WOW, мене крајот ми беше прекрасен, баш! Ми се допадна зашто беше токму таков каков што веројатно никој не очекуваше дека ќе биде. По толку комплицирања, заплети, мистерии и фантазија, сè се заврши преедноставно, а сепак преубаво. Серијава за мене претставуваше не само добра забава и убаво пополнето време, туку многу повеќе. Ова беше една современа верзија на Six Feet Under, на некој начин, едно парче уметност со многу слоеви, еден учебник, или поточно - лексикон на многу апстрактни поими, едно нешто на кое веројатно долго ќе се сеќавам. Иако ова "долго" е премногу релативно за да го долови она што го мислев: којзнае, можеби токму денес е 14 октомври?
Линделоф, мајсторе, симнувам капа!
P.S. Американчишта глупави, пак да не ја номинирате за Еми! Зашто ако ја номинирате, не би било исто - Еми не заслужува The Leftovers!