True Blood e Ф Е Н О М Е Н А Л Н А!!!
Одамна барав серија што дејството не се врти околу 2-3 главни лика, туку околу сите ликови. Екстра глумци, неверојатна глума, одлично сценарио и дефинитивно најдобри ефекти.
На почетокот Sookie ми беше малку чудна, дури и на моменти како ретердирана, али треба време да се навикнеш на ликот, зошто не е како останатите ликови кои ги гледаме во други серии. Ми се свиѓа тоа што со текот на сезоните ги развиваат и ликовите и не стануваат досадни. Третава сезона е може малку послаба (ама многу малку) од првите две ама е подеднакво интересна. По легендарната Six Feet Under, Alan Ball не носи во свет исполнет со вампири, митолошки суштества, надприродни појави, и мноооогу секс

преку кој индиректно ги осудува дискриминацијата, црквата, човечката нетолеранција и површност. По сите оние филмски и телевизиски шитови за вампири, True Blood e вистинско освежување.
Баш ми е мило што има огромен успех во Америка зашто серијава е bloody fangtastic !