Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Трчате некој на кеј деновиве? Како е навечер касно за трчање има народ, дали се трпи ладново?
Сакам да почнам да трчам али 3 недели како сум настинат белите дробови ќе си ги плукнам уште малку со кашлање, па се мислам дали со шал би можел да трчам :unsure:
Од железничка до справите од фон би ми била дестинација, бидејќи ми е најблиску, па како е за навечер тој предел, осветлено е или не? Не сум бил можеби 2 години по тој дел навечер.
 
Зимно време е само за сабајлечко трчање,навечер не е баш осветлено и не знам дали баш трчаат...
 
Проблем ми е од 8 и 30 ми почнува работно време и сум до 17 на работа, па после со други обврски до 20 часот. За после тој период само можам да трчам али лош ми е распоредот и никако да почнам :(
 
Не е толку проблем осветленоста колку што е студот и времето :) јас пред некој ден навечер вежбав малце на шипки и после трчав и одма грлото ме фати, а и воздухот е мн загаден со магливе така да сабајле најубаво кој може
 
ставајте Викс во ноздрите и ќе немате гајле со дишење, проверено, профи светски спортисти ја користат "форава"
 
Проблем ми е од 8 и 30 ми почнува работно време и сум до 17 на работа, па после со други обврски до 20 часот. За после тој период само можам да трчам али лош ми е распоредот и никако да почнам :(
Осветлено е, само на моменти знаат да се изгубат светлата (се палат се гасат сами од себе) на последната етапа од кај МЗТ до Мост Близнак.
 
Трчате некој на кеј деновиве? Како е навечер касно за трчање има народ, дали се трпи ладново?
Сакам да почнам да трчам али 3 недели како сум настинат белите дробови ќе си ги плукнам уште малку со кашлање, па се мислам дали со шал би можел да трчам :unsure:
Од железничка до справите од фон би ми била дестинација, бидејќи ми е најблиску, па како е за навечер тој предел, осветлено е или не? Не сум бил можеби 2 години по тој дел навечер.
Супер е имаш светло се до Фон.На моменти се гаси али ќе се помине некако.

Лошо е што многу трчаат сега за конкурсов за полицајци и по малку знае да има и гужва
 
Проблем ми е од 8 и 30 ми почнува работно време и сум до 17 на работа, па после со други обврски до 20 часот. За после тој период само можам да трчам али лош ми е распоредот и никако да почнам :(
И избегавај од Аеродром, Центар кон Карпош (Александар Палас) да трчаш зашто плоштад е заграден и ке треба да вртиш по Илинденска или околу поштата по некој скриени патчиња :confused:
 
Отворени се регистрациите за 2015, цените нешто повисоки сепак прифатливи.
http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/

Од нареден месец почнувам со припреми :)
Мислам дека сепак добиваме повеќе оваа година... па што и да е плус, 200 денари ќе им ги дадеме :)
Не знам што значи персонално видео, и што ќе бидат подароците од евроинс и партнерите на маратонот, ама мислам дека цената е ОК. Плус имаме осигурување за трката што сметам дека е непходно. Колку само сирени од брза помош слушав на минатиов маратон...
 
Го пишав тоа оти гледам се бунат на социјалните мрежи некои, ама ако се погледат сумите за регистрација на маратоните во регионов ќе видиме дека всушност и ценава кај нас е мала.
Одличен настан и од година во година е се подобар, здравје годинава 3 пат по ред ќе трчам :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom