Одлично финале, го извади затупениот втор дел од оваа сезона, тоа е Рики кој го чекавме да се врати, разлутен и гневен!
Многу добра симболика имаше целата епизода, кога Карл го прашува Рик уште на почетокот Who are we, за одговорот да следува низ епизодата. Од една страна го имаме Рик земјоделецот, кој под менторство на Хершел почнуваше да верува во нормален живот во затворот, каде немаше да мора да има убивање на дневна основа, каде имаше услови и за други секојдевни активности од нормалниот, предапокалиптичен свет. Fast forward по се што се случи од тие мирни денови до сега, сите страдања, смрт, губење на базата и луѓето и конечно го имаме одговорот- и тие полека стануваат чудовишта, сфаќаат дека колку и да се обидуваат никогаш повеќе нема да има услови за нормален живот, кулминација на тоа е „зомби потегот' на Рик, чистиот инстинкт за преживување и борба.
Заради тоа и настапија крајно претпазливо и со неверување во Терминус, поучени од сите претходни лошо искуства, а самиот Терминус, заебано место, ќе има наредната сезона многу возбудливи моменти тука, плус Керол и бебето не се ни дојдени до Терминус, а Бет појма немаме каде е.