Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Дождливо утро, некаде 6 и половина пред официјалното будење во 6 и 45.Не сфаќам,зошто мора точно во толку часот,зар не можат да си пружат 15 минутно уживање во кревет?
Обожавам кога дождовните капки рамномерно паѓаат на стреата,и така стара и расклатена,што не ти дава мир.И тоа го правеше целото утро посебно-излежување во бучниот кревет,кој на секој мој напад се закануваше дека ќе забоде федер во нозеве,од радио-будилникот се слушаа The Cure сo Lullaby,и кратките сеанси со Едвард,пајакот кој се вгнездил над мојата глава.
Му завидував.Беше голем,имаше нозе пута четири,и кревет без федери.Аристократско име.Безусловен луксуз во мизеријава.
Се плашеа од неговата...па не толку приметлива појава,но сепак доволна да засени.Му се закануваа милион пати дека ќе му извршат атентат.Кутриот.Или грдиот?
Од него научив многу работи.Не е важно колкав простор поседуваш,туку важно е да си бидеш господар на своја територија.Не напаѓај без план,биди прецизен,брз и ефективен.И неприметлив.
Малиот не знаеше во што ме претвора.А беше нем,не знаеше да зборува,иако мислам дека намерно молчеше.Ми пречеше кога некој ќе ме вознемири во мојот таканаречен умствен монолог,и изгледа ме сфаќаше.Или само ме претвораше во негова жртва?Зависник од неговото молчење и грациозните движења по пајажината која претставуваше наше исповедно катче.Таму добивавме прошка за сите наши гревови.Сите мои убиства.
Седум и четириесет и пет.Проклетство,морам да станам.-`Чао Едвард,чувај се...и кажи ми за заробеничката во аголот вечер,договорено?`
Не ме слушна.Беше презафатен со себе.
Се разлутив....а колку внимание му посветував,а тој не сакаше ниту да ме поздрави.
Ја подадов раката кон тие лепливи мрежи,во потрага по него.Без да му оставам да си го каже алибито,го згмечив.Чувството беше прекрасно.Тој,во мојата рака,испушта здив...
Оттогаш трагам по тоа чувство,но не сум го пронашла се`уште.Можеби затоа што не се приврзувам за жртвите,туку директно напаѓам.А тој ми беше пријател.

И додека го пијам горково кафе,повторно на радио се The Cure.
Another night in my bed...the spider man moves closer now,closer to window...and he's always hungry.Hungry for revenge.
 
Бев мала и ништо не знаев за светот околу мене. Тогаш те запознав тебе. Се беше толку детско, наивно... Ми правеше венче од цветчиња, заедно го шетавме тоа мало кученце..трчкавме безгрижно низ големите и пространи ливади, се качувавме по дрвата... Ах, колку спомени ме врзуваат за тоа место.

Секоја година со нетрпение чекав да дојде 10 јуни и да отидам во село. Знаев дека таму ми е најубаво, дека најубаво ќе си поминам баш таму. Ама таа година имав некое чудно чувство кога помислував на тебе. Нешто се смени, имав некое чудно претчувство дека ништо нема да биде како порано кога ќе те видам...
А така и беше. Беше посрамежлив тоа лето. Не дотрча кај мене како секогаш кога ќе ме видеше дека доаѓам. Се држеше на некоја чудна дистанца. Не разбирав зошто е тоа така...барем на почетокот. Потоа ми стана јасно. Ми подари цвет и ми кажа што се променило. Па не беше тоа страшно и јас го чувствував истото. Се сетив на нашиот прв бакнеж...Беше под тој стар орев и под една пајжинка. Колку смешно делуваше тоа во моментот. Па всушност ние самите се фативме во таа пајажина која самите ја исплетовме. И се повеќе се замотуваме во таа иста мрежа со текот на годините.

Но... Секогаш постои по некое но, во секоја животна приказна. Пајажината се скина. Можеби и тоа не беше толку тешко. Најтешкото следеше потоа. Ти се замота во една друга пајажина. Само во таа беше само инсект од кого имаа корист, го замотаа и заслепија за на крајот да го нема. Да не гледа, да не слуша, да не живее...
И така завршија нечии неостварени сништа. Ти нема да видиш што се случи со нашиот орев и нашата пајажинка. Никогаш веќе нема да ми подариш цвет, ниту пак ќе ме прегрнеш онака пријателски. Се поради онаа убаво изведена, совршена замка.
...only for you...
 
Како беше она.... Блиц расказ на темава.

Од мал го учеа да биде фраер. Мачо, набилдан хартбрејкер. Му ги депилираа веѓите, го праќаа на билдинг, дури и му го корегираа носот на пластичар. Не смееше да јаде хамбургери, дури ни за роденденските забави на другарчињата. Го читаше блогот на Букарски, сам си праќаше смс-и на тв после 12 сатот (во летниот период- во школска сезона тоа го правеше многу порано).

Се чинеше дека малиот веќе е избрусен и спремен за во излог. Го пратија на одмор. Во торбата му ставија крема за самопотемнување, масло за појак абдомен, кредитна картичка и огледало.

Долго работеа на него пред да го пуштат во промет. Сепак, не му кажаа дека не е убаво да носи пајажина по мишка.

Никогаш повеќе не отиде на плажа.
Умре после 69 години во старечки дом во Финска, побел од снегот околу него. Сепак, стомакот му остана цврст до самиот крај.



*Виктор, извини бачко.... Ми треба време да се вратам во форма :)
** Skorpio, извини и ти. Што не употребив "љубов" нити еднаш во блиц расказот.
 
Pajazina

Ne taka odamna velea starite postoeshe edna legenda . Legendata za izvorot. Covek moze da zaluta nekogash i tamu daleku od edna visoramnina ke go pruzeshe pogledot i ke zabelezese dva dola a pomegu niv postoeshe izvor. A nad nego gusta shumicka od smreki i borovi . No pomegu dolovite veke nikoj odamna ne pominuvashe da zagnjuri vo izvorot . Se zboreshe deka veke od pamtivek e presushen . Taa vest slucajno od nigde nekade ja naslushnaa pajacite . Poleka i strplivo ispletoa golema pajazina pomegu dolovite i bea srekni bidejki presuseniot izvor ke ostane zasekogash nivni.

Ponekogash nekoj zalutan djin koj mirisashe na sirenje ke zalutashe pomegu dolovite izvikuvajki : Lady , Lady dali si seuste tuka ?

Pajacite samo zlobno se smeea znaea deka ke nema odgovor. Nepresusniot izvor vo koj veke nikoj ne vnurnuva ke ostane zasekogash samo niven.

Naravoucenie : pajacite ne sakaat vlaga ...pletat kaj e suvo :)
 
Пајажина


Во градот каде што живеев порано, недалеку од овој, посебно посакуван од младите кои мислеа таму е добрата идинина имаше еден стан. На еден другар. Го беше наследил од дедо си, кој пак го добил
од тогашната власт. Како и да е, тој стан имаше проблеми со греењето. Секој почеток на грејна сезона со денови вревеа цевките, клокотеше вода и на крај - ништо. Радијаторите остануваа ладни исто како деновите претходно. Имаше момчето електрична греалка, за студот не се грижеше и долги години не викаше мајстор затоа што нејќеше да се расправа со нив. Но, една година на почетокот на октомври кога се активира греењето во градот, кога со вода се полнеа цевките низ зградата и кога Игор, така се викаше момчето, знаеше дека ќе почне вревата - вревата реши да не дојде. Седеше тој цел октомвриски ден дома, чекајќи во секој момент да слушне лупање и мистериозен гнев на радијаторот, но ништо не се случи. Немаше да знам доколку не ми се јавеше избезумен тоа попладне.
- Каде е? Не е можно да ја нема, секоја година е исто!
Ме избезуми Игор кога ја дигнав слушалката.
Се разбравме потоа со разговорот и јас отидов во неговиот стан. Се беше исто како минатиот пат кога бев, освен што Игор ставил голема слика од својот покоен дедо на ѕидот.
- Ете - му реков и покажав кон фотографијата - Може бил духот на дедо ти и сега е конечно мирен. Откако го остави неговиот лик да живее тука нема веќе да биде лут.
- Мирен!? Мислиш со дух е работава?
- Ами што е, зар не мислиш и ти дека е нешто натприродно?
- Па не знам ама дух не е сигурно.
- Е зошто да не е дух?
- Прилично мрзлив дух кој се појавува само на почеток на грејната сезона и го снемува следните триста и педесет денови!
- Да не си лут зашто стално плаќаш за парно а немаш, а сега ти го нема и лупањето?
- Па нормално. Сега би било полошо доколку дојде и топла вода и имам греење!
- Чуден чоек си ти Игоре. Не те сфаќам што сакаш.
- Кажи ми која е веројатноста проблем со парното спонтано да се повлече после којзнае колку години?
- Мала, што знам.
- Која е веројатноста дух да се откаже после закачување на тупава фотографија?
- Па не ги познавам баш духовите.
- Никаква! Дедо ми не би бил таков дух, дедо ми ги убиваше бугарите во војната не затоа шо беше гневен, нити за правда туку дека можеше - дека имаше власт! Доколку дедо би бил дух, би правел многу по чудни работи. А друг дух не е. Што би барал?
- Е што е тогаш со цевките?
- Не знам! Но, планирам да дознаам!
После заминав јас дома,а тој рече дека ќе се посвети на задачата. Следниот ден му вртев ама не ми дигаше. Сакав да мислам дека е излезен, како ја заборава опсесијата уживајќи во девојки, пиење, шах или нешто друго ама ме јадеше од внатре дека тој е таму, како ги наслушува ребрата на радијаторот, чекајќи нешто! И следниот ден го немаше се до вечерта. Во девет или десет часот примив ваков повик.
- Ало.
- Да?
- Јас сум.
- Игор?
- В...вчера ги расклопив радијаторите, одвртев цевките. Ништо немаше, само црни шуплини. И заспав на столицата во дневната затоа што цел ден со тоа се занимавав.
- И?
- Кога се разбудив осетив присуство во собата. Лево-десно погледав, сегде околу мене и никој немаше. Се завртев кон таванот и го видов.
- Кого? -се заледив.
- Најголемиот пајак на светот. Колку и да телото му беше одвратно, влакнесто и грозната поза наопаку, неговите очи беа мили. Најмилото нешто на светот. И ми прозборе со најсилен и најпрекрасен глас што имам слушнато. Ми рече 'Игоре ти не си нешто при себе. Зошто е тоа така? Многу се опседна со звукот од цевките ' Јас со подотворена уста стоев така пола минута не знајќи што да правам. Да бегам си реков не е арно, имам пајак што зборува во собота. И тоа најфиниот пајак што зборува. Стварно беше фин иако гласен! Па му одговорив покажувајќи голема почит затоа што нејќев да го исплашам, многу беше голем пајакот! Му реков 'Пајаку, господине, не знам зошто така ми кажувате ама јас имав звуци и не знаев од кај доаѓаат а оваа година ги немаше и отворив све и расклопив ама ќе склопам се ако сакате, ако ве смета '. Пајакот слазе по ѕидовите, ја наведна главата, повторно ја дигна, ме погледна со милите очи и почна 'Но, не. Јас не те знам кој си толку добро. Само по име те знам и знам дека не си при себе. Видиш и јас бев човек ама сега сум пајак и правам пајажина. Ти што правиш како човек?'. За да ќарам на време му реков 'Размислувам', но знаејќи дека овој пајак е поумен од сите други пајаци ја сведнав и јас главата, па ја дигнав внимателно и реков 'Извини'. Се насмевна пајакот и пак ме праша 'Дали си бил таму?'. Зачудено го погледнав па и јас го прашав 'Каде таму?'. Пак се насмевна и пак ме праша 'А колку често ти е здодевно?'. Не знаев што да кажам, не знаев зошто прашува, ми забега погледот кон прозорот. Надвор биеше сонце, тука имаше пајак кој ме прашуваше колку често ми е здодевно. И изустив, несвесно 'Ретко ама се случува'. И срипа пајакот 'Значи имаме проблем. Човек што ретко му е здодевно не ги отвара цевките'. Сега чувствував како ме осудува и му свикав малце 'И што дека ги отворив цевките, мој стан, мои цевки! Па знаеш од кога не сум почуствувал греење од радијаторот за кој плаќам!?'. И ми рече 'За пајак кој живее во темен радијатор немам многу знаење ама можам да направам нешто. Може ќе ти стане досадно ама ќе го гледаш моето мило лице. Знам дека мислиш дека ми е мило. Јас и ти ќе одиме на еден остров сега. Со авион. Ќе ме чуваш во куферот, ќе изгледам најмило и најбезопасно за обезбедувањето на аеродромот. Никој нема ни да се посомнева кога ќе ти се тегне мрежа од него, ама кога ќе ме отвориш во хотелот може ќе почнат да се тресат цевките. Не се плаши, уште сега ти кажувам. Само ќе ги расклопиш цевките и ќе ме пикнеш таму. Не се сеќирај, флексибилен сум, ќе ме собере. Дали ти се допаѓа задачата? Доволно интересна за тебе?' Не знаев што да му кажам освен 'Да.'... И еве сега ти се јавувам од хотелот, се спремаме со пајакот да го пикнам во цевките... Црвени се тука фарбани. Во веце е сега он, ќе излезе и ќе завршиме работа. Во сабота се враќам со летот на Луфханса попладне кај четири-пет. Чекај ме на аеродром ако можеш добро?
- Добро.
- И донеси локум. Умрев за нешто благо.
- Добро. Добро. - како робот одговорив.
- Пријатно Стојан!
- Пријатно Игор.
 
Во мислите на Ана беше наредниот период. Ноемвриската испитна сесија, нејзиниот дечко кој секогаш ја разбираше и секогаш потполно ја поддржуваше, но и проблемите кои ги имаше дома, болеста на мајка и, и малите финансии кои едвај и беа доволни за да судира. Од мислите ја оттргна силниот звук на сирената. Возот за Скопје требаше да тргне. Повторно учење, повторно осамување со дебелите книги од Правен.

А си помина добра недела дома. И покрај болеста, нејзината мајка во ниту еден момент не покажа дека и е лошо. Цело време со охрабрување ја гледаше и со гордост и се смешкаше на нејзината ќерка, на нејзината единствена роза. Но Ана знаеше дека мајка и нешто крие, знаеше дека не сака во тој период да покаже слабост, знаеше дека се што прави прави само за неа. Но не можеше да не го слушне нејзиниот плач во доцните часови. Со овие мисли седна во купето. И тука беше сама, изгледа предвреме ќе мора да почне да се навикнува на самотијата.

- Дали е слободно? - се слушна глас
- Да, да - Ана целосно избезумена одговори - секако, влези - продолжи Ана, но помислувајќи каква е оваа дрскост некој да ми ја уништва монотонијата, да ми ги краде мислите.

Ва вратата од купето стоеше млад дечко, сосема нормален дечко, со широка насмевка на лицето.

- Јас сум Филип - проговори со сигурен, цврст глас.
- Ана - возврати таа.

По неколку часа разговор во возот, од сосема обичен дечко Ана доби спротивно друга слика за Филип. Возбудливо момче, со интересен поглед на животот. Беше спротивен на Ана, или на она што Ана сакаше да биде таа.

- Животот е предизвик, Ана, излези му во пресрет. Животот е сон, реализирај го. Животот е игра - научи ги чекорите. Животот е љубов, научи да уживаш во тоа - и рече Филип и продолжи: Сакаш да се видиме на кафе?

Во друга прилика Ана сигурно би го одбила, но овојпат возбудата која ја нудеше Филип ја натера да прифати.

- Да, секако би сакала - се насмевна Ана како да ја очекувала таа понуда со месеци.

Веќе на втората средба се случи таа искра меѓу нив. Ана беше магепсана од тоа - што се пропуштала во животот. Почна да заборава на две-годишната врска дома. Почна да заборава на болната мајка, а испитите и не се ни обидуваше да ги учи. А Филип дел по дел и ја откриваше својата маска. Кога и го понуди првиот џоинт, Ана без двоумење го прифати. За брзо време се префрли на потешки дроги. Со месеци не си имаше заминато дома, а на факултет скоро и не одеше. Ана западна во стапицата на наркоманијата.

Кога дојде фебруарската сесија последната шанса да не пише квадрат, стигна уште една вест.

- Ана, моја најдрага Ана, останавме сами.. јас и ти, сонце... мајка ти почина. Сакаше да те види.. не успеа... Дојди си дома - не можеше повеќе да зборува татко и по телефон.

Ана го испушти телефонот од рацете. По 5 месеци повторно пушти солза од окото.

Сфати дека светот и се распаднува. Како кула од карти, се крши како порцеланска кутија..

Бараше излез од сопствената стапица. Заплеткана во сопствената мрежа, сопствената пајажина...
 
Моето срце- заробено во пајажина... После тебе никој не успеа да го разигра, разбуди, оживее... Едвај тивко чука во ладната и празна душа.
Мојата душа- опфатена со пајажина... После тебе никој не успеа да ја стопли, разоткрие, да и даде живот... умира таа во веќе мртвото тело.
Моето тело- прекриено со пајажина... После тебе никој не успеа да го растрепери, разгори, избезуми... Гние тоа заедно со се во него, обвиено од мракот, прекриено со пајажина.
Ме фрли... Како драгоцен, вреден предмет без кој твојата душа не можела, а одеднаш се заситила. Ме фрли... Во валканиот мрачен подрум, во таинствениот прашлив таван... Не е важно каде- важно ме фрли.
Горев по тебе, посегнував по тебе, плачев по тебе, не престанував да пишувам за тебе... Во темнината на подрумот и таинственоста на таванот никој не ме слушаше, ниту гледаше. ТИ- најмалку! Единствено пајажината со острите конци на минатото полека заробуваше се во мене, завземајќи секој ден се поголем дел од мене, спречувајќи го чистиот нов воздух да продре во мене. Веќе бев прашлива кукла од минатото...
Кукла која не престана да пишува за тебе, за себе, за двајцата... За се што било, за сета болка, за секоја рана, белег...
Кукла која додека сите играа и пееа се повлекуваше од гужвата во темнината и со солзи на очите гласно шепотеше: „ТЕ САКАМ ТЕ САКАМ ТЕ САКАМ!“...
Кукла која поради тебе немаше веќе ништо живо на неа, а сепак не престана да ти посакува се најубаво во животот...
Кукла која еден ден, после сите бури и дождови, падови и исекотини, молк и болка, бес и разочарување, негирања и одбивања... после СЕ, сфати дека никогаш нема да престане да те сака...
 
Бев многу уморна. Жештиниве беа се поголеми, а јас се помалку ги поднесував. Непланирано веќе по два саат се надов кај дедо во село. Лудувавме малку со зверчето мое, шетавме, се бањавме. Целите збеснувавме. Целите мокри со мирис на риби и жаби од реката појдовме накај дома. Како се движевме по песокта, така ни се лепеше по нозете. Веќе сонцето заоѓаше. Се повеќе се криеше зад планините, се помалку не осветлуваше. Таа мала светлина доволна беше, облеснуваше од нашите лица. Ме стискаше се поблиску до него. Дур се свестив веќе ме имаше во раце, ме гушкаше, ме бакнуваше без престан. Дедо и баба веќе одамна спиеја. Имаше еден стара куќичка веднаш до таа каде што тие седеа. Се качи по старите, дрвени скали и силно ме повлече и мене горе. Веќе долго време никој не беше стапнал таму. Само сено имаше по подот, расфрлано на сите страни и една стара черга. Се стркалавме и двајцата од умор. Истоштени бевме. Се протнав во неговата прегратка, го стиснав силно и заспав. Го чувствував како дише на вратот. Се будев на моменти, а тој чинам спиеше со насмевка на лицето. Веќе бев во длабок сон кога петлите почнаа да пејат. Почнавме и двајцата да мрднаме, но ниту јас, ниту тој, не бевме ја напуштиле прегратката во која заспавме. Се бакнувавме долго, а тој се посилно ме стискаше до себе.
Моја си, не те пуштам, само моја си - рече тивко.
Сонцето продираше низ старите ќерамиди. Зраците силно беа расеани низ пајажините и силно ги осветлуваа тие плави очиња, полни сјај, радост. Пајажините делумно ги затвориле речеси сите тие пукнатини, целиот таван, секое ќоше околу нас беше полно од бели мрежи, помали, поголеми. Да де, таму каде се плеткаа комарците, тие ситни бубачки. Да, таму во таа стара, распадната куќичка каде ја имав најубавата ноќ. Таму каде моето пајаче ме вплетка во неговата ПАЈАЖИНА, каде...:back:
 
Држејќи ја во раце мократа коса, потонав во мисли кои ме однесоа до минатите години поминати во овој град кои наскоро ќе дојдат до недефиниран крај... Пајажинава полека се раскина и веќе не постојат пречките во мојот ум. Крајот дојде. Дојде новиот почеток кој толку го чекав. Ми донесе безрезервна вистина, исполнета со реченици кои беа грубо невистинити а кои толку сакав да бидат вистина, реалност. Дозволив да се залажам самата себе верувајќи во наводните знаци на другите луѓе. Ете тоа прави надежта, но таква сум, таква е човечката природа воопшто и на жалам за тоа... Можеби иднината нема да е најсветла, но ЈАС СУМ ТУКА и нема бегање... Сите тие луѓе, сите тие лаги, сите тие коментари, насмевки, солзи, другарки, шеги, кавги, бегање од часови, кафе во Екстрим, свадбава пред една недела... Колку само ќе ми недостигате... Но дојде денов кога ќе создадам нова пајажина, која ќе заземе поголеми размери, и ќе донесе многу нови вистини и лаги, пријатели и непријатели...
'Keyskeenow has just signed in' и покрај зезнатиов интернет. Оваа 'пајажина' со денови праеше проблеми... Но, не не спречи да ја договориме следната средба, која ќе донесе нешто ново како и секоја... Како што рече времево поминува премногу бавно, но кога ќе се сретнеме минува премногу брзо?! Да, хемијата е тука. Постов е за тебе и за сите предзвици што ќе ги донесе времево.
Се е ново. Секоја секунда се разликува од претходната.
Спремна сум да го прегрнам новиот пресврт, новото време...
Explosive on the way!

300 пост само за тебе:smir: ^
 
Влезе во лифтот.
Почувствува како паѓа во длабочината на објектот.
Како тони...и тони.
Замижи. Мрак. Ги отвори очите. Светлина.

Паѓаше во делириум додека нејзината солза го распукуваше нејзиниот израз во огледалото.

-Ало,малечка?
-Кажи,тато.
-Па како си?
-Онака. Ти?
-Добро е. Слушај,ќе сакаш да ручаме заедно?Не сум те видел одамна.
-Океј. Каде?.....

Нејзините родители се беа разведиле пред 10 месеци.
Нивниот конфликт и караници никогаш не ги надминаа. Се трпеа еден со друг сама за да не ги повредат нивните деца. Кога на крај,не само што ги малтретираа со години,туку и сепак ги повредија.
Девојката реши тоа да го поднеси машки. Преку неделата со мама,за викендот со тато. Got it.

Луксузниот ресторан се наоѓаше на врвот од еден скап хотел.
Таа го облече фустанот кој и го купи татко и последниот пат.
Влезе во огромниот ресторан.
На една маса го здогледа татко си.
Но не беше сам.
До него седеше една непозната жена.

Се смрзна. Ја фати паника. Градите и станаа тесни и почна да се гуши. Почна да ја боли стомакот и да и се тресат рацете.
Се сети која е таа жена најверојатно.
Не беше спремна на ова. Никој не ја предупреди. Никогаш не се надеваше на ова. Неколку пати се посомнева,но секогаш ги бркаше таквите мисли од главата како да се најгадни.
Се почувствува фатена во туѓата пајажина.

Двајцата возрасни ја гледаа како полека се приближува до нивната маса.
- Добар ден.
Непознатата жена стана да се поздрави.
Татко и набрзина ги запозна. Жената и ја претстави како...како неговата партнерка.
Сапрајз. Бум!
Збир од хемиски реакции експлодираа во главата на девојката како неуспешен експеримент по хемија.
Нова жена? Која си ти? Што правиш во животот на татко ми? Таму постоеше само една жена,а тоа беше мама!
Ја обзеде нервоза.
Храбро исцеди една крива насмевка низ заби. Полека седна.
Тишина.
- Татко ти ми кажуваше многу за тебе.
Се смири. Веќе ништо не и беше важно.
Ни прокоцканото детство во лошиот и тежок брак, ни ќотекот што го јадеше од двајцата како резултат на нивната нервоза..ни морето од солзи што го имаше исплачено.
Сега беше само таа, татко и и непознатата на масата во ресторанот над облаците.
Сеедно и беше. Животот реши да ја повреди и тоа го стори денот кога она што ја одржуваше во живот го снема. Нејзиното семејство.
Некој и го дрпна сирењето од кое таа живееше и таа се помири со се што следеше.
- Во кое средно школо учиш?
- Во блиската гимназија. - се чу одговор.
Дојде келнерот да ги прими нивните нарачки.
Таа нарача квалитетно и скапо бело вино. По неа и татко и го направи истиот избор.
- Тато,ти не пиеш алкохол. - одекна гласот на девојката во вчудоневидување.
Збунетиот израз на лицето на татко и се претвори во насмевка и ја погледна неа.
- Да,но ова вино е навистина прекрасно. Го пробав за прв пат со неа.
Мирисаше на промени. Мирисаше на солзи.
Татко и цело време си ја местеше црната вратоврска. Беше невероватно грда. Нешто што сосема не се вклопуваше во неговиот вкус.
- Имаш нова вратоврска? - праша девојката.
- А,да. Ја добив на поклон од неа.- и ја зеде раката во својата и ја бакна.
Од неа? Од неа?! Кого се трудиш да замениш со неа?! - викаше хистерично во себе. Мене? Мама? Некој друг? Има некој што ти значи повеќе од мојата прегратка,мојот бакнеж,насмевка,вратоврските што ЈАС ти ги подарувам??!
На девојката и се причини како да е време да проговори. Без влакна на јазикот.
Или треба да и даде шанса? Одново мир.
Тој е среќен со неа. Тој решил да продолжи со животот. Нашол нова инспирација за среќа.
Воздишка. Една. Друга. Трета.
Што очекува татко и од неа? Да бидат пријателки?! Да и отрчува во прегратка секогаш кога ќе ја види,да и ги доверува нејзините најголеми тајни,да оди со неа во шопинг??!
Таа има мајка за тоа!
- Мислам дека најдобро ќе биде да си одам. - рече тивко.
Двете лица се вчудоневидија. Причината им беше јасна.
-Догледање. - рече и брзо замина.
Вознемиреност и го обзеде срцето. Крвотокот и се забрза и почувствува мачнина.
- Еј,малечка! - се чу познат глас од зад неа. - Чекај!
Кон неа трчаше татко и со раце полни извинување.
-Прости,требаше да те предупредам.
- Не! Ти одлучи да продолжиш со својот живот и јас тоа го прифаќам. Само те молам не мачи ме и мене. Знаеш дека мене ми е доцна да почнам од нула. Не можам. Не можам да се преправам како да е се така нормално, кога е сосем обратно.- и се лизгаа солзи по образите.
Ме убивавте со мама уште од дента кога прв пат ти ја тресна вратата пред нос и те избрка надвор. Секој ваш лош збор,секој момент на викање,кршење,хистерија, ми го правеа животот кошмар. Плачам во сонот од 5 години до денес, животот ми е поделен на пола,сонувам како ме каните на вашите свадби со други луѓе, со кои вие почнувате нов живот, а јас својот го фрлам в канта!
Од своето детство паметам само дека го плаќав луксузот на вашите кавги со себе,со моите трауми што ги имам до денес. Знаеш тато...само едно нешто ме правеше вредна да живеам. Тоа бевте вие. Ти и мама. Моето семејство. Мојот дом.
Вие ми бевте се!

Влезе во лифтот.
Почувствува како паѓа во длабочината на објектот.
Како тони...и тони.
Замижи. Мрак. Ги отвори очите. Светлина.
Паѓаше во делириум додека нејзината солза го распукуваше нејзиниот израз во огледалото.
 
Ми се допаѓа како пишувате и што се трудите да се изразувате на темава:)
Нема да и` замерам на Ангелче што ме инспирираше, а сигурно ни таа нема да ми замери што добив малку инспирација од нејзиниот текст.
Сто години не сум пишувала, сега се тренирам да се вратам во нормала:icon_lol:


Помина толку време. Се сврте околу себе и посака никогаш да не кажеше некои зборови кои сеуште силно одекнуваа во нејзините уши и кои не можеше никогаш да ги заборави сите години. Повторно погледна наоколу и виде само бели ѕидови кои толку години слушаа зборови непријатни за уши. Беше среќна што се само добри слушатели. Се присети колку ноќи и колку утра поминуваше седејќи до прозорецот и си размислуваше на глас. И постојано истите слики и` се вртеа пред очи, истите гласови ги слушаше, истите воздишки ја параа тишината.
После толку години успеа да сфати. После толку многу време се соочи со она што не мислеше дека некогаш ќе ја стигне. Беше убедена дека таа нема да дозволи, дека таа знае како, дека е силна и способна да се соочи со секоја ситуација, онака цврсто стоејќи на нозе повторувајќи ја лекцијата која и` ја одржаа нејзините родители. Не бараше виновник, само се трудеше да не мисли што се` се случило. Не сакаше да погледне и да прифати дека треба да ја живее болката за на крај сама да ја напушти. И ете ја, пристигна. Ја стигна. Ја допре. Ја раскости.
Стана и почна да шета низ празната просторија која некогаш беше соба за прием на гости. Ехото од чекорите длабоко одекнуваа и се забиваа во невидливите пукнатини на ѕидовите. Собата и` беше некако исто толку празна како и порано, ништо не се сменило, само мебелот го изнесоа. Остана да се чувствува мирисот на лажниот раскош и изрежирана хармонија. Таа беше мирна. Чувствуваше слобода и слободни гради за воздух. Не остана ништо од она што претходно и` создаваше немир, не постоеше оној густ и напнат воздух кој го дишеше со години.
7 години трпеше навреди и навредуваше, трпеше тешки зборови, голташе солзи и го гушеше плачот за да не чуе малата. Се свести што и` се случува кога и` дојде ќерката со липање во прегратка и ја молеше да не биде тажна, кога и` вети дека ќе биде секогаш до нејзе, дека секоја вечер ќе спие со нејзе за да не се плаши. Се стресе и за прв пат не излажа дека и` се црвени очите затоа што се удрила. Секавично пред очи и` прелетаа слики од моментот кога истото и` го рече на мајка си. Тогаш сфати каде е и каде треба да оди. Пресуден момент за да избега од огнот и да замине каде што ќе може да почне со живот.
Застана до прозорецот и се` она што постоеше до тој момент го чувствуваше како сон. Несфатливо и` беше колку брзо поминаа многу години од разделбата на нејзините родители, толку многу време од нејзиниот таканаречен живот.
„Колку бев глупава што мислев дека јас можам да го држам светот. И мојот и на другите. Бев преоптеретена со тоа дека не треба да простам, секој божји ден мислите ми навикнаа да ми се повторуваат, постојано ми беше во главата дека не мораше да биде така. Изводев дека јас ќе бидам таа која ќе им покаже на другите дека може да се издржи и доведе во ред се`. А која бев јас да кажувам за други? Зарем смеам да осудувам и да мразам некого поради тоа што одлучил да го промени својот живот? Да, бев себична и ја истакнував својата мачнина, своето незадоволство. Но, зошто за сето време не помислив дека и другите се исто толку себични и се водат според своите чувства и имаат право да си го водат животот на начин каков што мислат дека е најдобар за нив? Да, бев навредена, повредена, се чувствував отфрлено, знаев дека со тоа прекинува една етапа од мојот живот, бев лута што не ме праша никој дали сакам да биде така. Кога подобро ќе размислам, повторно истото се случува, но сега е поинаку. Поинаку за мене. Сега сум ослободена од сите притисоци и сум подготвена да чекорам понатаму без да сум лута на другите. Подготвена сум да ја растргам старата пајажина која ми ја опфатила душата и ме спречувала на луѓето кои ги сакам да им кажам дека ги сакам. Време е да побарам некои луѓе да ми простат што сум ги напуштила пред неколку години.“
Повторно се слушнаа чекори. Ја фати кваката од вратата, излезе, фрли уште еден поглед внатре и заклучи однадвор.
 
ПАЈАЖИНА

Те видов тебе, така секси. Повикуваше на грев со тоа што молчеше, беше посебна со тоа што се правеше обична, а јас будала затоа што мислев дека имам цврст карактер. Не беше ти пајак што плете мрежа, ниту пак јас бев наивен плен. Не сакаше ништо друго освен восхит, ниту пак јас нудев нешто повеќе од тоа. Некои би те обвинувале тебе, повеќето би ме обвинувале мене, а јас... Јас не мислам дека има виновници. Никој не е виновен што неговото тело реагира на таква убавина, никој не е виновен што си совршена и прекрасна. Ги замислував твоите нежни раце како ја допираат мојата уште понежна кожа. Ги замислував твоите бели гради во моите дланки, но не и твоите усни на моите. Замислував како твоето тело трепери врз моето, но не и твоето срце до моето. Бев во заблуда дека ја контролирам таа горка ситуација со моите слатки зборови. Бев во заблуда дека ќе преживеам без тоа валкано тело додека не можев да ги извадам сите тие слики од главата и во еден миг сфатив дека станав зависна од страста што не ми припаѓаше мене. Сакав мирис што беше туѓ и очи што не сјаеја за моите допири. Сонував само една ноќ да бидеме проклети и да се топиме со заоѓањето на сонцето, да исчезнеме по доаѓањето на денот. И некој друг ги љубеше моите усни, и некој друг ги љубеше твоите усни, а со секое затворање на очите се тркалавме низ проколнатите чаршави... А со секоја наредна мисла за тебе се' повеќе се заплеткував во пајажина што не беше сплетена за мене...
 
Пајажината на Арахна

Едно по друго... едно до едно на небото почнаа ѕвезди да се редат и ноќната светлина заедно да ја предат.
Арахна стоеше крај прозорот... нејзините соништа беа безвредни, плановите прашина, а целите неостварливи. Беше несреќна, но и беше драго што блудниците ја презираа, мислеше дека ако ја фалат и сакаат дека тогаш би била иста како нив.
Знаеше да ги впери очите во целите над нејзината глава, да си дозволи да влези во нејзиниот сон и да се прошета низ чистата замисла на среќа...

Предеше голема рибарска пајажеста мрежа само за да го улови она што одсекогаш го посакуваше. Цврста сребреникаво-кобалтна пајажина, со мамки за нејзините цели.

Еден ден се упати кон морето и ја исфрли пајажината нечујно и штамно низ многу тајни и беди во матната вода.
Чекајќи исправено и гордо, источниот ветар и дуваше во лицето носејќи го со себе мирисот на морето, се потсмеваше додека стоеше високо над него, а мислите и летаа само напред низ времето... но се она што го улови беа морски тревки, малку тиња и големата шлаканица на животот поради нејзината преголема гордост и достоинственост.
Помисли само ако се насмевне и не поверува во сето тоа, дека ќе се разбуди од тој кошмар... Но кој рече дека ова е сон?

Таа и нејзиниот дух што никогаш не се покоруваше успеа да ги улови целите, на малото секогаш и големото никогаш. А пајажината остана во пепелта на желбите... во останките на одвеаното време.
 
„Под клупата има паЕжина!“, извика Бозо.
Оттогаш го завикавме Паек. Ама не му одговараше на кловновската појава.
 
Веќе беше подостарена.Ветерот и ја милуваше седата коса.Беше среќна.Имаше внучиња за кои живееше.Целиот живот го посвети на децата,тие и беа се.Никогаш не збореше за љубовта за нејзиниот живот.Никогаш.Секогаш ја избегнуваше таа тема.Кога ќе ја прашаа,она со насмевка кажуваше:Нема да разберете,со тек на време се ќе дознаете.
Таа вечер се шеташе и размислуваше.Размислуваше каков ќе и беше животот,ако поинаку постапеше...Размислуваше и се навраќаше со мислите во минатото.Ветерот се посилно и посилно дуваше и реши да се врати дома...
Таа вечер беше немирна,не можеше да спие.И покрај сите напори,некој немир ја држеше будна.Знаеше дека овој ден е посебен,на тој ден пред 40 години ја направи најголемата грешка во нејзинито живот.Не сакаше да ризикува,не сакаше да се спротистави и ја изгуби љубовта на нејзиниот живот.Имаше убав живот маж кој ја сака,но никогаш не беше целосно среќна,никогаш не беше целосно исполнета.
Иако беше доцна,реши да прошета малку низ куќата.Одеднаш реши да отиде на стариот таван.Никој немаше стапнато таму со години.Дури ни таа.Трепереше и на самата помисла да се качи таму.Но,реши дека мора да собере сила,па макар тоа да е последното да го направи во животот.Ги чувствуваше нозете дека и беа многу тешки,како олово.Секој чекор се потежок и потежок.
Стоеше пред вратата немо,исплашено,се плашеше дека ќе ги разбуди старите рани,но сепак беше одлучна.Ја отвори старата врата,која испушташе чудни звуци.
Влезе.Конечно влезе.Не и се веруваше.Срцето се позасилено и позасилено и чукаше,а нозете и трепереа...Мораше да седне...Долго време ја набљудуваше просторијата...Беше исполнета со прашина,со пајажини...На подот имаше една фотографија.Се погледна себе си,на млади години и имаше еден висок маж,со плави очи.Две созли се стркалаа на нејзините образи.Наеднаш нагло стана и се приближи кон една фиока.Ја отвори фиоката.Од неа извади една тетратка,која беше полна со прашини и обвиткана во пајажина...Повторно седна и нежно ја отргна пајажината,која падна на подот.Ја отвори таа тетратка.Тоа беше нејзиниот дневник.Читаше долго и повремено незиното лице имаше насмевка,а повремено се читаше тага нејзините кафени ситни очи.Во таа тетратка беше опишан најубавиот период од нејзиниот живот,кој иако не може да се врати,сепак секогаш ќе биде присутен во незјините спомени...
Наеднаш извади едно ливче на кое што пишуваше:
"Љубави,те сакам,но веќе ова е невозможно,не можам да ги поднесам сите зајадливи погледи..јас си одам од овој град...чекај ме на нашето место,точно на полноќ,заедно ќе одиме некаде,ЈАС и ТИ,заедно,сами,во потрага по нов живот..знам дека е лудо и дека ќе треба многу труд и мака,за да успееме,но јас сум подготвен да ризикувам се,само за нашата љубов да успее...
Те сакам..
Твојот М."

Не можеше веќе да ги задржи солзите,веќе липаше на цел глас..плачеше за љубовта која што ја имаше,а заради страв ја прокоцка...плачеше,затоа што знаеше дека ја изгуби таа искрена и чиста љубов и знаеше дека таа никогаш нема да се врати...
Сто пати се проколна,зашто не собра доволно храброст,и не отиде таа вечер на нивното место...едноставно тука и беше се,и фамилијата,и пријателите,не можеше туку така да отиде...Највеќе се каеше што воопшто немаше шанса да се поздрави со него...

Поминаа многу години,таа се уште одеше секоја вечер на нивното место,надевајќи дека тој ќе дојде по неа...Но залудно беше чекањето,никогаш не се врати по неа...

Ја фрли тетратката,стана и ја згази пајажината,која претходно толку нежно ја отргна од тетратката.Не и беше важно веќе ништо..Повторно почна да плаче...излезе и со сета сила почна да се симнува по скалите...
Едната внука,во меѓу време се разбудила и се приближи и ја праша:
"Бабо зашто плачеш"
Таа немаше сила да одговори...Само и кажа "Внуко љубовта ненадејно ќе се појави во твојот живот,а кога ќе се појави,грабни ја и држи се цврсто за неа... "
Ја бакна во челото и влезе во својата соба...знаеше дека оваа вечер ќе биде долга и дека нема скоро да заспие...Иако толку го посакуваше сонот,бидејќи знаеше дека во сонот ќе се соедини со нејзиниот М.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom