Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
хаха не ни видов кој организира, онака само ивент ми испадна. А зошто, што е муабетот, ако не ти е мака, тука или на ПП?Каде бе кај овие со сите се искарани 50 души ќе нема на трка![]()
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
хаха не ни видов кој организира, онака само ивент ми испадна. А зошто, што е муабетот, ако не ти е мака, тука или на ПП?Каде бе кај овие со сите се искарани 50 души ќе нема на трка![]()
фамилијата маратонцихаха не ни видов кој организира, онака само ивент ми испадна. А зошто, што е муабетот, ако не ти е мака, тука или на ПП?
Што е ова 1. 16км за 8м?За почеток колку минути би требало да е километарот? Со работа летово и се залежав многу 1. 16км за 8м многу е лошо или?
ваљда 1160 метри за 8 минутиШто е ова 1. 16км за 8м?
КМТ е прекрасен настан. Оваа година ќе има трка на 110км и верувајте дека ги трчаат. Ќе има и пократки на 65, 31 и 16. Мислам дека пријавите завршија за оваа година. Кој е од Прилеп викендот може да си организира шетња до Варош, Трескавец, Присад и да навива. Ќе има и странци прилично.фамилијата маратонци
Нема везе и онака кај нас секој со секој е искаран у трчањево. Али 600 ден котизација за трка у парк...
Кој има нека даде.
У парк имаш на почеток на октомври ШриЧинмој полумаратон
Krali Marko Trails на 23ти септември, 5 евра котизација а ќе има стотици пријавени.
http://kmt.mk/en/home/
31 ќе пробам годинава на КМТ.КМТ е прекрасен настан. Оваа година ќе има трка на 110км и верувајте дека ги трчаат. Ќе има и пократки на 65, 31 и 16. Мислам дека пријавите завршија за оваа година. Кој е од Прилеп викендот може да си организира шетња до Варош, Трескавец, Присад и да навива. Ќе има и странци прилично.
Иако е слично, ова трчање е многу поразлично од градсково. Ако на скопскиов маратон висинска разлика е 10-тина метри, тука на најкраткиот е 800, па 1200, 2-3000 и повеќе. Потребно е многу повеќе логистичка припрема, облека, челна лампа, патики со крампони исл.
Побарајте за UTMB на интернет, ултра-трејл околу Мон Блан со должина од над 160 км. Се случуваше прошлата недела. Поради огромната популарност за пријавување мора да соберете поени од други ултра маратони (КМТ носи такви) и ве бираат на томбола. Ако не за оваа, вежбајте си за следната Водно-Матка исл. Јас скопскиве полумаратони ги трчам последниве 7-8 години, а на КМТ ги трчав 16 и 31 - бомбони од трки се. За нив само патика со крампон треба и вожња се.
Би требало за 3 часа да истрчишСе пријавив за во охрид на 8 и ова ми е прв маратон да трчам, цел ми е да го истрчам за најмного 3 сати, ниту се спремам нешто посебно ниту имам искуство на што може да личи, инаку редовно си трчам рекреативно, последно трчање ми беше во петок истрчав 20 км за 1:59h, најголем проблем ми беа угорниците и тоа што непонесов вода со мене мислев дека ке умрам, кога дојдов до вода мислам дека ми олесна и можев да продолжам... така да некој совет од поискусни ако има на што повеќе да обрнам внимание во Охрид би бил благодарен, инаку 30км е должината на патеката.
Многу е добра патеката, ќе уживаш. Може малку гужва да ти е на почетниот дел со качувањето до Трескавец, ама после е вожња. Ако е 10км пократко од маратонска дистанца, со качувањето е таа тежина отприлика.31 ќе пробам годинава на КМТ.
Посвети се на техниката. Ќе имаш многу подобар резултат доколку балансирано тргнеш, со лесно темпо, со ист пејс да ја истрчаш целата должина. Aко почнуваш побрзо километрите што следуваат ќе ти бидат ем позаморни физички, а и времето ќе ти е полошо, тотално спротивен ефект значи. Не те знам, не знам за каков човек станува збор во однос години, килажа итн, можеби си тип на човек што цел му е масти да согорува преку трчање. Ако е така на прав пат си. Еден месец трчај си 5км лесно, 3-5 пати неделно, слушај си го телото, со пејсот што е најдобар за тебе. Гледај го времето, но не се замарај да убрзуваш за да го подобруваш. Потоа зголеми постепено како се чувствуваш подготвено, прво на 6км па на 7км и нагоре ако се чувствуваш спремен. Понатаму ќе пробаш прогресија, и побрзи тренинзи, но за почеток само должини со пејс што највеќе ти одговара, да не ти излага срцето од гради дур трчаш и да имаш вртоглавици од што не можеш да дишеш, сепак ништо пред здравјето.Имам фудбал тренирано последни припреми ми беа во зимата и кај март се откажав,работам и мн се залежав летото ама грешка напрајв оти на почетоко почнав скоро спринт да трчам и зато накрајо дур да пробикам километар беше тешко ама и јад мислам дека 8м за 1км се многу
Посвети се на техниката. Ќе имаш многу подобар резултат доколку балансирано тргнеш, со лесно темпо, со ист пејс да ја истрчаш целата должина. Aко почнуваш побрзо километрите што следуваат ќе ти бидат ем позаморни физички, а и времето ќе ти е полошо, тотално спротивен ефект значи. Не те знам, не знам за каков човек станува збор во однос години, килажа итн, можеби си тип на човек што цел му е масти да согорува преку трчање. Ако е така на прав пат си. Еден месец трчај си 5км лесно, 3-5 пати неделно, слушај си го телото, со пејсот што е најдобар за тебе. Гледај го времето, но не се замарај да убрзуваш за да го подобруваш. Потоа зголеми постепено како се чувствуваш подготвено, прво на 6км па на 7км и нагоре ако се чувствуваш спремен. Понатаму ќе пробаш прогресија, и побрзи тренинзи, но за почеток само должини со пејс што највеќе ти одговара, да не ти излага срцето од гради дур трчаш и да имаш вртоглавици од што не можеш да дишеш, сепак ништо пред здравјето.
Ништо страшно ќе се постигне и тоа само време и многу пот треба. Сега за сега трчај 2км, после некоја недела пробај да зголемиш на 3км ако не остани со 2ката дур не се почувствуваш дека можеш повеќе. Помалиот замор и намалените секунди на времето ќе ти покажат кога ќе можеш да зголемиш километража најдобро.Немам сила засега да истрчам 5км трчам по 2км пон,сре,пет еве денес имав време 6:57мин/км а последното трчање т.е во понеделнико ми беше на 8мин/км.