The Wire

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.224
Поени од реакции
6.697
Почнав да ја гледам и оваа, ради ова со карантинов изгледав 100 серии до сеа :D

Нвм,прва сезона done. Првите 2 епизоди стварно има ПРЕМНОГУ ликови и онака се мислев како ќе и го фатам крајот, ама од 3-та натаму лесно веќе се фаќаше, и покрај тоа шо на пола ликови не му ги памтев имињата до крај на сезона :pos:

Интересна сезона, малце slow беше дејството ама последните 3 сезони ептен го убрзаа дејството.Стрингер Бел главна фаца у пм, од првата сцена у судницата ептен ми остави впечаток, каки курац Авон Берксдејл :D Од страна на полицијата, Банк ми беше фациште,ептен јако комбо ми беа со МекНалти. Малце ме изненади(и ме изнервира) убистово на Валас, искрено мислев дека дечкото ќе има многу поголема улога(дали како Баблс некоја улога ќе ја информира полицијата) или дека ќе напредува у екипата на Барксдејл, но што е тука е. Почнав синоќа 1 епизода од втора сезона, и таму исто 20 ликови се појавија у првата епизода, сеа гледам дека приказната ќе се одвива околу пристаништето...Интересна у секој случај, глума одлична, реално прикажани работите на улицата, корумпираноста, парите од дрогата у политиката, некои табу теми што се знаат дека се реалност а не се обработени на филмското платно. Вреди да се гледа и понатаму, малце шо е збунувачка со многу ликови се надевам дека ќе се среди со тек на време :D


П.с. оваа свиркава на Омар е заразна, цела недела пробувам да и го фатам ритамот :pos:
 
Член од
20 октомври 2005
Мислења
312
Поени од реакции
136
Мислам дека нема серија што подобро ја опишува политичката ситуација, иако не и е тоа примарен жанр.
секоја сезона се занимава со еден слој од општеството. политичари, цајкани, работници, криминалци, новинари
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
The wire не е реално прикажана серија, туку ти е учебник за реалноста и за целиот систем во кој живееме.

Криво ми е што многумина ја немаат гледано, зашто имало многу ликови, многу приказни, била тешка за гледање, била "досадна". Не е за Госип грл фанови, тоа сигурно.

Не е правена за задоволување на масите, на нивните желби и хирови. Нема лошо изграден лик, едноставно сите се со некоја потреба напишани. Те поврзува со луѓе кои се сосема различни од тебе, и без да е напорна во тоа, ти ја прикажува нивната перспектива за да ги сфатиш зашто се такви какви што се. Иако е raw drama, не е тешка за гледање зашто балансот со комичните елементи е баш идеален, сум се смеела на многу сцени повеќе од што денешните т.н комедии. Дури и смртни сцени не можам да издвојам, мене лично најгенијална ми е онаа на Соботка со грчката музика, али сите ликови ги опростија на начин што беше поврзан со нивниот карактер и начин на живот.
Серијава мене ќе ми остане фаворит којзнае уште колку време, ја обожавам зашто е единствена серија што и за време, и после гледање, ми сменила начин на размислување и како ги перцепирам работите.
Поглед на свет, али да не звучи ептен клише. :coffee:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
секоја сезона се занимава со еден слој од општеството. политичари, цајкани, работници, криминалци, новинари
Да јасно ми е тоа. Муабетот ми е дека серијава ми ја има сменето перцепцијата на политиката во модерниве опшества преку еден прикажан град. Навикнати сме да бараме едно магично решение за куп проблеми таложени со години, најчесто од политичари. Тука доаѓа лик ко Карсети, со искрени намери и желба да промени нешто. И откако ќе ги види опишаните срања во 5те сезони, си легнува на брашното ко сите останати.
Системот не ти дава да го смениш туку мора да се прилагодиш на него. Затоа најтрагичен лик ми е мене Соботка, ликот беше упорен да смени некој работи и заврши ко што заврши.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Дури и кога фејкува, пак си е истиот, супер го опишаа. :D

Најјака реченица ми беше кога го дознаа што глупости направи, го пикнаа Даниелс и Ролс во соба и овој му вика - You are not killing them yourself McNulty, at least assure me of that. Фацата кога и тој сам едвај се задржува да не се насмее е прајслес. :D
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.224
Поени од реакции
6.697
Ја завршив пред 10-тина дена и уште немам коментар, не знам шо да кажам..Искрено, не ми се почнува нова серија :D Колку само РЕАЛНО доловени и прикажани ликови, со сите нивни маани и позитивни особини, ниту еден лик не е главен, а сепак сите се главни ликови у некоја синтеза доведени до совршенство, просто неверојатно. Омар кога го скинаа така ладнокрвно у шок бев, ама па кога си правам ретроспектива и кога видов колку ликови така умреа(Стрингер, Валас од прва сезона итн.) не е ни толку неочекувано. СЕРИИШТЕ, секоја чест и за продуцентите, максимално ги исцрпеле тие неколку теми, одлично што завршиле на 5 сезони според мене бидеќи понатаму не можат да исцрпат уште теми толку детално. Кога заврши серијата, очекував искрено Марло да се извади од цела каша, бидеќи по сите случувања низ целата серија немаше теорија да остават "доброто" да го победи "лошото". Без зборови сум уште, затоа и вака конфузно пишувам, ептен mind blowing серија за мене. Каква трансформација на Бабс, па и каква глума на ликот секоја чест. Исто и трансформацијата на Мајкл ме изненади ептен, во последната сезона од тоа шо го приметив ќе почне да изиграва сеоски Омар. Марло фациште, и тој лик ептен ми се допадна како глуми, ладнокрвно копиле до јаја. Побитно му беше на улицата да се плашат од него, и баш од тоа на крај си настрада. То беше то, Кима ептен ја маргинализираа последната сезона, а баш мислев дека и таа ќе има побитна улога со Лестер и Мекналти, ама овој ептен ја измалтретира за убиствата на бездомниците, логично беше шо беше напната на крајот. Валчек вака-така си ја доби титулата на крајот...То је то, серија што дефинитивно ќе ми остане у сеќавањето како топ3 што сум ги гледал, иам тенденција да повторувам серии што ми оставиле ептен впечаток, така да за 2-3 години се надевам пак ќе ја пуштам и ќе забележам повеќе детали што ми останале незабележани :D За крај, 4та сезона беше ВРВ, после неа не можам да се одлучам...сите беа добри на свој начин, не можам да ги подредам која погоре која подоле, затоа 4-та сезона 10/10, а сите останати 9/10..
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.309
Поени од реакции
19.663
Одлична серија која како што сите кажуваат е доста занемарена и за жал не можам никој да убедам да ја гледа (искрено и јас едвај се наканив да ја гледам на почеток). 10/10 серииште, уште пред 15-20 години перфектно го опиша опшеството и политика во која живееме и луѓето во неа. Не само самата приказна но и актерите и глумата беше феноменална.

Единствена замерка ми беше лажирањето на убиствата. Не можеш да лажираш смртни случаеви како МекНалти што правеше освен ако сите судски доктори во Балтимор се ретардирани или со купена медицинска диплома од Папуа Нова Гвинеја.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Отворив интрото некни и сега само сцени ми излегуваат и нормално, јас пак си ги гледам.

Која трпеливост ја имаше Лестерчо, ништо чудно што ги делкаше оние дрвата по цел ден, поарно хоби за него и не ми текнува. Сите ликови ми беа некако омилени, али Фриман беше стварно квалитетен лик.

 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Една од најдобрите сцени во серијата, сцена која е слика и прилика за серијата како и за пораката која сака да ја испрати кон гледачот. Преку оваа сцена одлично се доловува токсичностна и штетноста за општеството од глорифицирањето на гангстери и вакви слични ликови. Ова е The Wire at it's finest.


Како мало дете го рашлака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom