True Blood

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување
И така еве сум јас пак да „хејтам“ по серии. Сега е оваа на ред.


Чекај сега. До заврчера најдобра беше Six feet under, до вчера braking bad, сега оваа. Ко оние што менуваат партии како што се менува власта.

Ќе бидам краток сега и само ќе кажам дека тематика со вампири, емо и порничи не е нешто за кое можи да се речи дека е „најдобра серија на сите времиња“. Од кога ќе изгледам некоја епизода некогаш ќе се вратам овде со тешки критики. :salut:

Најдобра серија на сите времиња е Сикс Фит Андер, на неа мислев не на Тру Блад, а Брејкинг Бед е најдобра серија што е активна у моментов се разбираме сеа ? :) Додека пак за Тру Блад Батали ја тематиката даелку е пред Твајлајт и други срања, одличен сценарист има, одличен сетап,атмосфера и добра глума. Што е најбитно има лајкабл карактери.

Додека пак за 0 гласови тоа е баг на ИМДБ незнам со кој памет мислиш дека никој не гласал до сега? :) За 24 несакам ни да дискутирам,серијaта е акција а уствари е научна фантаситка со примеси на Џон Рамбо :)

Тебе барем те сметам за човек со солдино познавање у филмска уметност, ај да кажеш дека Брејкинг Бед е лоша т.е послаба од 24 ај да кажеш Тру Блад, али Сикс Фит Андер, тоа е веќе срамота !!

И тоа ги одвоив тие две само заради ствар на укус, иако се светлности години пред 24.

Дали воопшто си ја гледал Сикс Фит Андер?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
За Breaking Bad и Six feet under ништо не реков. Само ме бунеше оти викаше оваа најдобра па после онаа најдобра, ама сега се разбравме.
Значи „Два метри...“ е таа најдобрата што ја сметаш и нејзиниот сценарист е истиот и на оваа, True Blood.

Да ти кажам право тоа многу не ветува, често се случува сценаристи и режисери да работат на одличен филм па после да направат нешто прилично слабо.

Значи засега само True Blood ми е на нишан. Другиве, ќе му дојди редот, а кога ќе му дојде тогаш ќе кажувам вака или така.
А за 24, ако сакаш дискусија пушти порака во темата за 24 па да се разбериме дека без проблеми влегува во топ 5 и слични избори. Ако треба сцена по сцена ќе ја разгледуваме, збор по збор.
 
Да извини, погрешно сум те прочитал ти уствари репилицираше за изборот на Wot а не за мене, како и да е ако веќе се наканиш да гледаш некој од тие серии почни од врвот т.е Сикс Фит Андер, само знај дека е многу многу тешка серија вистински психички тест на твојата ментална стабилност не е за секого дефинитвно но е МАЕСТРАЛНО ОСТВАРУВАЊЕ! Убедливо намбер 1 на сите времиња...Така што после неа Труе Блад ќе ти дојде како опуштање а исто и Брејкинг Бед која воедно е исто така релативно тешка на некој начин т.е трогателна иако у тој поглед е мачја кашлица во спроедба со Сикс Фит Андер. Оваа серија ако не те скрши,тргоне или пак поточно (разнесе) ништо, што си гледал нема!
 
Премиерата на сезона 3 беше вчера :) Сега симнувам торент :) :je::je::je:
 
Can't Wait!! :vozbud:

Едит: Во ист ден ќе гледам,

Брејкинг Бед 3 сезона финале,

Тру Блад 3 сезона старт!:wub::wub:
 
25527_390062668562_69144888562_3755849_119018_n.jpg


Ппебарував низ форумот и никаде на пронајдов тема за оваа серија :) Во САД штотуку ќе започне да се емитува сезона 3 (на 16 јуни). Никој не ја гледа во Македнија ?

Во серијата станува збор за свет во кои луѓето и вампирите живеат заедно, поради вештачка крв која ги содржи се што им е потребно на вампирите наречена Tru Blood, но сепак луѓето не се многу среќни, а нормално и вампирите треба да задоволат некои потреби :) Серијата на почетокот не ми стоеше многу интересна но подоцна се „закачив’’ и сега ја чекам новата сезона :) Што вие мислите за серијата ?

http://forum.kajgana.com/showthread.php?34006-True-Blood&highlight=True+Blood

Има веќе ваква тема и тоа ја отворив додека уште во америка ја даваа првата сезона.

Сега почиња трета и ќе биде јако.

Како приказна не е нешто посебно но си има моменти и е така некако кул релаксирана серија што човек мора поросто да ја засака. А и глумците се сите кој од кој позгодни така да има што да се види.

А новава серија ќе има и врколаци Ч).
 
Слабо почна третава сезона.
 
Уопште не ми се допаѓа. Дебилна е. Фатив на Фокс Лајф една, две епизоди и доста ми е од таа серија за до крај на животот!
 
WHAT? you can't be serious! :nesvest:

Вкусови. Различни се. :) Не ми се допаѓа едноставно воопшто, одбивна ми е, менувам канал одма што ја видам, не па да ја симнам и на тоа да трошам мегабајти. :toe:
 
Вкусови. Различни се. :) Не ми се допаѓа едноставно воопшто, одбивна ми е, менувам канал одма што ја видам, не па да ја симнам и на тоа да трошам мегабајти. :toe:

Ок,ок само да знаеш одбивна ми е не го рачунам за доволно, дај и шанса.

Не за друго,ама некои серии се потешки за "голтање" од прва :)
 
Ок,ок само да знаеш одбивна ми е не го рачунам за доволно, дај и шанса.

Не за друго,ама некои серии се потешки за "голтање" од прва :)

Верувај, се потрудив, не можам... искрено. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom