Трето полувреме

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Сега во среда на 24 во кое кино,и од колку часот ке има проекција на трето полувреме и отприлика колку се движат картите?Благодарам однапред.
 
Сега во среда на 24 во кое кино,и од колку часот ке има проекција на трето полувреме и отприлика колку се движат картите?Благодарам однапред.
Во Милениум ти е секој ден, од 17 30, па во 20 и во 22 30 имаш проекции. Не сум баш сигурен дали се овие терминиве, провери им на страната. 150 денари е карта.
 
По втор пат го гледав вечерва и само ќе оставам една песна како поздрав, ништо повеќе, затоа што овој пат уште повеќе ме потресе...
Не е спојлер, само е песна, не кажува ништо за филмот...
 
Само што се вратив од Милениум. Филмов е нешто феноменално. Пола и више филм го глеав со грутка у грло, малце ми фалеше да се истурам од плачење.

Првото пеење на Море сокол пие на железничката

Филмов ги има сите нишани за светска слава. Искрено, не верував дека македонски филм ќе ме погоди вака. Дефинитивно би го гледал уште еднаш во кино, и чекам после проекциите да излезе на ДВД.
 
http://www.imdb.com/search/title?ge...feature&num_votes=1000,&sort=user_rating,desc
Честито Трето Полувреме е и официјално Број 1 игран филм на историска тема според гласовите на IMDB. Пред филмови како Шиндлерова Листа. Лоренс од Арабија. Брејвхарт. Мостот на реката Квај. Ганди. Дас Боот итн.
Следна цел 25000 гласови и да влезе во листата на сите филмови на сите времиња. Таму први се Shawshank Redemption и Godfather 1 и 2.
--- надополнето: 23 октомври 2012 во 17:43 ---
П.С. Пред некој ден го гледав пак првиот игран филм на Дарко „Збогум на 20тиот век“ откачен и бизарен филм...Мене многу ми се допадна. Се гледа и во постарите филмови дека е навистина талентиран режисер.
 
Кога се очекува филмот да може да се гледа на интернет? :D
 
Кога го гледав филмов,јас првпат во животов слушнав аплауз во кино после завршување на филм.

Е па очигледно не си бил често во кино. Имаше аплауз последен пат кога бев и на Dark Knight Rises :icon_mrgr:
 
Многу ми беше симпатично , една женичка седеше до мене на филмов во Милениум . Ај што негодуваше на глас кога имаше некоја неправда кон нашите ( од типот "ц,ц,ц") , ама да видите кога имаше сцени со фудбал , како се радуваше со тупаница стегната нашите кога ќе дадеа гол :pos: , си викам ја на стадион да не дојдов? :)

Права македонка :pipi:
 
Ај едно кратко ревју.

ОДЛИЧЕН филм. Според мене најдобар до сега.
Катарина не глуми толку лошо колку што сите викате. Мада цепа премногу маалски дијалект и многу неприродно звучи. Некои рекоа таков бил порано скопскиот дијалект, ама не ми соодветствуваше во филмов.
Крајот е многу неприроден. Очекував некој епилог, и таман мислев дека ќе го добијам али баш тогаш ме пресече. Многу нагло и од никаде.
 
Катарина не глуми толку лошо колку што сите викате.
Не, Катарина глуми УЖАСНО лошо. Ја нема онаа харизма, онаа сплотеност со ликот, мислам дека глуми аматерски со напамет научен дијалог и изрецитиран само.
Ама затоа совршено се поклопува надворешно со Ребека. Девојка од 40сетите, богата убава, учена, со таа костимографијата која е одлична. А и има едно нешто што мислам дека допринело да Катарина е токму Ребека. Па Катарина изгледа како класична еврејка. Слаба, ковчеста, испакнати коски на ликот... надворешно е совршена еврејка. Ама за глума нц, не бива.
Дури и Сашко не го даде максимумот од ликот. Просечен беше.
За разлика од Шпиц кој е совршен мајкеми. Димитрија исто. Голманот Африка има мала но на момент и клучна улога.

Филмов мене ме воодушеви, го гледав уште пред месец дена.
Кај нас проработе национализмот па премногу го возвишуваме филмов, од една страна е добро навистина, бидејки како што сме критичка нација и плука све живо диво, така да супер што конечно аплаудираме на добар филм.
Не постои совршен филм така и овој, но оној Оскар и Златен Глобус за странски филм мене ми е некако далечен. Не е се во филмот. А прво што и ние не ја знаеме странската реакција на филмов. Но за една номинација треба многу работи, а не само квалитетот на филмот. Ако има во академијата за Оскари доста евреи, тогаш мож ќе има и номинација :)
А и полиглотски е филмот, така да тука веројатно ќе има уште гласови од страна, има 10тина јазици кои се зборат.
Приказната е многу добра, но од една страна се гледа дека колку и да им е тешко на нашите тие сепак се забавуваат и одат играат фудбал, навиваат. Ама од друга страна се гледа и колку потклекнува македонче, еден миг сите зборат спрски, друг миг истите им се поклонуваат на бугарите, во друг нацистички поздрав, тоа е кој стигне не превзема, а ние сите ги гледаме ко ослободители, па и до ден денес не ја научивме таа лекција да не веруваме во секој збор.

Се на се филм кој уште 20 пати би го гледала.
За мене најдобриот македонски филм досега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom