Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Секоја чест за активноста... продолжуваме во ист стил... новата тема е : Експлозија...
 
Го понесов со себе слаткото чувство на предизвик? Се појави подоцна? Продолжи раздвижувањето на дамарите пред мотивирачката и убедувачка сила? Пишував приказна со основа, фабула која кога ќе ја препрочитам отскокнува со своето влијание на немир? Опива ли мирисот на свежина скриена во косaта која чека да затвориш очи, да ги заплеткаш прстите и да се препуштиш и предадеш? Не знам.
Тензија и енергија собрани во едно катче, стиснати и потиснати, речиси заборавени некаде во изгубената способност за излевање на сета збиеност, измоделирани во емајлиран скриен принцип, застанати пред ченгелот на тврдоглавото одбивање, се трудат да се свртат кон себеси, па се губат, па се исправаат пред асонантните стихови кои не изгледаат совршено, но сепак се достојни да бидат забележани.
Како е кога потсвесно почнува несовладлива, неодолива сила силно и инстинктивно да ти ги загрева усните кои не допреле до пехарот за да згаснат жед, кога штимунгот вешто ја создава својата гравура и го поткопува мигот кој самиот ја наоѓа својата градација и не го гледа крајот? Можеби ќе го прекинеш протокот, ќе се тешиш дека е само фиктивен момент, ќе почнеш сите капки да ги собираш и ќе ги истресеш вешто, мислејќи дека те понесла стихијата и ќе помине, надевајќи се дека следната мисла ќе биде потивка или барем ќе шепоти, а ти наместо глув се правиш нем. Се надеваш дека нема да ти прелета, дека нема да ти го облее телото и дека нема да облече руба од шанжан која ќе те третира како жртва, а забораваш дека си се препуштил и уживаш во прелевањето на ткаенината.
Кој да мисли на разладување и криење на здивената желба кога ќе се соберат сите зрели плодови на зрела мисла и препознаена желба? Кој да се зафати да ги фати уздите на стрвостите? Кај замина она што важеше за синоним на смиреност? Тешко е кога ќе се насобере и ќе се стигне до степен кога веќе не се задржува струјата, кога пукањето се претвора во мевлем?
Секунда, во секунда. Постои и се чувствува само распрснување на сета енергија со силен трескот кој ќе го растресе и разниша тлото, а тебе ќе те вивне кон зенитот, гранулирање на сите затапени емоции кои се шират и излегуваат на површината од кожата, отворање на скриена страст која тлеела несвесно без да добие желба да згасне, сила да се покаже моќ и поинаква надмоќност од онаа секојдневната, момент на грабнување и спојување на жичките, дрско и алчно гризнување кое не кине месо, слатка злобна страст во очите од реакцијата, неоткажување пред самиот чин на создавање светлина пред очи. Бујна и жестока експлозија која ќе укочи, ќе натера да ја навалиш главата наназад и да не се прашуваш ништо, па ќе ти се смилува и ќе ти дозволи да се олабавиш. Потоа останува на тоа - блажените, силни, несвесни, спонтани и импулсивни извици на задоволство дали ќе се виновни ако струењето остане како трага која ќе остане фиксирана за одново да ја регенерира желбата да се експлодира повторно. Но, уште посилно.
 
Скопје 2039година, рано лето сонцето пече. Стојам на плоштадот во рано зајдисонце штимајќи ја мојата гитара. Луѓето ко да не го виделе плоштадот, ги имаше толку многу ко на некој митинг. Пиејќи ги последните голтки од веќе стопленото пивце, мислејќи дека ќе ги освежам моите слаби коски дојде едно детенце прашувајќи ме кога ќе почнам да свирам. Јас со мојот зарипнат глас му кажав да почека уште малку т.е. за некои 10тина минути. Почнаа да се палат уличните светилки, елитните кафулиња почнаа да се полнат со безобразни луѓе, а оние со помал џеб шетаа низ плоштадот грицкајќи семки. Го уклучив моето појачало, отсвирев еден тон колку да дознаат луѓето дека почнува представата. Почнав со мојот репертоар, од класичен рок до најнежни балади, застанувајќи од најмали дечиња до најголеми грамади. Одеднаж почнаа да ја полнат мојата кутија за гитарата со пари, јас бев среќен. Престанав со музиката и на микрофонот им се заблагодарив на сите оние кои што оставиа по некој денар во кутијата. Повторно ја земав гитарата и настана експлозија. Експлозија на жиците, моите прсти едноставно не се гледаа како ги одсвируваат дуровите на гитарата, сите очи беа вперени во мене. Се збунив, почнав да се потам, мојот „концерт„ на плоштадот со досега најбројната публика. Прекрасен финиш на мојата кариера...
 
Кога тој за првпат се всели зад нејзиниот поглед, повторно го осети шумот во градите кој веќе со години молчеше.Во утробата колебливо и се раѓаше црвено треперење, заедно со претчуството дека ќе следи оган. Но, тогаш не беше свесна дека ја очекува безглава пламена стихија.
Тоа и стана јасно дури откако времето испи неколку капки од чашата на бесконечноста, а неговите прсти танцуваа во нејзината коса. Тој танц направи да заборави на се она што мислеше дека е правилно. Во негова близина, етичките скруполи и исчезнуваа од свеста, исто како и платнените прекривки од телото.
Со него растеше, а истовремено стануваше дете. Заедно трчаа до виножитото и не чувствуваа умор. Се беше неизмерно мало и минливо кога тој, тресејќи се, го преточуваше своето битие во неа.Следеше експлозија.
Но, ниту една не беше слична на онаа последната. Само што овојпат, тоа не беше нејзиниот оргазам. И причината не беше нејзиниот љубовник, туку експлозијата на барут во пиштолот на нејзиниот сопруг.
 
Во урнебесот на градот човек тешко може да се снајде. Нашето мило Скопје во попладневните часови личи на турски пазар од пред два века. Не се знае кој пие а кој плаќа, а на крајот на денот сите сметки се токму. Поминувајќи низ строгиот центар редовно можам да сретнам ведри луѓе. Денес, јас сум дел од таа благородна дружина. И токму кога бев убеден дека сончевите песнички во мојата глава се напишани за мене... прекинувачот удри. Шизофренијата ме надвладеа повторно... наеднаш се` се стемни, јас застанав а мислите не успоруваа... војната против окупаторот со сите крвави бајонети, смртта на дедо ми, тепачката со соседите и колежот за мојата сакана... нејзиниот прекрасен лик... нередите во Битола кога игравме со Пелистер, детето што го згазија на раскрница пред зграда, вестите во 7, слика од парламентарците со големи стомаци... пивото кое го гласно го пиевме во канцеларија карши Јосип Броз... Цунамито во Малезија и ураганот Катрина... нејзиниот лик... ... ... ...
И кога конечно се освестив и ме ослободи духот на мојата совест, се пронајдов себе си во бессознание и во некоја од скопските болници. Можев да гледам и да размислувам но сите околу мене мислеа дека не знам за себе. Слушав како стручно лице објаснува за мојата состојба. ”Знаете, се` ќе биде во ред. Тој имал само мал нервен крах... единствено поесриозно е неговата експлозија на три важни капилари во неговиот мозок. Веројатно помислил на нешто што го возбудило силно и сега е во бессознание. Не грижете се... за неколку години ќе биде како нов.”
Хех, по неколку години... светскиот куп почнува за 3 дена. Докторе, подобро да ме оправиш до утре, инаку моли се да не се разбудам...
 
Веќе долго време не спијам добро.
Постојано се превртувам,удирам со главата во ладниот ѕид,жешко ми е,перницата ми е влажна од солзи и најбитно од се...не се сеќавам кога последен пат сум заспала со насмевка на лицето.
Секој мој контакт со креветот и перницата е пекол. Во неа се гушам од солзи,а креветот редовно ја чувствува експлозијата од крикови. Дишам со отворена уста како старец со лошо ЕКГ.
Во такви моменти прво што ми паѓа на памет е силно да ги прегрнам трите мечиња до мене. Едното е Снупи и ми го донесе татко ми од Пекинг,другото е Блунд(мечето на Мистер Бин),ми го донесе брат ми од Амстердам,а најголемото е едноставно Теди и го добив од мајка ми,од Токио.
Ги добивав со порака: -Кога ти е тешко и не сме тука,само прегрни ги и исто како да сме тука.
А тие никогаш не се тука.
Хех...детски приказни.
Минатата ноќ повторно спиев во истата атмосфера. Солзи,плачење,жештина...празна куќа.
Само се превртив на едната страна и утеха побарав во мојот драг Снупи. Го прегрнав и бакнав како да е живо битие,мислејќи на човекот кој ми го подари.
После нецели 3 минути почувствував нечија голема рака на мојата глава. Ме погали кратко.
Низ матното око,чии капаци беа тешки како карпи ја видов насмевката која и пред 10 години ќе се вратеше вака доцна во ноќта и ќе ми оставеше тон играчки до мене.
Не знам како...но за миг поверував во тие детски приказни. Во мене дадоа спокојство што ме потона во сон и развлекоа насмевка на моето лице.
Заспав со насмевка.
 
Животот тече,а јас не сакам да го живеам,животот тече,а јас сеуште сакам да сум старото мало дете кое по цел ден ги орасположуваше луѓето,но...времето минуваше,јас растев...сеуште раснам,а стариот јас остана негде во една далечина покриена со покривка од 5 години кои ме носеа во насока од која нема излез,насока која не можеш да ја промениш....штом потече солза,се каеш за се што си сторил,секоја единствена постапка,секој единствен чекор...и дали е срам машко да плаче?Дали е срам да кажеш дека единствено што сакаш да го правиш е да се сеќаваш на нешто што одамна поминало,одамна го нема ниту пак повторно ќе го има.Гледаш во минатото,но местото каде што се наоѓаш може да биде било каде освен таму,светот тогаш беше совршен,бар така го претставував...стари времиња,загубена скапоцена возраст...го вдишував отровот на денешнината....истовремено се лечев со минатото,една единствена постапка која се повторува повторно и повторно,дали се живее така?Дали можеш да продолжиш да се лажеш самиот себеси дека животот со сеќавањата станува поубав,кога од сегашноста се имаш самиот себеси и никој друг,се имаш самиот себеси а сите други се дружат со тебе...по некое време ги нема,исчезнуваат со уште една изгубена година трудејќи се да го вратиш тоа што си го имал...правиот пат тешко се наоѓа,но јас не се ни трудев да го најдам,чекорам по стари патишта,чекорам по слепи улици....сеуште надевајќи се дека еден ден минатото ќе стане сегашност и иднина.Но секој ден се случува нова "експлозија" а јас сеуште тапкам во место
 
Беше рано утро. Сонцето сонливо си ги протри очите, радувајќи се на познатата глетка. Сеуште уморно од ноќта помината во пијанчење нафрли понекоја бледо-розикава нијанса врз облаците кои осамнаа на брилијантно синото небо. Мрзливо, полека се качуваше над хоризонтот. Размислуваше за тоа како би било да застане за момент, да се одмори и да разгледа како живеат луѓето со кои толку долго немаше прозборено ниту збор... Еднаш, одамна го сметаа за божество. Би било интересно, помисли тоа. Конечно, зошто да не?
Само што се накани да го направи тоа, силен блесок- за момент посилен дури и од неговиот му ги заслепи очите... Ново сонце се раѓаше на хоризонтот. Пламени бранови го разгласуваа неговото доаѓање, горејќи се' на нивниот пат. Облаци прашина и чад полетаа на ненадејниот врел ветер, не дозволувајќи му на сонцето да се загледа поубаво. Откако полека се стишаа одеците од заглушувачката експлозија, реши дека не му се допаѓа овој негов брат кој сигурно го создале луѓето за да го направат Сонцето љубоморно. Глетката го вознемируваше. Нешто не беше во ред. Полека откаска на спротивната страна на светот. Тогаш забележа дека има се' повеќе такви сонца, нови одблесоци кои оставаа зад себе црни облаци и изгорена земја.
Наскоро немаше ниту еден процеп во бесконечно црното небо. Ниту еден прозорец низ кој Сонцето би можело да види што се случува. Налутено засветка и претпостави дека нема веќе да им биде потребно на луѓето, кои се осмелија да прават негови копии. Слегна со рамениците и отиде некаде далеку, некаде каде што ќе биде ценето.

1351.jpg


Sith
 
Краш Бооом Банг!!!!!!!!!!
Стоев збунета , не сватив што се деси , сите почнаја да викат , да ќтрчаат низ салата , се кренаја паники а јас стоев , не мрдав. Како можи да се плашат во клубот , јас тука идам од мала , мие како втора дома бев сигурна дека тука неможи ништо лошо да се деси.
Мирко ме врати во вистината , ми подади мокра крпа . Тој ја скинал кошулата , ми нареди да дишам преку крпата и да не се тргнам од него .
Се туркаја луѓе , се бараја , и сите одеа кон еден излез , се створи паника , и голема топлина. Стигнавме до скалите , тука јас се сопнав и паднав , ја изгубив неговата рака а тој беше истуркан надвор од големата гушва која само сакаше да стигни до излезот. Над мене падна уште некој , а под мене имаше девојка која плачеше на глас , во тој момент ми светна дека можи да завршам тука . Почна да ме пече грлото , да кашлам и се потешко да дишам , ги замизав очите , сакав само малце да се одморам , да мигнам за да имам сила да се борам .
Следниот момент се најдов надвор и слушнав : Ок е диши , дојде девојка до мене со ќебе , и почна малце да ми збори , ми каза дека другар ме спасил и дека тој е херој . На сите страни беше полно со болничарски коли , милиција и пожарни , ден денес ги паматам сирените , тие проклети сирени .
Станав да помогнам , на сегде имаше малди деца покриени со чаршави , на кој му заврши животот таа вечер , нивните мобилните телефони звонеа но немаше кој да крени . Мирисот. Никогаш нема да заборам како мириса горено тело , ден денес имам кошмари и се будам мирисајки го тој гнасен мирис.
Мама стигна сакаше да одиме дома , нејќев , никој не отидовме дома , помагавме да стигнат до градските болници кој веќе беа преполни и се бараше помош од блиските градови . Во цела трагедија имаше момент на свевтлина , на солидарност , застанавме сите и се грижевме и ако касно , многу касно сепак се грижевме . Таксистите застанаја да возат и носеа луѓе кон болниците , обични сограѓани носеа ќебиња, чај , кафе .

Останавме повеќето пред салата , се баравме , кој фали , која е тука , многу брзо свативме дека оваа вечер ќе не прати цел живот .
 
Експлозија

Седеше на масата во десниот агол...така убава,така грешна,така проклето посакувана.Си играше со чашата полна со текила,цигарата чекаше да ги допре нејзините усни...усни што раскажуваат за секоја нејзина романса и за секој незаслужен бакнеж.Како светот да застана,присутните беа заслепени од нејзината убавина,но знаеја...таа припаѓа само на еден...човекот што беше го купил нејзиното тело уште пред да биде свесна дека може да го држи светот во своите дланки.Со тап поглед го набљудуваше гостинот кој само бараше утеха во алкохолот...не смееше да му суди,која е пак таа?Блудница!-велеа.Неа не и беше важно...животот одамна и се состоеше од љубов за една ноќ,светлина за еден ден,болка за цел живот.Родена кокета...што се би направила за трошка внимание и лажна верност.Но еве го...на вратата се појави нејзиниот господар...не требаше да ја види таа сцена,за него таа претставува премала личност,но преголема опсесија...посегна по револверот...се слушна само како еден невин човек падна на подот во локва од крв...право во челото.Никој не се осмелуваше да му помогне...залудно,веќе беше мртов.Таа-целата збунета...не е првпат да загинат за неа...тој-не првпат убил за неа...ја повлече како стопанот кучето,и исчезнаа со стариот автомобил,нова дестинација,нови луѓе...нови жртви на нејзината проклета убавина.А јас...јас останав на спротивниот агол...сеуште ѕунеше таа експлозија на емоции во моите уши...Цигарата згасна...заедно со животот на кутриот сонувач.
 
...eksplozija...
...koga koshmarite se zastrashuvacki vistiniti,teshko e da se poveruva deka instinktot e toj sto lugeto gi vodi kon omrazata,poveke sega otkolku porano,poradi toa sto tie i realno neznaat kogo da obvinat.
Sedev so ushte nekolku,site nie koi ne vikaa otfrleni i odbegnati,opkruzeni so neprirodnata kruzna platforma vo dlabokata dupka.
Vo momentot jas sakav da pronajdam odgovori,odgovori koi mozea da bidat dadeni samo od boga,i taka prodolziv da chekoram kon svojata crkva.
Mrtvite poveke i nemozea da pochivaat vo svojot mir,a nemozev nishto da napravam da go sopram toa sto se spremalo krvavo prethodnoto utro.
Koga pristignav vo mojata crkva,zastanav vo dvorot.Imashe luge nasobrano koi stoeva naokolu ,nasobrani,opieni od omraza i spremni da ubijat.
Minav niz poznatata vrata na mojata crkva,pozdraven od glasot na zanesenosta,omrazata i opienosta.
Za minuta jas duri i nemozev da prozboram,bev so takov shok,tie go slavea kolenjeto na nevinite,bezpomoshnite i starite.
Oh,gospode...si pomisliv na moment...kade si sega koga najveke ni trebash!!!
I nemozev da svatam deka opieniosta nivna doagashe od chashite koi tie gi pieja,polni so krvta,krvta na site tie nevino nastradani od kolezot koj se sluchi vecherta.
Vo mene se sluchi vo momentot,eksplozija...i izustiv tivko i kako na sebe da si velam...ne,ne mi se veruva...ova ne e patot na boga,neshto uzasno mora da e greshno.
Nekoe vreme zashemeten samo gledav vo podot,kako da mojata svest nekade odlutala,uzasna tishina vo momentot zavladea niz crkvata.
Site ochi bez vpereni vo mene,tie nestrplivo chekaa od mene da kazam neshto,neshto bilo sto,zjapajki vo mene kako krvolochni mrshojadi.
Si pomisliv dali ovaa tishina ke me povede vo mojata sigurna smrt,dodeka niz teloto mi minuvaa chudni,navistina chudni mornici.
Sakav za zaplacham,no nemozev,vistinskata tragedija sto i ka kazev neznam i dali ke ja razberea,premnogu bea opieni i zakrveni od omrazata.
Prodolziv da chekoram,no ovoj pat vo sprotivniot pravec od kade sto pristignav,a vo ushite moi i vo glavata moja seushte ja slusav i mozam seushte da go chujam uzasniot zvuk na taa eksplozija...eksplozija na moite chustva zateknati i producirani od momentot vo koj se najdov...

...Vukovar..negde na pochetokot na krvavite 90-ti...
 
Речиси се прочитав(освен оние кои пишуваа на латиница) и сите сте прекрасни, сите ве сакам(Тоше”трејдмарк”). Но ете 4 дена сепак поминаа од последната тема. Новата тема е... Крвта низ моите вени...
 
Крвта низ моите вени...
Седам сам на ниското столче во празната соба, само тоа остана од целиот раскош кој што го имав. Светлината на свеќата полека згаснува, палам нова свеќа и цигара да направам пауза од пишувањето. Го здогледав шишето со ракија останато од времето кога бил жив дедо ми. Тоа шише ракија требало да се отвори кога јас ќе сум се оженел, но од тоа ништо. Човек без пари е како старо куче, никој не го гледа, невидлив сум. Го отворив шишето, со тоа го скршив и аманетот од дедо ми т.е. сега од татко ми пред да ги затвори очите и да почне вечно да спие. Се напив, почувствував жештина во моите вени, а беше ладно во собата без греење. Пушејќи ја цигарата ми се враќаа слики од детството во главата, колку беше пријатно колку беше убаво. Сите среќни играме на зелената трева, но тоа беа денови без маки без проблеми, денови со пари. Го кренав шишето ракијата почна да тече низ моето грло како вода, не ја чувствував повеќе затоа што бев далеку повеќе од пијан. Догорчето од цигарата се изгасна, а тоа беше и мојата последна цигара. Почнаа солзите да ми течат додека ги гледав сликите од мојата глава како весело се движат, беа исполнети со живи бои а јас бев темен, тажен, осамен. На крајот станав од столчето, но набрзо паднав на подот. Нечувствувајќи ги нозете, ниту пак лицето помислив што всушност имам јас во моите вени. Дали имам крв, или имам алкохол? Тоа не е важно, ги затворив очите, заспав. Ме разбуди тропањето на вратата, беше газдата со двајца полицајци кои ме истераа од собата. Останав на улица, питав за да купам ракија, крадев за да јадам. Бесмилен живот на еден уличар, заспивав до контејнери секоја вечер плачев, солзите ми беа солени, а крвта остана кисела. Кисела како ракијата, болна како душата.
 
Крвта низ моите вени

Ете, дојде и тој ден, денот кога ми е тешко зошто низ моите вени тече ладна крв.Од како знам за мене, ладнокрвноста беше особината која најмногу ја сакав, ја ценев, ја ставав на педистал и сега...и сега ми е жал за таа ладна крв која тече низ моите вени.
Почнав да чувствувам, и ладното да станува врело...па се прашувам, дојде и денот...кога ја проколнувам крвта во моите вени.
 
Крвта низ моите вени...

Нов изгрев на сонцето,нов ден...се будам како по обичај во зори,стресот и грижите си го прават своето,и погледнувам кон прозорецот....овојпат небото беше црвено...крваво црвено...
Ех,да знаев добро да сликам,да ја претставам оваа мешавина на љубов,себичност и самољубие...навестуваше водење љубов на стрелките на часовникот уште пред да биде откриена нивната тајна врска.
Веќе ни утрата не се исти како што беа...неволно го испив кафето со медените колачиња и се упатив на моето место...каде што размислував за странците во ноември,што во нивните срца цутеше мајот.
Сепак,дозволив веќе добропознатиот музичар повторно да ме скамени со нотите кои ми ја парчосуваа душата.Ми се допаѓаше тоа...затоа што не чувствував ништо.Во тие моменти настапуваше безгрижната јас,онаа која утринската роса ја вознемируваше нејзината постела,а твојот мирис и беше покривка.Девојката со брановидна коса која ветрецот обожаваше да ја прави толку едноставно комплицирана...Крик на маестрото.Пакт со реалноста.
И кога веќе бев на дофат од твојот допир,почна да шепотиш-''мини ја ноќта со месечината,зошто кога ќе изгрее сонцето,ќе се изгубиш во далечината''...А јас веќе зашеметена од поленот што делуваше како дрога во моите вени,сфатив дека сонувам со отворени очи.Се прашував кој си ти и со што предизвика да се почувствувам жива,и така се изгубив помеѓу насликаните маргаритки и чашата црвено вино во ноќта...во потрага по тебе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom