- Член од
- 5 јануари 2008
- Мислења
- 532
- Поени од реакции
- 614
Од друг агол
Од другиот агол на согледување на реалноста
...
„Се е перфектно. Дами и господа, ја гледате замислената утопија на Томас Мор во живо. Вие сте дел од целината роботизирани луѓе кои веруваат во вештачки претставената среќа. Замаглени се стаклата на вашите очила затоа се ви наликува на невина белина, на сон.“- Во лудите времиња најверојатно само Б. ја сфаќаше креацијата на илузијата...проклето живееше со темните дамки на најбитната реалност.
Од другиот агол на живеењето
...
„Анархизам! Да, тоа тече во мене, тоа кружи околу мене а јас го дишам, како гравитациона сила ме држи долу спуштен на земја. Можеби летам од една во друга утопија, можеби измислувам мој фиктивен свет, но само тоа го имам.
Сакам да сум безусловно слободен. Слободата е лозунгот на мојот живот. “
Детинест испад на Б. Сите се смееат, никој не го сфаќа. Некои и го сожалуваат т.е. го сожалуваат неговото одење по работ на лудоста.
Хм, анархизам...кој нормален верува во него како философско учење или пак како начин на живот?
Од другиот агол на светот
...
Далечината ги лекува болките, но не ги фрла во заборав сеќавањата.
Но со каква полза? Со никаква! Останува само презирот, што можеби е една маскирана форма на некоја чудна силна љубов.
Како и да е...Б. цел живот е на спротивната страна. Како патолошка потреба за стоење на другот агол на нештата. Порано на другиот агол на реалноста и начинот на живот, сега сместен на другот агол од земјината топка.
Слободен.
Секогаш од другиот агол.