Рамнодушност
(Трип на една студентка)
Мислам дека знам да свирам на виолончело и знам дека можам да јавам на змејови.
Сонце, дали си океј?
Во ред, почнувам да размислувам за тоа каков е патернот на движење на вратата зад лицето Икс, обидувајќи се да се сконцетрирам на кваката приметувам дека се врти се околу мојата глава потешка од сите каменоломи на светот, затоа што е полна со мисли кои што имаат аморфна форма кои истекуваат по 'рбетот како ладна вода во декември.Главите на сите околу мене добиваат некоја чудна гестикулативна меморија и знам дека од овој момент па натаму ќе ги помнам по тоа што се смеат со укочена вилица.
Злато, хеј, што е проблемот?
-Мислам дека имам топче во средината на душникот и знам дека сака да ме убие, се обидува да ме угуши.
Солидарно се приклучувам кон илузијата за топчето, заборавајќи ги падините полни сончогледови прашумести неиндентификувани растенија на мојот животен пат.Малечко црвено топче, ѓаволско топче со рогови, скока на површината на тротоарот и зад него идиличната атмосфера се менува со растењето на огромни средновековни замоци кои што се надвиснуваат како торнадо кое што сака да те однесе во Оз далеку од Лавот и Плашилото зошто храброста во вакви моменти е ебано преценета.
И црвени змејови полни оган во внатрешноста на нивните грла летаат над мене а мислам дека само лежам во кревет со личноста Ипсилон.
Општа еуфорија на панаѓур од гротескна смеа, почнувам да замислувам поточе со златна вода која што се прелева во моето тело, но змејовите не сакаат да си заминат затоа што им се допаѓа тука на мојата замислена падина, хеј, ова е мое и на никој друг, бегајте од тука вие грозни суштества претставници на традиционалната источна митологија, јас сум човек што свршува на Birkin чантите.
Ми треба телефонот зошто мислам дека лудницата која што се наоѓа неколку метри подалеку од падината ме вика да ја посетам, а толку силно личи на онаа која што ја видов во Прага што третманите со електро-шокови ги лечат само со 6 часовен сон и неколку апчиња Демарол.Сите треварски штандови сега ми изгледаат како црната дупка на вселената, како ѕвезди што сјаат само за да ти го скршат коленото кога ќе почнеш да возиш точак.
Во ред, премногу се концентрирам на тоа какви апчиња сакам да пијам со виното на масата, а тоа не е здраво кога сите прсти ми паѓаат на креветот кој што ми личи на занданата во кој што ме сместиле под сериски број, како пропадната личност која што ја собрале од улица.
Личноста Еј, дојде да ме земе со такси, ме држеше додека мислам дека го гледав Вегас како се шета покрај мене, но јас статична, а сите светла играат танго и ми сметаат затоа што сакам да спијам и да потонам таму каде што нема повеќе змејови и топчиња кој што сакаат некој да го угушат, fuck, мислам дека го изгубив текот на мислите и немам клуч за да ја отворам вратата.
Не, грешка сум, се сеќавам дека Ди ми даваше шат порано таа вечер, а рацете и нозете ми се претворија во Стоунхенџ, оооо нееее, ќе дехидрирам затоа што камењата немаат вода во себе, немам ни јас ... но мислам дека некаде попатно чувствувам како нешто друго оживува во мене, никогаш повеќе нема да бидам рамнодушно копиле.