Штотуку ја изгледав првата епизода од новата сезона и...малку сум изненаден од почетокот, не мислев дека нападот ќе се случи веднаш, баш од првата епизода што е несвојствено за серијава имајќи ги во предвид предходните сезони, посебно последните две, колку само споро беше дејствието.
Инаку конкретно за епизодава, па ништо посебно, ништо ново. Како што тргнала работава секоја сезона е копи пасте на предходната, со исклучок на првите неколку, поради кои голем број од нас се уште ја следиме во надеж дека ќе се опрај.
Сеуште постои тоа тензично чувство дека Ниган ќе извлече некој трик од ракавот и ќе се спаси. Јасно беше дека нема да загини на почетокот а Рик како по правило ќе зажали во некоја од наредните епизоди за неговото покажување mercy.
Инаку ликов Рик во серијава стварно не се трпи, најискрено. Го има тој cooky став, полн со самодоверба као демек сега се партал ќе направам а до пред некоја сезона се лигавеше и клечеше на колена. Не е способен да учи на грешките, повторно го потценува противникот и очекувам дека ќе зажали понатаму, во некоја наредна епизода, како што ќе тече дејствието во сезонава.
Во глобала тоа е и најголемиот проблем во серијава. Ликовите во голема мера не му се разработени добро а имаше толку филер епизоди баш за таа намена и повторно го имам тоа whatever чувство. Баш ми е гајле кој ќе загини само серијава побрзо да заврши. Не остава простор да се соживееш со ликот.
Да не ги спомнувам па и нелогичностите, конкретно во епизодава. Рик пука во Ниган пола саат, го промашува нормално, а во случај да се работеше за некој рандом лик, статист, сигурно го ќе го погодеше в чело уште со првиот куршум.
Па толку куршуми се испотрошија за напаѓачиве да му ги искршат пенџерињата на спасителиве и патем никој од двете страни не загина. По мене глуп момент.
А и делот со стариот Рик, од иднината. Тие константни флеш моменти низ целата епизода претпоставувам дека имаат некаква врска со моето предвидување дека Рик ќе зажали заради своето его, иако тврди постојано во текот на целата епизода дека нападот не е заради него. Тие неколку гроба пред кои стои претпоставувам дека се некои блиски кои ќе загинат поради него. Ова е само моја претпоставка, останува да видиме понатаму.
Има уште еден куп ама ајде, прва епизода па да видиме во кој правец ќе се движат останатите. Рано е да се зборува.