The Sopranos

Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Вакви сцени може да се видат само во Сопранови и затоа е најдобрата серија некогаш направена.

Не заебавај сега, убаво се гледа од клипчето дека девојката го потсети на стриптизетата Трејси која Ралф Сифарето ја масакрираше на паркингот пред Бада Бинг.

И до денешен ден останува неразјаснета мистеријата на кого мислеше Тони додека го убиваше Ралф кога му кажа:

" Таа беше убаво невино суштество, што ги направила на тебе ? "

Дали мислеше на кобилата или на девојката од клубот ?

 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.183
Не заебавај сега,
Не заебавам, убаво си кажав...љубовта што ја имаше Тони спрема својата ќерка беше едно од неговите redeeming qualities.
Дали мислеше на кобилата или на девојката од клубот ?
Мислеше на ќерка му затоа што ја поврзуваше со Трејси.


Само во овие 1:20 можат да се анализираат еден куп работи(лојалноста на Крис, сликата со Трејси, празната бина, излегувањето на Тони во бела светлина-смрт....)


бонус околу бината
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.183
DmhWoEHU8AAG6WG.jpg
AJ Soprano дечки, AJ Soprano...човек кој го продава својот подарен тапанарски сет се со цел да може да ровари по клубовите по Њу Јорк, додека неговите ,,другари" маста му ја вадат искористувајќи го...
ama we takE tURnS paYinG the tab :pos:
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Ај да искоментирам првпат на темава. :D

Имаше еден период кога цела фамилија страдаа од депресии и нервни сломови и на Кармела ѝ препорачаа психијатар. Многу ми се допадна како целосно ѝ го сроза лицемерието и ѝ покажа каде ѝ е местото. Инаку, Кармела беше дефинитивно еден од најдегутантните ликови во серијата на моменти.

Сигурен кандидат за влез во топ 3 омилени сцени за мене...

 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227

Кога влегуваат во колата, Тони го прашува Сак како ѝ се допаѓа Масератито на Џини, и Сак крајно озбилен му дава објаснување дека сè уште не се возела зашто колената ја болеле не можела да излезе после... Во следниот кадар Тони злобно се смее под брк... :D
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
А што мислите за Тони Блундето како лик? Мене ми беше ептен интересен лик кога се појави, самиот карактер, глумата на Бушеми, зезанциите, ама некои од работите што ги направи подоцна ми останаа некако недоречени. Ништо не укажуваше во неговиот карактер на потиснат гнев, злоба и сл., и во тој контекст и ми остана малку недоразвиен ликот на Блундето...
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.183
А што мислите за Тони Блундето како лик? Мене ми беше ептен интересен лик кога се појави, самиот карактер, глумата на Бушеми, зезанциите, ама некои од работите што ги направи подоцна ми останаа некако недоречени. Ништо не укажуваше во неговиот карактер на потиснат гнев, злоба и сл., и во тој контекст и ми остана малку недоразвиен ликот на Блундето...
Многу непромислени работи правеше за човек кој наводно има К.И од 158.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.274
Поени од реакции
45.673
Еден од ликовите чија намена беше да го извадат најлошото од Тони. Он, Ричи, Ралф, Фич предничеа во тоа како го вадеа од кожа. Имав впечаток дека не беше помирен со фактот дека живтот му беше фрлен во канта за ништо, а кога обидот да биде цивил му пропадна , логичен чекор беше да го убие младиот, 45 годишен Били Леотардо, во обид да се установи како било што и да не се осеќа како промашај. Не беше тоа злоба и гнев, повеќе како да беа фрустрации во прашање.

Првата сцена, кога излегува од затвор и одат во ресторанот и сите се облечени во облека од 90ти, а он е само во умрено одело од 80тите години, со засукани ракави какви што се носеле пред да влезе во затвор, кажа многу за ликот.

1663010832888.png
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Првата сцена, кога излегува од затвор И одат во ресторанот и сите се облечени во облека од 90ти, а он е само во умрено одело од 80тите години, со засукани ракави какви што се носеле пред да влезе во затвор, кажа многу за ликот.

Прегледај го приврзокот 344629
И јас ова го приметив одма. Многу јак детал, алал да му е на режисерот.

П. С. И Џорџи шанкерот во Бада јако го вадеше од кондури Тони, ама како лесна мета, дебел стап јадеше...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom