Не заебавај сега, убаво се гледа од клипчето дека девојката го потсети на стриптизетата Трејси која Ралф Сифарето ја масакрираше на паркингот пред Бада Бинг.Вакви сцени може да се видат само во Сопранови и затоа е најдобрата серија некогаш направена.
Не заебавам, убаво си кажав...љубовта што ја имаше Тони спрема својата ќерка беше едно од неговите redeeming qualities.Не заебавај сега,
Мислеше на ќерка му затоа што ја поврзуваше со Трејси.Дали мислеше на кобилата или на девојката од клубот ?
Многу непромислени работи правеше за човек кој наводно има К.И од 158.А што мислите за Тони Блундето како лик? Мене ми беше ептен интересен лик кога се појави, самиот карактер, глумата на Бушеми, зезанциите, ама некои од работите што ги направи подоцна ми останаа некако недоречени. Ништо не укажуваше во неговиот карактер на потиснат гнев, злоба и сл., и во тој контекст и ми остана малку недоразвиен ликот на Блундето...
И јас ова го приметив одма. Многу јак детал, алал да му е на режисерот.Првата сцена, кога излегува од затвор И одат во ресторанот и сите се облечени во облека од 90ти, а он е само во умрено одело од 80тите години, со засукани ракави какви што се носеле пред да влезе во затвор, кажа многу за ликот.
Прегледај го приврзокот 344629