The Pacific

  • Креатор на темата Креатор на темата D_NazGUL
  • Време на започнување Време на започнување
D

D_NazGUL

Гостин
Премиерно на 14.март на ХБО започнува новата серија поврзана со Втората светска војна - ПАЦИФИК
Станува збор за 10 мини сери направени од старат добра клапа: Стивен Спилберг, Том Хенкс и Гери Гетзман креаторите на Band of Brothers.
Во серијата се прати приказната на група маринци кои поминале низ пеколот на Пацификот од нивната прва битка со Јапонските империјалистички сили кај Гуадал канал, преку Иво Џима, Окинава па се до крајот на војната.

[mеdia]http://www.youtube.com/watch?v=e99B80crU3E[/mеdia]
 
Ова ќе биде големо. Ептен големо.
На HBO го рекламираат уште пред 2-3 месеци.

Туку незнаев за Band of brothers, а на имдб гледам оценка 9.6 од скоро 70 000 гласачи.
Ќе ги гледам двете.
 
Ќе ја биде серијава само штета што немам HBO ке треба кај братучедов да одам...a во колку сатот пише некаде?(се надевам ке е 20 05)
 
Ова ќе биде големо. Ептен големо.
На HBO го рекламираат уште пред 2-3 месеци.

Туку незнаев за Band of brothers, а на имдб гледам оценка 9.6 од скоро 70 000 гласачи.
Ќе ги гледам двете.

Мајсторе ако си љубител на воените филмови, тогаш имаш пропуштено навистина многу. Band of Brothers е револуција во снимањето на ваквиот жанр. Исто се десет мини серии со тоа што акцијата се одвива во Нормандија па се до Хитлеровото гнездо. Најпријателски ти препорачувам да ги гледаш.
 
Луѓе знае ли некој у колку сат ќе ја даваат?
 
Искрено, најискрено сметам дека напнат е жанров последно време...
 
http://www.maxtv.mk/mk/hbo_pacific.aspx
Серијата Пацифик ќе започне премиерно да се прикажува секој понеделник, од 15ти март во 20 часот на HBO каналот на MaxTV.
Истата ексклузивно веднаш по премиерата ќе може да се погледне и во HBO Digital видеотеката, кога вам ви одговара.

:vozbud:
 
Секој Понеделник во 20.05 минути, а ќе ги репризираат уште три пати во текот на тековната недела.....15.03 1 епизода......22.03 2 епизода
 
значи утре кај брачедов ке одам да ја гледам :)
 
ако е слична како band of brothers тогаш ја гледам:salut:
 
Само што ја изгледав првата епизода (ја спуштив од замунда :) ). Фантастичен вовед, како што очекував! :vozbud:
 
Ја гледав и јас првата епизода. Па да речиме многу добар вовед.
Борбата беше јака, реалистична. Не се знаеше кој на кого пука, оти, така и било. Ама беше кратка.

Фотографијата е ептен добра. Современ стил на фотографија.
 
Ја гледав и јас првата епизода. Па да речиме многу добар вовед.
Борбата беше јака, реалистична. Не се знаеше кој на кого пука, оти, така и било. Ама беше кратка.

Фотографијата е ептен добра. Современ стил на фотографија.

Ќе има уште подобри борби :). Во првата епизода на Band of Brothers немаше никаква акција, а сепак закон беше првата епизода :salut:.
 
на замунда ја спуштив првата епизода во HD и сеуште не сум ја изгледал ,ама од тоа што видов сликата е многу чиста и се почуствував како да сум на лице место јас како да пукам :vozbud:

вечерва ќе ја изгледам убоо на раат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom