The Last of Us (Part I & II)

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Интересен избор за Педро Паскал да го глуми Џоел, т.е добар избор би рекол. Бела Ремзи не ми одговара некако за Ели, ама ај ќе видиме како ќе испадне.

Иначе не знам зашто од секогаш сум замислувал, ако се прави серија, Хју Џекмен да го глуми Џоел. :D
 
Абе јас почнав директ од 2ката, имам околу 8-10 саати изиграно. Вреди да ја прекинам и да се вратам на кецот па после да продолжам со двојката?
 
Дефинитивно највоук игра, сите проблеми во гејминг се почнати од тука.
Автоматски споено мислење:

Абе јас почнав директ од 2ката, имам околу 8-10 саати изиграно. Вреди да ја прекинам и да се вратам на кецот па после да продолжам со двојката?
Двојката е полоша пошто нема поента.
 
Дефинитивно највоук игра, сите проблеми во гејминг се почнати од тука.
Автоматски споено мислење:


Двојката е полоша пошто нема поента.

Not so hot take

 
Игра која се потпира примарно на тоа да ја искусиш приказната без претходно знаење е тапа кога веќе си ја имаш спојлнато и ја знаеш приказната. Шокантно :D




Се работи на трет дел. Едвај чекам :X3:
 
Не, немав поим дека во само првиот час има cuckoldry, lgbt, марихуана и синагога и лекција за евреите колку се жртви.
Којзнае што ме чека понатаму, ако издржам.

Приказнава е албанската Беса, во Чаир секојдневие.
 
Игра која се потпира примарно на тоа да ја искусиш приказната без претходно знаење е тапа кога веќе си ја имаш спојлнато и ја знаеш приказната. Шокантно :D




Се работи на трет дел. Едвај чекам :X3:
Нема приказна тука како во првиот дел. Колку и да се трудат фановите да не е така. Споредено со кецот двојката е живо срање.
 
Пред неколку недели го завршив и вториот дел, а пред малку и документарецот "Grounded II: Making The Last of Us Part II", па таман да се убацам и на темава.
Двете игри ги играв на компјутер, па бидејќи верзијата од првиот дел за компјутер е "remastered" на истиот енџин од вториот дел - разликата во гејмплеј, графика, аудио, enemy AI и општа тежина на игрите е минорна. Двете игри од овие аспекти се ВРВ!

Најголемата разлика ја прави приказната, ликовите и локациите. И од овој аспект, вториот дел ми е барем 2 пати подобар од првиот. Кога го играв првиот дел бев ептен фасциниран од светот што е изграден во играта, но многу малку од ликовите и приказната. Приказната беше ептен линеарна, ликовите што ги сретнуваме по пат (Tess, Bill, Henry & Sam) се само океј, ништо посебно. Tommy е добар и убаво што го има во вториот дел. Единствено David и James (канибалите) беа интересни ликови и колку-толку се двоеја. Крајот беше до некаде предвидлив и очекуван, но многу соодветен. Од играчка гледна точка, многу ме нервираа секциите каде што треба да ја носиш Ellie на палети низ вода и да чекаш да ти отвори врата или да спушти скали.
На првиот дел му давам 8/10. Супер е, дефинитивно вреди да се изигра но не паѓав во несвест додека го играв.

Вториот дел... ми ги надмина сите очекувања. Знаев дека Joel умира, дека ќе играме со Abby итн уште пред да го играм првиот дел (некако невозможно беше да не се налета на таков спојлер). Но целата приказна со Ellie, а ОСОБЕНО Wolves vs Scars ми беше нешто феноменално и фасцинантно како е изведено. Seraphites како фракција ми беа убаво освежување во приказната и одлични непријатели со нивниот уникатен начин на комуникација. Првото среќавање со нив во играта (со Ellie) ми беше како да играм друга игра, врв на атмосфера! Нивниот дел со Abby уште повеќе ме воодушеви. Од другите ликови - Isaac ми беше поинтересен лик од сите споредни ликови од првиот дел. Останатите ликови од Wolves исто така ми беа интересни (Owen, Nora, Manny, Mel...). Yara и Lev беа океј, но нивната врска со Abby ги направи по-незаборавни. Од групата на Ellie (Dina, Jesse и Tommy) - недоволно незаборавни, но пак поинтересни од тие од првиот дел (особено Dina). Дури и ми е криво што го скратиле делот во Santa Barbara, зашто и тие ликови (Rattlers) беа поинтересни од сите непријатели од првиот дел.
Но главниот момент е нелинеарната и испреплетена приказна. Ова е дефинитивно причината зошто вториот дел е многу подобар од првиот. Навраќањата (flashbacks) на Ellie и Abby исто така многу допринесуваат за градење на ликовите и ширење на приказната. Самата тематика на приказната (одмазда, гнев) е многу поинтересна за прикажување отколку таа од првиот дел (љубов, грижа, родителство).
Нешто што воопшто не го очекував, е колку по-брутален, насилен и крвав е вториот дел.

Сè на сè, од вториот дел сум толку многу импресиониран што најсериозно го сметам за втора најдобра игра што сум ја играл (после Red Dead Redemption 2). Од мене има оцена 10/10.

PS: единствена замерка што ја имам за вториот дел, е што во играта Lev ни е прикажан како машко дете (брат на Yara), но всушност е женско (со име "Lily"). Некако суптилно е протнат овој момент во играта, а тотално нелогичен затоа што во тој нивен свет каде што се растени - има точно НУЛА шанса на некој туку-така да му текне дека не е тоа што е, па уште и сестра ѝ да почне да ја вика по новото име и да реферира за неа во машки род.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom