Млаце офтопик ама не можам да разберам гејмање на ПЦ. Еве сега ќе излези плејстешен 5 и за помалку од 30 000 денари имаш конзола на која наредните 10 години ќе ги играш сите можни игри со 0 лаг. За тие пари нема никаква гејмерска конфигурација која ќе ти издржи 10 години. Плус ексклузивни игри за ПС, спортски игри, фамилијарни игри итн.
Како да ти кажам. На ПЦ му треба само еден контролер за да биде конзола почнувајќи од ПС3 и Свич па се до Атари, за едно 5-6 години ќе почнат успешно да се емулираат и ПС4 игри. За тие 10 години ќе излезат околу 2000 игри за ПС5, 2000+ игри за ПЦ имаш само од НЕС конзолата за другите да не сметаме.
Од тие 2000 игри за ПС5 ти нема да купиш ни 50, кога ќе има Џеилбрејк ќе имаш повеќе среќа. Пример Асасинс Крид Валхала ќе ти искочи преку 100евра некоја си голд едишн, за ПЦ ќе ја имаш без пари (кракната). За да играш онлај ти треба дополнителна претплата, за ПЦ не е потребно.
Конфигурација и денес можеш да составиш за 500 евра каде што ќе работат игрите што ќе работат и за ПС5, со мали доплати можеш да ја смениш старата графичка за нова, да додадеш рам...
Сони ептен игра на картата дека ќе има најбрз ССД, што мислиш колку време ќе помине за да се појави тој ССД, односно кога ќе му истече ексклузивата на Сони кај Самсунг и ќе го видиме и за ПЦ..., 1 година максимум. ПЦ може ќе е инфериорен неколку месеци во споредба со конзолите, но што правиме понатака.
Во ред е може ти е омилена конзола и ептен ќејф ти прави, тука нема ништо спорно и никој неможе да ти каже што мораш да купиш, што ти ќејфи тоа али вака дека нема разбирање или сваќање во 21век во ера на интернет неможам баш да сватам.