Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
И тмурното време кое деновиве не окупира од сите страни и меланхолијата предизвикана со него и разните симулатори кои паразитски се хранат од нашата трпеливост и разните квазиквазатори и разните муватори и нивните провокатори и јавните оратори и нивните презентатори и разните разнатори и тешки гњаватори и...мирно е се, слушам некакво ехо далеку негде, неповрзани слогови и неразбирливо викање, лаење, далеку негде. Рамнодушноста не ми дозволува да ги напрегнам сетилата... продолжувам со игнорирање на сите звуци и со читање на упатството од новата топка за масажа, барајќи да видам дали може да ги издржи моите деведесетина килограми, +,-, оти 1000 денари не е малку.
 
Рамнодушност

Чуствувам допир на раката, ги чуствувам нечиите раце околу мојот струк, чуствувам дишење на мојот врат, чувствувам бакнежи на мојот десен образ, чувствувам како некој ме држи близу до него и не ме пушта, се грижи за мене, ме сака. Се чусвтвува енергијата што се шири околу него, позитивната енергија, љубовта негова кон мене...
Но моето срце, не воскликнува. Немам пеперутки во стомакот, здивот не ми се скратува, образите не ми се зацрвенуваат. Допирот негов ништо не ми значи, прегратката негова ништо не ми значи, бакнежот негов ништо не ми значи...
Рамнодушна сум...
Можеби тоа е лошо. Љубовта не му е возвратена од мојата страна. Кога само ЈАС би можела да бирам, а не моето непослушно срце. Ме измачува болката што ја нанесувам, ме измачува моето срце...
 
Panta rei измина... замина по сопсвениот тек, онаму далеку.. недофатливо, остана рамнодушноста, болна, тивка но моќна како вода која постојано го рони речниот брег, вода која тивко тече и боли, камен рони.

Беше тоа приказна од минатото, од времето на среќата и младоста, занесот и страста, од времето на цутот и мирисите на една пролет и едно прекрасно будење... беше. Остана душа, страдна, сронета, нем сведок на она што било, и она што е уништено, ни трага од поранешната убавина, младост, полетност.

Блед поглед, самотија во душата, никој и ништо наоколу да споделиш, да се израдуваш... да се насмееш, пат сигурно истрасиран кон онаа рамнодушност, убиец на душата и срцето, убиец на умот и разумот, емоции невозвратени.

.комплетна летаргија.

живот без живот, душа без душа, љубов без љубов, смрт без смрт, страв без страв.
 
Го боли и самиот човек што ја чувствува во себе.Немањето волја убива дел од клетките на душата,човек без емоции е безизразно суштество,комплетно непотребно на светот кој има доволен број предмети па не му треба уште еден.
Рамнодушен човек или нечовек излегува надвор од својата природа го убива детето во себе кое никогаш не било такво.Сите ние сме убијци.
 
Кога еднаш ќе поминеш преку најлошото, не ни помислуваш да се вратиш назад.
Случајностите се проклето интересна работа, но може да те вратат назад со еден клик на прстите. А, очекуваното?
Доволно беше што еднаш те видов.
Ми те спомнаа, а ти беше каде што и мислев дека ќе си. Прв те здогледав на благата светлина, која како намерно да те осветли тебе.
И ми пријде. Глумеше ладен, а не беше. Не си.
Кој би помислил дека после сите тие топли бакнежи ќе се поздравуваме другарски.. ќе се сретнуваме со погледите и ќе ги оттргнуваме набрзина како да ни е забрането да се гледаме.
Чудна е нашата поврзаност.. ќе те спомнам и ти никнуваш од никаде. Ќе помислам на тебе, а ти ќе ме побараш. Секогаш се враќаш повторно кај мене. Нешто во мене секогаш знае.
Како да заборавив што се случи.. или само ми е сеедно. Толку сум рамнодушна, што не ни забележувам повеќе.
И пак ќе одиме понатаму со самите нас, а јас и ти како едно.. стоиме во место. Она што беше во минатото, е и сега. И ќе биде така. Стонирано.
Јас нема да те заборавам, ти нема да ме заборавиш.. Во мислите си ми како сенка. А нема да бидеме заедно. Не сакам. Нема да дозволам никогаш повеќе.
Но, ти сепак, секогаш ќе бидеш тој единствениот. Оној ангел и демон истовремено, кој ме направил среќна и повредил.. а сепак ќе остане тука, да чува дел од мојата љубов за него. Љубов без напредок. Чувства на рамнодушност.
Измешани чувства, а повторно ми е сеедно. Бев рамнодушна и воедно не можев да си ги смирам срцевите отчукувања кога ми пријде.
Којзнае дали беше глума или не, но ми требаше еден таков тест на однесување кон тебе.
Веројатно и тебе ти требаше.
И подобро е вака..
Успеа.
 
Понекогаш е тешко да ги затвориш очите во темнината и да не сакаш да ја видиш светлината која доаѓа од другата страна на патот, тоа е исто како да рано наутро да не сакаш да ги отвориш очите и да се соочиш со сончевиот зрак што треба да ти покаже почетокот на новиот ден и да го означи стартот на новиот живот.

Најчесто, скоро секогаш се плашиме да ги здогледаме промените кои доаѓаат како последица на новиот момент и на секоја секунда која изминала. Цврсто врзани за она што ни е стандарден живот многу често се плашиме да направиме подвиг за кој не сме сигурни дека можеме да го завршиме. И таа стандардизираност и униформност создава еден нов начин на гледање на работите, почнуваме да живееме живот во кој сите со рамнодушност гледаат на работите кои треба да значат предизвик.

Рамнодушност чии последиците за жал ќе донесат чудна меланхолија на подолг рок.
 
Рамнодушност
(Трип на една студентка)

Мислам дека знам да свирам на виолончело и знам дека можам да јавам на змејови.

Сонце, дали си океј?
Во ред, почнувам да размислувам за тоа каков е патернот на движење на вратата зад лицето Икс, обидувајќи се да се сконцетрирам на кваката приметувам дека се врти се околу мојата глава потешка од сите каменоломи на светот, затоа што е полна со мисли кои што имаат аморфна форма кои истекуваат по 'рбетот како ладна вода во декември.Главите на сите околу мене добиваат некоја чудна гестикулативна меморија и знам дека од овој момент па натаму ќе ги помнам по тоа што се смеат со укочена вилица.

Злато, хеј, што е проблемот?
-Мислам дека имам топче во средината на душникот и знам дека сака да ме убие, се обидува да ме угуши.
Солидарно се приклучувам кон илузијата за топчето, заборавајќи ги падините полни сончогледови прашумести неиндентификувани растенија на мојот животен пат.Малечко црвено топче, ѓаволско топче со рогови, скока на површината на тротоарот и зад него идиличната атмосфера се менува со растењето на огромни средновековни замоци кои што се надвиснуваат како торнадо кое што сака да те однесе во Оз далеку од Лавот и Плашилото зошто храброста во вакви моменти е ебано преценета.

И црвени змејови полни оган во внатрешноста на нивните грла летаат над мене а мислам дека само лежам во кревет со личноста Ипсилон.
Општа еуфорија на панаѓур од гротескна смеа, почнувам да замислувам поточе со златна вода која што се прелева во моето тело, но змејовите не сакаат да си заминат затоа што им се допаѓа тука на мојата замислена падина, хеј, ова е мое и на никој друг, бегајте од тука вие грозни суштества претставници на традиционалната источна митологија, јас сум човек што свршува на Birkin чантите.

Ми треба телефонот зошто мислам дека лудницата која што се наоѓа неколку метри подалеку од падината ме вика да ја посетам, а толку силно личи на онаа која што ја видов во Прага што третманите со електро-шокови ги лечат само со 6 часовен сон и неколку апчиња Демарол.Сите треварски штандови сега ми изгледаат како црната дупка на вселената, како ѕвезди што сјаат само за да ти го скршат коленото кога ќе почнеш да возиш точак.

Во ред, премногу се концентрирам на тоа какви апчиња сакам да пијам со виното на масата, а тоа не е здраво кога сите прсти ми паѓаат на креветот кој што ми личи на занданата во кој што ме сместиле под сериски број, како пропадната личност која што ја собрале од улица.
Личноста Еј, дојде да ме земе со такси, ме држеше додека мислам дека го гледав Вегас како се шета покрај мене, но јас статична, а сите светла играат танго и ми сметаат затоа што сакам да спијам и да потонам таму каде што нема повеќе змејови и топчиња кој што сакаат некој да го угушат, fuck, мислам дека го изгубив текот на мислите и немам клуч за да ја отворам вратата.

Не, грешка сум, се сеќавам дека Ди ми даваше шат порано таа вечер, а рацете и нозете ми се претворија во Стоунхенџ, оооо нееее, ќе дехидрирам затоа што камењата немаат вода во себе, немам ни јас ... но мислам дека некаде попатно чувствувам како нешто друго оживува во мене, никогаш повеќе нема да бидам рамнодушно копиле.
 
Сакаше да се самоубија зошто ја оставил некој надежен студент по филозофија кој на лекција од Јунг во II година трет семестар сфатил дека е интроверт и дека разговорите и сексот со неа го исцрпуваат и дека му треба време да биде сам за да ја регенерира изгубената енергија.

Слава му!!

Рамнодушно ја погледнав и и побарав пичка, ме погледна со гадење и воскликна первезнику, гледаш дека моето срце е скршено и дека потребна ми е поддршка в овие моменти.
Еј јас сум 35 со бели влакна ако имам медиум порасната коса, таа 16-годишна со мали цицина и така поголем газ.
Ја познавав мајка и, една година е постара од мене ,изгледа генетски е предодредена да биде голема во газината.
Имам забележано дека ако ја истрижам косата ептен кратко со кец и остани двојка горе што се вика војнички, белите влакна воопшто не ми се забележуваат зошто ми се во пределот над ушите, исто така со долга коса не се забележува дека имам толку бели влакна ама пак темево ми го прави закелавено и најверојатно ќе одам со варијантата волим да носим кратку косу и слушам тај звук....
Сега навистина имам проблем тинејџерка во мојот стан која не дава пичка, сака да се самоубие за невозвратена љубов и бара совет.
И се понудив да го земам од кај татко ми службениот пиштол, да си купи метци ако сака да си свирни куршум само нека го направи тоа дома или во влезот зошто жената што ми зачистува по дома вчера баш правеше генералка.
Ме погледна и почна уште повеќе да липа, и реков може да се фрли од тераса само од 4-ти спрат не е сигурно дека ќе умре без агонични болки и за краток период ако е веќе спремна на тоа нека почека 15 минути за да слезам до долу и да седнам во продавница за да имам алиби зошто еднаш бев сведок кога ја делеа комшиите една нива и најмалку 7 пати требаше да се појавувам на суд, за сведок на самоубиство би скапал по судови и полициски станици.
Овердоуз не е некоја варијанта која ќе ги остави без здив бабите кој читаат весници од пред 3 дена како и да е и дадов до знаење дека ова е работа која можеш да ја направиш само еднаш во животот и да биде малку попрагматична.

Си замина со очите расплакани и со трчање дома, додека ја отварав вратата од станот и со трчање заминуваше по скалите нагоре, пак ја погледнав во газината како се нишаја лево-десно како професорката по француски што предаваше во средно. Навистина штета може требаше да и побарам уште еднаш ама сега судат многу ако те пријави 16-годишна не е како порано само ќе си ја земеш за жена и срамот се покрива.

Утредента попив бокс од татко и кој ми скрши два заба, и онака едниот ми беше умрен и планирав да ставам порцелани за брзо ама докторов го унапредиле во шеф на болница по партиска линија па сега треба да си барам нов доктор за инсталција на забиве.
 
PАМНОДУШНОСТ!
Едноставно не можам а да не останам рамнодушен на една прекрасна особа што полека ја запознавам и и се воодушевувам се повеќе и повеќе.
Не можам да останам рамнодушен на особа што е премногу искрена , добра , плени со нејзината искреност , убавина , духовитост ... M!
 
Толку многу си ладнокрвен и рамнодушен. Не ти е грижа за мене. Си имаш свој живот, а мојот го уништуваш. Не можам да откријам каква личност си ти?! Ме погледна, ме освои со тие твои темни очи и таков рамнодушен продолжуваш без да насетиш што се случува во мене.
Веќе не ни зборуваме со часови како што зборувавме, а тоа ме убива уште повеќе...
Далеку си од мене, не ни помислуваш на мене, не се замараш со ништо, а мојата желба е да те видам уште еднаш, да те гушнам уште еднаш, а ти да си останеш со рацете во џеб и само да се насмевнеш и пак да ме освоиш со погледот.
Не ми зборуваш многу, не можам да знам што ти се случува?! А и она што го кажа остана само збор.
Само знам дека твојата рамнодушност ме тера да те посакувам и да копмнеам по тебе. Умирам за твојот поглед.
.... Имаш ли ти потреба од мене, како што имам јас од тебе??? Имам толку многу работи да ти кажам, на кои нема да им дадеш посебно значење :(
Рамнодушен....сакам да те видам уште еднаш во мојот живот, а потоа секој по својот пат!
 
Рамнодушност ,почнувам да ја засакувам ,рамндушност која не остава мирни при крикот на детето ,рамнодушност која не ни дава да потрчаме таму каде што не не викаат ,рамнодушност која не остава смирени за да можеме да го чуеме сопственото јас кое ни зборува,рамнодушност кон богатството на другите ,рамнодушност која не ни дава да бидеме љубоморни и завидливи , рамнодушност која не ни ја нарушува хармонијата на самите со себе и другите ,а сепак да сме полни со љубов кон оние со кои сме предодредени да живееме ,да помагаме на повик , и да се даваме ,мирно ,без возбуда со таа рамнодушност која не прави отворени за многу нешта .
 
Сигурна сум дека баш мојот мозок е најизопачен од сите. Да можев да ги свртам очите и да си погледнам внатре, онака само како што во поп- цртаните го прават ќе се исплашев толку од самата себе што ќе се осудев на вечна депривација. Па сигурно не е толку лошо вечно да гледаш само фосфеми. И никогаш не можев да сфатам, каде одат сите тие перверзии на кои помислуваш барем еднаш во денот, колку е можно да е длабока таа проклета потсвест? И на крај, ако се прифатам себе си, зарем нема да полудам? Најдобро е да се биде рамнодушен на себе си... И навистина не знам како го затерав муабетов наваму, не е битно. Ќе го оставам вака, како секогаш кога се соочувам со Катерина, и ќе продолжам како што сакав да почнам.
Доаѓа тој период, сечиј крај на адолесцентскиот живот, кога човек се уште има врела крв во себе, но се соочува со бруталноста која мора да ја прифати за да продолжи со својот живот, претворајќи го целиот во сарказам. Секогаш се замислував како се нурнувам во полу`рѓосана када полна мраз, обидувајќи се да исчезне се што не е сурово во мене. Така би требало да се одвива овој процес.
Младиот Платон зборува за метафизика, зрелиот Платон зборува за држвата и законите. Животот не е хедонизам, животот е утилитарност. Ајде да направиме пчеларник од човештвото, ајде да се научиме да правиме правилни осумаголници за да им кажеме на другите каде е поленот. Само ме интересира, кога ја прегрнуваш рамнодушната дали автоматски ја прифаќаш и пчелата - кралица, знаете, таа која со хемиски чудесии те програмира дали и што ќе работиш?
Зарем рамнодушноста не е иста или условена од конформизам, или барем роботизам, а? Или вие зборувате за друга некоја рамнодушност...
 
Има ли сеуште заинтересирани... Ѕвезда
 
Ќе го напишам поимот Sвезда само еднаш зошто не знам кај е S на тастатурава, сега само успеавам да хакирам со тоа што пишувам С на латиница и сите се по импресии дека знам кај е S.

Звездан(читај Sвездан) Звездаковски
Години - 35
Професија - Радио Водител
Брачен статус - Разведен

Звездан беше најобичен водител на радио емисија во едно локално радио кога Звездан мораше да се соочи со нешто што е надвор од границите на човековиот разум и неговото разбирање.
Звездан мораше да се соочи со Зоната на Самракот (тара-татам)

Сцена прва чин прв (Обично радио студио каде преградата со техничарот е направена од задна шофершајбна од Фиат 1300 модифицирана со оплеменета иверица 12-ка, мала масичка, пепелник со 7 изгаснати цигари, кутија МТ оставена на масата со кибрит.
Во позадина оди онаа ствар од Стилерс Вилс - Стак ин д мидл вит ју која е популаризирана со сцената од Ресорвоар Догс каде Мајкл Медсен му го сечи увото на пандурот (Добро филмче од Тарантино).

Техничарот крева рака дека има некој на линија

Звездан - Здраво кого имаме во полноќни радио совети на радио Ропотово
Слушателката- Како прво добра вечер на сите слушатели посебно до водителот и неговиот техничар, до телефон е Светлана.
Звездан (прави гримаса до техничарот дека ја познава и со средниот прст гестикулира дека ја има поминато) - Благодарам за убавите зборови Светлана, ние сме поласкани во студиото од твоите топли поздрави и со иста мера ти возвраќаме.
Дали имаш некого посебно да поздравиш, да дадеш некој совет до некого или пак да прашаш за совет некој од нашите слушатели или водителите.
Па немам никого посебно да поздравам освен вас во студиото, само да ви пожелам добра вечер и ако сте во можност да ја пуштите Бичу позната од Наташа Беклавац во продолжение на вашата емисија.
З. - Па поздрав и до Светлана и слатки сништа за тебе Бичу позната секако ќе оди во понатамошниот тек на емисијата и останете на иста радио бранова должина.

Техничарот крева рака дека има друг слушател на линија.
З. - Имаме уште еден слушател на линија кој ќе го вклучиме директно, кого имаме на линија?
Слушателот - На телефон е Ане ваша верна слушателка кој прв пат се јавува во емисијата
З. - Добра вечер Ане и баш не радува фактот дека редовно ја следиш нашата програма, како можеме да ти помогнеме?
Пеце - Па барам совет од вас или вашите слушатели за љубовен проблем
З.-Само напред Ане, колку имаш години? Во секој случај ќе ти помогнеме ние или некој од нашите слушатели.
Ане - Па имам дечко неколку месеци со кој имаме интимни односи скоро од почетокот на нашата врска, но забележувам дека од почетокот на врската имаме интимни средби само во недела вечер и евентуално во понеделник додека во останатите денови на неделата ме избегнува, моето срце ми кажува дека тој има друга.
З. - Полека Ане не мора да значи дека друга е во прашање јас мислам дека проблемот е од друга природа, дали можеш да ја видиш сметката за струја за претходниот месец и кажеш колку твоето семејство плаќа за струја.
Ане - Само момент да побарам, еве ја 765 денари плус ДДВ.
З. Совет е да му кажеш на твоето семејство да го пуштате бољерот и во среда на ефтина струја не само во недела посебно ако е летен период и ќе видиш дека со твојот дечко ќе имате односи и по неколку пати неделно. Пријатно и секое добро и не заборавај да не слушаш и идната недела..
З. - И сега се одмараме со една музичка нумера од Перл Џем - Оф хи гоус

Звездан пали цигара МТ, вовлекува и му понудува на техничарот кој одбива, музиката оди во позадина додека техничарот му дава знак дека има некој на линија. Звездан само прави гест ток ту мај хенд и ја крева цигарата да му даде до знаење дека му треба одмор.
З. Здраво, здраво кога имаме на линија?
Слушателот - Смртта
З. Молам кого имаме на линија?
Смртта - На линија се јавува смртта и ми треба совет
З. Несериозни слушатели исклучуваме, ова е последна шанса за некаков конструктивен разговор господине
Смртта - Сериозен сум како инфаркт, на список од твојот град за вечерва ми е едно дете болно од леукемија и локален пијаница, детето во секој случај ќе биди на список пак по една недела меѓутоа пијаницава може да поживее уште неколку години ако не умри вечерва. Навистина не можам да се одлучам кој да го земам вечерва па ми треба совет од вас или некој слушател да одлучи.
З.- Мој совет е акутна шизофренија има третман и може да се чуствуваш подобро ако навремено да ја етаблираш, ама ако е бал нека биде маскенбал мој совет е земи го малиот и онака сам кажа дека ќе биде на список за недела дена.
Смртта - Фала малиот ќе биди

2. Ден

Истава сцена само сега Звездан чита весник и спортска рубрика и полека врти накај огласите и црна хроника, му го одземаат вниманието некролозите и сликата на едно мало дете кое го има на повеќе места.


Продолжува иам работа..............
 
А баш сакав нешто да ти пишам.
Само не знаев како. Порано пишував за да те почувствувам посилно до мене. Сега пишувам за да се ослободам од бремената совест пред спиење. Изгледа и мене ме престигна неискреното општество - направи да бидам поразен секогаш кога ќе посакам да успеам. И оној момент кога сум поразен, се сеќавам на поразот пред овој пораз, па и на тој пред него. Во една секунда меѓу две воздишки, талкам да го дофатам хоризонтот на видик, но секогаш тој се зголемува, како што се зголемува мојата осаменост талкајќи.
Знам само за една ноќ, кога од сите 24 скршени парчиња на изгубеново метафорично зборче, кога од сите такси коли на светов, од сите возила во овој чуден град, влегов во она во кое на радио одеше Џон Ленон.
Не, не би сакал да обвинувам никого, ама морам. Прво би го обвинил таксистот кој таа вечер, во тој час и секунда мораше да застане пред мене. Можеби немаше ниедна друга кола која сакаше да ме вози, ниедно такси кое сакаше да помине низ мојата улица... Верувам дека некогаш во иднина нешто ќе ме спречи после таква вечер да го слушам Ленон. Не поготово таа песна на радио.

Од друга страна, вината не беше во таксистот, туку делумно во кафичот пред кој стоев. Јас, неговото глупаво име и неколку воздишки на разочарување пред нас. Дали јас исчезнав во пустината на зборот љубов, или толку силно го почувствував неговото значење што ме натера побрзо да избегам од тука.
И ни една девојка која сака да ме прибере.
Ни еден влез кој сака да не ми наплати конзумација.
Ни еден коњак кој чека да биде испиен.
Ни еден рефрен кој чека да биде потпевнуван од мене.
Ни едно сепаре кое сака да биде резервирано.
Ни една музичка желба да ни ја исполнат.
Само да ја оживеете нејзината слика. Да направите да изгледа пореално отколку што сте вие пред мене.

Ако одам малку наназад, да не беше петок немаше да излезам баш во тој кафич. Извини што те обвинив, иако со душа сум те чекал да доаѓаш. Дури и понеделникот го крстив петок само за да ми биде убав. Ама да не беше петочна вечер, немаше да излезам со другар, токму пред тој кафич, и да влезам во таксито во кое на радио свиреше мојата омилена од Џон.
Сите омилени песни со себе си носат некои спомени. Затоа можеби повеќето и се омилени.
Ни една друга песна не сака да ми биде омилена.
Ни едно соло повеќе не свири за мојот живот.
Ни еден текст повеќе не сака да ме пронајде мене во него.

Кој ме натера да излезам тогаш? Јас сум виновен. Најточно двете мои спротивставени половини. Чувствувам во последно како на едното рамо имам ангел, а на другото ѓавол. Не знам која страна тежи повеќе, како што не знам кој го уби Кевин Спејси во Американска убавина. Како што некогаш се бунам дали thursday е вторник или четврток, како што сите неименувани поими ги викам по твоето име...
И ниедна ѕвезда вечерва не сака да свети за мене. А јас очајно сакам да ја обојам во некоја недефинирана боја.

Отпиши ја песната на Ленон, земи го нејзиниот текст и сите негови реченици измешај ги во други песни, за никогаш повеќе да не можат да се пронајдат и соединат. Земи ги сите нејзини тажни акорди и заклучи ги негде каде не би можел да ги откријам - заклучи ги во твоето срце.
И во таа ведра ноќ, кога рој неизговорени зборови ќе излетаат од мојата кошница со мисли, ќе пробаат да стигнат до ново место кое ќе им го открие најблискиот пат до ѕвездите кои проба да ги обоиш ти.
А оние кои никогаш нема да стигнат онаму каде што посакуваат, ќе треперат како лисја од некое старо дрво чекајќи да дојде есен за да паднат и бидат одвеани право во нечии долги коси.
Долга е временската разлика меѓу нас. До пепелта единствено се стигнува преку оган. Некоја друга есен случајно ќе поминеш покрај некој билборд чија реклама не е смената сто години, и случајно некој неизговорен збор ќе стигне до тебе.
И тогаш ќе сфатиш дека те сакав со целото мое срце.
И сите други ги сакам со мрачно срце.
Затоа што се штедам.
Учам како најдобро да те сакам, кога конечно ќе те сретнам.
И додека деновите поминати без тебе се како црно-бели фотографии од изложба на цвеќиња, нема ниедно чувство кое сака да ме направи баш токму она по кое потајно копнеам... да ме направи рамнодушен.
А баш сакав нешто да ти пишам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom