The Walking Dead

Одлично финале, го извади затупениот втор дел од оваа сезона, тоа е Рики кој го чекавме да се врати, разлутен и гневен!

Многу добра симболика имаше целата епизода, кога Карл го прашува Рик уште на почетокот Who are we, за одговорот да следува низ епизодата. Од една страна го имаме Рик земјоделецот, кој под менторство на Хершел почнуваше да верува во нормален живот во затворот, каде немаше да мора да има убивање на дневна основа, каде имаше услови и за други секојдевни активности од нормалниот, предапокалиптичен свет. Fast forward по се што се случи од тие мирни денови до сега, сите страдања, смрт, губење на базата и луѓето и конечно го имаме одговорот- и тие полека стануваат чудовишта, сфаќаат дека колку и да се обидуваат никогаш повеќе нема да има услови за нормален живот, кулминација на тоа е „зомби потегот' на Рик, чистиот инстинкт за преживување и борба.

Заради тоа и настапија крајно претпазливо и со неверување во Терминус, поучени од сите претходни лошо искуства, а самиот Терминус, заебано место, ќе има наредната сезона многу возбудливи моменти тука, плус Керол и бебето не се ни дојдени до Терминус, а Бет појма немаме каде е.
 
Заборави најголемата симболика - стапицата на зајакот и како го води кон местото кај што треба да се фати и како тоа повторно се појави во епизодата на крајот.
 
Трансформацијата на карактерот на Рик е фантастична, а и кога ќе го видиш вака физички (споредба прва сезона со четврта) можиш од лицето да му прочиташ низ што се не поминал.
Топ беше финалето и покрај завршување со клише реченица - одлично обработено.

Ќе биди весело наредната сезона.
 
Според мене ова беше најдобрата, или ако не најдобрата - тогаш подеднакво добра сезона со првата. Претпоставував за канибализмот, да бидам искрен.

Инаку, јас ги читав стриповите, ама застанав негде околу триесеттиот и немајќи време, тука останав. Изгледа ќе треба да ги продолжам.
 
Never Again. Never Trust. We First, Always.

Кој знае низ што имаат поминато овие во Терминус. Mора еден флешбек да ни мавнат на почеток од наредна сезона за нив. Изгледаат ептен добро организирани. Како само ги водеа право во стапица со пукањето. Додека трчаа се слушаа гласови и на други заробени во вагончињата. Ќе им треба помош зошто глупо ќе испадне само онаа група во А вагонот да ги суреди овие Лектор wannabes. Оној Герет одма на прв поглед се гледа дека е лигле типче. Многу се радувам кога убиваат ликови ко него и ко скараџиката.

Мора да признаам дека цело време бев 50-50 во врска со Карл. На моменти посакував да го убијат. Е тек онда Рик ќе отидеше all out. Не дека не е веќе појден. Како само му го скина гркланот со заби па после multikill со ножот. Јас престанав да бројам кај 7:D

Инаку дефинитивно од 2015 ќе има некаков спиноф на серијава само без главниве ликови. Ми недостигаат такви други дешавки низ светот ко што беа Девојката со Точакот и Складиштето
 
Кога го убија Хершел славев за сега у финалето да го потат пак со него
http://cdn.uproxx.com/wp-content/uploads/2013/12/RIP-01.gif :)

Инаку одлично финале крајот беше најак

Има да се осеќат многу глупаво кога ќе дознат
Кога ќе дознат што
Дека се заебават со погрешна екипа :cuc:
 
Bezrazlika sto e povrzano i go sledat stripot, takvi muabeti ili eventualno spojleri - ne. :)
 
Тоа во Терминус имињата напишани најверојатно се луѓето кои умреле од глад а другите ги изеле бидејќи немало како да преживеат или нешто слично. Не верувам дека ќе ги запишуваат имињата и ќе им ставаат предмети до нив и ќе им даваат толкаво значење на луѓе кои не ги знаат и ги чуваат само за храна.
 
1907613_675930759137500_1903610623_n.jpg
 
Убер досадно, ќе си симнам Лефт 4 дед

Ај преку Steam да ја играме? :D

Тотално се разочарав од сезонава. Штотуку ја изгледав последната епизода, ќе ја превртев масата од нервоза. На што потрошив толку време? Некој можеше да ми ја раскаже цела сезона во една реченица:
„Сѐ започнало од некои умоболни канибали“
Толку! Ништо од останатото не ми беше ново.
 
Последно уредено:
хм премногу барате и вие сега ок беше сезоната, онака да ја гледаш на убав телевизор
 
Ај преку Steam да ја играме? :D

Тотално се разочарав од сезонава. Штотуку ја изгледав последната епизода, ќе ја превртев масата од нервоза. На што потрошив толку време? Некој можеше да ми ја раскаже цела сезона во една реченица:
„Сѐ започнало од некои умоболни канибали“
Толку! Ништо од останатото не ми беше ново.

А што очекуваше ?

btw:
Сезонава видовме психопат дете кое уби друго дете, жена утепа дете, обид за силување на дете, човек уби друг човек со заби, тепање до смрт и канибали. Кој ќе каже дека видовме тапа сезона стварно треба да почне да гледа друго нешто...
 
btw:Сезонава видовме психопат дете кое уби друго дете, жена утепа дете, обид за силување на дете, човек уби друг човек со заби, тепање до смрт и канибали. Кој ќе каже дека видовме тапа сезона стварно треба да почне да гледа друго нешто...

Meh.
 
Одлично финале. И јас како вас, чекам да дојде следна сезона. Со ова режисерот ги купи гледачите. И тие што се откажаа сега пак ќе се вратат на серијата. Запре на најинтересното.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom