Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Кога би знаел дека не ја сакам: или како сфатив дека е поубаво кога е ладна


Седиме ние,
Дрнкачи светски,
Пиеме од нектарот.

Срцето ми бие,
посилно за тебе,
посилно од тебе
Коф, коф,
Кофеин.

Ми ги абиш, коските.
Мојата љубов е силна,
ме јаде знам твојата
ортофосфорна киселина.

Ти си мојата кока,
кока кола,
најладна,
најубава,
највистинска.

Не си како тоа
педерското,
тоа грдо Пепси.
Кога би знаел дека не те сакам,
или евентуално
Свето ако раскине договор
би го пиел
иако содржи
синтетички ванилин.
 
Кога би знаел дека не ја сакам...
Здраво за готово јас би ја зел.
Би и ги симнал ловориките,
и би ја ранел со пелин.

Кога би знаел дека не ја сакам...
Би живеел за себе.
Би копал злато.
По клисурите на Мисисипи.
Од висините на Мачу Пичу
би вдишал свеж воздух
со половина гради.

Кога би знаел дека не ја сакам...
Или подобро,
кога не би ја сакал никогаш,
би и ги крател крилата,
би и ставил невидливи окови.
Ништо намерно, навидум.
Не би и рекол никогаш “Извини”.

Кога би знаел дека не ја сакам
И дека и таа некогаш има запек на газот
И со црвено лице и скислен поглед
седи на вц шољата во сината магична соба...
Би знаел дека сум достоен за неа.
Па, и Јас користам двослојна хартија.

Кога би знаел дека не ја сакам,
не би знаел што сакам.
Таа би знаела дека не сакам да сакам,
а јас ништо не сум ни сакал.
Па како би знаел да сакам,
и да знам дека не ја сакам?!

Е, само да би знаел дека не ја сакам...
И да сум сигурен во тоа што го знам,
ќе направам несвесно и слободно
Се што некој прави кога знае дека не сака.

И тогаш... таа ќе ме сака.
Но јас неа не.

И сега што?
Ќе лежиме гладни како уморни хиени,
Вампири кои цицаат се од себе.
Наизменично. На смени. Бараме жртва.
До нас, или во нас. Сеедно...
Да ја исцедиме.
До последна капка. До смрт.

Кога би знаел дека не ја сакам...
 
Диши, само диши…-ги отворив очите само за миг, но се беше матно, видов непознати лица наведнати над мене, и ја видов НЕА, со шокиран израз на лицето.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Беа тоа слатките 70-ти години. Се во градот беше во знак на премиерата на новиот филм за Џемс Бонд, така и јас веќе 30-тина минути стоев во редица пред шалтерот во желба да стигнам до тоа скапоцено парче хартија. Наеднаш есенскиот поветарец го симна качкетот од мојата глава. Се свртев да го побарам со поглед, и тогаш ја видов НЕА. Веќе беше наведната, го собра качкетот,и со насмевка ми го подаде. Од возбуда не можев ниту да и се заблагодарам. Се обидував веќе подолго време да стапам во контакт со неа, но сите досегашни обиди беа безуспешни.
Воопшто не бев срамежлива особа, но нејзиното присаство едноставно ме правеше нервозен. Се обидов на брзина да се снајдам.
-Пред Вас сум во редица. Сакате и за Вас да земам билет?-
-Секако. Но те молам, немој да ме персираш. Се викам Ирена.-
-Јас сум Драги, мило ми е.-Се представив со неспретна насмевка.

”The Spy Who Loved Me” беше вистински спектакл. Ирена слатко се смееше на рафинираниот хумор на големиот Британски џентлмен Роџер Мур. Весело ги грицкаше пуканките што ги купив пред влезот на кино салата, додека јас скришум и се дивев на нејзиниот лик. Иако беше под 20 годишна возраст, веќе беше прекрасна жена. Долги нозе, тенка половина, бујни гради. Имаше се, освен желба да му го поклони своето внимание некому, особено не на скромно момче како мене. По завршувањето на филмот, стана и си замина без поздрав. Станав од столчето со длабока воздишка, и се отиснав во ноќта.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------
Јуни 1982 година.
На телевизорот само што заврши првиот меч од Светскиот Куп. Ја испратив веселата дружина од станот, и се вратив да го исчистам столот на кој што доминираа пивските флаши, и расфрланите кикирики. На радио јавија дека со предавање на Аргентина, заврши Фолкландската војна. Во тој момент се огласи ѕвончето на влезната врата. Претпоставував дека тоа се новите комшии во станот до мене, ги слушнав женстурачите во двор како зборат дека денеска требало да се всели еден млад брачен пар. Штом ја отворив вратата во станот фуриозно влета млада жена, со флаша ефтино вино во рака. Иронијата пак си поигра со мене. И покрај тоа што беше во полу-пијана состојба, не и беше тешко да ме препознае.
-Те знам тебе!- неконтролирано смеејќи се на мојот бескрајно запрепастен лик.
-Ми треба телефон да викнам мајстори, бојлерот е цркнат-.
Сврте на неколку места, и повторно искочи без поздрав. Беше уште поубава, позрела, понежна отколку кога ја видов последниот пат во кино пред 5 години.

Мажот и беше некој насилен тип. Не ретко се случуваше да ме разбудат преку ноќ со нивните караници. Ја гледав кроз ”шпиунката” често како плакајќи заминува од станот, додека мајмунот сеуште се дереше и кршеше се што ке стигне.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Фебруари 1983 година

Ме разбуди ѕвоното.
Станав,и онака во по гаќи отворив криејќи се позади вратата.
Без збор влета во станот и застана поред мене. Се тресеше од студ. Наеднаш ја соблече пижамата и ми рече;
-Земи ме. Ова го сакаше, не ли?-се насмевна задоволна што повторно успеа да ме запрепасти со своите постапки.
-Маж ми е на терен, не се плаши, нема да знае-
Не чекав да ми каже двапати, ја грабнав во раце и ја однесов во спалната.
Како по обичај, си замина без поздрав сабајлето.

Пред враќање дома, скоро секој ден ќе свратевме на чашка-две во кафаната што ни беше узпат. Под впечаток на предстојните најавени реформи во фирмата, колегите го фокусираа муабетот на брифингот што сабајлево шефот го одржа со нас. И покрај тоа што работата ми висеше на конец, мислите ми беа фокусирани на неа. Сеуште го имав вкусот на нејзините усни на моиве додека нејзиниот мирис сеуште циркулираше низ моите ноздри.
Ја испив чашката, го грабнав палтото, и заминав. Момциве ионака не ни забележаа дека сум одсатен.
Му платив на таксистот и веднаш на влез во зградата ја слушнав како вреска барајќи помош. Во неколку скока се најдов пред нивниот стан. Заѕвонив еднаш, двапати, трипати, и почнав да тропам по вратата. Тој ја отвори вратат држајќи ја за коса, и кога ме виде мене веднаш ја затвори вратата. Го слушнав како и вика;
-Овој ли шмокљанот ќе ти помогне?- и продолжи да ја шамара.
Сега веќе го загубив трпенитето, па почнав и со клоци да мавам по вратата. Штом слушнав дека повторно се доближува, ја отворив незаклучената врата, и го плеснав со глава у лице, следено од десен директ во предел на неговата носна коска. Падна на паркетот со болна гримаса на лицето.
Во тој момент, Ирена ме истурка надвор од станот и почна преплашено да вика;
-Да ли си нормален? Ќе не убие и двајцата! Бегај, те молам!-
Нејќев ни да слушнам за тоа. Кога само би знаел дека не ја сакам, сигурно веднаш би заминал. Но таа ми беше единствена особа со која во тие ретки моменти коа бевме заедно се чувствував комплетен. Уште од првата средба пред киното знаев дека само со неа можам да ја најдам загубената смисла за животот. Немав намера да му дозволам да ми го одзеде единствениот сон што го имав.
Во меѓувреме таа во паника ме истурка веќе до влезната врата од зградата. Улицата беше преполна со луѓе кои што апсолутно незаинтересирано делуваа за нашата драма што се одвиваше директно пред нивните фаци.
-Бегај-ми рече со плачлив глас.
-Бегај додека не биде касно…не го познаваш, не е нормален-токму на крај на оваа нејзина реченица се слушна истрел.
Паднав како покосен.
Се разбудив после неколку минути долги како векови.
-Диши, диши!!- Слушав од сите страни. Кои се овие луѓе? И зошто не ми е студено? Види ја само нејзе. Дури и усните и се помодрени. Истите тие усни што мечтаев да ги бакнувам уште вечерта кога ја видов пред кино.
 
Кога би знаел дека не ја сакам...

Требаше да предвидам дека розите ќе овенат...требаше да го видам крајот на летото во твоите очи...требаше да те слушнам кога рече`добра ноќ`-всушност мислеше збогум нели?Зар не е иронично како никогаш не научи што е пораз?Но знаеш...ти всушност си на коленици додека мислиш дека цел свет е твој.Но само будалите знаат се-а јас го играв тој будала за тебе.Плачев и плачев...имаше ноќи кога умирав по тебе.Се обидував и обидував да одречам дека твојата љубов ме доведе до лудило.Мислев дека ќе го поднесеме тестот на времето...но ние бевме само легенди во мојов живот испреплеткан со болни фантазии...изгледа бев слеп.Се сеќаваш на ноќта кога танцувавме на маскенбалот?Кловновите носеа маски што не можеа да изневерат.Јас и ти бевме одметниците...некои работи никогаш не се менуваат.И сега е тажно зошто сето она што го имавме не вреди да се спасува.Кога само би знаел дека не ја сакам...да ја видам за последен пат...да и кажам дека нејзиниот лик престана да биде мојот поглед на светот...-би се уништила сета моја болка.Но на поетите им треба болка...а јас без муза не можам да творам.Па затоа биди моја инспирација оваа вечер...уште само оваа вечер.
 
Надеж, истрајност до последна капка возможна крајност, потпомогнати со силната желба за авивирање на она што може да се доживее како прекрасна слика на нешто што всушност никогаш и не постоело.
Сомнеж, јанѕа до точка на разголена претстава за она што значи уништување и откажување, турнати на површината од раката на едно мало неродено нетрпение кое секогаш притискало, а истовремено и не постоело.
Полутемнината, некаде скриена меѓу црнилото на вечната мечта, убаво покриена со густината на мракот, лесно допрена со врвот на избраздената ивица на трпението, лесно се превиткува и се труди да најде проѕирка за да почувствува барем снопче светлина. Ја нема, се губи, згаснува, трепери под силната потреба да биде зачувана, но останува како смачкана и затворена однадвор. Наречи ја полутемнина или темнина, сеедно е, темно е, тажно е.

Наеднаш - блесок!
Миг на разбивање на сите создадени стиснувања на грло кои пречеле да биде кажан збор, момент на рушење на сите ѕидови изградени пред душава кои стоеле како бариера за слобоен воздух, можност за отворање нови порти кои ќе покажат светлост која ќе навлезе во срце собрано од грижи. Во едно се стопува, се пренасочува кон затворање очи и доживување кое не може да биде вештачки создадено.
Почувствував распрснување до најситното делче од битието, почнав да се движам кон себе, дозволив секој зрак да навлезе во мене, дојде ослободување од сите добиени и наметнати креации на тагата. Тогаш дојде она вистинското олеснување, успеав да ѕирнам длабоко во себе и да признам дека не ја сакам, испуштив силен крик кој раздвижи се` во мене, дознав дека среќата хаотично го облеала целото тело, го доживував она на кое ретко се сеќавав и давав можност да ме исполни.

Кога не би мислел само на себе и кога би погледнал во мене за вистински да ме познаеш, за да се потсетиш што не би сакала да ме обземе - не би дозволил да завладее со мене.
Кога би поверувал во она што ми ја притиска душата и ми го дави зборот, во она што ми го заматува погледот и ми ги влажни трепките - не би ја претворил во река во која ќе се капам.
Кога би знаел дека сакам да блескам додека чекорам по алеата на сопствената можност за среќа, кога само би ги видел од страна тие божури кои чекаат светлина за да процветаат - не би ја турнал накај мене за да стане абажур.

Кога би знаел за што зборувам.

Само кога би знаел дека не ја сакам. Тагата.
 
Кога би знаел дека не ја сакам

Кога би знаел дека не ја сакам, животот би имал убава страна и текот на водата повеќе би го ценел.
Би дишел како што треба, би пеел, би играл, кога би знаел дека повеќе не ја сакам.
Дека нејзината тага не ми е важна и дека нејзиното присуство не ме боли.Дека нејзините очи се како на секој друг, дека нејзиниот глас не го слушам дури и кога спијам.
Кога би знаел дека не ја сакам, би играл со нејзината душа како таа со мојата, не би плачел зошто таа плаче.
Кога би знаел дека не ја сакам, би бил слободен...
 
Кога би знаел дека не ја сакам, денеска ќе отидев на работа.Кога би знаел дека не ја сакам, ќе си го измиев лицето и ќе облечев чиста кошула.Кога би знаел дека не ја сакам, мојата жена немаше да мора да ги крие модрите траги на лицето.Кога би знаел дека не ја сакам, ќерка ми немаше да го проколнува фактот дека ми е ќерка.И не ќе бев должник во секој дупка со натпис "ресторан". И мојот црн дроб не ќе имаше структура на решето.И наместо во кутија под кирија, ќе живеев во стариот стан кој мирисаше на неделен ручек.А можеби дури, наместо пародија на зборот човек, во одразот на огледалото ќе гледав вистински човек.
Но сеедно.Кога мојата,божица,ракијата,ја гали устава,заборавам на се.И знам само дека ја сакам.
 
Кога...би знаел дека не ја сакам...ќе пробам да ја засакам пак. Бидејќи љубовта ме прави глуп. Ме прави идиот. Кога сум заљубен се е можно и се' ќе се оствари. Па ако треба и, самата логика која го држи целиот универзум во рамнотежа, со сета негова слава и моќ, ќе се распадне...вака...пуф!

И тогаш пак ќе бидам на почетокот.

Свртувањето.

Погледот.

Насмевката.

*blush!*


Пријдувањето.

Преминувањето на улица.

"ум....Здраво!"

....останатото е историја.
 
Повеќе и не е важно. Дали јас ја сакам, таа го сака него или јас ги сакам сите?! Само знам дека миговите во кревет пред главата да ми стане доволно тешка ги поминувам со нејзиниот лик. И ете, се правам себе си луд, ме прават и другите но ко за инает не си оди. И овчичките кои ги бројам го имаат нејзиниот лик. И затоа секоја вечер не можам да заспијам со часови. Станувам рано, и одам мамурен, ненаспан и како да сум спиел во поткровјето на едни мои соседи што одбираат да ги решат домашните проблеми на стандарден начин, кој ќе скрши повеќе чаши и ќе разбуди повеќе пензионери.
Денес станав рано. Дадов отказ, и воопшто не отидов на работа. Направив кафе и седнав да се пребројам. Тоа е тоа... толку. Од денес, нејзиниот лик го заменувам со нов лик. Девојката која ја запознав минатата вечер е мојата идна опсесија, тешко е, но барем да сменам... Од денес ќе ја сонувам само неа...
...Драги мои, никогаш немојте да преминете од трн на глог. Од денот кога го дадов тој отказ помина цела година. Новиот лик дури и повеќе ми ја замати главата. Ако веќе се симнувате од трнот... поминете период без растенија. Болка има во секој момент, пробајте да избегате од неа...
 
Поминувам една долга патека која го сече моето срце на два дела. Во едниот дел ги чувам сите што неизмерно ги сакам. Мојата најблиска фамилија,моите најблиски другарки,периодот од мојот живот во кој сум сега,сонцето што ме удира низ прозорецот,балоните и виножитото! А во другата половина...повторно сите и се што сакам! Па нели,срцето е мало за внатре да сместуваме луѓе и нешта што не ги сакаме. Тие никогаш не биле добродојдени таму.
А срцето е големо кога сакаме многу луѓе и кога имаат доволно насмевки за да добијат виза за таму.Во другата половина ги сместив музиката,природата,водата(заедно со плажите),годишните времиња,патувањата,чоколадото и нормално - моето детство.
Низ сето тоа ровари како црв низ јаболко една персона нон грата.
Кога би знаел само колку не ја сакам неговата одвратна насмевка и мирисот на неговото присуство на земјата,па камоли до мене,сам би исчезнал.Без да кажам,без да речам. Но наместо тоа,како заинает јас добивам дупло од тоа што не го сакам. И тогаш пејам!
Тогаш добивам сила да ги кренам едрата на мојот брод и да отпловам онаму каде што ќе си го соберам паметот,ќе го видам виножитото....и ќе држам балони во рацете!
 
Бевме двете на журка , досадно ни беше , седвме на шанк и се договоривме уште една пијачка и одиме понатаму. Пиевме текила и се појави ТОЈ , двете го забежавме и извикавме: Ајкенди десно и се смеевме.Колку само една особа можи да крени една журка, наеднаш све стана по занимливо.
Добивме контакт , се намсеа слатко , го памтам погледот прв како вчера, уште се наежнувам кога ќе се сетам.Дојде кај нас на шанк , развивме некој празен муабет ама мислите мие беа на друго место. Го следев со поглед , го соблакав и си викав сама на себе , Ана смири се ..
Вики ме тргна да одиме до вц , станав пробав да одам заводливо , смешно пошто цел живот имам женствен од без да обрнам внимание ама сега сакав да сум необична , да сум секси.
Вики прва отвори уста : Стассе се заљубив , како е можно , ја прашав така збунето ?
Не знам ама знам дека го сакам , се заљубив , ми одговори среќна .
Нејзините зборови ми стружеа како нож . И јас го посакував , ама ги знам не иштампаните закони , која ќе фрли око нејзин е , нема гибање. Се осеќав силувана и јас го сакав , го сакав ептен...Добив креч на стомакот , па зарем не примети дека со Дејвид исто дишеме?
Се вративме на шанк , тој ја примети промената , јас бев тивка , не одземав веќе место ..
Ја допив пијачката и си викнав такси , се извинав и заминав .
Пробав да не мислам на него . Вики од друга страна блескаше од среќа , се радував за неа и ако се осеќав празна. А Дејвид и јас бевме на секоја средба коректни и ако во неговиѕе очи имаше страст и желба .
Едно сабајле ме разбуди Вики , пискаше од среќа , Дејвид ќе се селел кај неа , ке почнеле живот заедно , и честитав и се извинив деќа ми звони на врата.
Тука стоеше Дејвид , и со солзи на очите ме молеше : Стассе , те молам спречиме да запустам два живота , те сакам , те сакам од кога првиот пат те видов ..
Збунета , сакав да го гушнам и да му речам дека се ке биди ок , ама се проколнувам уште , јас бев слаба и ја сакав Вики. Кога би знаела дека не ја сакам се ќе беше лесно , но јас ја сакам . Ја жртвубав мојата среќа за нејзината ..
Го избркав Дејвид , бев лоша и оштра со него , многу по оштра од што сакав ама морав иначе ќе паднев и ќе и нанесев на другарками болка .
Тој ја има неа , ќе биди ОК , а јас кога ќе се научам да земам простор во овој свет е тогаш и јас ќе бидам среќна.
Крива сум за своите солзи , крива за све ...
 
КОГА БИ ЗНАЕЛ ДЕКА НЕ ЈА САКАМ
Животот поделен на неколку стадиуми, дете тогаш ништо не ти е важно, само да имаш другарчиња кои сакаат да играат фудбал, граница, жмурка. Период во кој нема грижи, ни дали си напишал домашна ни дали си отишол во школо, ама апсолутно ништо, одиш во забавиште таму јадеш си играш, боиш, црташ, спиеш пак јадеш и си одиш дома среќен. Дома те чекаат мама и тато среќни затоа што и нивното дете е среќно. После овој среќен период следи оној пост-детски т.е. периодот на почетоците на школството. Тој е еден од потешките периоди, почнуваш да учиш а не си навикнат, сакаш надвор да играш фудбал да трчаш низ дворот на зградата, а ти мораш дома да учиш. Ако нешто згрешиш твоите родители почнуваат да те караат. Но најтежок период е оној доцно-адолестцентски т.е. периодот над 16та година. Тука почнуваат љубовните маки, најтешкиот период. Не ти се јаде, не ти се учи животот го даваш за некој друг. Ја сакаш не те сака, патиш. Ништо не е важно колку што е она, едноставно да можеш целиот свет би и го дал, само да ти каже дека те сака дури и да е вештачка љубов. Те сакам, свати ли? Не можеш да се одлучиш што е важно. Колку повеќе трчаш толку повеќе те одбегнува. После макотрпното маратонско трчање се уморуваш, неможеш повеќе... можеш да го одбереш оној глупавиот начин т.е. да си го одземеш животот. Може да земеш и малце здив и пак да продолжиш да трчаш, но на крајот застануваш. После толку долго време толку депресивни моменти во животот, се запрашуваш дали ја сакаш или не. Само кога би знаел предвреме дали ја сакам...
 
Флеш расказ на темава.

Во '87 ми трансплатираа коса. Како и се и таа мирисаше на пепел до денот додека не умрев. Имав свилеста коса од девојка погината во сообраќајна несреќа.
 
Реплика на флешот на Бада:

Беше поет. Гледаше ѕвезди во шахтите. Го удри кола, и не виде ништо. Кога стигна горе стана сметководител.

Sith
 
Седам на исто место веќе цело утро.
Се борам со инспирацијата и желбата да плачам бидејќи тој е ефектот што ова време го има на мене. Небото е сиво и тешко..со дебели црни облаци. Тешко е..како да сака да падне и да плаче со мене.
Што правам јас?
Се фаќам себеси како претурам по поштата на мајка ми бидејќи мислам дека го изневерила татко ми.
Некогаш... Ама јас само така мислам. Тешко докажлив факт е тоа нели?
Плачам..Си го барам шамивчето во ракавот...го чувам таму секогаш бидејќи често плачам. Ме притиска небото одозгора како товар. Ме притискаат еден тон факти кои не сакам ни да помислам дека се вистина. Барам излез,ама излез нема. Се прашувам што правам,како сум способна да правам вакво нешто,но и покрај тоа јас упорно претурам страна по страна,и-мејл по и-мејл.
Нешто ме тера упорно да го правам тоа... Некој гнев ми плови по капиларите и вези тантела од мојата тага. Солза по солза,бисер по бисер,кристал по кристал..до бескрај. Паѓаат ко суви лисја од есенско дрво и ми ја оставаат душата празна ко сува гранка.
Не е се розево во мојот живот. Во ничиј не е.
Се чуствувам празна. Ми се плаче од секоја насмевка што ја гледам бидејќи знам дека е доволно само да кажам и ништо веќе да не биде исто. Ама не можам. Таа ми е мајка.
Кога би знаела колку не ја сакам таа песна...сама би сфатила кон што целам.
Таа песна ми држи лекција од првиот пат кога ја слушнав..

Само доаѓа,никој не прашува..
И се убаво претура во сиво..
Ништо човек тука не може..
..кога неверата ќе ти го допре животот.

Кога неверата..кога неверата..
Сега ме тера..да се спасам..па
да соберам памет и јажиња и
да врзам што мора да се врзи.

Што пукнало еднаш..на два дела..
Само времето може да го излечи..
А баш сега..кога мислев дека се имам..
оди таа која највеќе ми треба..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom