Трето полувреме

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Немам зборови. Немам. Го гледав вечерва. Уште ми се плаче. Не знам зошто, ама ептен емотивно го доживеав филмот... Прекрасно. Прекрасно.

Прво морам да кажам дека има прекрасни реплики...

Овој свет не е направен од љубов - Раде Шербеџија

И уште многу, многу други, ама таа во спојлерот ми остави ептен силен впечаток, особено во поглед на тоа што се случувало и тогаш, а и сега.

Емотивни реплики, хумор на навистина задоволително ниво, глумата одлична (со исклучок на Катарина, но со оглед на тоа дека не е актерка, не замерувам, не е вината во неа, али затоа е прекрасна и преубава, тука нема збор). И Сашко и Катарина се преубави едноставно и тоа е тоа. :) Убав народ сме нема тука збор.

Тони легенда, ме изнасмеа за сите пари...:pos:

Сцената кога Сашко и Катарина се расправаат - овој на терен, оваа на трибина...:pos::pos:Оваа му вика: Прост, шверцер, женкар, овој и враќа: Јас шверцер? :pos:
Или тоа писменцето со кондурите: Људите се као кондури - идат у пар, така нешто... :pos:

Потресно до болка, уште сум како потресена, го пишувам ова и ми се насолзуваат очите...

Јас сум и повеќе од задоволна, не знам за вас, ама ме погоди во срце. Уште се ежам кога ќе помислам на некои сцени...

Не знам ни што пишувам, онака уште не ми се скрос средени импресиите... утре, кога ќе се приберам, може и уште покомплетно ќе се изјаснам.
 
Филмот е солидно македонско остварување. На Катарина и прогледував низ прсти за катастрофалната глума (очекував) се додека не дојде сцената при крај кога плачеше. Тоа веќе не се издржуваше. Ама цицки си се цицки.
 
Моментот кога завршува филмот, се палат светлата, се вртиш и гледаш дека пола сала е со насолзени очи. И тоа на македонски филм. Не мислев дека некогаш тоа ќе го видам.

Инаку филмот ептен ми се допадна. Конечно на светот можеме да му презентираме нешто убаво и нормално. За Дарко секоја чест, а другите наши режисери нека го погледнат филмот за да видат како пцовките и вулгарностите можат да бидат симпатични, а голотијата оправдана и со вкус.
 
На IMBD Трето Полувреме од 794 гласови има оценка од 9.6/10 уште 206 гласови и ќе го стават на листата на филмови по жанрови најверојатно на прво место во Историја пред Шиндлеровата Листа. Така да регистрирајте се и гласајте.
 
Јас идам вечер 2пат да го гледам :D малце чудно али морам уште еднаш да го гледам...

И јас планирам утре или задутре уште еднаш да го погледнам, едноставно имам потреба уште еднаш да го гледам, се осеќам некомплетно со тоа што го гледав само еднаш... :)
 
Цркнав од смеа кога го прочитав тоа „Људите се као кондури, секогаш идат у пар“ :icon_lol:
 
НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид

14 hours ago
Поради зголемениот интерес, македонскиот кандидат за Оскар, "ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ" продолжува да се прикажува на кино репертоар во Центарот за култура од 16-ти до 21-ви октомври 2012 г, почеток на проекцијата ќе биде во 22.00 часот. Карти во продажба на билетарата на Центар за култура секој ден по 12.00 часот.
 
На IMBD Трето Полувреме од 794 гласови има оценка од 9.6/10 уште 206 гласови и ќе го стават на листата на филмови по жанрови најверојатно на прво место во Историја пред Шиндлеровата Листа. Така да регистрирајте се и гласајте.

Пијанист на Полански е број 1 филм на оваа тематика!
 
Пијанист на Полански е број 1 филм на оваа тематика!
За мене Шиндлеровата листа е број е, не верувам дека филмов ќе успее да помине некој од овие ремек дела, но е убаво да го има на таа листа.
 
Го гледав вечерва, и можам да кажам дека во глобала, добив повеќе од што очекував.
Не сум некој филмоман, уште помалку сум компетентна, но од аспект на ,,гледач,, имам неколку, не така сериозни забелешки.
Катарина врска нема со глумење, сепак самиот лик кој го глуми е дефинитивно поемотивен од тоа што таа го прикажа. Единствен момент каде што покажа емоции - беше кога урлаше од трибина. Се останато, како за еден од главните ликови, е премногу бледо.
Сите останати актери, приказната, се си е на место, има сцени кои нема теорија било кого да остават рамнодушен, единствен проблем е што не верувам дека странската публика ќе ја разбере разликата меѓу Боже правде и Море сокол пие (како и многу други ситуации, кога се зборува на Српски, Бугарски и Македонски, тоа е нормално и разбирливо за нас, ситуациите, дијалозите, но некој што не е ,,од тука,, треба малце да се едуцира пред гледањето на филмот).
Како и да е, што од што ми е добар, што од што е наш, му ,,акнав,, 10ка :)
 
Го гледав вчера... За наши стандарди, одличен филм... Заедно со Пред Дождот и Тетовирање на самиот врв..
 
Е па и јас конечно го гледав филмов.

Кратко ревју:
Добар е.

Не се сконцентрира само на една приказна туку на неколку и тоа го прави на супер начин.Сите side-stories во филмов беа неверојатни.Има елементи на спортска драма,драма за војната,романтика,комедија и цицки.

Се што може да се посака од еден филм.
Првиот саат од филмов беше онака.Просек.По шаблон идено.Ама вториот саат беше навистина неверојатен.Ми се допадна што филмов не заврши онака на клише начин.Хепи-енд па одма кредитс.
Ама па и начинот на кој што заврши не ми беше по мерак.Се гледаше дека крајот го направиле така колку да ја направат публиката да ја напишти салата со солзи во очите.
И тоа би требало да е добро ама мене пре-obvious ми стана тоа и воопшто не се поврзав со крајот.
Некако дури крајната сцена (т.е. почетокот на сцената) повеќе личеше како да е дел од документарец ама ок.

Се на се ми се допадна филмов.
Не знам што оценка да му дадам.
Реално да гледаме не е за 10ка далеку од тоа.
Што знам. 8.5 или 9 /10 е добра оценка.
Добар филм што заслужува да се погледне неколку пати.
Се надевам дека ќе влезе во потесна конкуренција за
Oscar-008.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom