True Detective

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Јас потајно се надевам дека ќе има некоја поврзаност со случаите од прва сезона. Веќе имам некои траги.
smiley-char156.gif


Во прва сезона, трансвеститов рече дека педофилите што го злоставувале како дете носеле маски од животни.

Untitled.jpg

Ако заприметите, она на ѕидот не се трофеи туку маски.

true.detective.s02e02.720p.hdtv.x264-0sec.mkv_003371910.jpg

Има една празна закачалка на која најверојатно стоел гавранот, што ја носеше оној што стрелаше.

True.Detective.S02E01.PROPER.720p.HDTV.x264-KILLERS.mkv_000721012.jpg

Она зад огледалото ми изгледаше како камера. Веројатно овде мачат луѓе (ѕидовите ја имаат онаа текстура за звучна изолација како во музичките студија... веројатно да не се слушаат криците надвор) и право го снимаат тоа.

...видов дека на книгата пишува ARAKI. Излезе дека е тоа јапонски фотограф, чијашто главна тема на интерес е некоја bondage порнографија. :eek:

I love this show! :D
 
Ја почнав серијава и добра е, до 6 епизода сум.
 
отприлика едно ниво погоре од psych
Сега мешаш баби и жаби. True Detectives сериозно си разработува еден случај во една сезона, а Psych на комичен начин се решава по еден случај во епизода. И двете се добри во своите жанрови, ако може така да се наречат. :D
 
За серијава кажале дека на критичарите им ги дале првите три епизоди да ги изгледаат однапред за да кажат мислење, се со цел да не се донесува пребрзо заклучок, така да се чека сеа третата епизода да видиме што ќе донесе.
 
Леле, досадно. Поспоро не можи мислам. А ни се ни нешто интригантни ликовите. Meeh
 
Да бе, стварно, само две епизоди ебати мртвата серија, не ја гледаме веќе.
А гледам не сте само вие, и по интернет тежок хејт и споредби со прва сезона ама добро нека си биде. Засега серијата е одлична, и у мртвило на добри и квалитетни серии а не преработки на стрипови за херои е одлична и има одлична атмосфера, вози убаво дур ја гледаш и има ИНТЕРЕСНИ ликови кои можеби не решаваат случаи со филозофии како што правеше Метју сепан на свој начин се пак кој од кој со интересна позадина и заебан карактер.
Ама не, ја џабе зборам, досадна е, цели две епизоди заспавме и вртевме околу сточлиња.
 
Се слагам. Класична драма е и веројатно нема да му се допадне на секого, но исто премногу рано се носат заклучоци а серијата има само 2 епизоди поминато, во кои целосно се посветија на претставување на ликовите, со минимално придвижување на приказната. Јас сепак сметам дека моментално е најквалитетна серија која се прикажува од тие кои ги следам.
 
Добар крај на втората епизода, и искрено подобро ми се движи вторава од првата сезона каде одма почна со убиство и истрага.
 
Првата епизода ми беше meh али вторава онака се загледав ко да глеам епизода од првата сезона :icon_lol:. Ќе ја биде и вторава сезона само можеле да не ја праат у fockin LA најклише место на планетава али ај.
 
За првата сум заборавил, а за новата уште одмна на шпицата тоа ми падна во око
 
Многу лош квалитет се овие првите верзии на HD што излегуваат
true.detective.s02e03.720p.hdtv.x264-0sec.mkv ама не ми се чека за 1080р таа верзија ми е за второто гледање
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom