниот свет во една поинаква светлина. И покрај тоа, нејзината наклонетост кон мене, како нешто примамливо во отсуство на посакуваното, за мене беше подарок од животот, кој алчно го земав и оправдано си го препишував.Совршените облини на тоа тело ,вештачки ми ја наметнуваа среќата, и секогаш бев купен само со нејзината физичка присутност. Се прашувам дали таа моја насмевка што ми го расцепуваше лицето, дозволуваше да се забележи како душата одамна ми се исушила. Веќе не знаев дали вината за рамнодушноста од личноста покрај мене да ја барам во таа насмевка.
И оваа средба на мојата омилена маса покрај брегот,беше потполно спонтана, силна како првата, но со посиромашен сјај во нејзините очи.
-“А следното кај тебе?! “-промумлав.
Суптилните погледи ме полнеа со ентузијазам, не сакајќи да верувам дека една суптилна врска ретко трае, а нашата стануваше блантава ,како кафето што сум го испил.Иако ретко на оваа маса, се случуваше дека водата , млекото и кафената структура,не се во потребните количини, за совршен микс. Средбата со Ива ме натера да го заборавам гревот на шанкерот.
Зашеметен од таквата помисла , сфатив колку би било добро кога би ми се случил момент , што ќе ме натера да ја заборавам онаа библиотека ,која за мене некогаш претставуваше смешна слика, можност за придобивање на родителите и останатите пријатели со различен начин на живот од за мене “перспективниот“.За мене времето и тука застанало,се уште светлината од твојот одблесок, јасно се режеше во моите мисли. Високите ѕидови наеднаш се живи, зборот се запрел на врвот од устата. Тука се нишани вистината и човекот се раѓа уште еднаш.
Колку би било добро да запознам некоја од која ќе направам совршена тебе, и без повторно да се навраќам на твојата несовршеност..
Бев убеден дека крајот на ова ќе не направи среќни, или дека барем ќе не натера да заборавиме дека ниту некогаш сме биле ниту некогаш ќе бидеме среќни.
 
Не беше недела.
Сепак, беше еден од оние денови кои се прилично лоши. И многу едноставни. Единствениот проблем кога се разбудив ми беше со кого ќе излезам денес. После се сетив дека имам малку другари и дека изборот ми е сведен до минимум и поради други причини. Двајца од сектата беа Скопје затоа што полагале испити, другите се договориле за да играат фудбал, па морав да го барам единствениот слободен играч. Човекот кој е мојата потсвест и тип на играч кој игра или дефанзивец или голман затоа што никогаш во животот не сум го видел да се обиде да даде гол. Некои луѓе цел живот не го поминуваат центарот од теренот и баш тој другар е таков. Сака да трча, да дрибла, да подава, ама се во неговата половина. Ако му се восхитував, а во исто време и му завидував поради тој "метод" на живеење, јас сепак се сметав за личност која секогаш сака да напаѓа. Ама тука грешев затоа што моето его никогаш не беше во право. Јас и моето его не сме во многу добра релација, па затоа можеби од тука произлегуваше зависта. Цел живот се сметав за подобар од него и од сите малку другари кои ги имав само затоа што јас бев тој кој напаѓаше.
И тогаш кога на крајот од денот сфаќам дека и покрај тоа што секогаш напаѓам, примам голови од контра напад. А ги примам затоа што никогаш не мислам како одбранбен играч. Затоа, често пати се обидував на моето его да му објаснам дека сепак не сум роден за големи нешта, кога од некаде ќе го слушнам гласот на мојот татко како секогаш вели "Џабе ќе играш цел живот ако не дадеш гол. Џабе се сите фудбалери на светот ако некогаш не постигнале гол. Играј во нападот, биди играч за врска, биди десен бек, ама никогаш не сакам да бидиш голман. И да те тера некој да браниш подобро не играј. Подобро грицкај семки во публика отколку да те видам да бидиш голман."

И тој ден не планирав да го поминам поинаку од моите обични денови поминати во попладневно кафенце, муабети за фудбал, чат-пат за жени и неколку кратки рецензии за филмови. Дојде дефанзивецот, прошетавме покрај кеј па седнавме на една пијачка, онака сосема спонтано. Ко пар од некој француски филм кој е предвидлив ама уникатен во исто време. Само што овде јас бев пар, а тој непар. Јас досаден, тој уште повеќе. Јас штетен за околината, тој штетен за мене. Така обично одат најдобрите работи во животот, па по таа логика подобра работа од неговото друштво во тој момент и немаше, затоа што тој само кога ме погледна сфати дека немам еден од оние добри денови.
- Јас за Аквилани немам некое мислење. Не знам, не го гледав често... - ми рече кога станавме да си одиме.
- Абе јас малку го гледав во Ливерпул, уште помалку во Јувентус. Јас да бев тренер на сакатине ќе го играв повеќе прва постава, а не на клупа да седи.
- А најдобар играч беше во екипата тогаш. Ама сега го зедоа Пирло, а кај нас Боатенг не е некој играч плејмејкер па овај ќе биде добар за на клупа ако во случај го земаме Кака. - брзо кажа дефанзивецот како да рецитира нешто, а јас повторно размислував.
- Не знам, јас ќе имам мислење за него тогаш кога ќе даде го... - и тогаш кога сакав да речам "кога ќе даде гол за три бода" пред мене се појави Таа. Одвај ја забележав па мораше да ме викне на име за да се освестам затоа што бев длабоко навлезен во подготовки на стратешкиот план за сезона 2011/2012, ама знам дека се блокирав кога ја видов. О, па јас се блокирам само и да помислам на неа, а не пак ова. Беше многу различна од последниот пат кога ја видов. А не ја имав видено подолго време. Освен на неколку безвезе тагирани слики на фејсбук, во живо немав прилика да ја видам цело лето. Ко по обичај се збунив. И ко по обичај таа почна муабет. Дефанзивецот автоматски се оддалечи од нас двајца. Дефанзивец, херој. Само топката да не е кај него и да не е близу неговиот гол. Кај мојот ако, нема проблем.
- Кај си бе? Не те имам видено одамна...
- Па ни јас тебе... - се насмевнав малку суптилно и мислев да и речам "па ај да се гледаме почесто". И тогаш се свртев кон дефанзивецот ама тој знаеше што сакав да кажам па нешто негодуваше. И одма јас отидов контра.
- Не излегуваме на исти места, ама можеме да се собериме едно колегијално кафе да направиме. - не дека сакав, ама ова беше план Б. Ако немаш храброст да и речиш дека сакаш "насамо" тогаш со колеги, вакви, такви ама барем ќе ги исплакниш очите.
- Океј, кога било... - нешто спомна, па после продолжи, а јас едвај ја слушнав затоа што во мојот ум веќе ја имав слечено гола и имав џокерска насмевка. И дефанзивецот сигурно ја слече. Него му требаат 2 секунди за тоа. Нека ти биде тебе сестра, прва брачеда или најголема љубов на светот, дефанзивецот и онака ќе и ја извади облеката. А и јас не бев нешто подобар од него. Без разлика како и дали се облекла, во мојот мозок секогаш беше гола.
Се поздравивме, си кажавме уште неколку небитни работи и се разделивме. Заборавив на се што не чинеше тој ден и ова беше неочекуван пресврт. Кога седев блиску до нејзе како да сум застанат до некоја фонтана која ме лекува. Ко на Вор Крафт. И здравје и мана во исто време ми се полнеше и тој момент сакав да трае засекогаш. Ама засекогаш кај мене е многу малку. Место моите 5 минути да ги претворам во цел живот, јас цел живот го давав само за 5 минути.

Беше недела.
Е тогаш навистина беше недела па не морав да барам причина за моето нерасположение. Цел ден го поминав како и другите необично обични денови од мојот живот, па вечерта имав огромна потреба да излезам. Да ме издува некој ветар, да ги разбистрам мислите, да се освежам и да седнам на некое место каде што има добра музика. Дефанзивецот по дифолт беше во друштвото. Беа и останатите. Ама јас и дефанзивецот се разбиравме само со поглед па немав многу што да зборувам со другите. Помина 12 часот. Го погледнав датумот на мобилниот и ми беше познат. Многу познат. Како и сите датуми од годината, така и овој. Ко да сум го поминал некогаш, како да сум направил некакво значајно нешто па славам јубилеј, а сепак оние денови кои ги паметев беа малку. А овој датум, оваа бројка беше толку позната, а толку незначајна за мене во тој момент... Кога почна да се разговара за фудбал, повторно, повторно и повторно, го зедов пак мобилниот и се уклучив на интернет. Подобро ќе видам што има на фејсбук отколку пак да навлезам во дискусија околу тоа дека мојот тим нема амбиции за титула во ЛШ. Ми беше смачено од објаснување и во исто време здосадено од истите глупави малограѓански муабети.
И тогаш, ми требаше една социјална мрежа да "ме потсети" дека Таа има роденден. Како можев да заборавам.. Тоа е исто како да заборавиш кој е капитен на твојот омилен тим. Исто како да не навиваш за тимот. Оди искрши ја главата од некој ѕид. Како, ако ме прашаше некој во тој момент која е девојката од моите соништа ќе му одговорев, кога го заборавив нејзиниот роденден. Како беше можно никогаш да не сум се заинтересирал, а и ако сум го направил тоа некогаш, да сум заборавил. Ако таа беше многу за мене, а јас ништо за неа, тогаш јас требаше да знам многу работи во врска со неа. Да знам дали јаде ајвар со сирење или не, кој и е омилен филм, која и е омилената рок балада, дали некогаш чувала папагал дома, дали сакала некого, и најважно од се, дали ме сака мене. Ако не, тогаш како да не сака никого. И тогаш сфатив дека не знам многу работи за девојката која ја сакам. Се почувствував неодговорно, како ученик од 4то одделение кој заборавил да донесе домашна по математика, а учителката рекла дека ќе намали оценка ако не се испочитува дадениот рок.

И станав, за секунда само го погледнав дефанзивецот за да му кажам дека веќе дојде моментот кога ќе ми се насобере се во животот и кога ќе ми пукне филмот. Излегов надвор од кафичот, музиката веќе беше далеку, а јас газев по песокта на метар-два од езерото. И стоев загледан во оној дел од езерото кој беше осветлен од месечината, зедов две-три камчиња и ги фрлив во водата. Ми изгледаа големи сите тие мали нешта кои порано не ги заприметив. Сакав да го препливам езерото, а во исто време сакав и да го нема. Ми изгледаше толку убаво и толку гнасно во тој момент. Како што се чувствував јас, длабоко во себе. Како голман кој прима гол од 40 метри, од играч кој нема прецизен шут. И кога погледнав горе, кон небото, јас се почувствував толку мал, толку минијатурен и незначаен, а толку огорчен и полн со омраза. Кој е тој "јас" што го мразев? Напаѓачот кој не дал ниеден гол, играчот за врска кој не направил асистенција досега или дефанзивецот кој не ја преминал својата половина затоа што се плашел од нешто поголемо? И кое е тоа "поголемо" што требаше да се случи за да ме промени?
Го видов дефанзивецот како доаѓа. Во истиот момент го обожавав затоа што доаѓаше со намера да ми помогне и во истиот момент го презирав затоа што тој не се нашол во такво искушение. И тогаш бев спремен да го дадам цел свет кој го познавам, сите пријатели кои ги сакам и сите работи кои ги поседувам само за еден момент спокојство. Само да почувствувам некаков внатрешен мир, за секунда, за минута, бев спремен на се тоа.
И тогаш, не знам по која логика помислив на татко ми. И поради него, затоа што тој сигурно така и би сакал, второто нешто на кое помислив беше една песна од Дејвид Бови која тогаш ми дојде толку позната и блиска како никогаш во мојот скромен живот. И мислев на Бови, на неколку негови песни и се створи уште поголема конфузија во мене која ја прекина сигурниот глас на дефанзивецот:
- Па пиши и бе, или јави и се, честитај и некако. Ич не се мисли.
- Будала си? - викнав јас. - И што би и рекол кога би и се јавил? А ако не се јавам, еве ако и пишам, што би и напишал? Немам никаква идеја.
- Па посакај и добро здравје, љубов, среќа... Знаеш, оние формални работи. - уште потивко ја заврши реченицата дефанзивецот кога јас продолжив;
- Ако и речам дека и посакувам добро здравје, добро, нека е здрава и жива. Ама не сакам да и посакам среќа, драг мој, ако јас не бидам извор на нејзината среќа. И на крајот на краиштата, ептен е залудно ако и посакам љубов баш јас, затоа што не сакам да и посакам нешто што може да го даде на некој друг. Ќе и посакам љубов само тогаш кога знам дека е заљубена во мене. Зошто би и посакал љубов, ако Таа љубовта ја чува за некој друг? Уште тоа ми фали мене.
- А има разлика меѓу среќна и тажна љубов? Јас не знам... - по подолга пауза изусти тој. - Исти кур ми е мене - се спреми да влезе внатре, кога после неколку чекори праша дали има некоја нова тема за пишување на форум.
- Не, истата е, за библиотеката, ти таму не си влегол никогаш, и да те праша некој не знаеш каде се наоѓа градската така да... чекај нешто друго.
- Ебаниот ебан, тепаниот тепан. - ми се насмевна и ме викна да влезиме внатре заедно.
Другите уште дробеа филозофии за фудбал. Беа стигнати до Германска втора лига.
 
Нова тема (Thanks to Saladin): „Ветар во едрата“

Бујрум.
 
Moram latinica poso neam mac poddrska tuka.. ae da probame nesto..
Tuku sto pristignavme vo ova malo gradce smesteno megu visokite planini na samiot Jug na ovaa volsebna zemja.. Tisina i mir bese onoj prv vpecatok.. Ne ni ja posetiv vikendicata kade trebase da bidime smesteni, tuku vednash se upativ na plazata. Zlatna pesocna obvivka i svetliot odsjaj na kamenjata na samiot greben kade se naogase svetilnikot koj na moja pretpostavka datirase od mnogu damnesni vreminja..
(PRODOLZUVA... mislam deka od doma ke bidi polesno za pisuvanje..)
 
Телефонот заѕвоне долго, и тој на крајот ја дигна слушалката. Од другата страна се слушна нежен и милозвочен женски глас.
- Дали е тоа канеларијата на Професор Гурмановски?
- Да, кратко одговори тој.
- На телефон е секретарката на нашиот лидер- во нејзиниот глас се чувствуваше задоволство.
- Кој лидер девојче?! Професорски го наоштри тонот.
- Па како кој, за овој народ има само еден и единствен пастир и лидер....
- Ахм, тој. Се искашла и рече да ги поврзе.
- Ало Гурмановски?
- Да, да
- Па кај си бе човече, најбаран си во оваа држава после мене, почна да се смее пастирот.
- После вас, се разбира. Инаку Гурмановски многу мразеше кога некој ќе го замара пред да си го испие утриското кафе, па ако сака нека биде и Луис Амстронг. Таман помисли дека ќе поминат на суштината...
- А бре, виде ли што му се случи на Гадафи? Му ебаа векот, тоа никогаш нема на мене да ми се случи. А имам повеќе подземни тунели од него...хахаха! Почна да се смее пак, но овој пат беше доста упорен со неговиот ступиден глас.
- Да бре мајката, пратам се. А таман вие се збиживте со него, можеше и нафта да ни прати поефтино.
- Ти што мислиш јас нафта пијам?? Уште сега сум повржан со бунтовниците, во првите нивни клиенти сме. Пак ќе тече Либиска нафта кај нас, Се за доброто на Македонија, се!
- Да, сигурен сум во вашата деноноќна посветеност.
- Така е, него слушај сеа ова е многу важно. Имам две министерки за операција кај тебе, треба под итно тоа да се направи.
- Знаете дека сите термини ми се закажани до Ноември, тоа е невозможно.
- Возможно е возможно, ќе ги ставиш меѓу термини! И тоа да се направи неделава сакам. Не е ништо страшно, на првата и требаат само цицки, а на другата цицки и газе. Тоа да биде брзо човече, треба влада да составуваме, треба да се мисли на иднината на оваа земја. Затоа ние толку работиме, а сеа има да ги направам министеркиве и Силвио Берлускони да ми позавиди!

Лидерот ја лупна слушалката и остана само да ечи оној разочарувачки тон од другата страна. Тип, тип...
На Професорот Гурмановски пак од нервоза му проработе чирот, се каеше што стана пластичен хирург, после стана ја викна сестрата и добро се изчукаа на каучот. Му помина нервозата и сега цел ден можеше да става цицки и газови...
 
Ретко кога сум видел како се раѓа љубов и тој поглед кој е полн со посакување, а не е само нагонскиот порив за парење туку нешто што го имаме како привилигија хомо сапиенсите, или барем само избраните, но во последнава недела бев сведок на раѓање на две нови љубови каде што на првата можеби и бев тоа ветерче кое е неопходно за да се распламти искрата во срцата, но за неа ќе пишувам покасно за да биди расказов поинтересен и е тесно поврзано со темава.

ЉУБОВ ПРВА - ЗАР НЕ ЗНАШ ДА ПРАВА ЉУБАВ ГОДИНЕ НЕ БРОИ (Офуцана песна од Жељко Самарџич за стари ергени и момички)

Се упатив кон влезот на портата 301 порано со слушалките во уши, цвикерите на очи и се сместив во удобните столици на чекалната во аеродромот прелистуваќи ја Игра на Тронови која ја зедов на попуст од Вирџин.

Наспроти мене седеше една госпоѓа на околу 60тина година, слаба, со кратка црвена коса, елегантно облечена со скромен накит како брош, часовник, свилена шарпа и разговараше со еден господин кој беше на слична воздраст или помлад кој се држеше навистина солидно но обелената коса и наочарите го издаваше дека сепак ја преминал половината во животот.

Кога ја се сместив во столицата наспроти нив, госпоѓата го намали тонот со кој го водеше разговорот, фрли еден минорен поглед на мене и повторно продолжи со гласната дискусија. Најверојатно помисли дека не разбирам што зборуваат зошто зборуваа на српски, и да разбирам нема да им се вмешам во дискусијата па така се чуствуваше комфорна и по моето пенетрирање во приватноста на разговорот.

Сакав да го зголемам волуменот на плеерот и да продолжам да ја читам книгата како и обично кога ќе се најдам во слична ситуација, но разговорот ме заинтигрира по малку и за тоа можеби беше малку виновен и јазикот на кој разговараа и двајцата.

Не се работи за тоа дека не ме сака, едноставно чуствувам дека не ми го дава доволниот респект како родител. Се однесува поинаку кога е со татко и, мислам таа е воздрасна личност со свој живот, јас не се лутам на тоа, секое дете на светот има помали или поголеми симпатии кон едниот или пак другиот родител, едноставно не можам да ставам кантар за да го мерам тоа, но таа со татко си нема проблем да излезе во ресторан, или пак на патување, дури и некој свој проблеми кој би требало како мајка јас да ги дознам прва, таа бара совет кај татко е. Јас ја замолив за да појдеме до Венеција лани со тоа што јас ќе го платам патот, само за да можам да ја променам монотонијава во животот, но таа ме одби дека ќе спремала дисертација, за по недела дена да појде со татко е на кампување. - елаборираше госпоѓата малку со разочаран поглед

Те разбирам потполно рече господинот со доза на симпатија кој внимателно ја слушаше и ги поткрена очилата.

На госпоѓата тоа и беше доволно и продолжи за малку поинаква тема но сепак поврзана со неа лична, мене ме радува фактот дека таа е одличен индивидуалец и успева во животот, но емотивно сме многу далеку и тој јаз се продлабочува и покрај тоа што јас се трудам од петни жили да го променам тоа.
Исто така е добро дека младите денеска завршуваат во голем процент високо образование, па така се надевам на поквалитетна иднина на сите нас од оваа сега.

Да, да сега има поголеми можности за тоа и за стипендии, па голем дел од нив и заминуваат надвор што му ги зголемува можностите за перспектива - констатираше господинот

Официјалниот тон на аеродромскиот спикер го најави поаѓањето и сите се упативме кон седиштата, и јас ги изгубив од вид двајцата протагонисти. По седнување во авионот ја забележав госпоѓата дека седна пред мене во седиштето покрај ходникот, и со погледот го испрати господинот кој се упати подолу во авионот. Го обсервирав нејзинот поглед, би се обложил дека би ја дала месечната заработувачка само за да може да седне заедно до господинот, и да ја продолжат дискусијата.

Полупразниот авион се упати и по полетувањето се размрдаа патниците горе долу за да си свршат работи во кенефот во авионот, госпоѓата луташе со погледот надолу да види дали господинот е некаде таму, но изгледа гордоста не и даваше да го свика за да и прави друштво во празните две седишта. Кога јас веќе се оптегнав на две седишта, и мислев дека нема да има хепи ендинг од средбава на фосиливе кој ја цедат една од последните шанси на животот, и како и сите на таа воздраст, гордоста и резервираноста ќе го уништи тоа искриче, се појави господинот кој кажа дека бил осамен назад, и во весниците нема ништо интересно, па ако не и смета неа тој би ја продолжил конверзацијата.

На некаде пола час пред слетувањето, госпоѓата се упати до тоалет (мое мислење е дека си средуваше фризура и шминка) и господинот го отвори својот рачен багаш и извади едно це де од внатре. Го разгледа и пак го врати во багажот, седна на седиште, пак стана и го отвори багажот, го извади це де-то, го зеде во рака и пак седна. Госпоѓата по долго средување, се упати кон седиштето и седна.

Повелете за вас, како сувенир на оваа наша мала средба- рече господинот со мала нервоза во гласот

Не можам да го примам ова - рече госпоѓата со смирен тон но со некаква возбуда во гласот

Инсистирам - рече господинот

Многу ви благодарам - учтиво замоли госпоѓата

Побарај и телефон стари - навивав јас од задно седиште во ум

Би било супер кога би имала слободно време да пиеме по едно кафе во ресторанот тука на аеродром

Малку сум уморена но немам некој кој да ме чека, па кафе би било одлично освежување - рече госпоѓата

Наредните неколку минути во слетувањето како секој од нас да потона во соспствените мисли, госпоѓата што нашла некој кој работи и живее во ист град како неа во далечна земја, но сепак има сличен менталитет.

Господинот кој нашол некоја личност која рационално размислува и не се плаши да се отвори за да го изнесе својот став па колку бил тоа спротивен на неговиот.

Јас кој бев сведок на средба на двајца кој не ги поврзуваат интереси како пари, автомобили, физички изглед, статус во општество или пак што и да ги поврзува петпарачките души туку само му е доволно дека се нашле еден со друг.

Му стискам палци

ЉУБОВ ВТОРА

Пред недела дена бев со автобус до Охрид на капење, седев на клупата покрај кејот, ги хранев врапците со чипси од пиперка и бев пријатно изненаден дека почнале да произведуваат Лени и Капри. На клупата до мене имаше еден симпатичен пар кој беа на околу 15-6 години. И двете деца ми изгледаа пристојно но момчето беше навистина срамежливо. Како седев блиску до нив, мислев дека и јас влијаам негативно на малиов и почнав да шетам нагоре по кејот, разгледувам галебите и слушам расправија на двајцата морнари кој возат за св. Наум и ја чекаа својата последна тура во денот.

Прошетав погоре и се вратив пак назад, на клупата сеуште седеа и двајцата но се забележуваше дека разликата на клупата како што седеа се зголемува, наместо да биде обратно. Ги погледнав уште еднаш, машкото веќе ја наведнало главата, се молеше да рече девојката да одат некаде и да се прекине таа непријатна тишина меѓу нив. Девојката исто очекуваше дека машкото ќе преземе иницијатива како што доликува, и се трудеше да му помогне со прекрасните насмевки да премине преку тој прв контакт.

Веќе беа готови да станат и се да отиде во пропаст кога се вмешав јас.

Добар ден - реков одмерено

Добар ден - рече малиов учтиво

Имате часовник - прашав

5 и 20 - Го извади мобилниот, погледна и рече малиот

Уф имам уште добар час и половина до автобусот но сепак прекрасен ден за гледање ветар во едрата, барем за вас јас ја немам таа среќа

Ветар во едрата? - прашаа зачудено двајцата

Па нема воопшто ветар, зарем не гледате дека едрилиците воопшто не се движат, и ветрот не се гледа

Ќе ви откријам мала тајна, со намален мистичен тон реков разгледуваќи наоколу да не ме слуша некој друг за тоа како може да се виде ветар во едрата

Прво треба да одберете едреник, седните најблиску еден до друг, ставите рацете преку рамо, да ги споите двата образи еден до друг и да го затворите окото кое е поблиску до прилипениот образ. За неколку минути ќе го забележите ветрот како со бела боја мава во едрата.

Пробајте, не губите ништо - реков и му дадов до знаење дека одам на друго место за да не му сметам.

По 20 минути поминав на добра дистанца од клупата да видам дали има некаква промена, и забележав голема, играта со образи преминала на усни, и најверојатно веќе заборавиле на мене.

Му стискам палци и нив

 
„Колку е убаво што си, колку е чудесно што сум“

Средбата којзнае дали беше случајна или намерна, дали беше под влијание на некое соѕвездие или пак беше однапред точно смислена од некоја непоимлива сила која го доведе младиот човек на изворот на освестувањето чие олицетворение беше старецот.
Како кога жеден човек тежнее по вода во некоја далечна, пеколна пустина така старецот беше свежата, ладна вода која влезе во душата на момчето и ги отвори нејзините невидливи очи. Тој после нивниот разговор своите дилеми започна да ги решава со умот, но барајќи притоа согласност од срцето чии делчиња беа отуѓени од него бидејќи одамна беа расфрлани во некои предели премногу оддалечени од него.

Краток животопис

Старецот живееше во едно мариовско село. Беше вдовец кој имаше претрпено и поминато низ многу премрежја во животот заедно со неговата (како што милуваше да ја каже секогаш кога ќе си приспомнеше за неа) баба. Ретко збореше за неа, можеби поради самиот факт што не беше одамна почината, но љубовта што се ширеше од очите негови при спомнувањето на нејзиното име беше неописива. Ете доказ дека човекот е ограничен во поглед на употреба на зборовите. Но да остенеше ограниченоста само на зборовите... Можеби тоа е најзанемарливата негова „хендикепираност“.
За младиот човек нема многу што да се раскажува. Доволно е само да се каже дека беше ерудит во буквална смисла на зборот (колку што му дозволуваше младоста и малку повеќе од тоа) кој се давеше во сопственото ЈАС. Навреме ја почувствува опасноста од бродоломот кој се одвиваше во него и реши да се промени. На почетокот од неговото самобудење се фаќаше за билошто, се' што ќе му се најдеше при рака, а тоа најчесто беа суви трски. Кога ќе ги зграпчеше тие се откиниваа, а тој повторно се давеше.

Преобразбра

Праскозорје. Знаете ли како изгледа тоа? Бојата на праската е пресликана на небото точно да она место каде што се одвива раѓањето на сонцето. И така почнува новиот ден.
Чудна е оваа наша природа и ништо не е невозможно за неа. Волшебен симулакрум. Младиот човек за прв пат во својот живот беше сведок на оваа фотографија која секогаш се појавува на ведро небо од проста причина што како прво живееше во град, а како второ никогаш се немаше разбудено да почувствува како свежиот воздух на муграта ја наежува кожата по целото тело. Во тие мигови тој на ништо не мислеше. Единствена грижа му беа камењата по селските стари патишта кои му ги убиваа стапалата.
За блиско време му се случи навидум небитната средба со старецот кој од неговиот поглед ја позна состојбата на неговата душа. Нешто како доктор кога гледа симптоми на телото и дава дијагноза, така старецот во очите ги виде симптомите од кои боледува внатрешноста на човекот и му препиша свој лек.
Започна старецот со прости зборови:
„Знаеш, ние луѓето не сме секогаш силни иако така умислуваме. Еден силен ветар да дојде од неопределен правец и се кршиме без разлика што претходно сме ставиле во глава дека сме некршлива карпа.
Најголем уништувач е себељубието. Тоа е најсилниот ветар. Море не ветар, ураган. Да беше ветар ќе ни помогнеше при пловењето во ова море наречено живот. Ама не е. Ние луѓето сме како бродче мало, а нашите раменици се како едрата на бротчето. Нема човек чии плеќи се толку силни да го поднесат ударот што го задава гордоста и затвореноста во себе.
Замисли- ти си пловел и со други околку тебе, тоа е најнормална работа, ама сам си го предизвикал ураганот. Тој те скршил и те фрлил на некое место кај што не се другите бротчиња. На крај си сам. Сам. Сам.
Остави го ветрето да дува во тебе и тоа да те носи. Остави го ветрето да поминува низ едрото.“
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom